Binance – најголемата крипто-берза во светот

ITmkdroid

Робот (content unit)
12 ноември 2021
16
45
www.IT.mk
Binance е најголемата берза за тргување со криптовалути во светот која нема официјални канцеларии, ниту пак претставништва, а во најголем дел од државите ниту соодветна лиценца за работа. Берзата е основана во 2017 година од страна на кинеско-канадскиот бизнисмен Чанпенг Жао (Changpeng Zhao) кој во онлајн заедницата е попознат под псевдонимот “CZ” и кој успеа Binance за помалку од една година да ја направи берза со пазарна капитализација од 1,3 милијарди US долари. Денес на Binance дневно се прават трансакции на криптовалути со вредност од 76 милијарди US долари, што е повеќе од трансакциите на четирите најголеми конкуренти на Binance – дури и ако нивните трансакции се соберат заедно. Кога би требало да ја споредиме со традиционалните берзи би била еквивалент на берзите во Њујорк или Токио.
  • Binance е основан во Кина
  • Во моментот Binance има скоро 4000 вработени, а Жао е еден од највлијателните личности во крипто и блокчејн светот.
  • Иако Binance е најголемата платформа за трговија на крипто, далеку е од традиционална берза – нема реално седиште (фирмите им се регистрирани на Кајмански острови и на Сејшели), ниту официјални канцеларии, или пак лиценци….
Binance наскоро би можел да има проблем во Италија, Јапонија, Канада, Кајманските Острови, Тајланд, Малезија, Велика Британија, САД, Јужна Африка и Сингапур. Властите во овие држави сега сметаат дека регулацијата е неопходна поради популарноста на крипто-берзите, а веќе во повеќето од овие држави има активни истраги за перење пари и избегнување на даноци. Можеби е помалку и изненадувачко, но и самиот основач на берзата Чанпенг Жао смета дека потребни се законски рамки низ целиот свет.

Повеќе > Binance - најголемата крипто-берза во светот се соочува со сериозни предизвици ⋆ IT.mk

  • Какво е вашето искуство со Binance?
  • Дали мислите дека Binance ќе опстои на врвот и покрај регулаторните притисоци?
  • Дали е Binance too big to fail?
 

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,845
1,952
Банките ќе се борат против крипто, друго и не очекувам.
Ако успеат да го уништат/преземат ќе си владеат уште долги векови. Ако не успеат, ќе доживееме да ги снема.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,982
Мислења
869,385
Членови
30,305
Најнов член
makgo1
На врв Дно