Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Бесплатен Интернет од МТ

Статус
Затворена за нови мислења.

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Слушам од пред некој ден владата на РМ нуди бесплатен Интернет од МТ (најверојатно dial-up конекција). Акцијата демек била дел од проектот на владата '' Македонија - Земја на информатичари '' . Акцијата ќе траела 7 дена (веќе почната од 17 Јуни). Само незнам кој беше user name - от за логирање и password - от за да може да се користи Интернетот. Ако некој е повеќе информиран на оваа тема и ги знае user name - от и password - от нека пише.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Акција? 7 Дена? А што потоа?

Ја имам програмата од пред изборите пред мене. До 2008ма треба да овозможат бесплатен интернет на ниво на цела држава. Тоа стои во програмата. Останува да видиме што ќе се случи..
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Акција? 7 Дена? А што потоа?

Ја имам програмата од пред изборите пред мене. До 2008ма треба да овозможат бесплатен интернет на ниво на цела држава. Тоа стои во програмата. Останува да видиме што ќе се случи..


Како мислиш на ниво на цела држава ? Мислиш Интернетот (без разлика дали од МТ или некој друг ISP) да биде бесплатен без ограничување во денови како што е овој моментално (7 дена) .
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Besplaten internet mozebi, no sigurno so odredeni parametri. Inaku ke riknat ISP-jata kaj nas. Sega ima i obid za besplatni internet klubovi, koj isto taka e nadvor od realnosta...Se nadevam deka vladata ke najde dru nacin za da ja podrzi informaticka makedonija
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
@SwIPE
Бројот е : 055857857
Корисник : vladanarm
Лозинка : ostvaruvame

Корисничкото име и лозинката се во ред и јас така разбрав само не бев доволно сигурен затоа и ја објавив темата, само мислам дека бројот е 055 858 858. Така прочитав во еден од дневниве весници.

P.S Ако грешам поправете ме
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Besplaten internet mozebi, no sigurno so odredeni parametri. Inaku ke riknat ISP-jata kaj nas. Sega ima i obid za besplatni internet klubovi, koj isto taka e nadvor od realnosta...Se nadevam deka vladata ke najde dru nacin za da ja podrzi informaticka makedonija

Не верувам дека е со некакви параметри. Таков Интернет каков што мислиш имаше пред некое време, исто владата го овозможуваше само не од MT туку од ON NET. Тој воопшто не беше бесплатен како што најавуваа. Фрката беше во тоа што пристапот беше бесплатен, а импулсите на сметка на потрошувачите. Пр. Некој ќе се закачеше по цел ден на Интернет мислејќи дека е бесплатен и потоа кога ќе ја види сметката - срцев удар. Нешто слично овозможуваше и ЕНТЕР во првите броеви (без навреда).
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Tocno, no vo ENTER bese navedeno deka e samo besplaten internet pristap... Inaku, nisto ne bi trebalo da e besplatno...ako veke e...treba da e podarok...sepak site od nesto ziveeme
 

AlexOFMacedon

Intern
5 мај 2007
65
0
Да ви подобјаснам малку.

Негде на почетокот од годината владата на РМ објави отворен повик (тендер -јавна набавка) со наслов Обезбедување на бесплатен интернет за граѓаните на РМ. Неколку фирми учествуваа на тендерот но владата како најдобра понуда ја прифати понудата на МТ. Имено системот на бодување на набавувачите беше следниот:

Квалитет -20 бода
Максимален број на корисници - 20 бода
Цена -40 бода
Начин и рок на плаќање - 20 бода.

Според тоа реализирањето на набавката се одвива во три периода од кои ова е едниот период (17 јуни 2007 - 24 јули 2007). Видот на врска е dial-up, а веќе познато е како може да се прикачите. Бројот на приклучоци е 510, а по секој час сте исклучени од врската со можност бесконечно многу пати да се приклучите. Интернетот е апсолутно бесплатен, сите трошоци ги покрива владата, а доколку при користење на оваа услуга ви е наплатен и 0.0000000001 денар комлетно врз основа на договорот со МТ на владата, можете да барате оштетување од самата влада.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Вака сега, USER NAME - от и PASSWORD - от ги знам, ама за бројот не сум сигурен, CyberLord вели дека е 055 857 857, а јас вчера гледам во весник дека бројот е 055 858 858 - Кој е вистинскиот ? Затоа и ја отворив темата за да дознаам точно што ми е потребно за користење на Интернетот.
 
10 мај 2007
33
4
За жал...

За жал...

Од А1 Вести


Граѓаните навалија на бесплатен интернет, линиите се блокираа. Поврзувањето во мрежа преку ден речиси е невозможно, оние што имаат повеќе среќа, бесплатна интернет линија може да добијат во раните утрински часови.

„Во последно време веќе не се вградуваат тие модеми во компјутери, затоа што тоа е застарена технологија. Од 2 часот пак се обидував да се поврзам и околу 2 и 40 успеав да се конектирам на интернет, значи од 150 обиди успеав еднаш“, изјави Зоран Алаѓозовски, информатичар.

Од „Телеком“ потврдуваат дека мрежата е оптоварена поради што е отежнато приклучувањето.

„Сите 510 канали, можам авторитативно да тврдам дека се исполнети, сите се искористени и проблемот го гледам во делот на искористувањето на линковите, имено корисниците од над 510, не можат да воспостават“, вели Мирослав Котевски, „Телеком“.

Владата вели дека таа на граѓаните им дала шанса за бесплатно сурфање, но техничката логистика за проектот била работа на операторот.

„Во моментов тоа е некаде на точката на максималните можности што ги нуди системот на Македонски телекомуникации“, рече Ивица Боцевски, портпарол на влада.

Идејата за бесплатен интернет за граѓаните и образовните инструкции е дел од владиниот проект „Македонија земја на информатичари“.

Најновите истражувања покажаа дека секој трети граѓанин користи интернет, но и дека повисоките цени се главната причина зошто интернетот не се користи во домовите.

-- Крај на веста


Имало 510 закупени канали од Телеком, што значи дека 510 корисници може да се најавени во единица време, што верувам е многу помалку од капацитетот на интересентите.

За жал, ова многу личи на замачкување очи и политичка кампања, а треба да наликува на услуга. Па уште кога државата за неа гарантира, треба да е беспрекорна, а не фиктивна.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Како мислиш на ниво на цела држава ? Мислиш Интернетот (без разлика дали од МТ или некој друг ISP) да биде бесплатен без ограничување во денови како што е овој моментално (7 дена) .

Да. До 2008ма треба да има каков-таков 100% бесплатен интернет на ниво на Македонија. Тоа стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите.

Несакам да се сфати темава политички во никој случај. Само онака, кога го прочитав насловот на темава, мислев дека се работи за тоа. Се надевам дека сум грешел.
Како и да е, до 2008ма има време. 6 месеци се во прашање, а сигурен сум дека оправдано ќе им биде да одложат за уште неколку месеци во текот на 2008ма
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
„Во последно време веќе не се вградуваат тие модеми во компјутери, затоа што тоа е застарена технологија. Од 2 часот пак се обидував да се поврзам и околу 2 и 40 успеав да се конектирам на интернет, значи од 150 обиди успеав еднаш“, изјави Зоран Алаѓозовски, информатичар.


Јас иако знаев дека нема да успеам да се конектирам сепак го оставив вклучен компјутерот од 23:00 до 05:00 наместен да пробува да се конектира на секои 3 секунди и пак не успеав да се конектирам.

„Во последно време веќе не се вградуваат тие модеми во компјутери, затоа што тоа е застарена технологија. Од 2 часот пак се обидував да се поврзам и околу 2 и 40 успеав да се конектирам на интернет, значи од 150 обиди успеав еднаш“, изјави Зоран Алаѓозовски, информатичар.

Е јас од 1000000 (можеби уште некоја нула фали) не успеав да се конектирам воопшто.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Да. До 2008ма треба да има каков-таков 100% бесплатен интернет на ниво на Македонија. Тоа стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите.

Несакам да се сфати темава политички во никој случај. Само онака, кога го прочитав насловот на темава, мислев дека се работи за тоа. Се надевам дека сум грешел.
Како и да е, до 2008ма има време. 6 месеци се во прашање, а сигурен сум дека оправдано ќе им биде да одложат за уште неколку месеци во текот на 2008ма


Да се надеваме дека ќе се исполни ветувањето, само тоа ни останува.
 
10 мај 2007
33
4
Каков-таков

Каков-таков не врши работа.

Формално, ветувањето е исполнето.
Телефонскиот импулс е бесплатен (се врти на 0800),
Интернетот е бесплатен, 100% бесплатен,
достапен на ниво на Македонија...

Што фајде, кога, фактички, услугата е непостоечка.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.982
4.147
www.aqtos.com
Каков-таков не врши работа.

Формално, ветувањето е исполнето.
Телефонскиот импулс е бесплатен (се врти на 0800),
Интернетот е бесплатен, 100% бесплатен,
достапен на ниво на Македонија...

Што фајде, кога, фактички, услугата е непостоечка.


Ха... ништо не е бесплатно.
 

nullx

Intern
17 мај 2007
56
0
www.perfectflow.org
(секој трети граѓанин користи интернет) - ova ne go znaev! jas eve cela nedela bez problem se konektiram vo periodot od 02.00 do 09.00 casot samo problemot e sto e ogranicen na vreme od 30min :(
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Lugje, kako ne razborate kakvi posledici moze da ima ako Vladite pocnat da davaat uslugi besplatno na narodot? Apokalipsa e blago zborce
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Каков-таков не врши работа.

Формално, ветувањето е исполнето.
Телефонскиот импулс е бесплатен (се врти на 0800),
Интернетот е бесплатен, 100% бесплатен,
достапен на ниво на Македонија...

Што фајде, кога, фактички, услугата е непостоечка.

Не не не :) Бесплатен интернет си е бесплатен интернет. Еве, немам телефон, несакам да имам, сакам интернет. Бесплатен. Не е исполнето ни формално, грешка си.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.170
Мислења
1.007.282
Членови
36.674
Најнов член
Zl4tk0

ит маркет

На врв Дно