Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Бекап на Gmail

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Користев стар Outlook (не 365) за бекап на стари меилови. Сега ми го укинаа IMAP па не можам да пристапам.

Кажете чаре или програма која е добра за бекап на меилови во PST или слично па да можам офлајн да ги прегледувам подоцна.

Фала
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Не можеш да пристапиш на Gmail од Outlook? Не ми е јасно прашањево

Сакаш да ги симнеш сите емаили во Оутлук и подоцна да ги гледаш во истиот?
 
28 јануари 2017
1.843
4.133
Ресен
Користев стар Outlook (не 365) за бекап на стари меилови. Сега ми го укинаа IMAP па не можам да пристапам.

Кажете чаре или програма која е добра за бекап на меилови во PST или слично па да можам офлајн да ги прегледувам подоцна.

Фала
За бекап не знам али замена за Outlook ја користам eM Client, од толку што ме бендиса дури и ја платив.
 

Steff_92

Gaining Experience
28 јули 2017
224
139
Куманово
Мое искуство со Outlook и Gmail.

Прв предуслов е да имаш пристап до Gmail, откако ќе изгубиш пристап нема веќе што да се направи.

Ако се користи Outlook сетиран на IMAP редовно, односно секојдневно, а користи .pst локален фајл, тоа мислам дека му беше default однесување, сите мејлови се превземаат offline со се слики, прилози и слично. Откако ќе го одлогираш од Gmail, све ќе е тука до детал.

Ако не го користиш Outlook редовно, но сакаш само како бекап алатка да го искористиш, многу е мачно ако мејлот е полн или плус ако е подвоен со лабели, пример јас се соочував со 30.000 мејла кои што никако не можеше да ги превземе до детал, секогаш нешто фалеше, или слика или аттачмент, или потпис, само текстот беше добар. Исто така знае да трае со саати и денови превземањето, или да крашнува Outlook, а немаш информација во позадина до каде и како е.

Втор обид за иста таа бројка ми беше со Mozzila Thunderbird, која што исто се соочуваше со таков проблем, ги превзема, ама не се знае до каде, како и колку. На пример и да не го превземало целосно мејлот, ако имаш пристап до gmail, при кликање на мејлот тој ќе го превземе од серверот, но ако веќе нема пристап, останува нецелосен.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Се извинувам не сум оставил доволно информации.

Outlook го користев секојдневно за емаил. Причината беше таа што сите стари меилови можев да си ги префрлам лесно во фолдери на драјв. И плус не мора да сум најавен со акаунт (хром) па да ме следи јутуб и други платформи.

Е сега компанијата за која работам укина IMAP аксес. Ова било заради безбедност оти некои алатки како аутлук, тандербирд и сл. имале пропусти па можело да се искористат за злонамерни цели.

Во овој момент јас можам да пристапам до емаил само со Gmail апликација на телефон и преку браузер онлајн. Морало да користам гугл хром. Значи мојот аутлук (а со тоа и програми како тандербирд, ем клиент и сл.) немаат пристап и не може да ги користам во IMAP мод.

Е сега можеби можам да сетирам POP мод. Дури и да може нема да одговара зашто така ќе ги зема само аутлук ама ако ми треба да проверам од мобилен, меиловите ќе ги нема на сервер. Значи да може да направам бекап кога јас сакам во PST. Причитав дека имало google takeout кој може да дозволи бекам на цел емаил во MBOX формат ама ова ми е непрактично решение.

Значи сакам да можам меиловите од оваа година на пример да ми стојат на сервер. Но сите лански меилови да си ги префрлам на драјв па да ослободам место. Плус да си ги прегледам подоцна во аутлук.
 
Последна промена:

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.556
1.673
Моето искуство со службениот e-mail ми е со употребување на POP3 протокол, би рекол барем 15тина години наназад. IMAP досега не сум сетирал на „главниот уред“ (десктоп компјутерот на работа), туку само на телефон, ама тоа колку за читање/прегледување на мејловите. Гледам да праќам мејлови од „главниот уред“, а доколку не сум физички до него, гледам да се поврзам remotely, па од него да пратам службен мејл. Се разбира, ако тоа не било можно, праќам мејл од било кој уред, ама ради уредност и следливост/доказ, си го праќам истиот мејл и до мене преку BCC, да си го имам во офлајн архивата во дискот од „главниот уред“, кој е сетиран со POP3 и во секој момент .pst фајлот можам да го копирам и да го пренесам на друг уред за понатамошно користење (не ги ре-импортирам мејловите од .pst фајлот, туку при новата инсталација/покренување на мајкрософт аутлук му посочувам дека веќе има постоечки .pst фајл, и таму да си продолжи да ги симнува другите мејлови што стигнале на сервер во меѓувреме).
Вака функционирам доста долго време, и предност ми е што не ми се губи креираната хиерархија на фолдери/подфолдери за различни проекти и намени, ниту во инбокс, ниту во сент, а исто така и e-mail адресите до лицата со кои сум праќал/примал пошта, автоматски си се појавуваат при креирање на нов мејл на новиот „централен уред“ :).
Клиентот кој го користам за оваа намена е Microsoft Office Outlook.
Моментално волуменот на .pst фајлот ми е преку 20тина гигабајти, можда треба да „подзачистам“, ама тоа е друга болка :)
На серверот гледам да не оставам многу мејлови, од таму претежно ги бришам, воглавно постари од година-две да нема...

Па, на некој начин го препорачувам постариот POP3 протокол, бидејќи од искуството на колегите кои беа на IMAP (да речиме додека немале постојан „централен уред), па после тоа по преминувањето на POP3 се позадоволни со постојаноста на фајловите кои им се тука во секој момент, но мора да спомнам дека при мигрирањето имавме и сопки, зафрканции од типот на дуплирање на мејлови, па по 2 пати истиот мејл го влечи од сервер итн....слични такви ситни нервози.
Уште нешто: за POP3 ќе ти требаат веројатно малку повеќе параметри при иницијалното сетирање на мејл клиентот, бидејќи тука има повеќе мануелно внесување на портови, за разлика од IMAP-от, ама не е така страшно, под услов да фирмата кај што работиш ти дозволи таков пристап и увид за сетирањето на мејлот.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Ти благодарам. POP3 го имам во предвид. Ми изгледа како одлична солуција зашто најчесто сум пред компјутер. Не знам дали ќе биде дозволено да го користам. Ако ми треба да ми пратат сетинзи или дозвола од фирма, тогаш ништо не сме направиле зашто било какви апликации настрана од хром и онлајн меил не се дозволени.

Едини проблем со ова е на пример ако сум излезен и сакам на телефон да прегледам меилови, нема да можам, откако сум ги земал со аутлук.

Сега за сега, пробав Google takeout. Ги конвертира селектираните фолдери со меилови во MBOX. А потоа ова може да го отворам со Mozilla Thunderbird па да пребарувам. Мислам дека Thunderbird може да конвертира во PST но сеуште не сум пробал. И вака во тандербирд веќе може да складирам.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.875
4.688
Едини проблем со ова е на пример ако сум излезен и сакам на телефон да прегледам меилови, нема да можам, откако сум ги земал со аутлук.

POP3 може да ги преземе пораките од сервер и да не ги брише, само да ги означи за прочитани. Потоа IMAP клиентот ќе ги гледа како прочитани. Слично е и со испратени пораки преку POP.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
А па штом е така да пробам да видам. Па ќе пишам резултати.
 

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.556
1.673
Ова (ќе го пишував и јас):
POP3 може да ги преземе пораките од сервер и да не ги брише, само да ги означи за прочитани. Потоа IMAP клиентот ќе ги гледа како прочитани. Слично е и со испратени пораки преку POP.
И би дополнил: IMAP-от освен што ќе ги гледа како прочитани (доколку ги прочиташ мејловите од уред со IMAP), доколку избришиш мејл преку тој уред, ќе се избришат и од сервер. Ова е главната „непријатност“ со овој протокол (според мене де)...
Од друга страна, иако мејлот прво си го прочитал од уред со IMAP, или пак со пристап од веб браузер/вебмаил, на аутлукот - кој ти е наместен со POP3 повторно ќе си се симни и даунлоадира мејлот како непрочитан (пошто, де факто „централниот уред“ сеуште го нема „видено“ мејлот, па си го третира како нов).

Забелешка: бришење на мејл, само откако си сигурен дека го имаш во офлајн форма.
 
Последна промена:

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.875
4.688
Од друга страна, иако мејлот прво си го прочитал од уред со IMAP, или пак со пристап од веб браузер/вебмаил, на аутлукот - кој ти е наместен со POP3 повторно ќе си се симни и даунлоадира мејлот како непрочитан (пошто, де факто „централниот уред“ сеуште го нема „видено“ мејлот, па си го третира како нов).
Тоа зависи од подесувањето во ПОП клиентот. Секако ќе го симне, но може да го одбележи како прочитан, ако е така означен на серверот.

А IMAP протоколот е мирор со серверот. Што се прави на сервер, тоа се рефлектира на сите клиенти и обратно. Затоа е опцијата да се гледаат само последните пораките од одредениот период.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
POP за жал е исклучено. Ни во сетингс на гугл акаунт (forwarding) немам повеќе можност за POP/IMAP.

Така што единствена можност сега за сега е google takeout / mozilla thunderbird.

Ви благодарам на сите.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.875
4.688
POP за жал е исклучено. Ни во сетингс на гугл акаунт (forwarding) немам повеќе можност за POP/IMAP.

Така што единствена можност сега за сега е google takeout / mozilla thunderbird.

Ви благодарам на сите.
Службениот мејл е на гугл ентерпрајз воркспејс? Ако не, како е направено ограничувањето?
А да им кажеш на тие од ајти да ти овозможат IMAP додека ги преземеш мејловите?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Службениот мејл е на гугл ентерпрајз воркспејс? Ако не, како е направено ограничувањето?
А да им кажеш на тие од ајти да ти овозможат IMAP додека ги преземеш мејловите?
Не знам на кој систем се но сигурно ги имаат најскапите опции. За среќа имав PST фајл локално со сите последни фајлови (си има фајл се што е на сервер да го стави на Ц драјв во темп фајл) па си направив бекап. Од еден крај на дискот си ги распоредив во архива на друг крај..

Она што сега ми треба е систем за во иднина.

Ќе ставам нов пребарувач за секојдневие а хром ќе го користам за gmail. И тоа е тоа. Нема шанси да користам никаква клиент програма. @null_ptr ако му текне која програма ја користел за бекап ќе завршам работа за да не се бафтам со тандербирд.
 

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.580
2.572
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
селектирај ги пораките кои сакаш да ги „архивираш“ имаш опција forward as attachement, ќе ги добиеш како .eml фајлови

.eml фајловите треба да се компатибилни со секоја програма за email-и - ако не се со Outlook пиши-пропало.


пс.
уште ли бе тоа outlook-от, најканцер софтвер на светот

ппс.
да биде појасно, идејата ми е да си ги препратиш на приватен/друг email на кој имаш imap или сл.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Имам огромен број на важни меилови за да ги имам како поединечни емл фајлови. Како архива е најдобро. Па да си пребарам по разни параметри кога имам потреба.

Имам меилови од 2002. Базата е накај стотина гигабајти. Фолдери и се тоа. Затоа аутлук ми беше многу практичен.

Едит: инаку добра е идејата за форвард. Ама така ќе ги имам само дојдените пораки. Моите одговори ќе бидат во инбокс ако и нив им правам форвард. Или грешам.
 
Последна промена:

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.580
2.572
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Имам огромен број на важни меилови за да ги имам како поединечни емл фајлови. Како архива е најдобро. Па да си пребарам по разни параметри кога имам потреба.
.eml фајловите ќе ги импортираш во outlook
 

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.580
2.572
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
малце е involved - ама сеа, пошо те осакатиле, и ако треба да го правиш само еднаш годишно - ќе издржиш :)
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Да, сега штом го имам тандербирд како солуција не е се изгубено. Мора да се снајдам. Само што без везе треба да губам време за нешто што до сега прекрасно ми функционирало. Буквално сите меилови си ги праќав и примав преку аутлук.
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
744
675
@gokica моја грешка, сум правел експорт од аутлук во .pst и потоа се отвараат со Encryptomatic PstViewer Pro 8 за пребарување низ истите (оваа е било период 2015-2019 кога кубуреле со простор па се правеше бекап и се бришеа за ослободување на простор)

ако ти врши работа пиши ми пп
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.474
12.850
Нема проблем другар. Ти благодарам. Мислам дека тандербирд ќе биде доволен. Ќе се снајдам.
 

kebe

Gaining Experience
29 март 2012
253
225
Причитав дека имало google takeout кој може да дозволи бекам на цел емаил во MBOX формат ама ова ми е непрактично решение.
Зошто ова не ти е практично? Ова ти е најдобро решение затоа што целото сандаче е во една датотека, лесно е за чување резервна копија. Некои програми ко Еволутион работат директно со МБОКС. Аутлук или Тандербирд не работат директно со МБОКС, но имаш чекори за конверзија.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.112
Мислења
974.763
Членови
35.415
Најнов член
g0rd0n
На врв Дно