1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Блокирање реклами со Pi-hole и NextDNS

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од Андреј, 14 Септември 2019.

  1. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    79
    201
    4 Септември 2012
    Машко
    Веќе подолго време користам Pi-hole, кој е всушност софтвер за блокирање на реклами и тракери на DNS ниво. Мојата инсталација е на Raspberry Pi, но може да се инсталира и на Docker, Ubuntu, итн.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Има многу листи кои може да ги додадете. Мометалната бројка на блокирани домејни кај мене е околу 3 милиони :D

    The Big Blocklist Collection - тука ќе ги најдете сите потребни листи, главно интернационални. Сепак, тоа не го решава проблемот со македонските огласувачи :(

    Затоа креирав и листа на македонски рекламни сервери, која може да ја надополни секој:

    Macedonian Pi-hole blocklist - треба да се додаде до листите во Pi-hole, се ажурира еднаш неделно.

    [​IMG]

    Доколку не сте во можност да инсталирате Pi-hole во локалната мрежа, пробајте го NextDNS. Предноста е што може лесно да се сетира на рутер, телефон, и многу други уреди во движење. Делува всушност како Pi-hole in the cloud. Нормално тука има и некои лимити бидејќи имаат бизнис модел (додека Pi-hole e бесплатен), но не верувам дека ќе се преминат со нормална употреба. Нов сервис е и немаат многу опции, па тука македонските домени ќе треба да ги додавате еден по еден во Blacklists.

    Happy blocking :)
     
    Последна промена: 14 Септември 2019
    На icemanMK, D3N1EL, Lokvan и уште 23 други им се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,334
    9,749
    23 oктомври 2012
    Машко
    Браво за темата, штета за малиот интерес. Се спремам јас веќе некое време да отворам тема за Пи.холе ама се нешто немам време :( За пај хол имав читано уште пред некое време и јас како љубител на блокирани реклами сакав да го пробам, а во тоа ми помогна лицето @123456 кој несебично ми поклони едно разбери а со тоа и стана главен покровител и спонзор на мојот ад блокер. Ке му пуштев една реклама како спонзор, ама пајхол... ке ја блокираше :(

    Инаку идејата е супер и функционира само има неколку недостатоци а тоа е додавање на запис во хост преку конзолата, многу голем пропуст, днс сервер на кој неможеш да правиш записи, логика нула. Ок има воркараунд ама пак, не сум среќен со ваквото решение.
    Второ, ако веќе имаш пај хол, теоретски не ти треба ад блокер во браузер, ама па пајхол ти е достапен само дома, на секој друг интернет пак имаш потреба од ад блокер во браусер значи... сеуште имаш потреба од ад блокер. Има опција да го користиш со ВПН, имаат решение и за тоа, ама па тоа значи постојано да бидеш врзан на впн иако ке се однесува само на ДНС риквестите... ама пак... не е баш најелегантно.
    Трето, ад блокерот подобро се справува со оверлеј рекламите на рарбг, кликаш отвара таб и го затвора, ама ако немаш ад блокер, кликаш отвара таб и останува отворен самошто неможе да лоадира контент и така имаш чекор плус, треба да го затвориш табот па да се вратиш на тоа што претходно си го гледал. Анојинг.

    Размислував и како опциај да инсталирам една ec2 инстанца на aws и да си имам паблик днс сервер, ама па така постои опасност за напади, ддос и слично и баталив. Ова со НекстДНС ми делува како интересна опција, ке го пробам.

    Патем, браво за листата на македонски ад провајдери, веднаш ке ја додадам.
     
    Krkac, toshex, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    248
    197
    21 Мај 2017
    Исто така adguard dns е топ за блокирање
    176.103.130.130
    176.103.130.131
    Но сепак мора и со адблок, пошто само со днс пак се појавуваат квадратите од реклами само празни, блокирање со днс е супер пошто работи на сите апликации, без разлика дали на телефон или пц, за разлика од адблок само на browser.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    990
    527
    12 Април 2017
    Машко
    А зошто сакате да ги блокирате буквално сите реклами? Искрено, не ми пречи да има реклами на некои сајтови - тоа им помага да бидат бесплатни за користење.

    Повеќето сајтови се блокирани и кај мене, али има некои кои не се.
     
  5. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    248
    197
    21 Мај 2017
    Не се само реклами, тука идат и тракери, разни malware, pop ups, мајнери и остали глупости, јас не сум навикнат на реклами и моментално ми сметаат ептен, лична преференца.
     
    На alexi и Futurelakimens им се допаѓа ова.
  6. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    714
    517
    11 ноември 2015
    Машко
    Дали би можел Pi-hole да го подигнам од Windows 10 преку Linux Bash Shell?
     
  7. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    415
    104
    15 Мај 2012
    Машко
    Дали ќе функционира на линукс на истата машина. Размислувам и за виртуелка на истата машина. Значи ми треба за само еден хост и на истиот тој хост да има пихол.
     
  8. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    390
    193
    18 Март 2015
    Машко
    PiZero, го ставаш на усб порта од рутер и го забораваш :) Заеби виртуелки. Џабе замарање
     
    На Андреј му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    415
    104
    15 Мај 2012
    Машко
    Не сакам да чекам за да нарачам. Доколку правам нарачка ќе земам модел б +. Има некаде да се купи?
     
  10. krema

    krema
    Professor

    9,276
    9,008
    24 Јуни 2009
    Машко
    Логинг или од нет.
     
  11. Викса

    Викса
    On your way to fame

    499
    635
    12 Март 2011
    Машко
    Имам ставено на рутерот Adguard DNS и пак на телевизор на јутуб преку хромкаст ми се појавуваат реклами, нема спас :(
     
  12. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    248
    197
    21 Мај 2017
    Нема целосен спас пошто ут имаат милион ад сервери(домени) и додаваат нови често, ама рекламиве многу поретко се појавуваат у споредба кога не користиш адгард
     
  13. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    674
    142
    10 Мај 2007
    Решението е едноставно, докер контејнер на лаптопот што го стартуваш само надвор кога си.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    680
    113
    10 Јуни 2007
    Не можеш да ги блокираш видео рекламите на youtube, почнаа да ги служат преку домените од кои ги служаат и другите видеа. Ако блокираш некој ад домен, најверојатно ќе блокираш и голем дел од видеата.
     

Сподели

Вчитување...