Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Брејнсторминг: Како технологијата може да помогне во решавање на проблемот со загадувањето?

D

Администратор
31 март 2007
3.982
4.147
www.aqtos.com
На страна причинителите (дали е од дрва, коли или се заедно), кои се вашите идеи за како технологијата може да придонесе кон решавање на проблемот или ако ништо друго барем да придонесе кон побрзо или подобро решавање или вршење на притисок за решавање...

Видовме како МојВоздух на @HijackHacker, една обична апликација придонесе кон зголемување на свесноста за проблемот.

Во оваа тема Користење на дронови во битката против загадување на воздухот - видовме како еден тинејџер се обидува со дрон и други алатки да придонесе кон решавање на проблемот со загадувањето на воздухот со тоа што се обидува да ги најде загадувачите, дали успешно или неуспешно не се знае бидејќи се што има е само концепт.

Во темава давајте предлог идеи за како технологија или едно ИТ решение во било која форма може да придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот? Сметајте на темава како еден групен брејнсторминг.
 
xenon

אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
15 јануари 2011
4.152
11.108
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9950X3D, Arctic LF III 420mm
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
128GB DDR5 G.skill
Video card
Geforce 4080 Super
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3s
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus PG42UQ 4K
OS
Windows 11 Pro
Многу лесно може; таргетирани проектили со мал импактен радиус земја-земја може да решат многу проблеми за кратко време.
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1.581
3.189
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Многу лесно може; таргетирани проектили со мал импактен радиус земја-земја може да решат многу проблеми за кратко време.
TwoRcOk.gif
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.368
12.288
Скопје
androgaming.com
Државата да си ги откупи топланите, да инвестира во гас и да спроведе топлификациска мрежа во сите населби и поголеми градови. Приклучок би бил морален за сите легални градби во општините на градот (исклучок населби и села, предградија), со цена регулирана според тоа колку си потрошил и утврден максимум според квадратура. Минимална цена од околу 5 евра ако сите вентили во објектот се затворени. Гарантирано ќе биде поефтино од било која алтернатива.

Ова не е некоја rocket science идеа, само треба воља и луѓе што не се само за во фотеља.
 
flashgordon007

Practice makes perfect
15 септември 2012
1.053
1.162

Нонсенс или на македонски преведено: глупост!
Државата е лош стопанственик. Се што работеше во социјализмот или го запусти за да го украде или го продаде... Да ги набројувам фабриките и фирмите или ги знаете?
Државата треба да овозможи приватни фирми да гасифицираат ПОД ИТНО. Државата треба да се откажи од царина, данок и други такси за да се намали цената на опремата, инфраструктурата, инсталацијата на опремата... Министерствата и општините не смеат да гњават со издавање на градежни дозволи за гасификацијата. Шо кој ку*ац се ку*чат и бараат разни глупости од документација за нешто за кое немаат појма како се изведува, а тие што ги изведуваат работите тајните на занатот нема да им ги стават во документација. Единствено признавам дека треба да се внимава на противпожарната заштита. И ТОЛКУ. Да се знае трасата и мерките за гасење на пожари. ТОЛКУ. КРАЈ за техничка документација.
За објектите кои нема да инсталираат греење на гас да се зголемат даноците на имот, да се воведе за нив данок за подобрување на животната средина... Ама да се зголемат до степен да болат: 100-200-500%. Да бидат дестимулативни. Да ги натера луѓето да бараат гас - сами да трчаат по него.
Секој објект, зграда, куќа, хала, индустриски капацитет, без ограничување каде се наоѓа - дали во урбанизирана или рурална средина да биде задолжен да има греење на гас. Дали ќе биде тоа сопствено или градско - треба да се овозможат условите и за двете.
Не треба да се ограничи на легално градени објекти или нелегално градени: Дали електрична енергија имаат и двата типа на градби? Дали имаат телефонска жица и легалните градби и нелегалните градби? Дали се поврзани на градска водоводна мрежа?
Да се заости до бесвест критериумот за издавање на дозволи за работа на сите што се занимаваат со уништување на секундарни суровини, отпади, рециклажи и останато...
Да им се е*е мамата на ова урбанистите кои не го ценат „комунистичкиот“ распоред на зони... Источна индустриска зона во Скопје е измислена за Маџари и останат простор југоисточно од Скопјево затоа што се наоѓа на крајот на градот според „ружата на ветрови“. Овие новокомпонираните урбанисти измислија топла вода, насадија индустрија на спротивната страна - Визбегово и го затруја цел град.

Толку како директен одговор на претходната порака.

Како одговор на оригиналната тема, мислам дека треба ОСНОВНО да се работи на образованието и подигнување на свеста за чиста животна средина на населението (сега свеста им се пали само зимно време на тие во Скопје и Битола), паралелно со останатите активности. Животна средина не е само амбиенталниот воздух кога треба да го сечеш со нож за да гледаш низ него, тука е и водата, отпадната вода, прашината по улици, тревници, камиони, коли, Под чиста животна средина треба да се смета и на „совесните ликови што живеат околу нас“ кои фрлаат кеси со ѓубре од прозори и тераси, прозори од коли...

ИТ технологијата може да биде, према моите сегашни информации и знаења, информатор за состојбата со:

* „чистиот воздух“ со поставување на мрежа на евтини сензори на мерење на квалитетот на воздухот и објавување на резултатите од нерењата во реално време - сегашните десетина мерни станици се безобразно распоредени и даваат многу „реална“ слика на квалитетот на амбиенталниот воздух. Дајте предлог за евтини сензори од али, ибеј и компанија. Поентата не е да бараме сензори со класа на точност НАТО-апрувед, туку доволно точни за реален приказ на состојбата

* мрежа на камери кои ќе даваат слика кон депониите и овие приватните трујачници: еве предлог - да се снима влезот во просторот меѓу аква паркот и ресторан имес во Карпош 3 - таму во претходниот период се носеше шут од цел град Скопје и пошироката околина, да се постави мрежа на камери на кеј на Вардар и да ги снимаат овие што се занимаваат со труење на народов. Дали може да се искористат столбовите за улично осветлување? По кеј ги има многу... ем имаат висина за да се постави камера и предавател, ем се поврзани на електрична енергија.

* веб страна која ќе ги презентира овие податоци. Кој сака да биде воајер и да гледа матен воздух, другите може да гледаат бројки и букви од сензорите.

* листа на компјутерски ентузијасти кои ќе се занимаваат со овие први три ѕвездички

* листа на некомпјутерски едуцирани професионалци кои ќе мораат да ги шибаат заспаните и мрзите по општини (да, да, оние што ги плаќаме со царините и ддв со секоја царинета пратка од ибеј, али и компанија), заспаните и мрзите по инспекциите, заспаните и мрзите во министерствата... и ќе бркаат согласности за поставување на опремата по бандери, канделабри за осветлувања, дозволи за бесплатно користење на електрична енергија за сензорите, предавателите и камерите...

Мислам дека ваква идеја, ако доволно ја разработиме од аспект на опрема, потрошувачка на енергија, веб страна... може да најде поткрепа од телеком операторите (они имаат бандери и пари), ЕВеНе Македонија (они имаат пари и бандери), Мепсо?

P.S. Живеам во Скопје во К3. Чат-пат шетам низ МК, ама таму ми мириса на убав дим од дрва и не смрди воздухот на индустрија оти ова баграва од политичари ја уништија онаа мала индустија низ државава што ја имаше во социјализмот... Ме иритира „ажурноста“ на бирократијата. Ме иритира реакцијата на граѓаните кои чекаат некој друг да им ја заврши работата... а нема друг...

P.P.S. Баш ме интересираат вашите мислења. Се надевам дека не сте од оние од претходната моја реченица.
 
W

Whisky Vishera

Гостин
Ова нема врска со технологија, не се решава со никаква технологија. Факт! Неможеш да ставиш некој хајпер плазма драјв и да го исчистиш Скопје.

1. Тотална гасификација на домаќинствата (не е можно да се покрие цело Скопје, особено населбите околу Скопје - што највеќе допринесуваат за загадување од греење со огревно дрво. Лисиче, Илинден, Трубарево, Јурумлери, Стајковци.. да не ги набројувам сите.

2. Субвенции за греење на струја. Ако неможеш да донесеш гасификација до секое домаќинство, ондак дади субвенции за греење на струја, направи ја ефтина. Верувам дека никој нема повеќе да се ебава со цепање дрва и ќумур ако се направи ова - чиста работа. Проблем - зависиме од увоз на струја, немаме доволно капацитет за производство - што значи скапа струја.

3. Ако неможеш да донесеш гас и да поефтиниш струја, тогаш сите домаќинства задолжително да инсталираат специјални филтри во ќумбињата - нормално овие треба владата да ги дава безпари.

4. Возен парк - дизелаши постари од 15 - 20 години што не исполнуваат норми треба да завршат на рециклирање. Факт. Особено тие стари дизел камиончиња тамчиња, застави и по некој мерцедес што не им смениле гуми 10 години и уље 20 години. Ригорозни технички прегледи - загадуваш? Нема регистрирање за возилото - крши глава.
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1.581
3.189
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Ова нема врска со технологија, не се решава со никаква технологија. Факт! Неможеш да ставиш некој хајпер плазма драјв и да го исчистиш Скопје.

1. Тотална гасификација на домаќинствата (не е можно да се покрие цело Скопје, особено населбите околу Скопје - што највеќе допринесуваат за загадување од греење со огревно дрво. Лисиче, Илинден, Трубарево, Јурумлери, Стајковци.. да не ги набројувам сите.

2. Субвенции за греење на струја. Ако неможеш да донесеш гасификација до секое домаќинство, ондак дади субвенции за греење на струја, направи ја ефтина. Верувам дека никој нема повеќе да се ебава со цепање дрва и ќумур ако се направи ова - чиста работа. Проблем - зависиме од увоз на струја, немаме доволно капацитет за производство - што значи скапа струја.

3. Ако неможеш да донесеш гас и да поефтиниш струја, тогаш сите домаќинства задолжително да инсталираат специјални филтри во ќумбињата - нормално овие треба владата да ги дава безпари.

4. Возен парк - дизелаши постари од 15 - 20 години што не исполнуваат норми треба да завршат на рециклирање. Факт. Особено тие стари дизел камиончиња тамчиња, застави и по некој мерцедес што не им смениле гуми 10 години и уље 20 години. Ригорозни технички прегледи - загадуваш? Нема регистрирање за возилото - крши глава.
Целосно се сложувам нема ИТ решение, единствено мерки како проектот на детево, можат да помогнат во подигање на свеста, ама да ги решат проблемите тешко.
Требаат мерки (законски и конкретни мерки) по сите причинители :
1. Греење на дрва
-Гасификација што побрзо, овозможување на што е можно поефтино парно греење за домаќинствата па макар и да се субвенционира бесплатна инсталација на парно греење.
Како во сите нормални држави.
2. Возила
Забрана за увоз на стари, патнички дизел возила, ограничување на движењето на постоечките дизел возила кој не исполнуваат стандарди.
Инфрастуктура за велосипеди, воведување на трамвај на струја во јавен превоз.
Како во сите нормални држави.
3. Градежни активности (забрана/ ограничување на изградба на згради во пренаселени урбани средини).
4. Индустриски објекти( прво субвенционирање на филтри или дислокација од урбани средини, па казни или целосна забрана за работа). Последново како последна мерка, јебига социјален елемент е многу битен, на празен стомак други се прироритетите.
 
Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.759
15.392
Ова нема врска со технологија, не се решава со никаква технологија. Факт!

*урац факт!

Фукни едно беспилотно летало нека врти на 250 метра над Скопје, закачи инфрацрвена камера на него и нека дава GPS координати на Pollution Stopping Taskforce каде се гори и создава чад. Овие нека отидат со солзавец, гумени куршуми, тејзер пиштоли и пендраци, па да видиш како технологијата ќе го реши проблемот со загадувањето.

Дај му боца и греалка, па наместо да оди со запрежната кола да собира пластика за горење, нека оди на бензинска нека земе плин без пари.
 
R

Roncic

Гостин
Загадувањето не е ни поради колите ни поради греењето на дрва. Нека направат уште некоја зграда со никаква инфраструктура каде проток на воздух има апсолутно 0 и после ќе бераат затки и за г`з.
Да се најдат точки со најголема разлика на притисок низ градот и да се направат булевари низ истите.
 
vladic3110

Gaining Experience
22 февруари 2017
162
276
@Astro да не претеруваме сеа никој не грее пластика кога пари вадат од неа на откуп.. 1.5 шишето е
 
Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.759
15.392
@Astro да не претеруваме сеа никој не грее пластика кога пари вадат од неа на откуп.. 1.5 шишето е

Бато, ги гледам како кршат столици на поситни парчиња и си ги бутаат во ќумбе. Гледам душеци како горат цели, тоа ти е синтетика.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.966
5.865
Многу лесно.

Преку забрана за греење на дрво во рамките на град и субвенција од 50% или 8000денари за инвертер клима уред. Како и намалување на стапката за ДДВ на топлински пумпи од 18% на 5%.

Решен проблем, од следната година ќе е стакло.
 
Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.759
15.392
Многу лесно.

Преку забрана за греење на дрво во рамките на град и субвенција од 50% или 8000денари за инвертер клима уред. Како и намалување на стапката за ДДВ на топлински пумпи од 18% на 5%.

Решен проблем, од следната година ќе е стакло.

Како прво тоа не е технолошка мерка, како второ тоа е неизводливо.
Како ќе уклучиш инвертер во топаана и волково каде нема струја? Како ќе спречиш да не се продаде на бувљак? Како ќе научиш неписмен да ракува со клима? Колку ќе биде ефикасна таа клима каде нема ни ѕид ни кров и цела колиба е од плех најден на отпад?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.436
32.796
roka.mk
Технолошки, само со филтрите што се од видеото погоре... проблемот не е од технолошка природа, па со технологија да се решава. Ниту мој воздух ниту дечкото со дронот не продонесуваат до чист воздух, само будат свест да се разјасниме!
И најголемиот загадувач се ДУП-овите кои се делат како топол оброк.
Ако има „промаја“ сите тие гомнарии ќе се издуваа и нема да се осети загаденост, ко што ја немаше пред неколку досетици години...
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.966
5.865
Да се решаваше се со „ветер“ ќе нема ветер 2 недели ќе се подавиме.

Затоа мора да се намали загадувачот (греењето на дрва во градови). А ветрот нека си вее...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.436
32.796
roka.mk
Аха значи сеа е проблем пошто има апликација, а тогаш не било проблем пошто никој не мерел и топ сите мислат дека воздухот е ок...диши си ќути си!
ок немам идеа како да го решиме проблемот, процесот за работна виза ми е во тек....
 
borcep

Practice makes perfect
12 септември 2013
1.038
1.844
Скопје
Таман работа сега да е проблемот со апликацијата.
Памтам таму 90 и некоја ситно ни го продужија распустот поради загадување во воздухот. Сите идеи се добредојдени, реално технологијата би можела да помогне во некакви мобилни станици за интервентно мерење на загадување откако дронови визуелно би го идентификувале од подалеку на пример проблемот.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.966
5.865
Или да ги изгасиме мерните станици и да се вратиме како пред 15 години.
 
xenon

אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
15 јануари 2011
4.152
11.108
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9950X3D, Arctic LF III 420mm
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
128GB DDR5 G.skill
Video card
Geforce 4080 Super
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3s
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus PG42UQ 4K
OS
Windows 11 Pro
Гас и глупаци не се мешаат, а земјава е полна глупаци, квази направи-сам ликови, комшијата се разбира во "insert anything"... итн. Пробајте гас до секоја куќа и зграда да доведете во багродонија каде не се почитува никаков стандард па гледајте експлозии потоа секој ден. Они вода не можат да донесат во Лисиче за пиење, нит пак стабилна струја, гас ќе носеле, вие нормални сте?

Нема стандард, нема протокол, и каде има не се почитува, и каде има е препишан од некаде за препишувачот и неговиот претпоставен да лапне провизија и да се рече направил нешто, нема почит, нема морал, нема ништо во оваа Афричка вукојебина каде се е сведено на еден принцип: пари без работа. И тоа што се градело во социјализмот како стандард, како вредносен систем, сега се е отидено во курац. Секој за себе, мобинг, врски, корупција, живот од ден за ден, мрза, агресија, дисреспект, ароганција, цинизам, сарказам, куп лајна тоа се претворивме.

За гасификација ќе зборите...
 
Баш затоа. Инвертер. Пријатно.
 
xenon

אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
15 јануари 2011
4.152
11.108
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9950X3D, Arctic LF III 420mm
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
128GB DDR5 G.skill
Video card
Geforce 4080 Super
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3s
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus PG42UQ 4K
OS
Windows 11 Pro
Јас и ти имаме инвертер, пробај на другите 90% да им кажеш да стават, барем на овие питомите. За тие дивите, што врзуваат на бандера кучиња дресирани за убивање по селата кога тој од ЕВН се качува да им исклучи струја, ич да не праиме муабет, колку годинава изгинаа од калашникови, глокови и цз по свадби само? Инвертер кажи му, хаха, хаха...па-пау

Баш затоа. Инвертер. Пријатно.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.346
Мислења
1.010.060
Членови
36.677
Најнов член
Kazanizam
На врв Дно