1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Брендови на мобилни телефони: Ваши мислења

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Happy, 12 Јуни 2019.

Бренд што го поштовам?

  1. Asus

    7.9%
  2. ZTE

    5.3%
  3. Samsung

    39.5%
  4. Apple

    28.9%
  5. Huawei

    39.5%
  6. Nokia

    15.8%
  7. LG

    15.8%
  8. Xiaomi

    44.7%
  9. One Plus

    31.6%
  10. Google

    23.7%
Дозволени се повеќе гласови.
  1. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    638
    180
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Ја отворам темава ме интересира сите што мислиме во однос на сите можни брендови за телефон? Со други зборови дали сте фанбој на бренд или хејтер и зашто?

    Еве јас ке почнам прв:

    Samsung - неутралено мислње - солиден квалитет, супер флагшипи, обично најиспеглани но им фалат некои тракатанци (брзо полнење,IR Blaster итн). Ме нервира што се обично прескапи и мид/буџет сегментот се ептен осакатени (слаби батерии, џигер камери итн.), се подобруваат во последно време ама пак не би земал самсунг, затоа што ги наплаќаат убаво екраните.

    Huawei - позитвно мислење(фанбој) - по мене доста инвентивни и често први во нивните модели со нови технологии. Не ми се свиѓа што некогаш претеруваат со новитети и треба малце пеглање (пример P30 pro нема 4к60Fps и нема стерео звучки ради нова технолгија да се слуша звук од цел екран кога збориш), Honor се суб-бренд со солидни мид/буџет телефони за цена/перформанси.

    LG - позитивно мислење - Нови технологии, ама им треба пеглање. Слаби во мид/буџет сегментот.

    Sony - негативно мислење (Хејтер) - спрема големината на компанијата можат многу подобро. Стално инфериорни во Хај/мид/буџет сегмент.

    Xiaomi - позитвно мислење(фанбој) - Најчесто најдобри за цена/перформанси. Ретка компанија што прават одлични продукти во сите сегменти: Хај/мид/буџет.

    One Plus - негативно мислње(Хејтер) - Не дека нечинат, ок се. Ама ок не е довлно. Почнаа како флагшип убијци завршија како Флагшип убени (Од Xiaomi). До 5Т имав почит, после 6Т почнав да хејтам. Никакви новини, трици од upgrade од модел до модел. Се вадат на мазност на софтвер. Што па другиве толку не чинат? Од камера до се друго останато послаби од поефтини телефони. Преценети по мене. Најлош Price/Performance. Има премногу риби во морето подобри по мое. 90Hz скрин подржан од 2 апликации и побрзо ја троши батеријата, баш комплетно спротивно од приоритетите на еден телефон. Камерата стално инфериорна од други флагшипи џабе оптичка стабилизација.

    Google - позитивно мислње - Имаат еден од најдобрите ако не и најдобар телефон за фотографија. Штета што има 4Gb ram и џигер за видеа. Процесорот е од лански. Солиден за ноќна фотографија. Во моментов не е најдобар избор за цена/перфоранси. Top 3 телефони за предна фотографија. По мене е инфериорен спрема новите телефони излезени оваа година со бесни 3 камери vs 1.

    Apple(Јаболко гризнато) - неутрално мислње - Најчесто најспеглани заедно со самсунг. Само како оди времето се повеќе фалинки имаат во дизајнот(изгор за поправање, немање џек ни ти па проширена меморија). Боите од камерата им се меѓу најдобрите и квалитетот за снимање е во топ 3 најдобри. Но сепак моментално се комплетно outdated и најлоши цена/перформанси. Од октомври минатата година почнаа да излегуваат телефони со 3 камери и автоматски ајфонот е инфериорен. Реална цена 400-450 Е ни евро повеќе а коштаат накај 1500Е и нагоре, со други зборови тоа не е телефон, него е статус симбол во форма на телефон да покажеш кој си и што си. Скорo сите 4/5 што живееме во иста куќа имаат ајфони и мојов Mate20pro стално ми го бара жена ми за сликање.


    Nokia - неутрално мислње - по некој ок буџет телефон ама мид/флагшип пробуваат нешто ама тешко им оди. Не ги хејтам пошто се трудат.

    HTC - неутрално мислње - некогаш интересни, моментално ирелевантни. Изгледа скинале конци.

    Oppo - позитивно мислње - солидни телефони со солидни камери, може не се најдобри ама се надпросечни. Многу поголем почит имам за Опо отколку One Plus, ако се иста мајка фирма.

    Vivo - позитивно мислење - незнам многу за нив ама имаа интересно телефонче со екран на двете страни, мислам дека се од иста мајка со Oppo и One Plus.

    Zte - позитивно мислење - моите први два андроид телефони беа од зте. Првиот заглави во бут луп. Вториот уште работи со солидна камера за тоа време. Axon 7 беше ѕвер за музика. Имаа и телефон со два екрна од двете страни. Гледам извадиле некој флагшип Axon 9 Pro 5G, ама нема уште ревјуа.

    Motorola - неутрално мислење - една од најстарите фирми, незнам што се дешава фрлаат по некој буџет/мид ама не мислам дека можат да се носат со другите играчи.

    Леново - неутрално мислње - иам таблет од нив, не се лоши. За телефон не би земал од Леново, воглавно инфериорни и небитни.

    Асус - позитивно мислње(Fanboy) - до сега немав некое позитивно мислење за асус со гејмерски телефони, зум телефони итн. Ама со Zenfone6 2019 тотално изненадија еден од најдобрите цена/перформанси телефон.
    Една од најдобрите ако не и најдобра селфи камера.

    Meizu - позитивно мислње - солидни телефони со Flame OS, конкуренција на жаоми во буџет/мид range. Незнам зашто на флагшипите им ставаат помали батерии. Ваљда ке се смени тоа оваа година.

    Alcatel - неутрално мислње - исфрлаат телефони колку да се каже, последен асален телефон од нив Idol 4S со ненормално добри цена/перформанси конкуренција на OP3/OP3T. Моментално се инфериорни и небитни.

    Le Eco - позитивно мислње(фанбој) - за 200Е во 2017, LePro 3 Elite одлични стерео звучки (за жал се подобри од Мате20про), 4к 30Fps, 4000Mah батерија, 820 Snapdragon, Full HD (1080p) screen, метална градба, 4гб рам, 32Гб меморија, IR Blaster, одлична селфи камера, уште лета. Сите кога запнаа за Жаоми овој ги мочаше за исти пари дупло појак скор на антуту. 3 купив за мене други членови на семејството уште не сецнале со 200 апликации и табови на нив. Едино што нема апдејти и престанаа со нови продукти :(

    Doogee - негативно мислње(хејтер) - немам видено полоша фирма за телефони, нема да ни да се објаснувам што како. Бегај ко од чума. Само братучет ми може да ги фали.

    Blackview - позитивно мислње - Имав Bv5000 топ телефонче со 5000Mah батерија, прејак звучник и најдобар телефон за GPS. Едино што имаше доста блоатвер. Изненадно брз телефон без кочење за Quad core mediateck процесор и 2 гб рам со по 20 таба отворени шишаше. Добар ќотек изеде и немаше гајле дур зборев под туш. Две картички примаше + Сд карта + батеријата можеш да ја извадиш. Камерата сосема ок за 7500 денари колку што го купив во 2016.

    Blackberry - неутрално мислење - нит сум користел нит ке користам. Мислев дека не постојат. За некого можеби се ок. За мене лично инфериорни и небитни.

    RED - негативно мислење - добри фирма за камери, лош телефон изваден во 2018. Изгледа толку им било.

    Sony Ericsson - Најбоње блиц у маало :)


    Ако заборавив некој бренд се извињавам ама мислам дека главните играчи се опфатени. Се друго е отпад.
     
    На bon_ton и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Вообичаено не хејтам технологија, напротив сакам да ја има што повеќе. Хејтам само луѓе.
     
    На boriseto, goce03, Filip95 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Темава може само да биде еден боречки клуб за сите подтеми за смартфони. Искрено не гледам друг епилог.

    Доколку се преформулира првиот пост и да биде на пример вака "Ваши лични искуства со телефони и зошто сте фанови на истите", да, би функционирало како продуктивна тема.

    Во секој друг случај, овде ќе биде воено поле на различни интереси и различни искуства.

    Да ти доловам еден пример како би реагирале луѓе на твоите мислења:

    Дали си ги погледнал цените на смартфоните во последниве година ипол до две. Со 400-500 евра OnePlus беше флегшип килер на high end телефони од 7-800 евра. Моментално секој вади +1000 евра телефон. Дали мислиш дека и OnePlus ќе ја има истата таа цена?

    Во што се послаби од поефтини телефони? И како може да се послаби, кога последните 3-4 модели на OnePlus секогаш имаат нај-high-end specs (RAM, CPU, Chipset, GPU...)

    Не е муабетот дали апликации поддржуваат 90hz, туку едноставно делува помазно на 90hz. Си видел некогаш телефон со 90hz + екран во живо? Јас да, Razer Phone со 120hz. И едноставно не се опишува колку само помазно изгледа се, секој swipe, секое отворање апликации и слично.


    Сакам само да ти доловам дека ваква тема ќе отиде у неповрат доколку на таков начин сите пишуваат. Едноставно неможеш да бидеш фан или хејтер на телефон ако не си го користел воопшто. Освен за iPhone :D Али тоа си е прича за себе.

    Но доколку сите ги пишуваат своите лични искуства со телефони, тогаш може да биде колку толку продуктивна темава.

    P.S. Подоле ќе дадам лично искуство за сите брендови на смартфони кои сум ги користел и зошто сум фан на некои од нив.
     
    На esquimaux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,183
    23,790
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Темава ќе биде расад за банови осеќам j/k
     
    На krema и l1d0v1c им се допаѓа ова.
  5. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    638
    180
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Темава не е да се натегаме кој е подобар и зашто, туку секој да даде свој став независно од мојот или на некој друг.

    Личен став пример : Фанбој сум на сименс, ериксон и панасоник. Хејтам Нокиа и Сендо. Чисто да се знае кој за кого е и крај :)

    Нема да се цитираме.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,736
    2,553
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Само Blackview ги хејтам зашто кога имав ме потекоа со апликации што се само-инсталираа, реклами и слични срања. Другите сите ги поштовам, а највеќе Самсунг и Нокиа па за нив и гласав.
     
  7. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    826
    946
    9 Јуни 2011
    Машко
    оп, мене ме интересира, ама искрено да си кажеш, кои од овие брендови и модели си ги имал и користил на дневна база ?
     
    На boriseto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    638
    180
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Пак ке речам, секој има право на свое мислење, кој нормален човек ги има користено сите можни брендови освен professional reviewer. И тие ги користат на краток период. Поентата на темата е да се види секој член да дознаеме што му се свиѓа или не. Јас моите мислења ги базирам спрема одредени ривуја во комбинација со лично искуство со одредени функции на телефоните што се повторуваат од модел на модел или одреден производител изостава, а ми се лично битни.

    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    638
    180
    21 Јуни 2010
    Wellness советник

    View: https://youtu.be/L_Shqjv7t2c


    Еве во глобала како стојат работите со два исклучоци. Mi9 се наога за 340E од кинеска фирма и oneplus7pro не вреди повеќе од 600$ реална цена. Толку.

    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...