1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија beget - хостинг провајдер

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Fatal1ty_, 4 Март 2015.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,560
    25,681
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    beget - Е хостинг провајдер со седиште во Санкт-Петербург Русија кој има создадено одлична репутација со долгогодишната стабилна работа.

    [​IMG]

    Зашто ви го презентирам овој хостинг провајдер?
    - Како презадоволен корисник веќе една година сакам да ви споделам импресии и искуства од него.

    Зашто beget?
    - Бидејѓи нуди исто што и многу други само со многу подобра цена. Поради огромниот пад на рубљата цените што ги нудат се навистина добри и прифатливи.

    Имаат сопствен панел за управување многу лесен за користење, можеби единственит проблем за многу од вас е тоа што е само на руски и е тежок за учење, но и за тоа има решение. Исто така имаат и одлична поддршка на која можете да пишувате и на англиски јазик.

    Карактеристики на хостингот:

    • Тест период: 30 дена
    • Враќање на пари: Не
    • Готови CMS: Да
    • Интерфејс: Руски
    • Години на постоење: 8+
    • Онлајн поддршка: Да
    Функции што може да се обавуваат од контролниот панел:

    • Управување со DNS
    • FTP и менаџирање со фајлови
    • CRON
    • Backup
    • Управување со email-ови
    • Инсталации на CMS
    • Избор на php 5.2/5.3/5.4
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    PHPINFO

    На следниот линк можете да видите што нуди како стандардна опрема овој хостинг провајдер.

    Uptime - e време кога нашиот сајт е достапен и посетителите можат да го отвори во нивните прелистувачи. Секој сопственик на вебсајт, сака

    неговиот сајт е секогаш на располагање и никогаш да не биде недостапен. Во овој случај Uptime би изнесувала 100%. Но, суровата реалност е

    дека речиси секој сајт периодично паќа од мрежата и практично 100% uptime и не е возможно за ниеден хостинг провајдер.

    Зошто се случува ова?

    Бидејќи серверот на кој се поставуваат нашите сајтови е „компјутер“ кој некоја виша сила може да се случи прекин на работат. Според мерења и истражувања beget нуди 99.9% uptime.

    Време на одговор мери колку брзо серверот одговара на HTTP-барањето на клиентот (корисникот, прелистувачот). Колку помала стапка на одговор, толку подобро.

    Мерењата покажаа дека beget одговара за 93ms.

    [​IMG]
    [​IMG]

    брзината на PHP хостинг 1.81s

    [​IMG]
    [​IMG]

    брзината на MySQL 0.48s

    [​IMG]
    [​IMG]


    Позитивно:

    • Неограничен трансфер кај сите пакети
    • Прифатлива цена
    • Одлича техничка поддршка вклучувајќи skype ICQ и email
    • Со секој купен хостинг добивате гратис .ru домен за една година и промо кредит од 1000p за Google AdWords кампања која можете да ја искористите во наредните 14 дена од денот на регистрација.
    • Увид на финансии.
    • Партнерска програма.
    • Мултијазичен интерфејс.
    Негативно:

    • Интерфејс само на Руски јазик
    • Отежнато креирање на под-домени

    Доколку некој се одлучи да купи хостинг и има било каков проблем со јазикот нека ме контактира ќе ви помогнам.

    Благодарам.
     
    Последна промена: 20 Март 2015
    На Oktar, Tawe, SaleSk и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. goranski

    goranski
    Gaining Experience

    305
    140
    20 Март 2013
    Машко
    треба да се разгледаат украински хостинзи, моментално има огромна инфлација тамо а доларот е на многу високо ниво.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,560
    25,681
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Дa и укрaинa имa oдлични пoнуди
     
  4. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    615
    345
    9 Февруари 2008
    Ова што е на руски ми е проблем за да ги прочитам малите букви...
    what's the catch?

    И во најмалиот (Blog) пакет нудат .ру домен и АдВордс за 999 рупи?
     
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,560
    25,681
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Нема гратис домен за основниот пакет

     
    На Mr.Jack му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,560
    25,681
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Незнам дали мојата критикиа до нив влеаеше, ама од вчера направија и интерфејс на англиски јазик... ;)
     
    Tawe, krema и на Oktar им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. super_hacker
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    5,829
  2. Dr.XaYC
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,030
  3. Ivica_M
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,842
  4. dimitar92
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,085
  5. Nenad90
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,576
Вчитување...

Сподели

Вчитување...