1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Безжична тастатура и безжично глувче

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Laze, 10 Февруари 2012.

  1. Laze

    Laze
    Intern

    233
    1
    4 Декември 2008
    Што мислите за безжичната тастатура и безжичното глувче, дали се добри за домашна употреба? И каде би можело да се набават за не многу висока цена?
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. важна

    важна
    Gaining Experience

    461
    98
    19 Април 2010
    Женско
    Дизајнер
    Екстра се, а можеш да ги набавиш во анхоч на пример по поволна цена.
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,615
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    Само што мислев да отворам слична тема. Добри се, но подалеку од ефтините сетови, инаку ќе треба да менуваш батерии на неколку дена.
    Мене ми треба за HTPC за контролирање на LCD ТВ-то од фотеља и секако да не е со RF 27Mhz ресивер до 1.8 метри туку на 2.4Ghz и да фаќа до 10 метри (нормално од 10 дека нема да ја користам, но од 2-3 метри комотно да фаќа). Налетав на оваа тастатура со тачпад http://www.logitech.com/en-sg/keyboards/keyboard/devices/wireless-touch-keyboard-k400, ама гледам во Анхоч ја нема на лагер http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=33233. По спецификациите што гледав, ми одговара пошто има тивки дугмиња, тачпадот е екстра за од фотеља/кревет, но нигде не видов дали може да се приклучи на десктоп компјутер, секаде стои "for your laptop" итн. Ама би требало да работи без разлика дали е лаптоп/десктоп кога ресиверот се приклучува на стандарден USB приклучок...
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. parabellum

    parabellum
    Intern

    60
    2
    2 Мај 2007
    Машко
    Definitivno ti preporachuvam wireless set. Jas vekje nekoe vreme koristam microsoft wireless entertainment desktop 8000 i mnogu sum zadovolen. Vredi da investirash, sekako dokolku si vo mozhnost.
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    277
    285
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    Јас користам сет Logitech MX3200 и ептен сум задоволен. Е сега тастатурата не е баш најтивка, висока е малце ама не ми пречи воопшто, а за маусот немам зборови. Не знам колку можеш да видиш од слики, ама супер дизајн е и ептен лежи на рака :). Едно време ги имаа во НИКО и мислам дека беа околу 3000ден. Има два вакви сета што се продаваат на старо на www.reklama5.mk :
    http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=130598 и
    http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=175007,
    само не знам дали се продадени.

    [​IMG]
     
    На RedEvil и olikomerc им се допаѓа ова.
  6. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,716
    30 Мај 2010
    Нема врска тоа лаптоп десктоп. Работи 100% посто и на двата.
    Јас користев до пред некое време Labtec Media Wireless Desktop 800 и бев задоволен, освен тоа што беа безжични само на работната маса. Значи фаќаа на 1 метар.
    Сега пред некое време се подновив со Logitech К260 и се екстра сет. Многу добра тастатура за пишување и работи на 10 метри далечина. Глувчето има 1 батерија и е полесно од претходното кое го имав, кое не се дигаше :D
     
    На RedEvil и olikomerc им се допаѓа ова.
  7. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    277
    285
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    За лаптопот имам Microsoft Bluetooth Notebook Mouse 5000 (black), што најверојатно ќе оди во продажба наскоро:), а најмногу го земав заради тоа што нема потреба од никаков receiver, туку се конектира со bluetooth-от од лаптопот (нормално доколку го има:) ) и не ти зафаќа usb порта, ниту пак ти штрчи нешто од компјутерот.
    [​IMG]
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Катастрофа се, имав MX3200 сет, за неполни два месеца го продадов, жица си е жица.

    Единствено оправдувам безжична тастатура за HTPC систем, за обичен десктоп е тотално непотребно.
     
    На RedEvil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,168
    20 Април 2007
    Машко
    Во која смисла се катастрофа?
    Прво безичните рабти си имаат своја намена. И многу нормално тастатура и маус кои се за секојдневна употреба немаат никаква врска со гејминг.
    + комбинацијата на маусот кој доаѓа во сетот со тастатурата има одлични перформанси и одличен одзив при работа. Ласерскиот маус MX600 е во 90% од овие кои се продаваат милијарда пати подобар...Конкретно женами го користи за работа во корел, индизајн, фотошоп, и секој маус кој ке го фати во рака после него вика дека е ѓубре. Тастатурата е исто така одлична со мал м илион екстра копчиња на неа, единствено нешто кое мене не ми лежи е тоа што има класичен висок клик, а навикнат сум на низок, како на тастатура од лаптоп. Останатото е одлично...Почнувајќи од времетраење на батерии, квалитет на изработка, функционалност, како лежат рацете на истата, софтвер кој доаѓа во комплетот...Јас користам МХ1100, купен 60 евра, кој е гломазен ради тоа што мене таков фино ми лежи на рака...Го имам и го користам скоро 4 години и не сум имал никаков проблем...
    Имам и бежична тастатура Лабтек која доаѓаше во комбинација со бежичен маус...Тастатурата е одлична, малку е бучна но за комплет од 1100 денара не коментирам за тоа...Маусот кој е во овој комплет е живо лајно...Поголемо не може да биде.,..Ене го фрлен у подрум.

    p.s. Ако се решиш да си земеш бежично комплетче, за цена од по 3000 денара еве ти мало ривју.
    http://www.it.com.mk/forum/threads/logitech-cordless-desktop-mx3200-laser-review.14598/#post-171419
    На форумов има многу корисни работи, ама кој да земе да ги прочита...Барем за ова...
    Е сега ако сакаш нешто друго, погледај си по продавниците...Што можам тестирам и ставам на форум, што не, тоа е...
    И моја препорака...Ако се решиш за бежична варијанта, гледај тоа да биде Логитек. По мене ова е бренд кој е во врвот за производство на овакви и слични комбинации и производи.
     
    zorandesign, cgfreak и на Steff_Maja им се допаѓа ова.
  10. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    MX600 според мене е ѓубре од маус, по ужасен скрол никогаш немам користено, стално луфташе лево или десно, центар нема шанса од прва да погодиш, за обична работа зборам, не за гејминг. Истотака според мене е тотално неприкладно да мораш да менуваш батерии на секои 2-3 месеца.

    Тастатурата не беше лоша, солиден респонс, убав дизајн, долга издржливост на батериите, единствена замерка ми беше WASD + space блокот, али ок, не е тастатура за гејминг.

    MX1100 е феноменален глушец, одлично лежи на рака и скролот е прва класа, само земи спореди го со скролот на MX600 и ќе видиш огромна разлика, Logitech глувци од 300 денари имаат далеку постабилен скрол од тој на MX600.

    Освен за HTPC или кауч користење не гледам друга причина за безжична тастура, има некои тастатури и со тачпад си доаѓаат, повеќе од тоа не е потребно за кауч комбинација.

    Апсолутно е непотребно на биро да имаш безжичен сет, освен ако не си некој OCD фрик на кој му сметаат сите кабли. :)
     
  11. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,168
    20 Април 2007
    Машко
    100% ти си имал дефектен маус...МХ600 се продава и како посебен маус, и многу пати сум имал прилика да го работам не само на едно него и на повеќе места...
    Сепак тоа е релативно мислење...Точно дека е далеку од МХ1100, и дека е неколку класи подоле, ама мислам дека е поквалитетен од сите други 90% бежични кои се продаваат по дуќаниве...
     
  12. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,615
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    Да прашам, пример ако земеш различна тастатура и глувче, а двете се на 2.4 GHz wireless, да не прават конфликт нешто?
     
  13. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Не беше дефектен маусот. Едноставно не преферирам мауси со изразен side скрол.

    Дечкото на којшто му го продадов сетот, имаше дома уште еден MX600 и прв коментар му беше, скролот е катастрофа на сите MX600.

    Проблемот е во side скролот, што иде лево-десно, обично кога прелистувам веб-страници, имам навика цело време централно да го стискам скролот и да се движам горе-доле со маусот. Со MX600 неможев често да го правам ова, со константно централно притискање скролот знаеше да залета лево или десно.
     
  14. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,168
    20 Април 2007
    Машко
    Не, нема да прават конфликт.

    @Revan
    Не ја гледам поентата на купување на нешто ако тоа го имаш и било катастрофа. Како и да е, не ти одговарало и тоа е тоа. Затоа постојат повеќе производители со цел да се покрие секој потрошувач со своите барања.
     
  15. Todor91

    Todor91
    On your way to fame

    786
    652
    8 Јануари 2008
    Машко
    јас имам бежичен маус Trust slimLine и сум многу задоволен го anhoch и фаќа доста далеку до 8 метри,има микро усб ресивер не се ни приметува кога е ставено (не штрчи) и работи на 2,4 GHz го користам веке 3 месеци и сеуште неам сменето батерија а нон стоп го користам.
     

Сподели

Вчитување...