• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

C# .NET tutorijali

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
220
107
Дечки, гледајќи во последно време се повеќе и повеќе .NET позиции се мислам да се префрлам на оваа технологија. Не сум со образование во оваа област туку самоук SQL, HTML, CSS, Javascript (basic), Python (Basic и ова ми беше прв јазик) и не работам со програмирање туку последниве година дена седнав да учам самиот со цел да сменам професија.

Размислувањето прво ми беше да продолжам со Node.JS + некој фрејмворк за javascript (Vue.js или React), али во државава гледам најчести огласи се за .NET, а javascript демек надежен јазик ама слабо огласи, а и на тие отворените најчесто бараат некој сениор со многу години искуство. Не знам што е паметно искрено, дали да се научи јазик како C# или пак да се заебавам и понатаму со javascript (C# мислам дека отвора повеќе фронтови за барање работа, не знам колку е тоа изводливо ако го научиш да можеш да се шифташ веб, десктоп, мобилни во xamarin).

Барав на гугл али милиони резултати и се чудам дали да купам на udemy некој од тие курсеви или да си симнам некоја книга.

Кои туторијали ги препорачувате за учење тие што работите со овој јазик и дали би ви ги барале сертификатите на Microsoft на огласи во фирми?

Become Certified in Web & Mobile App Development | Microsoft Learning

Идејата ми е повеќе да се насочам кон веб програмирање и откако ќе го завршам учењето на овој јазик да пробам да сменам работа во оваа област.
 

Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
628
622
Струга
Трета среќа можеби, и јас би сакал некој што е добро запознаен во оваа област да сподели некои добри насоки и курсеви од исти причини како OP.
 

Faktorium

Gaining Experience
19 јули 2013
67
52
На прашањето на OP за сертификатите, мислам дека поголем дел од нашиве фирми нема ни да ги погледнат. Но би било добро да ги приложиш пред техничките интервјуа чисто како референца.

Според мене најдобро да се начи кодирање да се следи некој туториал каде се опфатени сите чекори, односно оние from scratch to final product. За случаевите каде веќе работиш некоја технологија, најдобро е да си следиш најновите updejti и новини за самиот јазик/платформа. Дури и да си експеримантираш на некој "dummy" проект каде ќе си се тестираш себе си и своите методи на кодирање зошто нема ниеден правилен начин т.е. има премногу променливи кои го диктираат развојот на проектот. (п.с. Сето ова е мој поглед на проблематикава)

C# Application From Start to Finish: Tournament Tracker Course - YouTube
TimCo Retail Manager Course - YouTube

Овој канал го следам оти ми е некако пријатен за слушање, и убаво објаснува. Прави review на нови C# releases, а и многу пати си пуштам објаснувања на фундаментални работи. Со тек на времето забораваш на одредени својства кои ги има некоја структура или feature.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,678
Мислења
862,122
Членови
30,037
Најнов член
miki11
На врв Дно