- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

ПРОДАВНИЦИ ЗА МОБИЛНА ТЕХНОЛОГИЈА СО НАЈНИСКИ ЦЕНИ
Водечката малопрадажна мрежа на продавници за мобилни технологии во Бугарија „2bе“, влегува на македонскиот пазар. Вкупната инвестиција е преку 2 милиони евра, а Компанијата ќе вработи преку 130 луѓе во првата година од работењето. До сега, 2bе веќе работи со отворени 13 продавнции во поголемите македонски градови. До крај на 2008 година, се планира да се отворат вкупно 25 продавници на целата територија на државата.
Како почетна бизнис иницијатива, „2bе“ отпочна соработка со Т-Моbile. Од соработката се очекува обезбедување на најквалитетни телекомуникациски производи и ислуги по најповолни цени на пазарот. Мисијата на „2be“ е да ги направи мобилните технологии достапни за сите.
- Веруваме дека Македонија е стратешки важен пазар за растот на Компaнијата. Затоа, не е случајно дека ова е првиот странски пазар каде што се одлучивме да инвестираме. Гледаме голем потенцијал за развој, а почетокот на соработка со лидерите на пазарот на мобилната техногија во Македонија е причина повеќе за уште поуспешен тек на нашата инвестиција – истакна Станислава Арнаудова, извршен директор на „2bе“ Групацијата на Прес конференција.
Сигурен сум дека корисниците на мобилни технологии ќе го препознаат бенефитот што ќе произлезе од соработката на нашите две успешни компании, а со тоа ќе станат и наши редовни корисници. Гарантирам дека ние нема само едноставно да понудиме продукти и сервиси, туку и лично внимание и разбирање за специфичните потреби на секој клиент во нашите продавници – потенцираше Златко Нешовски, генерален директор на „2bе“ Македонија.
„2bе“ има 12 годишна традиција и развиена малопродажна мрежа од над 120 продавници во Бугарија. Во 2008 година, Компанијата го започна планираното проширување и на соседните пазари. Прва странска земја од инвестиционата програма е Македонија, каде што досега активно работат 13 продавници на „2bе“.
Извор: Стопанска комора на РМ