1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Brainster

Дискусија во форумот 'Останато' започната од DeadWalker_, 27 Мај 2019.

  1. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    14
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    Здраво
    Веќе подолго време на facebook ми се појавуваат реклами од brainster и искрено ми се допаѓаат...сакам да запишам курс кај нив па сакам да ги прашам поискусните какво мислење имаат за нив и дали некој има искуство со нив? ви благодарам однапред
     
  2. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    605
    328
    9 Февруари 2008
    Не сум бил на курсевите кај нив и не знам какви се и не познавам некој што бил

    Само го приметив ова пред некое време, дека преведуваат и крадат статии на сајтот
    [​IMG] без да наведат никаков извор. Ова е само еден пример ама има многу повеќе

    Ако го прават истото и за курсевите, можам да претпоставам дека се само преведени и украдени курсеви од udemy и сличните сајтови. Си размислил да учиш од онлајн курсеви? од сајтови како udemy, coursera, lynda
     
    На Маша и DonFrozex им се допаѓа ова.
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    Бреинстер не е никакава академија и не знам зошто така се рекламира.

    Курсевите нивни немаат никаква академска вредност, и они тоа добро го знаат.

    Udemy ftw!
     
    На Uber-, mdeni, dddragan и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Melisandre

    Melisandre
    Intern

    9
    16
    6 Мај 2019
    Женско
    1900 € за 25 - неделна програма е навистина скапо.
    Не можам да тврдам како е формирана таа цена и кои им се трошоците, но толку чини семестар на приватен факултет.
     
  5. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,231
    1,244
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Во браинстер "предаваат" асистенти што благе везе немаат со програмирање.
    Се формираат групи од 15-20 пријавени, ќе ги ошураат по 2к€, асистентот го плаќаат во просек 200-300€ месечно, зошто нели 2 до 3 пати неделно е и си вртат голем профит.
    Не треба да си математичар да собереш 2 и 2, од претходните броеви.
    Ако се работи за веб девелопмент, за пола од таа сума и пола од курсот таму, можам да ти дадам знаење што вреди 3 пати повеќе од нивното. :)
     
    На BlackArrow7, Grimriper, Sukhoi и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. Melisandre

    Melisandre
    Intern

    9
    16
    6 Мај 2019
    Женско
    Да, за Web Development е понудата. Истата програма ја има на Udemi за 11.99$.
    Јаки бизнисмени, нема збор.
     
  7. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    418
    314
    26 Јуни 2012
    Машко
    1. Udemy(супер курсеви има и не се прескапи, може скоро секој да си ги дозволи)/If all else fails - rutracker
    2. Seavus
    3. Semos

    За браинстер немам искуство да сум бил таму или слично, но од „рекла казала“ бричење на суво било. Плаќаш дебела сума и на крај скоро ништо нарочито не добиваш. Исто и сега на кое налетав е интерворкс исти брич, 3месеци 1500еу за софтвер девелопмент.

    Размисли добро што сакаш да научиш и што ти е целта.
     
    Sukhoi, smole и на Oktar им се допаѓа ова.
  8. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    603
    1,986
    27 Јануари 2014
    Машко
    Тргни од "професорите" прогуглај ги и види колку знаење имаат и што имаат постигнато ќе ти стане јасно. Една Кика факинг Авеиро држи курсеви за Фотошоп и Илустратор. Предавачите им се општо катастрофа.
     
    esquimaux, dddragan, DonFrozex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    491
    629
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Да се надоврзам на темава, @Pulse ако можеш да ми пишеш во пп, во врска со веб дев, со идеми курсови почнав но не сум сигурен како да продолжам/да се надоградам. Дали тие курсеви/ сертификати што ги делат вредат нешто при барање работа или само како украс стојат
     
  10. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    826
    946
    9 Јуни 2011
    Машко
    шо зборите беее.. гага се курсовите по ваквите академи.
    ќе те ошурат 2к еурича за кратко време, но после тоа ќе лапате „програмерски„ плати, минимуН 1000 евра!

    /sarcasm
     
    На appleish му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    14
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    Во тој случај дали вреди да ги купувам пакетите од udemy? И за нив читав дека се многу добри па вака успатно да прашам и за нив
     
  12. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    183
    190
    12 Август 2014
    Машко
    Прогуглај и купони за попусти за udemy курсевите, многу често има.
     
    На DeadWalker_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    667
    609
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Не, купи некоја книга (или симни од нет). Во зависност на степенот на образование и искуство со кое располагаш. | ФИНКИ овде имаш листа на предмети, т.е. бираш тип на студии, насока и предмет, идеш на пдф линкот под акредитација и најчесто точка 22 ти е литература. Подобро инвестирано време од тоа нема.
     
    На DeadWalker_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    14
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    Да видов по околу 11 долари се...а целиот пакет е околу 46 часови...така што одлична цена е
     
  15. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    667
    609
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Што точно сакаш да научиш?
     
  16. DeadWalker_

    DeadWalker_
    Intern

    14
    1
    12 Мај 2013
    Машко
    учев од youtube html css i javascript и сакам да го купам пакетот за web development за да си ги видам пропустите што можеби ги немало на youtube и сакам да почнам да учам фотошоп
     
  17. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    398
    159
    14 Април 2012
    Машко
    Глупо е да хејтате а да не немате искуство во врска со академијата за веб девелопмент.Јас ја завршив академијата за веб девелопмент
    Траење беше 6 месеци и чинеше 90 илјади денари.Предавачите беа окај а не ужас како што пишал некој погоре.Луѓето што не се задоволни беа најчесто оние кои дошле таму зашо чуле програмер ќе станеш преку ноќ,немав никаков искуство со програмирање нормално може да биде подобра одредени сегменти од академијата беа кратки како на пример MySql кои што сега се подолги како што знам.Да е скапо можеби за наш стандард ама ако се трудиш ќе добиеш знаење тоа е мое мислење и ќе успееш да најдеш раб.
     
  18. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    12
    9
    14 Јануари 2019
    Машко
    Јас имам одено на краток курс Дигитален маркетинг во Brainster, го платив 3500, ништо интересно не научив ни пак се предаваше нешто интересно. Скоро сите часови, мислам дека беа 4 или 8, не сум сигурен, се поминаа во тоа како се креира рекламна кампања на Facebook. Ова можев и на google да го најдам :D.

    Не би ги препорачал, премногу се скапи, а не добиваш ништо посебно од знаење.
    Udemy ги користам доста често, супер се.
    Coursera исто така.

    Seavus мислам дека имат доста добра пргорама од 6 месеци за 1500 евра.
     

Сподели

Вчитување...