1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

BLON BL-03 слушалки — Тхе хајп ис нот реал

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Андреј, 22 oктомври 2019.

  1. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Барем за мене :)

    Ова е наверојатно најхајпуваната буџет слушалка во 2019. Толку многу рецензии во последно време, муабети по форуми, итн. Едноставно морав да ја купам и да видиме што е работата.

    Да почнеме со кутијата:

    [​IMG]

    OPPOTY
    DRIAMS :hay:

    Маркетинг пораката на BLON изгледа како рандом кинески зборови преведени со Google Translate. Сепак тоа DRIAMS изгледа е мал рачен придонес :D


    XtremPro X1 USB DAC + BLON BL-03 + MH1C eartips со 16-core Yinyoo кабел​
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Очекував подигнати бас фрекфенции, меѓутоа ова е малку повеќе од она што ми се допаѓа. Неколку пати ја преслушав музиката што ја користам за споредба помеѓу слушалки. Басот и средниот бас за мене лично, го уништува искуството во песните. Како невидлив слон што тапка цело време. Стримав мастери од Тидал, така да изворот е прилично добар.

    [​IMG]

    Со еквилајзер звучат подобро, кога ќе се испеглаат тие ниски фрекфенции и мал врв околу 7500 Hz, но сепак не толку добро како други буџет слушалки што сум ги пробал. MoonDrop Crescent беше хајпот на почетокот на 2019 и е подобра слушалка за мене out of box, дури и после EQ на BLON. За жал, не ги произведуваат веќе.

    BLON BL-03 и не се толку евтини зошто треба да ги модифицирате. Треба да се смени кабелот, бидејќи фабричкиот е лош и нови подолги типсови. Цената тогаш достигнува околу 50 долари. За тие пари не би ги препорачал.

    Ова подсумување повлекува една нова тема за сите буџет аудиофили тука, која можеби треба подлабоко да се разработи, а тоа е:

    1. Евтино DAC/појачало за слушалки - драстично ги менува работите.
    2. Parametric EQ

    Под број 1, најевтино нешто што најдов и можам да препорачам е XtremPro X1 USB DAC купен за 35 евра од Амазон (рецензија тука, брендот е различен, инаку ист продукт).

    За parametric EQ на Windows немам појма, од проста причина што Windows немам користено повеќе од 10 години. Можеби некој што користи ЕQ на Windows би можел да склопи краток туторијал. Со еквилајзер, Sony MH755 звучат уште подобро :)

    Тоа е на кратко. Малку сум разочаран од она што вреднува аудио заедницата и каде оди мејнстрим звукот што им се допаѓа на младите буџет аудиофили. Можеби се работи за лични убедувања за тоа како треба да звучи слушалка, можеби е мојата музика. Како и да е, дури ни Daft Punk - Get Lucky не звучи добро во моите уши на BLON BL-03 без еквилајзер.

    Stay tuned, потрагата по добри слушалки продолжува :)
     
    Последна промена: 22 oктомври 2019
    На fuzzjaw, Sharlovski, Chicco69 и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,492
    3,413
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ми стануваш омилен постер на форумов. :)
    Пред година и нешто ги разгледував Walnut V2 и клоновите, потоа постепено се откажав кога не се решив да користам фул сајз слушалки за патување до/од работа. Можеби ова би бил добар кандидат за евтино почајало за слушалки, на хед-фај има долга тема за Walnut V2.

    [​IMG]
     
    На Андреј му/ѝ се допаѓа ова.
  3. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    97
    81
    1 Март 2013
    Машко
    Предлог од мене Review and Measurements of E1DA 9038S BAL Portable DAC & Amp
    Моментално е бест бенг бидеш може да драјвува фул сајз до 300 ома без проблем.
    Едина негативност е дека подржува 2.5мм балансирана конекција, но за кратко време искача истиот модел со 3.5мм небалансирана конекција.
     
    Последна промена: 22 oктомври 2019
    На Chicco69 и Lokvan им се допаѓа ова.
  4. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Овој модел со 3,5мм конекција го чекам и јас. Би требало да го објават до крајот на годинава.

    Формата е битна и не би купил нешто големо како Walnut V2 за во движење.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,492
    3,413
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да, ми кажале дека и другпат дека естетиката не ми е на прво место. ;)
    На страна проблемот со големината, Walnut и Zishan имаат веројатно најдобар однос пари/перформанси, барем од тоа јас што сум читал. И батериите им траеле повеќе од солидно. Инаку сега гледам дека годинава испаднал нов модел Walnut F2, кој е DAC/DAP/AMP во еден уред со балансиран излез а кошта триесетина долари.

    @martinmax фала за посочувањето, од уводот ми се чини многу интересна опција (иако малку надвор од буџет) - ќе имам за читање деновиве. :)


    едит: можеби ни треба одделна тема за буџет аудио?
     
    На martinmax и Андреј им се допаѓа ова.
  6. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Треба одделна тема за буџет аудио, така изгледа.

    Audio Science Review прави одлични рецензии на појачала, би почекал на нивно мислење.
     
    На Lokvan и martinmax им се допаѓа ова.
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,442
    12,615
    2 Август 2012
    Машко
    Ако на слушалка и треба пеглање со еквилајзер особено со параметарски тоа е лоша слушалка.
    Истото важи и за звучници.

    Еквилајзерот нема што да бара во домашен систем.
     
    Daniel86, krema, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    97
    81
    1 Март 2013
    Машко
    That's a bold statement.
    Што ако можеби профилот тонски не е по твој мерак?
    Има одлични слушалки кој може да се: неутрални, V Shaped, Bass/Mid/Treble Boosted, etc..
    Секој со своите преференции.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Нема такво нешто како добра слушалка. Сите имаме различен слух во зависност од годините, оштетување од забави итн. Реагираме различно на фрекфенции.

    Со еквилајзер слушалката може да звучи многу подобро ако ја подесиш блиску до Харман таргет, како во случајот со BLON BL-03. Можеш да ја персонализираш за свои потреби како сакаш, кога ќе сфатиш кој звук го преферираш.

    Не секогаш се пеглаат тие пикови, така да подобро е да ги нема премногу. Досега не сум сретнал слушалка на која не ѝ треба еквилајзер.
     
    На martinmax му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Овие подесувања ги користам за BLON BL-03 и звучат далеку попријатно. Басот не е толку доминантен и отвара простор за повисоките фрекфенции да дојдат до израз појасно.

    [​IMG]
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,442
    12,615
    2 Август 2012
    Машко
    Да
    Во "Мишелин" ресторан можеш да тураш кечап на секоја храна што ќе ти ја изнесат. И шампањ може да се пие од пластични чаши.
    И тоа се "лични преференци"

    Вкусовите треба да се воспитуваат.

    За слушалка да прозвучи како што треба потребна е специјална снимка баш за таа намена (Да се гугла ова)

    Пишав во темата за звучници.

    И не е да изигравам авторитет ама ако се стремиш кон High Fidelity нема компромиси.

    Иначе све тоа се претвора во My-Fi
    И уреду е ова

    Се додека едната група не се наметнува над другата.
    Ама некако, послатко е да добиеш реален звук без EQ и тонски контроли.
     
    На Скоти му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    84
    210
    4 Септември 2012
    Машко
    Со еквилајзер ти си експертот, и имаш поле на маневар. Тоа е убавината.

    Тие промени се софтверски, но можат да бидат и хардверски како во случајот со JVC каде врз основа на модификации на еден корисник од форум, направија комплетно нов подобар продукт кој моментално е хит.

    Ако имаш можност за подобри слушалки со неколку клика мислам дека треба да ја искористиш.

    Аналогијата со ресторанот ти е погрешна, освен ако си експерт готвач. Јас не сум експерт готвач, ама ја делам истата пасија и за готвење. Процесот со слушалки и готвење за мене е до некаде сличен. Ако ми се допадне јадење во ресторан ќе пробам да го репродуцирам дома и да му дадам мој шмек (тјунинг).
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    97
    81
    1 Март 2013
    Машко
    Ја утињаш малце работава, глеј на ова дека ти е зготвено од мишелин стар ама имаш повеќе јадења за избор, па ти си бираш дали сакаш стек, риба или слично.

    Да беше така како што викаш сите ќе целат кон еден исти тјунинг.
    Јас сметам дека квалитетот треба да се одлучува по параметри како: Separation, Imaging, Soundstage, etc..
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,492
    3,413
    12 Јануари 2016
    Машко
    Аналогијата во случајов е уште повеќе погрешна, пошто се спомнува хај-фај во муабет за буџет аудио. Буџет опциите си имаат свое место и намена. Некој можеби нема пари за подобро. Некој може да има слушалки со врвен квалитет што коштаат бројка од 4 цифри во долари ама тој некој треба да е сулуд (или многу богат) за тие слушалки да ги носи кога патува до работа, или на трчање, итн.

    Или аналогно некој јаде во сендвичара а некој во врвен ресторан. Ама ретко кој може да си дозволи да јаде исклучиво во врвни ресторани - што не значи дека не се разбира во добро јадење... Остави, несоодветни се аналогииве. ;)
     

Сподели

Вчитување...