1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Блиц за Никон

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од gokica, 17 Февруари 2016.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Ксенон ми препорача одличен блиц за парите т.е Viltrox 610n. Но за жал не стигна со нашиве пошти а не ми се чека веќе да го нарачувам одново.

    Не дека сликам. Апаратот повеќе од месец дена не е упален. Ама ми се купува нешто за него. :oh:

    Гледам во пикс плус (кои се и единствена продавница што ја знам за ваква работа кај нас) има Metz 36 АF-5:

    http://www.pixplus.com.mk/photography/camera-accessories/metz-speedlight-36-af-5.html

    Нешто поскап е SB-300 кој е многу симпатичен и минијатурен ама па за цената некако не сум сигурен колку е добра опција.

    Искрено некако цело време се кандисувам за SB-700 ама ми изгледа недомаќински да лупнам 18000 денари т.е колку што чини апаратот што го користам (горе доле). Па го гледам и SB-500 и си викам ако давам толку пари ќе го земам 700. И така се во круг.

    Па му се думам на Мецот. Дали некој има искуство?
     
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,879
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас би ти препорачал да не избрзуваш, полека, калмате... Прати ја групава, знае да има добри понуди, а тебе верувам дека не ти е хитно. Моментално таму се продава SB-900 AF, нов за 400 евра, а верувам дека ке ти спушти барем на 350 ако не и повеќе, слабо се продава. Тоа ти е веќе цена споредлива со SB-700. Имаш на продажба и некои Мец, доста ефтини како и тие јангсонг како и да се викаа.

    Ако веќе си решен на нов, тогаш кај нас немаш многу опции, стандардно, нели. Јас во тој случај би одел барем на СБ-500, а што да не и на СБ-700, иако претходниов е некако оптимум цена/примена. Гледај на тоа како на 10 годишна инвестиција, поверојатно е дека ке сакаш да направиш апгрејд на телото одколку на блицот.

    Патем, блицот е препород за индор сликање. Јас кога го зедов сватиф како се прави вистинска убава слика во затворени простории, иако во принцип сум љубител на слики без блиц и на природно светло. Пре-по-род!
     
    На Taurus и gokica им се допаѓа ова.
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,189
    3,516
    26 oктомври 2012
    Машко
    1 блиц, за асална фотографија е малку.
    Малце истражување е потребно за да увиди тоа.
    За попрофи слика потребни се околу 3 блица, 2 странично од напред, 1 од позади за да даде длабочина.
    Подобро 3 проверени кинези, отколку 1 средна класа блиц.
    Ќе можеш барем асално да си играш со светло.
    Човеков во позадина има штала што се вели, ужасна позадина, а со игра на светлото каква моќна слика извади на крај..

    View: https://youtu.be/ePjEjOzka2c
     
    На omegaRED и gokica им се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Ха, ха. Немам фејсбук профил па еве сега разгледав со помош на ќерка ми. :) Фала ти за линкот и групата. Не знаев дека на фејсбук имаме мало пазарче за фото опрема.

    А за блицот ме копка долго време уште кога ксенон ми препорача. Морам да имам бар еден иако не знам нити што точно треба да купам нити како да го користам. А сакам да купам ако може уште вечерва. Но во право си декја трпение е спасение.

    Благодарам. Безрезервно верувам во твоите препораки за фото опрема. Одам на оваа варијанта. Сигурен сум дека вреди да се почека.

    Исто многу го почитувам и твоето мислење. Одам со кинез за почеток. Ако успеам да најдам време ќе си поиграм и ќе купувам повеќе. Искрено до толку сум тенок со време што не сум прочитал ништо. Не знам кои блицеви се компатибилни со D3200 за управување од далечина. Мислам дека фабричкиот блиц нема опција да биде commander. Ваљда ќе треба некој адаптер. Инаку блицот мора да го имам. Ни еднаш во живот не сум сликнал со баунс од таван. :cry:
     
    На Војвода и Oktar им се допаѓа ова.
  6. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    А да собереш пари и даси купиш асален моноблок, статив и софтбокс? Околу 200 300 евра ќе те фати за почеток.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,408
    347
    19 Април 2010
    Машко
    TTL никогаш да не/нема да користиш. Не фрлај пари за профи блиц ако ти е за фамилијарни фотки. Земи си мануелен блиц, нешто како yongnuo. Три ги имам дома, и тригери за истите, бомбона се, башка пари вадам од тоа и никој не ме прашал оти немам никон блиц. Земени се по 50 евра парче.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,879
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ете ти, ти реков, 350 евра.

    [​IMG]
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Веќе го нарачав Shanny па ќе пишам апдејт. Се надевам дека ќе стигне овој пат. Ме убива ова чекањево и секогаш преферирам да купувам од наша продавница ако има можност. Но за жал ептен сме отепани за фото опрема.

    Инаку iTTL мислам дека ми треба зашто уште не знам да сликам мануелно. Са срамота сум ама ептен сум тенок со време. Она што најмногу сликам е деца и пријатели по дома и на гости кога одам. Еднаш го носев на пат ама во најголемиот дел ми остана во хотелска соба да дреме.

    Softbox kit ми е привлечно ама некако многу напредно за мене во оваа фаза.

    SB-900 е добра понуда и можеби ќе се кандисав да не порачав. Ама сега сепак ќе почекам.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Конечно стигна.

    IMG_0001.JPG

    Јас сум вчудоневиден од професионалниот пристап, како е спакуван до како цврсто делува, со сите нишани, баунс кард, дифузер, торбичка, неверојатно прецизен лок механизам.

    IMG_0010.JPG

    Го пробав со неколку фотки и разликата е ден и ноќ споредено со фабричкиот блиц.

    Ќе настојувам да направам една темелна рецензија зашто мислам дека вреди.

    Голема благодарност до @xenon кој ми помогна значајно во изборот на блиц и воопшто во светот на фотографијата.
     
    xenon, Војвода, Taurus и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,183
    8,879
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нормално дека разлика со блиц е ден и ноќ, мислам, нели... :D :D :D
    [​IMG]

    Со здравје да сиго користиш, ке видиш сега дека во затворена просторија нема ни да ти текне да сликаш без него. Одлична инвестиција.
     
    На DarkEnchanter, NERD., Војвода и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Ха, ха. Благодарам. Поубав да си купиш ако веќе немаш. Баунс од таван било вистинско задоволство. Многу е моќно чудово. Осветлува како ден дури и на поголема далечина.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,189
    3,516
    26 oктомври 2012
    Машко
    Koга сликаш со блицот, и го одбиваш светлото од таван. Секогаш користи го белиот дифузер.
    Без него, луѓето не изгледаат баш добро во лице, ќе имаат малце сенки, и очите им се генерално потемни.
    Со дифузеров, дел од светлото се одбива од таванот, а дел оди директно во лицето на субјектот, и се добива уште побалансирана слика. :)
    Со среќа да си го користиш иначе :)
    Колку те чинеше ? :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Се извинувам за задоцнетиот одговор но не сум го видел постов до сега. Благодарам за советот. Да дифузерот е одлична работа. Апсолутно си во право.

    Ова што го спомена го забележав. Дифузерот го користам кога сакам да ставам акцент со дискретно но директно светло на субјектот. Баунсот ги има гореспоменатите негативности со тоа што е порамномерно распореден.

    Инаку еве после скоро месец дена користење можам да кажам дека Shanny е благодет. Јас сум презадоволен од перформансите кои ги има како при ричарџ така и при користење. Не сум професионалец но едноставно не забележувам проблеми со експозиција при i-TTL. Секогаш е прецизен со неверојатно добри резултати. Топло го препорачувам.

    Всушност најверојатно ќе земам уште еден или два да си играм со светло.

    Цената варира и најдобро е да ја проверите преку линкот погоре или на ибеј.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  15. megaton

    megaton
    Intern

    10
    3
    21 Февруари 2018
    Jas se resiv da kupam blic imam slikano so godox tt685 istiot sakam da go kupam, se dvoumam megju toj i manuelniot od godox sega zaboraviv kako se vikashe,nekoj sto go ima podolgo vreme nekoj sovet ako moze za kvalitet, izdrzlivost..
     

Сподели

Вчитување...