1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Бежична мрежа

Дискусија во форумот 'VPN и VLAN' започната од MetalGear, 3 Јануари 2013.

  1. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    моментално е LAN но многу кабли,... па се префрламе на бежично

    па ме интересира на некој рутер (по можност циско) и PCI за компјутерите
    компјутерите се на растојание од ~10тина метри, без ѕидови (само прегради од гипс)
    и има 7-8 компјутери, најчесто само за интернет се користат и префрлање на сервер некои мали фајлови (од 10тина мега)

    што препорачувате
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Барај "N" рутер и "N" безжични картички. Кои имаат пренос до 300MBps. Ако допрва правиш нешто не ставај 54мбпс или 150мбпс. Нека биде како што треба. А ако имаш средства, би одел на дуал-банд опрема, од причини што не е загаден тој спектар толку многу,

    Ако сакаш пониска цена а добар продукт би ти препорачал да ги видиш и ТПлинк, а ако сакаш брутална сила и домет би ти рекол Zyxel.

    Претпоставувам се работи за бизнис околина...
     
    На StalkeR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Zyxel гледам само логин имаат,
    да за бизнис околина ми е, затоа ми треба стабилност, квалитет и сигурност
     
  4. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    538
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Zyxel се стварно толку добри? Имав искуство пред 4-5 години со еден бежичен рутер, се изнамачив со него и од тогаш не ни сакав да го слушнам името. Може работите и се смениле...
     
  5. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Што мислите за
    D-Link DIR-857 DualBand HD MEDIA ROUTER
    или
    TP-LINK TL-WR2543ND Wireless Router

    или дајте некоја препорака, или кој е овластен за линксус рутерите, на официјалниот сајт ме пренасочува на македонки но после пак на англиски кога прегледувам
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Иам TP линк, 1043nd модел - претходник на 2543. Задоволен сум, за парите добиваш многу. Проблем е што не е стабилен со огромен број конекции, над 4000 конекции паѓа па мора да го ресетираш со исклучување/вклучување во струја. Напорна работа. Исто така не е баш стабилен ако го вклучиш стално да работи на 300Mbit/s 40Mhz - знае да падне и да остане така, неможеш да му пристапиш нит преку лан нит преку wifi па мора пак вклуч/исклуч од струја.

    Инаку го возам мојот на најнов firmware и сл. - не верувам дека е до мене затоа што пробав еден куп варијанти така да мислам е проблем до прегревање на некој чип и сл. Ама колку пари толку музика, 1043Nd беше накај 2500 денари за кои добиваш USB хост, 4 портен гигабитен свич, N серија и сл.

    Инаку, N иако се декларирани на 300Mbit/s - реално и на мн. блиско растојание да ставиш рутер/клиент, над 5MB/s (megabytes) или 60Mbit не добиваш при file transfer, а треба барем 30MB/s (megabytes). Џиџи миџи се, барем tp-link, trend ned, и сл. зезалици кај нас што ги има.

    Кабел си е кабел, доколку имаш можност држи се до кабли да не те боли глава.
     
  7. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Има некој искуство со Linksys E5200 Dualband? Тој е 300 + 300, со гигабитен 4 портен свич. Кај нас иде по некоја цена од 5.200 денари. Барам квалитетен рутер, со добар N сигнал бидејќи имам потреба од брза безжична мрежа. Засега користам WRT54GL и истиот растура, не паѓа, гајле нема воопшто, ама ми иде споро трансферот преку воздух. Некои 1-3 мегабајти реални.

    @xenon И јас го меркав тој моде, бидејќи имам гигабит свич и N безжичен, и солидни рецензии на newegg, ама ова што го пиша ме замислува малку.
     
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,361
    3,053
    4 Септември 2008
    Пробај со оваа верзија: DD-WRT v24-sp2 (08/07/10) std - build 1489. Од неколку до сега тестирани, оваа верзија како најдобра за wireless стабилност и брзина ми се покажала.
    Инаку не е лошо да наместиш на рутерот keep alive, барем еднаш во 24 часа да се рестартира,

    Инаку во врска со темата, ако ти е за сериозна работа и каде што буџетот не е за SOHO опрема, тогаш би ти препорачал ова:
    http://www.cisco.com/en/US/products/ps11025/index.html

    Ако сепак нема финансии за фирма со 10 клиенти за ваква опрема, сепак би ти препорачал да останат на кабел.
     
    На shooter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    538
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Тоа за TP-Link 1043ND верзијата на DD-WRT?
     
  10. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,361
    3,053
    4 Септември 2008
  11. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    има доста често селење, со кабли секој пат има проблеми, и доста често има губитак на пакети, па фајловите се оштетени, затоа немора нешто ептен профи, во буџет од 10тина илјади за рутер,.. бтњ кој донесува циско рутери кај нас
     
  12. Brutalic

    Brutalic
    Gaining Experience

    197
    94
    7 Септември 2012
    Машко
    Од мое искуство, со D-Link немам никакво позитивно искуство. Не само јас, туку и од други луѓе имам слушано. Моја препорака е да идеш или со Linksys или со Aironet. За TP-Link - не сум искусен со нив...
     
  13. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    TL-WR2543ND FTW. Многу се хакабилни tp-link рутерите :)
     
  14. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,991
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Д линк отпаѓа
    Алекс можеш и некој друг да препорачаш
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Овие линксиси (а и другите исто 4200 и слично) имаат доста мал домет. 1 стан може ќе го покрие кнап. Повеќе многу тешко.
     
  16. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Да ми пуштиш некој линк за тоа? Не дека ми треба 200 метра опсег, ама да не е 10 со ѕидови.
     
  17. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Би препорачал само tp-link, мислам дека се најдобри, а тој што си го одбрал е најакиот што го имаат сега за сега :) Така да, фурај со тој
     
    На MetalGear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Каков линк да ти пуштам? Не знам јас линк, ти кажувам дека местевме 3 линксиси 4200Е во зграда и меревме пред некој месец. Покривањето на 1 спрат беше многу мало. Затоа и се одлучивме на 3. Значи то го покри целиот спрат од 15 метри радиус без ѕидови (со стакла), ама на краевите имаше слаб сигнал. Меѓу спратови сигнал 0. За разлика од него Zyxel ставивме во магацините кои се 30 метри радиус, и сигналот беше барем 5 пати појак од линксисите.
    Само да не заборавиме дека тие линкиси се дуал банд и специјалност им е масивна брзина со дуал банд радија а не далечина.
    Го имам ТПлинкот 1043 со заменети 3 антени по 8дб (200 денари е една) и кај мене го користам. Ја покрива целата куќа на повеќе спратови и тоа со пристојни брзини. Знае да закочи по некогаш и потребно е да се стави DDWRT ili OPENWRT ама не сум имал време. Појак сигнал има од 4200Е.

    Незнам бројки и тестови не сум гледал. Ако побараш може и ќе најдеш. Јас ти кажувам од пракса.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Па ваква информација ми е покорисна отколку некоја рецензија. Мислев дека си читал некаде, затоа те прашав за некој линк.

    ТР 1043 исто така го гледав, ама не беше на лагер во Мебиус. Не знам кој друг го продава. Тие евтините сите ги имаат, ама не знам за конкретниот модел.
     

Сподели

Вчитување...