1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Бекап на WordPress сајт

Дискусија во форумот 'WordPress' започната од bobipp, 27 Февруари 2017.

Тагови:
  1. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    273
    138
    13 ноември 2009
    Како правите бекап на WordPress сајт? Дали преку некоја алатка/надворешна апликација како Vault Press Backups или едноставо со копирање на фолдерите од сајтот во cPanel-от?
     
  2. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Мануелен бекап на public_html фолдерот, плус бекап на database. Никакви алатки, никакви плагини. Една копија си чувам на сервер, една копија во PC, една копија на cloud.

    EDIT: Исто така и добар хостинг со daily backup спашава многу главоболки.
     
    Whisky Vishera, Fatal1ty_ и на bobipp им се допаѓа ова.
  3. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Јас користам Аkeeba, со еден клик ти генерира бекап фајл сосе базата. Ептен е добар.
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,231
    1,241
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    +1 за ова, никоја алатка неможе да биде подобра од мануелен бекап. копираш www/public_html ги експортираш базите и то :)
     
    Fatal1ty_, bobipp и на l1d0v1c им се допаѓа ова.
  5. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Истиов начин го користам и за мигрирање на сајтови од еден хост на друг, од staging во online итн. Само со оваа перверзно добра алатка која ми помага да ги средам линковите во дата-базата.
     
    На bobipp и Pulse им се допаѓа ова.
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,359
    4,069
    23 Јуни 2015
    Машко
    Јас ова го користам и одлично е.
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  7. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не е точно, Аkeeba плагинот е подобар од мануелно бекапирање.
    Сум ги пробал сите попознати плагини за бекап, од Akeeba нема подобар, бесконуренција е :).
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    289
    122
    20 Април 2008
    Машко
    читам и се прашувам:
    Зошто Akeeba а не manuel-но и обратно ??? очекувам одговори...
    Иначе јас за една страничка обично чекам неделен backup да се направи на сервер,
    па ако имало повеќе измени го симнувам...
    еден file е за копирање од 25GB и на него ми е и mail и db... комплет е...
    (не мора да притискам Ок на FileZilla кога излегува pop-up прашање)
    со 50Мbit/s линија не мора да се грижам, за 4 саати се средува работата
    (а и како што реков не се оптеретувам повеќе од еднаш месечно)
    и кога средував повеќе страни Joomla исто правев manuel-но,
    некако немав доверба во Akeeba (нека ме поправи некој ако има аргументи)...
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Мануелно морам да се логирам на вебхостингот за да го зипувам рутот и да eкспортирам база од phpmyadmin, потоа треба да ја стокмам датата и базата во еден фолдер или зип оти ако не се заедно ќе заборавам кое каде е, и тоа ми одзема повеќе време.
    Со Akeeba, од WP dashboard-от влагам у Akeeba, кликам create backup и толку.
    Генерира .jpa фајл или zip, зависно како си подесил, во кој е и базата. За да направиш ристор на бекапот се користи kickstart.php.
    Со про верзијата можеш да подесиш автоматски да ти прави бекап, на одредени периоди во зависност како си подесил, ако прави автоматски бакап, можеш да подесиш пример да чува три бекапи со тоа што новиот го бриша најстариот бекап фајл.
    Супер работи и на Вордпрес и на Џумла.
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    289
    122
    20 Април 2008
    Машко
    тоа ми е муабетот... многу пати на форумов се изнесуваат мислења без објаснување... па треба ние дополнително да googlе-аме и да доваѓаме до информации кои членот веќе ги има од искуство... ем штедиш време ем си билдаш карма...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ако е само за Wordpress-от тогаш вака:

    За Free корисници или оние кои не плаќаат за одржување многу многу - за префрлање на сајт и комплетен бакап Duplicator (1:1 копија со целосни подесувања и 2 минути инсталација кога и каде сакам). За бакуп редовен UpdraftPlus со направени скеџулс како сакам и снимање на клауд кој после сам се синхронизира со NAS-от кај мене.

    За оние кои плаќаат тогаш дефинитивно BackupBuddy (е се плаќа) со дневен бекап на базата, и неделен на комплетен сајт. Сето тоа се праќа на клауд+NAS+AWS-s3.
    До сега ниеден од овие погорниве ми нема оманато.

    Логирање у CPanel да речам, па креирање бекап, па доњнлоад, па уплоад, па ова она, и така на 20 сајтови да речам е жива гњаважа и непродуктивно. И замисли за сајт кој се мења на дневна основа секој ден така. За ова затоа си барам хостинг кој има или на ВПС си подесувам фулл дејли/викли бекап и мирна глава.

    Еве мои 2 дени :)
    п.с. немора да е најпаметно и моево но ми функционира веќе со години, и би мењал само ако навистина начекам нешто подобро.
     
  12. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Зошто се препорачува мануелен бекап? (бар мое мислење за кое сум убеден дека го делат многумина)

    Никој не вика дека е лошо да се користи автоматски бекап преку некој сервис или плагин. Некои од нив се одлични, некои се free, некои се плаќаат.

    Но, бекап најубаво се прави на ниво на Server, не на site level. Ова го имав сретнато уште на самиот старт кога почнував да учам WordPress, а и до ден денес сеуште ништо не се сменило. Еднаш осетив и на моја кожа со free plugin кога го изедов мрсно, али како се вика: од грешките учиме.

    Пример: Плагините прават автоматски бекап на сајтовите, а некои од нив може да се и прилично поголеми. Тоа само му додава дополнителна тежина на серверот. Да ставиме daily бекап на неколку сајтови, или еден поголем, речиси и 100% гарантирано ќе осетите успорување на сајтовите на тој сервер во периодот кога се прави тој бекап.

    Затоа и во мојот прв пост додадов:
    Ова, плус мануелен месечен бекап, според мене е добитната комбинација.

    Не за џабе се вика: "Што помалку плагини за WordPress сајт, толку подобро" или "Што повеќе плагини, толку поранлив е вашиот сајт". Едноставно треба да се има комплетна контрола на вашиот сајт, а не таа контрола да ја имаат повеќе плагини.

    Но пак ќе кажам плагини може да ви вршат работата. Па дури и некои од free опциите се и тоа како одлични. Али, имајте во предвид дека при free плагин/сервис, никој ама баш никој, нема да ви гарантира 100% успешен бекап. А доволен е еден неуспешен.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Се убаво и лесно со мануелен бекап. Ама кога си го правиш сам за себе, ретко и имаш време. Сервер левел бакап исто ако е некој мал сајт без додатни работи на него.
    Но, ајде вака. Имаш, или одржуваш 20,50,100 WP сајтови. Или еве нека се и 5 поголеми. Некој на ист сервер со маил (што има многу такви). И ? Еден CPanel фулл сервер бекап ке ти биде незнам 5-10-15ГБ а можеби и повеќе? Плус секој ден ако ти треба? Со добар плагин и подесување, добиваш инкрементал бекапи кои се доста мали реално+плус дејли ДБ бекап. Зашто ми е да им мислам за мејлови, фтп и остали работи кога ми рекле WP да е среден. За тоа разговараме овде. Да беше темата како правите комплетен сервер бекап или слично тоа е друго.
    Да, има малку поголемо оптоварување на серверот кога се иде преку плагини, пошто генерално се иде преку PHP, но кај добро кодирани и тестирани бекап плагини, тоа и не е толку осетливо. Еве на пример на минимален ВПС, со 1цпу и 768М рам, при бекап у ноќе скеџулиран кога нема посетители многу, го оптеретува дополнителни 10-12% у тој момент. Не е страшно. А исто сум мерел богами и Server Wide backup кога прави директно од конзола (еве да не речеме контрол панел или слично) и тоа не е баш лесна работа за машинчињана.

    Затоа и напишав во предходниот пост, зависи кој колку има пари различни солуции му се на располагање.

    Имам например клиент кој е сериозен со доволен буџет, и со разбирање од сигурност. Кај него си правам секојдневна синхронизација на бекуп лајв сервер, така да шифтање и враќање у случај на недајбоже е многу брзо. Плус сервер левел кронови кон 2 различни локации кои прават дневен WP бекап фулл + ДБ, и неделен фулл сервер бекап.

    Се ова настрана од самиот хостинг провајдер кој си тера со своите бекап техники (и овде сум имал заебанции затоа не им верувам на хостинзиве 100%, па и тие се луѓе и тоа се машини. Бекап има ама коруптед и? Епа имало Policy некое и никој никаде не ти гарантира дека тие бекапи ќе работат. Ова ама баш кај сите го пишува од најмали до најголеми).

    Тоа со плагините, бројот и ранливоста е друга тема на муабет, има и за и против тука. Не е важна бројноста туку квалитетот. Може да имаш и само 2-3 плагини и баш 1 од нив да е катастрофа и да го јадеш :)
     
  14. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,231
    1,241
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    е да си ми жив и здрав... точно до детал. оставаш сериозна работа на некој плагин, што незнаеш колку дупки има во него и од друга страна да ти го успоруваат сајтот.
     
    На l1d0v1c му/ѝ се допаѓа ова.
  15. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Извини, ама не разговараме овде за 20, 50, 100 сајтови како на два пати што го потенцираш тоа или неколку сајтови на неколку различни сервери. НОРМАЛНО е дека во таков случај ќе си имаш најбоље хостинг, платен бекап сервис, платен бекап плагин, итн. И НОРМАЛНО дека нема на сите тие посебно да им правиш бекап. За тоа си во право, никој не вика дека не си. Али мислам дека дечкото што ја отвори темата не прашува за 20, 50, 100 сајтови, бидејки уште од старт тоа ќе го напоменеше.

    Еве вчера рикнаа на саат време сервисите на Амазон. Да не почнам да набројувам кои се страници беа down, кои се наоѓаат на тие сервери. Доволен е еден саат down за каша попара да направи кај одредени плагини, сајтови и слично. Чисто како пример го дадов не дека кажувам Updraft Plus или Vault Press се наоѓаат на тие сервери. Али никогаш неможеш да знаеш. А хард копија (на твој HDD) си е хард копија. Нормално ја чуваш истата на повеќе места. И раат главата.
     
  16. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Па не баш рикнаа, туку беа успорени. Ама па затоа имам редунданција не зависам само од AWS. За Упдрафт можам да кажам, за VaultPress не го користам. Упдрафт не е на S3, туку овозможува S3, покрај сите други добор познати цлоуд сториџи, па и ремоте ФТП кај сакаш.

    И да се сложувам дека локална копија мора да се има обавезно. Така и напоменав, дека една од копиите обавезно иде кај мене на NAS (со RAID1) локално.

    И да ако се прави муабет за 1 сајт, сопствен, онда да можеби наједноставно е цпанел фулл бекап.
     
  17. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Муабетов е онда неставај ни WP пошто е сериозна работа вебсајт а вордпресон има „незнаеш колку дупки“. Ќе си користиш проверени плагини, со добар супорт, со добра заедница и тоа е тоа. А околу успорувањето грешиш. Бекенд плагин кој никако не делува на фронтендот на WP никако нема мнооогуу да ти го успори сајтот. Ќе додаде малку лоад на серверот у моментите кога прави бекап и толку, до наредно нема да чуеш од него ни траг ни глас.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  18. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Мана на мануелниот бекап е што поспоро се прави и што веројатноста да направиш грешка е поголема, ми се има случено да заборавам да ја експотирам базата.
    Со добар палгин веројатноста за грешка е многу мала, со Акееба, што на Џумла што на Вордпрес имам направено господ знае колку бекапи, ниеднаш немало никаква грешка.
     
  19. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Немора да бидат 20, 50, 100, ако има 3-4 поглеми сајтови и ако правиш мануален бекап на ниво на сервер бекап фајло може да биде многу голем, а тоа го прави ужасно тежок за хендлање.
    Како што кажа другарчето, со плагин е подобро зошто можеш да подесиш да ти прави инкрементал бакпи.
     

Сподели

Вчитување...