1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Broadlink RM3 Mini (Black Bean) IR контролер

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од moongose, 20 Февруари 2017.

  1. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,771
    1,984
    19 Јули 2013
    РМ3 уред од типот на т.н. инфрацрвени бластери. Ги заменува сите стандардни далечиски што работат со инфрацрвени команди.

    0430.jpg

    Уредот е нешто понизок од пластична чашка, фино изработен од црна мат пластика. На него има само усб приклучок за напојување и една лед диода. Со него се испорачува само усб кабел, но не и адаптер за струја, така да ќе ви треба или некоја слободна усб порта или некој полнач за мобилен.

    IMG_20170208_185931_1.jpg

    Сам по себе е бескорисен, затоа треба да се симне програмчето од производителот е-control. Го има во верзија за андроид и за иос. Преку него се врши поврзување на уредот со домашната вајфај мрежа и програмирањето на далечинските. За контролирање на уредите од надворешна мрежа потребно е да направите сметка на броадлинк серверот.

    Во програмот прво треба да се додадат уредите кои што треба да се контролираат. Има неколку пред-дефинирани типови: тв, аудио, стб, завеси, светло, ролетни, клима и слично.
    За програмирање на командите потребно е далечинско. Се програмираат копчињата едно по едно: се одбира прво на телефонот а потоа истото копче се притиска на далечинското додека е усмерено кон уредот. Не е потребно телефонот да има инфрацрвена порта.

    Screenshot_2017-02-20-12-08-08-922_com.broadlink.rmt_1.png Screenshot_2017-02-08-19-00-11-367_com.broadlink.rmt_1.png

    Нема можност за преземање на кодовите од командите преку интернет. Единствен исклучок се командите за клима. Тие не се учат од оригиналното далечинско, туку се преземаат соодветните за клима уредот. Не се одбира по марка и модел, туку има триесетина готови и се регистрира оној на кој ќе реагира климата. Тоа е така затоа што кај климите не се испраќа една туку серија од команди во зависност од останатите подесувања на далечинското.

    Screenshot_2017-02-08-19-11-17-933_com.broadlink.rmt_1.png

    Програмот поддржува т.н. сцени, односно макроа каде може да се испрограмираат повеќе команди едноподруго и да се извршат со едно притискање на копче. Напр. се вклучува телевизор, појачало, медиа плеер, појачалото се префрла на соодветниот влез итн.
    Исто така има можност и за тајмер, односно одредена команда да се извршува во одредено време на денот. Така да може да се подеси наутро наместо аларм да се пушти музички систем или телевизорот на одредена програма.

    Недостатоци на програмата:
    Не можат да се увезат скинови за распоредот и изгледот на копчињата, иако постои опција да се дефинира сопствен распоред во самиот програм. Исто така нема опција за јавно споделување и преземање на готови далечинска, како што е тоа ситуација со програмите со ваква намена. Можно е само да се споделат од еден на друг телефон на истата мрежа и да се направи бекап на конфигурацијата. Има доста простор за доработка на софтверот, како и кај секој кинески програм. Напр. не може да се едитира веќе поставен аларм, може само да се избрише.

    Постои плагин за таскер со кој што може да се дефинираат услови под кои ќе се изврши некоја команда. Лично го немам тестирано. Има и програмче со кое што може кодовите во хексадекаден формат да се конвертираат и увезат во програмата. Малку е комплицирана постапката, но може да се најде доколку го немате оригиналното далечинско. На интернет има бази со хекса кодови за огромен број уреди.
    Ова може и да се искористи за вметнување на дискретни кодови од далечинските за копчињата со toggle функција. Напр. речиси сите далечински имаат едно копче за вклучување/исклучување со ист код на командата и по приемот на командата уредот ќе се вклучи ако е исклучен и обратно. Дискретните кодови се различни кодови за вклучување и исклучување. Со кодот за исклучување ќе се исклучи уредот ако е вклучен, но нема да се вклучи ако е исклучен. Згодно за подесување на команда „Исклучи се“, во случај ако сте излегле од дома, а не сте сигурни дали нешто сте заборавиле да исклучите.

    Уредот има одлично покривање и домет. Мене ми стои во аголот од собата на неколку метра од телевизорот и останатите уреди. Речиси е паралелно поставен со климата. Досега не се случило да не се изврши некоја команда, односно да не стигне сигналот.

    Може да го набавите од омилените продавници на далечниот исток, ценета се движи околу 15 долари со се испорака, а често може да се начека на некоја акција за 11-12 долари.
     
    На aleksandardespotovikj, shooter, masterficx и уште 27 други им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,622
    24,607
    4 Септември 2008
    Браво бато, немам некоја примена за ваков уред, но бидејќи е од тебе ја исчитав рецензијата - одлично и важна.
     
    lumixoid, Tajson и на SaleSk им се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,622
    24,607
    4 Септември 2008
    @moongose, незнам дали јас или некој друг по грешка ја имаме затворено темата - длабоко извинување, кој и да бил ептен извини!
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    647
    113
    10 Мај 2007
    Супер сублимирнано.

    Овој уред исто така има можност за voice commands но за жал разбирано само Кинески и Винички. Јас не владеам ниту еден од тие така што најверојатно ќе го земам неговиот постар брат (RM PRO3 ?!) кој што има и RF чип па ќе можам поширок спекатар на уреди да контролирам (во теорија :))
     

    Прикачени датотеки:

  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Многу практичен и корисен уред. Секоја чест за рецензијата. Одлично објаснето и образложено.
     
  6. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,771
    1,984
    19 Јули 2013
    Нема проблем. Јас мислев дека напишаното ви се видело идеално, па сте ја заклучиле темата за да не се сквернави. :cool:
     
    На Necromancer, psyside, P.Overdrive и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    58
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    Super dodatok pogotovo poradi moznosta za timer koja opcija ja koristam za klimata.Za tie pari e extra,samo bara postojana wi fi pokrienost.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    463
    401
    12 ноември 2013
    Одлична рецензија. Ме заинтересира да поврзам вакво нешто со Google Home и најдов одличен туторијал на reddit. Најверојатно ќе го купам. Ако има некој случајно листа на сите поддржани уреди нека ја стави. Конкретно ме интересира за Marantz појачало.
     
  9. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,771
    1,984
    19 Јули 2013
    Нема листа со поддржани уреди. Контролерот ги „учи“ кодовите од оригиналното далечинско. Доколку го имаш далечинското, имаш и поддршка за појачалото.
    Друга варијанта е да ги најдеш кодовите од конкретното далечинско по некој од сајтовите за такви и да ги конвертираш во формат разбирлив за апликацијата. Има туторијали за ова интернетот.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Dario Korolija
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    625
  2. gokica
    Одговори:
    49
    Прегледи:
    2,816
  3. goki1990
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    2,236
  4. Tawe
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    2,120
  5. l1d0v1c

    Проценка LG G2 mini за делови

    l1d0v1c, 28 Март 2017, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    539
Вчитување...

Сподели

Вчитување...