ContentBot
Робот (content unit)
Бугарскиот стартап екосистем го доби својот прв еднорог – термин кој се користи во стартап и финансискиот свет за опишување на приватна стартап компанија која има проценета вредност поголема од 1 милијарда USD. Финтек стартапот Payhawk во Б-инвестициона рунда доби 100 милиони долари, а вредноста на компанијата беше проценета на над 1 милијарда долари. Во 2021 година компанијата имаше над 1.500 клиенти вклучувајќи ги компаниите како Telus, Nexo, Software Group и Scalefocus.
Payhawk е основан во јули 2018 година од Бојко Краџов, Христо Борисов и Константин Џенгозов. Компанијата работи на B2B менаџмент на финансии. Платформата на финансиските оддели на компаниите им нуди единствена локација од која може да управуваат со финансиите за целиот циклус на трошење; од компаниските кредитни картички, до сметките и фактурите. Покрај кредитни картички, Payhawk нуди и менаџмент систем за платежните сервиси на клиентите. Ова треба на компаниите да им заштеди време, но и потенцијални грешки.

Еднорози во регионот…
Бројот на стартапи во регионот кој добиле статус на „еднорози“ за жал не е голем. По неколку стартапи од Хрватска, Романија, Грција и сега Бугарија ја затвораат листата. На над 1 милијарда долари се проценети: романските UiPath и Elrond; грчките компании PeopleCert и Viva Wallet; хрватските, Infobip и Rimac Motors; и Payhawk од Бугарија.Прочитај повеќе @ Бугарија го доби првиот „еднорог“ стартап, Payhawk со инвестиција од 100 милиони долари ⋆ IT.mk
- Кое е вашето мислење за оваа инвестиција?
- Дали сметате дека проценката за вредноста на компанијата е реална или преценета?
- Кој сметате дека е следниот регионален еднорог стартап?
- Дали мислите дека во Македонија има потенцијал набрзо да се очекува стартап со вредност од барем 100 милиони USD?