1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ц помош

Дискусија во форумот 'C // C++' започната од Miilan, 5 Јуни 2018.

  1. Miilan

    Miilan
    Intern

    4
    1
    13 oктомври 2017
    Машко
    Здраво иначе сум почетник во C и ми треба помош околу дадотеки(текстуални) како кодот што го имам пишано во codeblock во фолдерот(bin-debug-codot) кај што ми е да бидне од тип .exe а не application за кога ќе уклучам cmd да не ми отвара фолдерот што сум пишал него директно во cmd да си пишува тоа што е во .txt документот некако во tools се одеше ама не ми текнува барав.
    И уште едно прашање имам околу текстуални низи кога отвараш codeblock и напишеш #include <ctype.h> како да ми се отвори команден прозорец со функциите сите што ги има во ctypeot(isdigit,isalpha).
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    408
    12 ноември 2013
    Првото барање не ти го разбирам, ако може уште еднаш да го објасниш.

    А за второто ако добро те разбрав, бараш некој вид на intelligent code completion, а тоа можеш да го повикаш со Ctrl + Space одкако ќе напишеш нешто. По default треба после внесување на точка (".") да искача.
    Доколку бараше да ги видиш сите можни функции на одредена библиотека, лесно ќе дојдеш до резултати на google.
     
  3. Miilan

    Miilan
    Intern

    4
    1
    13 oктомври 2017
    Машко
    Иначе сум на Феит и бев на курс од Слаче по Пиа и ни покажа за #include <ctype.h> доколку не ни текнуваат како се функциите која што прави ни кажа да отвориме нов документи и да го напишеме #includot и после некако селектираш и ти отвара команден прозорец со функциите не ми текнуваат чекорите.
    А за првото барање е за текстуална дадотека кога го испишеш кодот треба да е од тип .exe a не application и функцијата што си ја напишал во кодот одиш во cmd и пишеш cd(%d)"нагласуваш каде е фолдерот од фајлот(во bin-debag е сместен) и затвараш".Потоа ја отвараш програмата со .exe и фајлот што си го пишал .txt и во команден прозорец се ти е потпишано надолу.
    За последната реченица што си ја пишал сигурно на испит нема да дозволат тоа а,ова ти е дозволено.
     
  4. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    150
    280
    1 ноември 2015
    Машко
    Првото прашање воопшто не ти е убаво формулирано, така да ќе претпоставам што сакаш да кажеш.

    Главниот проблем кој ми делува дека го имаш е баратање со cmd-то, ти препорачувам да си погледнеш некој туторијал на YouTube за тоа, брзо ќе ти стане јасно и ќе видиш кои се најупотребуваните команди за да се снајдеш со директории и фајлови.

    Иначе CodeBlocks како IDE сам компајлира и линкира, апсолутно немаш потреба од cmd при негова употреба, иако убаво е да ги научиш точните инструкции. Многу е битно пред да започнеш со употреба на некое IDE, да научиш да инсталираш и сетираш компајлер на компјутер, чисто да научиш што се случува во позадина при секое автоматско компајлирање и линкирање на некое IDE.

    Твојот проблем е највероватно во CodeBlocks си стиснал само compile и ти дал само object фајл, кликни на build project и ќе го добиеш executable фајлот. Можеш и run да стиснеш директно од IDE-то, после изградба за да го видиш резултатот.

    IDE е кратенка за integrated development environment, односно програми како CodeBlocks, Dev-C++, Visual Studio и слични, кои ти ја олеснуваат и забрзуваат работата со програмирање.

    Да ти разјазнам уште неколку работи кои ги мешаш и се буниш. Source фајловите што ги едитираш преку некој текст едитор треба да се со .c екстензија, а не во .txt формат. Тоа што го викаш дека ти е application, највероватно мислиш на .o односно објект фајлот или бинарниот фајл кој ги содржи машинските инструкции во бинарен код, на крај линкерот ги поврзува сите работи и создава .exe фајл.

    Значи вака иде процес на компилација од source фајл до executable:

    C source код со .c екстензија > компајлерот создава .o односно object фајл > и на крај линкерот поврзува све заедно вклучувајќи ги и симболите сместени во object фајлот и создава .exe односно executable фајл.

    И на крај .h фајловите на стандардната C библиотека можеш да ги побараш во фолдерот каде што ти е инсталиран компајлерот, најчесто користени C компајлери во моментов ти се GCC (MinGW и Cygwin) и Visual C++. Внатре имаш include фолдер и ќе ја најдеш цела библиотека.

    Отвори ги со било каков GUI текст едитор, попрегледно е место да ги читаш на конзола, башка и cmd во Windows нема вграден inline текст едитор како што е vi во Unix базирани оперативни системи.

    Поздрав.
     
    Последна промена: 5 Јуни 2018
    На Motherboard и Psycore им се допаѓа ова.
  5. Miilan

    Miilan
    Intern

    4
    1
    13 oктомври 2017
    Машко
    Фала ти околу помошта за 1-то барање ама за 2-то поентата беше доколку не се сетиш на командите(isalpha isdigit isupper-која како што работеше) кога го пишуваш кодот професорот не насочи да отвориме нов тип на фајл и на новиот команден прозорец(hello world) да додадеме #include<ctype.h> и после чекорите не ги знам дали се селектираше нешто така и ти излегува табела со дадените функции на #include<ctype.h>(значи сите можни фунцкии излегуваат)
     
  6. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,842
    1,368
    10 Август 2010
    Машко
    Не е полесно да погледнеш на нет?
     
  7. Miilan

    Miilan
    Intern

    4
    1
    13 oктомври 2017
    Машко
    Не ме разбра сите овие функции во codeblock некако можеш да ги отвориш и ти излегуваат на команден прозорец како што наведов предходно.
     
  8. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    150
    280
    1 ноември 2015
    Машко
    Кажи ми на кој оперативен систем работевте со професорот? Бидејќи command prompt на Windows нема вграден inline текст едитор. Ако си читал листа на сите функции во конзола, сигурно било на Linux дистрибуција и тоа преку некоја локална офлајн референца за стандардните библиотеки на јазикот со vi.

    Пак колку што успеав да те разберам потребна ти е листа на сите функции кои ги содржи одредена библиотека, ctype.h во овој случај. Еве ти reference за библиотеката што ја бараш.

    Освен ако не бараш code completion, би требало автоматски да е активиран. Ако не е: Settings > Editor > Editor settings > Code completion.

    Ова ли го бараш кажи ми?

    [​IMG]

    Но, мој искрен пријателски совет ти е да земеш од почеток да почнеш пак да учиш, бидејќи очигледно мешаш голем дел од поимите и терминологијата, не знаеш да објасниш убаво што всушност ти треба и имаш проблем со основни работи како што се компајлирање, конзола и архитектура на компјутери.

    Ме насмеа со ова. :)

    Мешаш многу работи. Ќе се обидам да ти објаснам од каде треба да почнеш да учиш.

    Прво земи научи историја на првите компјутери, како работат кој е нивниот начин на функционирање, процесирање податоци, складирање на истите во меморија. Како се програмирале, за машински код, за првите асемблери за олеснување на работата, па потоа создавање на првите вистински програмски јазици како Fortran, Short Code, Cobol, Lisp, Basic. Тука спаѓа и C како еден од јазиците, научи малку за неговата историја.

    Па за револуцијата на првите персонални компјутери, инжинерите кои го создале Intel, па потоа првиот вистински персонален компјутер Altair 8800, кој немал софтвер на него и Bill Gates со Paul Allen виделе прилика тука го формирале Microsoft и го создале првиот Basic интепретер за Altair-от

    Почетоците на Apple со револуционерниот Apple I и II, визијата која ја имал Steve Jobs уште тогаш за иднината на персоналните компјутерите. Влегувањето на гигантот IBM во пазарот на PC-ата, како одреден договор со нив го направило Microsoft во мулти-билионерска компанија.

    Битно е да знаеш, во овој период стандардниот начин на работење со компјутер било преку командната линија, немало графички GUI програми, немало mouse и pointer на екранот, све што работеле било со текст и огромна лимитација во избор на боја и звук.

    Затоа кога учиш стар програмски јазик, програмираш во командна линија, бидејќи за да направиш софтвер со графички интерфејс потребни се додатни графички библиотеки кои се доста комплицирани за почетници. Основното недоразбирање кое денешната генерација го има, кога се спремаат да учат програмирање, мислат веднаш дека ќе програмираат апликации со графички интерфејс (GUI) и кога ќе се соочат со конзолата, тотално се збунуваат и веднаш потоа се обесхрабруваат.

    Со Visual Basic од старт можеш да програмираш во GUI, но секој што започнува прво со овој јазик си прави против услуга за себе. Потребно е да се научат основите на работење на компјутерот, а преку учење на неговата историја и програмски јазици се добива целосен ментален приказ.

    Да продолжиме со историската лекција. :)

    Во 80-тите, кога сеуште владеел IBM со оперативниот систем на Microsoft DOS, младиот Steve Jobs добива пристап до техничката лабораторија на Xerox, каде што истите уште во раните 70-те го создале првиот графички интерфејс со mouse и pointer на екраните, кој што на сите нас денес ни е познат. На истото место бил формиран и првиот принцип за објектно-ориентираното програмирање, како и метод за вмрежување на повеќе персонални компјутери.

    Steve Jobs се воодушевил од GUI можностите и морал да ја има технологијата. За негова среќа, бизнис страната, т.е бордот на директори на Xerox не бил нешто воодушевен од нивната развиена технологија и све му продале на Apple. За смешна сума на пари продале технологија вредна стотици билиони долари.

    Со оваа технологија Apple го лансира првиот Macintosh со GUI оперативен систем и mouse, кој бил револуционерен во тоа време. Меѓутоа компјутерот бил премногу скап со исклучително затворена архитектура, немало доволно софтвер за вистинска работа со канцелариски софтвер и така Macintosh доживува тешко фијаско на пазарот.

    Иако во тоа време Macintosh бил пред свое време, IBM PC и неговите клонови содржеле отворена архитектура, нормални цени и вистински напреден канцелариски софтвер. Сметководители купувале PC само заради VisiCalc (првиот Excel), бидејќи целата нивна работа за која што претходно им требало цела недела за да ја извршат, софтверот за 5 минути им ја решавал.

    На Bil Gates од што му било криво што Steve Jobs пред него ја "украл" GUI архитектурата од Xerox, на генијален и лукав начин му понудил на Steve Jobs да изработува софтвер за новиот Macintosh, на што Jobs прифатил и му дал три прототипови од Mac-от. Microsoft ја искористиле оваа наивност од Jobs и го создале нивниот прв GUI оперативен систем Windows.

    Windows за разлика од Mac OS, иако во тоа време бил поинфериорен, сепак можел да се инсталира на секаков IBM PC compatible, и така Microsoft со Windows станува најкористен оперативен систем во светот, а Bil Gates најбогат човек во светот. Apple потоа го тужел Microsoft пред врховниот суд, дека им ја украле технологија, другиве аргументирале дека не може да се стави патент на графички кориснички интерфејс. Microsoft победиле, и останатото е историја.

    И тоа е на кратко (иако постов е долг). :) Малку за историјата на персоналните компјутери. Сега ќе си речеш што е битно ова за програмирање, и те како е битно, за да си создадеш кристално чиста претстава за тоа што претставува компјутер, потребни ти се сите основни податоци и историја.

    Кажи ми ако имаш потреба од литература за C. Ќе ти испратам на порака.

    Поздрав. :)
     
    Последна промена: 5 Јуни 2018
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MIDNIGHT WALKER
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,779
  2. Taurus
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    3,120
  3. sonic
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    941
  4. alumen :)
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,098
  5. comakot
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,068
Вчитување...

Сподели

Вчитување...