• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Бил Гејтс го купува Њукасл?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Потенцијален купувач на англискиот фудбалски прволигаш Њукасл е еден од најбогатите луѓе на светот, компјутерскиот магнат Американецот Бил Гејтс, пишуваат денес островските медиуми, со напомена дека цената на овој клуб изнесува 580 милиони евра.

Гејтс, во случај да го купи Њукасл, би станал третиот милијардер кој што вложува пари во англискиот фудбал, после Роман Абрамович од Челзи и Абу Даби кои неодамна го купија Манчестер Сити.

Англиските медиуми неодамна тврделе дека заинтересирана за купување на Њукасл била и компанијата од Дубаи “Дубаи инвестмент капитал“, но сопственикот на оваа фирма Мохамед бин Рашид ал Мактум тоа го демантирал.

Сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги купил акциите на клубот од Сент Џејмс Парк пред 16 месеци за 160 милиони евра, а уште 120 милиони евра вложил за да ги покрие долговите на клубот.

Извор: Курир

Изгледа на Били ми здосади во пензија, па решил да си купи едно фудбалско клубче, колку за да си има занимација во пензионерските денови. :LOL:
 

ajvar

Intern
19 август 2008
297
6
значи и њукасл во иднина да го планираме како сериозен кандидат за освојување на премиер лигата
 

TheSpeedy

Intern
4 септември 2007
279
2
Ах Били, Били прво со микрософт ја направи сериозна работата , па сеа и со Њукасл... :isplashen:
 

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Замислете како би изгледал дресот на New Castle ако го купи Гејтс:

Логото: веднаш се менува во логото на Microsoft, дури и боичките на дресот
Спонзор: Windows Vista

:D

Ааа да, и секој играч ќе треба да поседува минимум еден Microsoft сертификат :LOL:
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хмммз.. Баш читав во спорт за ова..
Браво за чичко Били.. Напредува :)) Незнам само од каде Били и фудбал.. Ама ај.. Нека му биде.. :p
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Што се случи со англискиве тимови...ги изнакупија богаташи. Прво Челзи, па Сити, сега и Њукасл.
Се зголемува конкуренцијата во Премиер :)
 

goodboy

Intern
12 јануари 2008
849
21
Уште поинтересен ке биде англискиот фудбал ако чичко Били го повлече овој потег:bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,196
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно