• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

BIOS

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Здраво дечки само што се регистрирав вчера и прво би сакал да ве прашам да ми помогнете околу BIOS-от, некои велат дека требало да се ,,Флешира,, пробав да го направам тоа но не ми успеа, дајте ве молам некој туторијал, не можев да најдам на јутјубот, ви благодарам.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
895
Ohrid
Пред се`, добредојде.

Најпрво мала поука: кога отвораш ваква тема, треба да бидеш по специфичен.

Кога одговор на прашањето би било, преземи ја поновата BIOS верзија, стави ја на усб и флешувај го. Претпоставувам не се појаснаа многу работите.

Значи, напиши по детална конфигурација на машината за да ти дадеме конкретни инструкции и линкови како да го изведеш тоа.

Првично да, одговори на погоре поставеното прашање.

Флешувањето биос не е препорачливо доколку и немаш реална потреба од истото (доколку не го препознава новиот хардвер или слично).

Во кратки црти:

- Оди на официјалната страна на твојата матична/BIOS.
- Преземи ја стабилната верзија на BIOS
- Стави ја на усб и ребутирај го системот.

Доста препорачливо е да имаш UPS за во случај ако снема струја.

Сецкањето на струјата при таков зафат може да биде фатално.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Прво ви благодарам за гостопримливоста.
Дали точно ја знам конфигурацијата?-Не. Ке се обидам да објаснам најпрецизно што можам:
  • Процесор: AMD Chipset 2.3 GHz (мислам дека е тоа)
  • Видео картичка: ATi Radeon со VGA излез
  • Рам меморија: 2GB DDR2
  • Windows 7Ultimate
... и кажете ако нешто заборавив.

Дејството се случи од неодамна кога јас инсталирав некои драјвери и др. работи од CD-то што идеше со PC-то. Ги инсталирав претежно сите нешта (во глобала ги инсталирав повеќето) и имаше една програма што можеше да го смени логото (така велеше) на компјутерот, (нели кога се стартува PC-то дава едно лого слика и <Press F12 or Delete> тоа за бутирањата и др. и ми велеше дека може да се смени тоа лого и сл. сра%а.... и кога почна тоа да се врши процесот ми даде едни известување дека НЕ СМЕАМ да го прекинувам или матичната може seriously да се оштети. Таман почна тоа и ПЦ-то ,,сецна,, и блокна едно 2-3 мин. го чекав и не реагираше па го ресетирав компјутерот и после не сакаше ни да даде едно ,,beep,, (тиииит) а камоли да го даде логото....
Ете тоа се случи...
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,471
8,763
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Најверојатно е биосот corrupted, а ако нема она дуал биос или некоја сигурносна мерка (а пошто немаш слика најверојатно нема) тогаш једина солуција ти е да го подигнеш со биос од друга иста таква плоча и додека работи да го смениш чипот и да го флешуваш.

Мој совет однеси го во сервис, затоа што како што гледам не си претерано запознаен со компјутериве па не би препорачал сам да вадиш чипови на упален компјутер и да ризикуваш поголем квар.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Vista Ready или AM2+ Ready незнам да видам која е... кажете како???
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,701
1,513
sistrum.mk
Како што ти пипа ARMac однеси го на сервис и кажи им ја целата прикаска.
Не го чепкај комјутерот повеќе, да не с енаправи поголема штета.
 

Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,174
1,746
Значи кога се прават вакви работи ОПШТО ПОЗНАТО е дека рестарт во НИКОЈ случај не се прави. 70% сум сигурен, ако си го оставил компјутерот уште некое време, операцијата ќе завршела успешно. Ова го кажувам од мое искуство. Јас на мојата плоча ова го менував и на еден момент процесот блокираше, но ни на крај памет да му правам рестарт туку си почекав и процесот заврши успешно после одредено време.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Пробај за секој случај ресетирај го BIOS-от полошо не може да биде може само подобро, надежта последна умира..........ама сепак умира :)
Она кај чамперот пишува CLR_CMOS??? или?
Го пробав тоа, но не успеа.. сепак ке пробам уште еднаш.
Кога се уклуче компјутерот нема ништо а нема ни она ,,BEEP,, (Тиит)... Help me!!!!
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
895
Ohrid
Од кога ќе го префрлиш џамперот од 1 и 2 на 3 и 4, и извади ја батеријата нежно (можеш со нокт, штравцигер па дур и и нож, но внимавај да не го оштетиш лежиштето). После 5-6 минути врати ги работите ко што беа и пробај така.

Доколку ништо не успее, и моја препорака е да го однесиш кај по искусен.

ps. Ум за друг пат. Да прашаше за логото, ќе ти кажевме 10 начини без да оштетиш ништо. Но како и да е. Потполно разбирам што значи радозналост. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Истото се случува...
нејке па нејке!!!! :angry: :mad:
и само да напоменам: Ми рекоа дека требало да се флешира биосот, и божем процесорот бил оштетен... WTF?!
 

Goce_MKD

Gaining Experience
26 јануари 2011
74
52
Kingdom MACEDONIA
Да не го остави џамперот во позиција 2-3 ?
Префрли го џамперот JBat од 1-2 на 2-3 и пак врати го на 1-2. Потоа вклучувај, инаку може да изгори
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Да не го остави џамперот во позиција 2-3 ?
Префрли го џамперот JBat од 1-2 на 2-3 и пак врати го на 1-2. Потоа вклучувај, инаку може да изгори
Како мислиш:,, Префрли го џамперот JBat од 1-2 на 2-3,,? вака направив: ја изадив батеријата на 15! мин. и го притискав копчето за вклучување на ПЦ-то за да се испразнат сите кондензатори... после ја враатив батеријата (се е в ред со лежиштето) и го префрлив јамперот од 1-2 на 2-3 и после 10 секунди го вратив на 1-2. Уклучувам и ПАК ИСТОТО!!!:eek:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
А барем да кажеше како да го направам тоа рачно (да отворам кукиште и да видам, но кај да барам), без некои програмчиња, pls?
 

Goce_MKD

Gaining Experience
26 јануари 2011
74
52
Kingdom MACEDONIA
Незнаеш да видиш кој модел на матична имаш, а си се нафатил да флешуваш БИОС :)
Најсигурно отвори куќиште, види на матичната плоча (таа големата плоча) и пиши комплетна ознака
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
Дајте бе луѓе дојдов овде да ме исмевате за тоа што незнам што е ’рбет на ПЦ-то? или кажи ми како да видам, кај има тоа, во близина на што..
Инаку пишав погоре: Vista Ready или AM2+ Ready, или некои други шифри што ги пронајдов (едвај): Foxconn или A6VMX Series
 

Goce_MKD

Gaining Experience
26 јануари 2011
74
52
Kingdom MACEDONIA
Пак ќе речам не си требал со твоето знаење да се нафатиш на флешување на биос. Посебно не со оваа плоча, која претпоставувам е од АМЦ
Отиди до АМЦ сервисот и види кај нив ако имаат иста таква плоча и ако се нафатат да одлемуваат биос на друга плоча, па под напон да лемат на твојата - тогаш си имал среќа (но види дали финансиски ќе ти се исплати, половна плоча е околу 1000-1500 денари)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

Velkov7

Intern
23 март 2012
9
0
И сега да го носам во АМЦ или би ми помогнале/ал да го направам јас тоа самиот по можност сам да го флеширам?
Инаку за целосно да се запознаеш со проблемот, ти препорачувам малку ПОДЕТАЛНО, да ги прочиташ сите мои објаснувања и ПОСЛЕ објаснувај и давај совети Те Молам! не нагодувај можеби не е ништо само една опција да речеме или што знам..
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,721
11,158
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Куќиштето или само плочата ќе ја однесеш во Логинг (Беверли Хилс) или во Макпетрол сервисот (позади Беверли Хилс). Ако може да се извади биос чипот (ако не е залемен за плоча) тогаш тие ќе ти го флешуваат со програматор. На УСБ или на ЦД носи го со себе и биосот (од страната на производителот) кој сакаш да го флешуваат.

BTW постапката ќе те чини од 400 до 1000 денари. Макпетрол се поскапи но имаат програматор кој прифаќа поголем број на чипови. За твојата плоча и на двете места чинам ќе завршиш работа.

Нема да можеш ти сам да ја покренеш плочата. Не може ни никој поискусен без програматор.

Беше објаснето погоре дека постои само уште една можност а тоа е иста плоча која е веќе во погон да и биде изваден биос чипот и сменет со твојот па да флешуваш од другиот компјутер но за ова навистина треба искуство но и уште поважно повеќе време и пари ќе изгубиш барајќи иста таква плоча отколку да си ја завршиш работата на првиот начин.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
895
Ohrid
@Велков
Ти напишав погоре што треба да спуштиш за да дознаеш се` што содржи твојот компјутер,

Се цитирам:

Преземи CPU-Z

Таму имаш се` што треба да знаеш за твојот компјутер.
Во Првите 5 таба пишува се`.

Дај скриншат од нив за да се запознаеме подетално, па да ти дадеме детални инструкции, дека вака испаѓа: “имам кола, BMW или Пежо е незнам, и не пали. Кажете што му е“.

И да, флешувањето може да ти нанеси поголеми штети од моменталнава. Но, изборот дали ќе сакаш да продолжиш понатаму, останува на тебе.

За сега, направи го погоре спомнатото.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,721
11,158
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,712
Мислења
849,210
Членови
29,439
Најнов член
magicdadi
На врв Дно