1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Бесплатен Хост

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Ivanbad, 25 Март 2013.

  1. Ivanbad

    Ivanbad
    Intern

    36
    1
    6 ноември 2012
    Машко
    Здраво сакам да си отворам еден блог но немам пари да си платам хост, а оној што е на wordpress.com ограничен е а јас сакам сам да си го средам темплејтот.Да ли може некој да ми препорачате...

    П.с Блогот е личен не е портал!!!:)
     
  2. undefined

    undefined
    Intern

    16
    2
    25 Март 2013
    Машко
  3. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,189
    759
    8 Мај 2010
    Машко
  4. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    848
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    Постoи www.google.com и имаш така еден текст лабел каде што можеш да пишеш што конкретно ти треба и Барај , ако не се потрудиш самиот што конкретно ти треба како кој сличен хостинг ... како другите да ти помогнат , http://www.con.mk еве ти еден од мене препорака добар е :)
     
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Колку простор и бендвит ти треба?
     
  6. Ivanbad

    Ivanbad
    Intern

    36
    1
    6 ноември 2012
    Машко
    Па би ми биле доволни 3 ГБ простор bandvit и не мие толку важен do kaj 50 GB , За личен блог ми е не е толку битно..
    Барав по интернет но тие некако не ми се сигурни па зато да ве прашам вас каде ако не на ит.цом.мк !
     
  7. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    848
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Другар што блог ќе биде тоа од 3 гига простор и 50 гига трансфер :)
    Незнам, ама ако ти е до 100 мега без лимит на трансфер, најдобро, најстабилно итн е
    https://sites.google.com
    Ако успееш да го комбинираш со драјв ќе добиеш 5 гига, мада незнам дали може тоа да се изведе. И дали е дозволено.
     
  9. undefined

    undefined
    Intern

    16
    2
    25 Март 2013
    Машко
    @Ivanbad: Бараш 3ГБ простор, 50ГБ трансфер, стабилно, сигурно, и како капак на тоа се бесплатно? Ако постои таков идеален бесплатен веб хостинг каков што ти бараш, тогаш сите хостинг компании би се затвориле.

    @ARMac: нормално дека не е дозволено, ако е така сите би го користеле.
     
  10. smole

    smole
    Unstoppable

    3,018
    3,424
    18 Април 2007
    до колку мега/гига има гага хостови?
     
  11. undefined

    undefined
    Intern

    16
    2
    25 Март 2013
    Машко
    Ако отидеш на пазар и побараш да пробаш нешто, да ќе ти дадат, но затоа што имаат интерест од тоа, односно очекуваат дека ќе го купиш нештото. Да, можеш да се најадеш, ќе шеташ низ цел пазар и ќе пробуваш се и сешто, но до кога така?

    Доста со филозофија, вака стојат реалните работи:

    - Ќе те банираат кога сакаат за било што
    - Ќе те банираат ако користиш повеќе ресорси отколку предвиденото, што е 100 пати помалку од платен хостинг
    - Серверите се тотално нестабилни, или се паднати или се многу спори
    - Немаш поддршка, немаш бекап, сите информации ти висат на конец
    - Одредени сервиси нема никогаш да ви бидат пуштени иако ќе прочитате нешто во стилот "Наскоро.."
    - Обично нема автоматска инсталација на скрипти
    - Најчесто неможеш да го мигрираш сајтот од кај нив автоматски на некој друг хостинг

    Реални цифри за бесплатен веб хостинг би биле околу 100МБ простор и до 10ГБ трансфер, и горе-долу околу 100 посетители дневно. Да, ова би било реално и би го дал некој хостинг провајдер со надеж дека ќе ти притреба повеќе и ќе треба да мигрираш. Едноставно ќе те блокираат и ќе мора да платиш за некој од пакетите кои не се бесплатни да ти го одблокираат.

    Сватете дека се работи за хардвер, софтвер и интернет конекција. Ниедна од овие работи не е бесплатна. Едноставно побарајте на Гугл мислења во врска со бесплатни хостинг провајдери од реални корисници и ќе ви стане јасно како стојат работите и колку може да очекувате бесплатно.

    Никој не би нудел некоја услуга доколку нема профит од истата. Зошто некој би трошел еден куп пари, за еден куп луѓе од другата страна да заштедат малку пари? Нон сенс!

    Ова ви го пишувам како сопственик на македонска хостинг компанија, која 2 години нудеше бесплатен хостинг со тоа што имавме лимитација весплатниот хостинг да нема MySQL / PostgreSQL поддршка.
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    3,018
    3,424
    18 Април 2007
    Јас плаќам 2 хостинзи во МК. Едниот си работи топ, другиот ми е 250мб и е празен бидејќи сајтот кој е спремен за него е малце поголем, затоа барам трајал хостинг за да видам дали ок ќе работи сајтот или не.

    @undefined

    Нормално дека ќе пишуваш дека можат се да ти направат на гага хостинг, во интерес ти е :)
     
  13. undefined

    undefined
    Intern

    16
    2
    25 Март 2013
    Машко
    smole за какви сајтови станува збор, односно дали имаш само презентациски код (HTML, CSS, Javascript итн) или пак имаш и PHP, MySQL, ASP, или др? Многу повеќе реално е дека ќе најдеш бесплатен хостинг без PHP/MySQL поддршка кој ќе биде колку толку солиден, отколку со. Причината е многу едноставна, цената на ресорсите.

    А во врска со горенаведеното, реалноста и мојот интерес се 2 различни работи. Јас само реално ги претставив како стојат работите. Дури и платен хостинг може да ти се блокира доколку користиш премногу ресорси. Нема хостинг компанија која не го напоменува ова во своите услови на користење.
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    3,018
    3,424
    18 Април 2007
    Joomla сајт е што значи дека има MySQL, или ќе побарам поголем гага простор макар за кратко или ќе го смалам сајтот.
     
  15. Ivanbad

    Ivanbad
    Intern

    36
    1
    6 ноември 2012
    Машко
    Па сум сретнал овие хостинзи кои се плаќаат велат неограничен, а и сум сретнал со по толку но во ред не ми се баш јасни овие работи па затоа прашувам, бидејќи имам досега работено само со уцоз хостот кој нуди 400 МБ кој нон стоп расте но сега сакам да работам преку wordpress па затоа прашувам. Извинете незнаев како стојат работите, и секако благодарам на искрените одговори!
     
  16. temelk4

    temelk4
    Gaining Experience

    177
    79
    19 Август 2013
    Машко
    Да не отварам нова тема пребарував по форумов но ништо, така да...
    ПРЕДЛОГ за Бесплатен хост што препорачувате, што сте користеле, не е битно простор.
     
  17. aleksandar.divitarov

    aleksandar.divitarov
    Гостин

    Blogger.com - Create a unique and beautiful blog. It’s easy and free. ...Купи си само домејн од негде јас зедов (.xyz платив 2 долари за Цела година ) или ако сакаш користи го нивниот (ime.blogspot.com) иначе како хост јас го користам Блогер :)
     
    На temelk4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,128
    1,271
    25 ноември 2014
    Ако е за блог и не се секираш малце да запрљаш раце - github pages + jekyll / hugo / hexo
     
    На temelk4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. temelk4

    temelk4
    Gaining Experience

    177
    79
    19 Август 2013
    Машко
    Во ред, а некои други страни како на пример wordpress.com или www.wix.com.
    Слободно пишувајте да се направи како листа на примери.
     
  20. darencee

    darencee
    Intern

    56
    29
    8 Јуни 2017
    Машко
    Луѓе направив сајт преку wix.com но сега страната ми е imemoe.wix.com . Но имам еден проблем. Сакам некој домен од типот .com .net .mk итн.
    Дали ова може да се заврши без фирма и во најбрза процедура. Нема да менувам ништо на сајтот туку само да биде на интернет и потоа сакам да го врзам за рекламирање на youtube истиот.
    И некој што знае да ми ги посочи правциве ако не му е проблем.
     
  21. mrmarko4fun

    mrmarko4fun
    Gaining Experience

    131
    84
    26 Јули 2017
    Машко
    студент
    За тоа треба да си регистрираш домен. Бесплатно даваат само субдомен. Некои хостинг компании нудат бесплатна регистрација на одреден домен, но секако мора да си платиш за хостот.

    Ако имаш веќе регистриран домен можеш да го поврзеш овде
    https://www.wix.com/domain/connect-domain
    Испратено од SM-G950U1 преку IT.mk форум апликација
     
    На darencee му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,196
    1,231
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Земаш домен од godaddy за 2-3$, менуваш DNS сервери до твојот-моменталниот хост и завршена работа. Просто како грав :D
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,695
    3,075
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    се извинувам на офтопик, но дали ти тоа пулсу инсинуираш дека гравот е прост? шо ти сторил гравот?

    онтопик: напрај го како шо ти кажа @Pulse , и ќе завршиш лесно работа.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  24. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    308
    279
    10 Јуни 2011
    Машко
    Не го слушај @Pulse он е вработен во GoDaddy :D
    Namecheap.com имаат често домаини и под 1$ :D
    исто така разгледај промо кодови имаш за популарните провајдери
     
  25. darencee

    darencee
    Intern

    56
    29
    8 Јуни 2017
    Машко
    [​IMG][/url][/IMG]
    Јас страната ја имам веќе, но гледам дека за промена на доменот ми бараат oд 4$ до 24$ и тоа за 1 месец?
    [​IMG] [​IMG] [​IMG][​IMG]
    1. Зашто е волку скапо? Од 1-2 $ на 100$ oтиде работава
    Малку ми се нејасни работиве.

    2. Мене на страната ми има само инфорамции за мојата школа и кои јазици ќе се изучуваат и сето тоа да ми оди на youtube долу во банери(или како и да се вика правилно) Толку. Нема да менувам ништо па мислам дека тие пакети со повеќе мегабајти,бендвитч и разно нема да ми требаат.

    3. битно ми е само страната да има убаво име од типот stranskijazik.com. Дали ова може да пројде со долар-два вкупно за домен и хостинг или е малку?

    4. Исто така би сакал да ги заобиколам нашиве институции како марнет за регистрации на домени, хостинзи туку тоа да го имам најбрзо за 2-3 дена средено и да оди на youtube веднаш. Дали треба воопшто да пријавувам нешто на овие Марнет?

    5. Членот погоре спомена дека е 1-2 $ na godaddy па ме интересира која е разликата помеѓу ова од 100$ долари и ова од 1-2$ ?
     
    Последна промена: 14 ноември 2017

Сподели

Вчитување...