1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Берза т.е. движење на цените

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од dimitars, 18 Мај 2009.

  1. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Ме интересира како одат цените, како можам да ги пратам. Дали имате информации дали компјутерите ќе поевтинат, поскапат етц. Кога е најдобро време за да се купи нова конфигурација итн.
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,508
    25,576
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Доволно е да ги следиш новитетите во светот...Ако излезе нов процесор нормално е дека стариот ќе поевтини
     
  3. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,244
    515
    3 Април 2008
    компјутерите веќе се ептен ефтини .. ако ти треба нов, купувај и не му ја мисли :)

    на времето од 1500 марки почнуваа цените бе :)
     
  4. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,794
    75
    7 Април 2007
    Најдобро следи ги ценовниците од Анхоч,Сет,ТНТ,Риверсофт и многу други така ќе бидеш во тек со цените и ќе знаеш конкретно
     
  5. super_hacker

    super_hacker
    Баниран/a

    1,333
    68
    2 Април 2008
  6. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    знам но лично ме интересира каква е во моментов ситуацијата. Треба да купам конфигурација а бидејќи мислам дека поскапуваат компјутерите, т.е. делови што до пред пола година беа да речиме 100 евра сега се по 120 и слично. Знаете да беше до мене јас одма би купил нов, но има фактор наречен родители, па тоа е тоа.
     
  7. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,794
    75
    7 Април 2007
    dimitars ако не ти е преитно ако можеш причекај барем до август-септември,летово верувам ќе има попусти.И јас сакав да земам компјутер месецов ама ме советуваат да се стрпам уште малку.Ми рекоа дека ќе има мало опаѓање на цените.Имам отприлика што конфигурација сакам но кога ќе дојдам во период пред купување ќе постирам конфигурација и можеби со предлог ќе ја подобрам.
     
  8. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    444
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    Кажи прво колку пари имаш за нов компјутер, па ќе ти предложиме нешто...
    Инаку во секој момент го има она почекај уште еден - два месеци ќе има нешто добро тогаш и тогаш :)
     
  9. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Се согласувам со PilGrim, секој момент паѓаат цените на деловите. Доколку имаш време за чекање и имаш моментално стабилна машина, вреди да си почекаш :) Како и да е, септември-октомври искачаат нови графички, а кај нас ќе ги има дури во декември :D
     
  10. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Значи вака, не ми е итно. Машината што си ја терам ме служи доволно за да можам да почекам. Ај ќе почекам да заврши летово па ќе видам. Фала на информациите.
     
  11. salemicevski

    salemicevski
    Intern

    81
    3
    13 oктомври 2008
    ајде ако може и за мене помош имам ком П4 еве ја конфигурацијата
    Процесор - Intel Pentium 4, 1600 MHz (16 x 100)
    Матична плоча - Acorp 4S845A (5 PCI, 1 AGP, 1 CNR, 3 DIMM, Audio)
    Графичка картичка - NVIDIA RIVA TNT2 Model 64/Model 64 Pro
    HDD - 40GB
    Рам Меморија - 128MB

    Е сега прашањето ми беше дали ми се исплака да го продадам на делови или да го продадам комплет. Знам дека воопшто не вреди али да си ја пробам среката :D:D
     
  12. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Мислам дека повеќе се исплаќа да го продаваш на делови, се разбира ако има заинтересирани сите делови да ги продадеш.
     
  13. salemicevski

    salemicevski
    Intern

    81
    3
    13 oктомври 2008
    извини вака али ако може само да ми кажеш одприлика колку вреди на делови да се продаде ова чудо :D
     
  14. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    444
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    Не вреди да го продаваш овој компјутер. Треба ти да дадеш пари за да ти го земе некој :) Шала на страна, јас од 3000 денари не би дал за овој компјутер. Чувај си го, стави уште еден диск и ќе си имаш „torrent server“ кој ќе го пикнеш негде и remote ќе си пушташ што и да е за download (јас веќе две години правам така).
     

Сподели

Вчитување...