1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Brainster Full Stack

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Qwerty555, 25 Декември 2019.

  1. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    790
    706
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Од каде знаете, може имаат некоја си нова метода на предавање на знаењето.

    Курс: Вовед во Data Science

    За еден ден, вовед во пајтон и нампај. На крајот на денот го владееш пајтон и една од постарите и попознати библиотеки.

    Ова доаѓа како златната треска пред граѓанска војна во САД. Луѓето се подготвени да се променат себе си, својата околина и своите навики само да стигнат до тие загарантирани 2000 евра плата по завршување на курсот/академијата. Во кратки црти ќе изгубите многу, а ќе добиете малку, и ќе бидете разочарани од ваков вид на школи за брзо знаење. И Бренстер и Сивус и Семос и останата багра, гледаат да ги земат вашите пари ветувајќи ви брда и долини.

    Ја да бев на нивно место ќе ве обучев, ќе ве вработев внатре во Сивус или Семос и ќе ве аутсорсирав вас и вашата работа.
     
    На Qwerty555 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    303
    235
    13 Март 2017
    Машко
    За да ги вработат, ќе треба да им ја даваат платата која ја ветувале и проповедале по курсевите, што е научна фантастика. Затоа, си земаат на секои 2/3 месеци практиканти или „јуниори“...
     
  3. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,703
    1,162
    16 Јуни 2010
    Машко
    Не би се согласил целосно, за 2000 евра факултет ке завршиш(па и помалце), и многу повеќе работи ке научиш, луѓе ке запознаеш а ако си на Финки, нема и без работа или барем добра пракса да останеш.
    Проблемот е што луѓето сакаат тренди ствари, што кратко траат, као многу работи научиш а у принцип се е површно.
    Не знам ваљда јас дека не се занимавам конкретно со програмирање, ама у мрежниот свет сертификација најчесто е дополнување на знаењето (пример Cisco CCNA) и факултетската диплома сеуште нешто значи(барем од 2 пракси тоа го сватив), и не сретнав човек што немаше диплома(повеќето беа со електро).
    Од школиве искрено, браинстер изгледа крајно несериозно у споредба со Сивус и Семос по мое некое видување. Не ми е јасно како така 1 година ке учам некого и после одма професор станува(или лошо ве сватив?), а и што корист од диплома од браинстер стварно не ми е јасно.
     
  4. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    342
    232
    24 oктомври 2010
    Машко
    Ова ми изгледа на најлегитимен совет за тие што планираат да фрлат 2000еур на фејк курсеви, и пази сеа, за ни помалку ни повеќе - ФУЛ СТАК ДЕВЕЛОПЕР!!

    Онтопик:

    Мое мислење е дека најдобро се почнува со креирање профил на некоја фриленс платформа Upwork/Fiverr/PeoplePerHour и мал милион помали платформи. Дружи се на разни ИТ Meetups/Events, ги има доста низ градов, вмрежи се, ќе најдеш некој што му треба некој Џуниор. Аплицирај на бејзик таскови од твојата област, паралелно гледај курсеви Udemy, торентс, YouTube..

    Ова со Брејнстер ти е као оправдување ако фејлнеш дека не бил доволно добар курсот, а до тебе е. Секогаш е до тебе. Поз.
     
    На Qwerty555 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    487
    201
    14 Април 2012
    Машко
    Јас ја завршив академијата за програмирање, ако ти самиот не си спремен да се посветиш на ова ќе ти биде џабе фрлени пари затоа што ниеден предавач ниту професор на фах нема да може да те научи да размилуваш логички и како да решаваш проблеми ако самиот не се затвориш дома и куцаш со саати, буквално одиш пон среда петок и недела секој ден куцаш дома ако сакаш да се исплати ова и да најдеш работа. Тоа што имаат маркетинг опасен имаат.
    Се оди 1 недела пон среда и петок и недела е ден од 10 до 5 попладне цел ден куцате,предизвиците што ги имате од минатата недела ги разгледувате и проверувате, другата недела е вторник четврток сабота и недела исто.
    Почнуваш од
    html/css
    MySql ова ни дојде како многу краток период и се буневме ни зголемија плус уште една недела почнаа доста сложени квериња да гледаме и се чудевме сите :D
    Php basics почнува после тоа објектно ориентирано
    Laravel исто доста време учиш и ларавел.
    Java script
    Jquerry
    Секоја недела добиваш предизвик за наредната недела за тоа што си учел, почнува лабаво ама после станува наеднаш тешко зашо ако не си се сретнал со loops If и сл, ама со работа ќе го надминеш тоа. Имаше мн лабави лу
    ѓе на кадемија и цело време мрчеа не не учат и сл а уствари проблемот беше у нас самите ако забушаваш отиде возот буквалн во битните часови. Мојата критика беше што беа доста лабави кон крајот и не го завршивме крајниот проект и така остана. Ако те интересира нешто повеќе слободно пиши.
     
  6. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,058
    939
    4 Февруари 2014
    Машко
    Ова со апворк баш напротив.. Работодавците на апворк бараат девелопер што знае што прави и ќе има брз turnaround на проектот. Никој не дава пракса на апворк..
     
    DonFrozex, coNNectMKD и на Aowek им се допаѓа ова.
  7. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    30
    58
    16 Јуни 2018
    Машко
    Да не се повторувам со истиот муабет, еве линк до моето генерално мислење за академиите: Code Academy - Macedonia
     
Слични теми
  1. spiritBreaker
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    699
  2. Lastbreath
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    3,780
  3. Ulrezaj
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    378
  4. DeadWalker_
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    1,441
  5. MaggieXX
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,054
Вчитување...

Сподели

Вчитување...