Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Black screen flicker on Windows boot

Foldalot

Gaining Experience
19 март 2014
93
71
Ми се случува ова подолго време, низ неколку години и со различен хардвер (монитор, графичка), па и различен оперативен систем (10, 11), каде имам многу краток black screen кога ќе бидам на login screen или веќе влезен на Desktop околина. Долго време го игнорирав бидејќи не е којзнае што проблем, а плус го препишував на MSI Afterburner, бидејќи горе-доле црниот екран се појавува скоро заедно со пуштањето на профилот на MSI (fan curve што имам наместено) и си помислив дека MSI-то нешто прави тука.

Ама сега се решив да направам re-install на MSI и видов дека кога направив рестарт и без инсталиран MSI црниот екран пак се појавува на помалку од секунда. Некој има искуство со ова и како го решил?
Current setup:
AOC 165Hz на DP (freesync enabled)
RTX 2060 super
Ама како што кажав ова ми се случувало и на друг монитор, на HDMI, па дури мислам и на AMD графичка што ја имав претходно.
 

Foldalot

Gaining Experience
19 март 2014
93
71
Да ја заживеам темава и да пишам дека проблемот се реши со re-install на display drivers (со DDU uninstall). Неколку бутирања по ред го нема тој black screen flicker.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.273
Мислења
977.690
Членови
35.572
Најнов член
mkd2020
На врв Дно