1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

C++ нуб прашање

Дискусија во форумот 'C // C++' започната од gokica, 5 Април 2020.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Детево има задача од школо да реши проблеми преку примена на C++ код.

    Наставникот кажал да се користи Cоde Blocks по можност.

    Го инсталирав ама не ја препознава MiniGW инсталацијата т.е. фолдерот. Вика нема екзекјутабл. И тоа ја земав инсталацијата со компајлер.

    Сега се мавтам и го земам засебно MiniGW. Господ знае дали ќе го препознае.

    Дали има некој брз начин како да не се зезам со компајлери и GUI туку да се напишеме код во Notepad и да го пробаме резултатот?

    Благодарам.
     
  2. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Пробај со нешто вакво, немора ова баш, ама пиши це плус плус онлајн компајлер и ке искочи некое онлајн иде.
     
    На gokica и bxxxn им се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Штотуку ми заштеди време. Ова е одлично.

    Ај сега да почнеме да учиме програмирање. Немаме ни книга ни бутур. Две странички со вежби и сега ќе решаваме проблеми.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,260
    1,310
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Постирај овде, се надевам некој ќе се најде да ја реши и образложи.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avid

    Avid
    Guru

    4,469
    6,722
    21 Јануари 2009
    Ова е најбоље алтернатива за Codeblocks, директно у Browser се што треба
    C++ Shell
    Ама супер е и таа од @Oktar

    Ако сакаш да го оправиш компајлерот во новата верзија на Codeblocks, едно од решенијата е во вториот пост
    Release 20.03 has arrived
     
    Последна промена: 5 Април 2020
    bxxxn, gokica и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Го решив MiniGW со директен даунлоуд. Сега работи.

    Две задачи решивме до сега.

    Туку кажете прост пример како по внес на трицифрен број да ја принта на екран само втората цифра од внесениот број.
     
  7. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,260
    1,310
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Не се разбирам во ц++, но ќе ти дадам мали посочувања.
    Секој број т.е. стринг(текст) во програмирањето има свој индекс на позиција.
    Пример:
    т --------- е с т
    | --------- | | |
    0 индекс 1 2 3 индекс.
    ако имаш влез од 3 цифрен број
    пр: 567
    тој број има 3 индекси почнувајки од 0.
    доколку јазикот(ц++) не дозволува принтање на индекси од интеџери(броеви),
    пробај истиот да го конвертираш во стринг и да го испринташ потребниот индекс.
    ќе дадам пример во php, логиката е иста јазикот различен.
    $broj = strval(567); // конвертира број во стринг
    echo $broj[1]; // принта 6, т.е. индекс 1
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Ова го скоцкавме и мислам дека е доволно:


    #include <iostream>
    #include <iomanip>

    using namespace std;

    int main()
    {
    int baza;
    int vtor;
    cout << " Vnesi trocifren broj" << endl;
    cin >> baza ;
    vtor = baza / 10 % 10;
    cout << "Vtorata cifra e: " << vtor << " "<< endl;
    return 0;

    }
     
    icemanMK, Kajsibebraat, xristijanGTI и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Avid

    Avid
    Guru

    4,469
    6,722
    21 Јануари 2009
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,145
    1,238
    11 Март 2011
    Да ја конвертираш прво во стринг?
    Disclaimer: не сум C++ ескперт :)

    #include <iostream>
    #include <iomanip>

    using namespace std;

    int main()
    {
    int baza;
    string vtor;
    cout << " Vnesi trоcifren broj" << endl;
    cin >> baza ;
    vtor= to_string(baza);
    if (vtor.length()==3) {
    cout << "Vtorata cifra e: " << vtor[1] << " "<< endl;
    }
    else {
    cout << "Brojot ne e trocifren.";
    }

    return 0;
    }
     
    На Oktar и gokica им се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Е ова го сакав, ама немав време да средам да препознае доколку бројот не е троцифрен. Заедно со стрингот сега ќе ни бидат база за вежбање за утре.
     
    На Oktar и bxxxn им се допаѓа ова.
  12. Avid

    Avid
    Guru

    4,469
    6,722
    21 Јануари 2009
    Може ама целта на ваквите задачи е децата да увидат/да им „светне“ дека со комбинација од некои математички пресметки може да се дојде до секоја цифра од некој број.
     
    DonFrozex, Маша, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,145
    1,238
    11 Март 2011
    Знам но мене како „матор“ ми беше полесно вака, инаку дефинитивно математика е број 1 за нови синапси. :)
     
    На gokica и Avid им се допаѓа ова.
  14. ljupce

    ljupce
    Gaining Experience

    122
    87
    8 ноември 2011
    Машко
    добро ти е решението @gokica тоа е поентата со модул да се решат овие не стрингови..
    12345 :
    5 is 12345 % 10
    4 is 12345 / 10 % 10
    3 is 12345 / 100 % 10
    2 is 12345 / 1000 % 10
    1 is 12345 / 10000 % 10
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marina5

    Marina5
    Intern

    2
    1
    14 Август 2011
    ајде помош на еден медицинар кој сака да помогне на внукот, воедно основно училиште имаат информатика С++ програмски јазик, неговиот компјутер се расипа, а јас поима си немам како оди со лаптоп ( нормално медицинар што би знаел за компјутери). Задачата е следна:
    Задача:Кога ќе се стартува програмава во C++ на екранот на компјутерот што ќе се добие ?

    ( сите променливи се од тип integer )


    a)

    For ( i=1; i <=30; i++ )

    {

    If (i % 3 == 1)

    cout«’A’;

    i=i+2;

    If ( i % 4 == 0 )

    cout«’B’;

    i=i-1;

    If ( i %2 == 1 )

    cout«’C’;

    i=i+4;

    }


    Одговор: ______________________________




    б)


    For ( i = 1 ; i <=20 ; i++ )

    {

    If ( i % 5 == 0 )

    cout«’A’

    else

    cout«’B’;

    If ( i % 3 == 0 )

    cout«’C’

    else

    cout«’D’;

    }

    Одговор: ______________________________



    Задачата С++ никаде некористам &&

    If (i=1;i<=50;i++)

    If(i%2==0)

    If(i%5==0)

    Cout<<I;
     
  16. Palindrom

    Palindrom
    Intern

    23
    16
    7 Април 2012
    Машко
    Сите задачи печатат одредена вредност во зависност од резултатот од модус (%) операција т.е. остаток при делење со даден број. Ќе се обидам да објаснам што се извршува во секоја задача, без експлицитно давање на решение.
    • Задачата под а) е малце покомплексна зошто го менува бројачот неколкукратно во еден циклус од јамката.
    1. Прв циклус:
      Бројачот (i) почнува од 1 и најпрво проверува дали i модус (%) 3 е 1. Во случајот е точно и печати A.
      Потоа бројачот се зголемува за 2 и станува 3. Условот да се испечати букавата B е i%4 да биде 0, што во овој случај не е исполнето.
      Бројачот се намалува за 1, и се извршува проверката за печатење на C. Условот овој пат е бројачот(i има вредност 2)%2 да изнесува 1. Повторно условот не е задоволен и не се печати ништо.
      На крај од циклусот бројачот е зголемен за 4 и добива вредност 6.
    2. Втор циклус:
      Бројачот се зголемува за 1 и станува 7. Останатите чекори се исти како под 1.
    3. Трет циклус:
      Бројачот е 13. Останатите чекори се остануваат исти.
    4. Четврт циклус:
      Бројачот е 19. Останатите чекори се остануваат исти.
    5. Петти циклус:
      Бројачот е 25. Останатите чекори се остануваат исти.
      На крај од петиот циклус бројачот е 30 при што условот во for јамката (i <= 30) за шестиот циклус не е задовлен и извршувањето на лупата завршува.
    • Задачата под б) за бројачот добива вредност од 1 до 20. Притоа за секоја вредност се проверува дали бројачот модус 5 е 0 (i%5=0) (ова е точно за броевите 5, 10, 15, 20) и дали бројач модус 3 e 0 (i%3=0)(точно за 3, 6, 9, 12, 15, 18). Доколку првиот услов (i%5=0) е исполнет се печати А, во спротивно се печати B. Ако вториот услов е исполнет се печати C, во спротивно се печати D. При секој циклус се печатат по две вредности.

    • Задачата под в) ја печати вредност на бројачот доколку е задоволен условот бројач модус 2 да изнесува 0 и бројач модус 5 да изнесува 0. Притоа бројачот добива вредности од 1 до 50. Оттука следи дека ова е точно за сите броевите 10, 20, 30, 40 и 50. Препоставувам дека има typo, и наместо if (i-1; i<=50; i++) треба да биде for (i-1; i<=50; i++)
    Во постот
    погоре на @Oktar имате линк до он-лајн компајлер, при што со прекуцување на задачите може да се истестира излезот од секоја задача.
     
    На gOJDO, Marina5, Avid и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. Marina5

    Marina5
    Intern

    2
    1
    14 Август 2011
    Фала ти за опширното објаснување, буквално гледам во зборовите (букви бројки) ко теле во шарена врата. Завршив медицина, работам и специјализирам анестезија ( која исто е егзактна но и варијабилна наука со многу непознати, со многу бројки, физика и математика) но вака изгубена никад не сум се осетила :D
    Мислам дека у моментов, вие припаѓате на вонземски суштества, јер нит бројач нит бројки, нит циклуси сфатив.
    Нејсе, за ова треба човек да седне и да научи т.е проучи и посвети време.
    Но не ми е јасно, се задачиве за 7мо одделение? Јас не паметам да нешто слично сме учеле. Освен тоа, внукот и пиша на наставничката дека не ги разбира ( пошто не му е ни објаснето) и пдговорот е: не знам, неможам ни јас фа ти објаснам, те молам прашај некој од 1ва година средно, тие учат тоа, или позајми книга од некого.

    Фала ти за одвоеното време, за трудот и посветеното внимание, сепак може не ми е тука местото :D
    Имајте дечки убав ден, Поздрав
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Avid

    Avid
    Guru

    4,469
    6,722
    21 Јануари 2009
    Пред 2 години ја сменија програмата за 6 одд. и ставија програмирање ама се препорачува Scratch и ако на децата им оди се препорачува и C++ малку. Во 7 одделение ја сменија програмата минатата година и ставија многу програмирање (до пред 2 години немаше ништо од програмирање ни во 6 ни во 7).
    Ова со циклуси е последната наставна единица, во 7 не треба да се појави ништо пострашно од ова :D
    Нека не бира во 8 и 9 изборен Програмирање и ќе биде раат до прва година средно :D
     
    На Marina5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Scofield

    Scofield
    Intern

    40
    30
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    Во Ц++ нема toString funkcija/metoda, барем не во iostream или iomanip библиоктеките.
     
  20. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,145
    1,238
    11 Март 2011
    #include <string>

    std::to_string - cppreference.com
     
  21. 100JKO

    100JKO
    Gaining Experience

    41
    128
    27 Јуни 2018
    Машко
    Intern
    Како што кажа bxxxn ти треба string библиотеката, за да не се мачиш секогаш да додаваш библиотеки само пиши најгоре:
    Код:
    #include <bits/stdc++.h>
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  22. dariuus

    dariuus
    Gaining Experience

    32
    51
    19 ноември 2018
    Машко
    Некој ако знае да ми помогне околу проемна од while во for loop за домашно ми е ништо не разбирам >.<
    Вежба 1:
    int i;
    while(i<=10)
    {
    if(i<5 && i !=2)
    cout<<”x”;
    i++;
    }

    Вежба 2:
    int n=100;
    do
    {
    cout<<”x”;
    n-=10;
    }
    while(n>0);
     
  23. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,606
    1,225
    2 Јануари 2012
    for(int i=0; i<=10; i++)
    {
    if(i<5 && i !=20)
    {
    cout<<"x";
    }
    }

    ?
     
    На dariuus му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Palindrom

    Palindrom
    Intern

    23
    16
    7 Април 2012
    Машко
    Најпрво пробај да ја разбереш разликата измеѓу while и do-while, од причина што ти е важно за контрола на итерациите. Синтаксата за for јамка ти е (бројач; услов; increment) или со пример од задачата for(int i=0; i <=10; i++). Со условот се контролира бројот на итерации, кој е директно зависен од increment-от (во примерот е i++, но може да биде и i=i*2 или слично), а е зависен и од промена на бројачот i во самата јамка (да речеме може да ја менуваш вредноста на i во самата јамка).
    Јас би те упатил да ги ѕирнеш видеава (намерно ставив македонски, меѓутоа ако си ок со англиски, можеш да најдеш еден тон други ресурси на оваа тема):
     
    На dariuus и Avid им се допаѓа ова.
  25. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    794
    679
    27 Јуни 2012
    Ако не разбираш пробај да научиш. Многу подобра опција него некој да ти реши и ти сеуште да не знаеш како.
     
    На Маша и dariuus им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. sini6a
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    781
  2. ARMac
    Одговори:
    18
    Прегледи:
    1,707
  3. DaVoRkNe
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    539
  4. filipkir
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    655
  5. Alexman46
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    395
Вчитување...

Сподели

Вчитување...