- Ја почнал/а темата
- #1
DaDo|BT
Intern
Поефикасна борба со корупцијата или обид за целосна контрола над граѓаните? Безбедносните служби од идната недела, кога на сила стапуваат измените на Законот за следење на комуникациите, ќе можат да прислушуваат и снимаат секого, без никаква контрола?
Според експертите, најзагрижувачки е што МВР нема временска обврска да ги уништува снимените материјали, дури и во случај кога нема ниту да биде покренато обвинение за следениот граѓанин.
„Секој изговор дека тоа се право заради зајакнување на борбата против корупцијата, мислам дека покажува нешто сосема спротивно. Според мене, примената на ваков тип мерки само ќе ги зајакне можностите за корупција и за организиран криминал во РМ, и тоа за таков тип на корупција и организиран криминал којшто ќе се случува на највисоко ниво, таму каде што не можат да стигнат организациите за заштита на човековите права“, рече Слаѓана Тасева, универзитетски професор.
Тајната полиција ќе може да инсталира специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да следат сечиј компјутер, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите. За тоа ќе им бидат потребни само основи за сомнение и усна наредба од суд.
За разлика од досега, кога нивното користење беше строго ограничено за откривање на тешки кривични дела, за кои е предвидена минимална затворска казна од пет години, новиот закон предвидува употреба на специјалните истражни мерки и за дела како измама, уцена или незаконско влијание врз сведоци - дела за кои се предвидени помали затворски казни.
Иџет Мемети
„Јас потенцирав јавно дека правото на приватност директно е поврзано со интегритетот на личноста и дека таа претставува гаранција за немешање на јавната власт во животот на поединецот“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.
Законот за следење на комуникациите беше донесен минатиот месец во итна и скратена постапка, без јавна и експертска расправа. Не бил консултиран ниту народниот правобранител.
Опозицијата веќе најави негово оспорување пред Уставен суд.
ИЗВОР :А1
:lut2::ua::lut2::ua::lut2: