• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Батерија за Sony Cyber-shoot DSC W610?

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
370
287
Здраво дечки,

Барав на сите места, но не најдов соодветна тема, па затоа решив тука да пишам. Се надевам нема да ми замерат администраторите. Ако темава не кореспондира тука слободно нека ја преместат на посоодветно место.:)

Сакав да прашам дали некој знае каде може да најдам батерија за гореименуваниот фотоапарат? Моменталнава што ја имам најверојатно е пробиена. После секое полнење не поминува долго време и истата се празни. Можам слободно да кажам дека скоро ич не држи енергија. Исто така, би бил и благодарен ако некој стави и линк.

Немам во план во скоро време да ја набавувам батеријава, но би сакал да знам кои ми се опциите за набавка и каде би можел да ја најдам. Барав на интернет и видов повисоки цени. Згора на тоа сега и не ми е сигурно со праткиве дали би пристигнала кога би ја нарачувал онлајн.

Се работи за постар модел: „Sony NP-BN 3,6V 2,3Wh(630mAh) min. 2,2Wh(600mAh)“.

4b19-sony-bn-akku-1.jpg SONY-2-NP-BN.jpg

Фала однапред!:)
 

krema

Epic
24 јуни 2009
13.361
12.887
youtu.be
Скоро и да нема некој што испорачува батерии онлајн, или ако најдеш ќе биде со DHL, UPS и остали бандити со ненормална цена за шипинг.
 

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
370
287
Скоро и да нема некој што испорачува батерии онлајн, или ако најдеш ќе биде со DHL, UPS и остали бандити со ненормална цена за шипинг.
Да, да, баш и тоа забележав. Штета:(
 
А може ли некоја заменска да се најде? Мислам некоја друга која би била компатибилна со горенаведениот фотоапарат?
 

krema

Epic
24 јуни 2009
13.361
12.887
youtu.be
Заменска можеби има на али, треба малку подлабоко да се копа, но сепак џабе ради шипингот.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22.712
30.179
kalco.ru
Да се јавиш у галерија да ги прашаш, и така ништо не губиш... само кажувам...
 

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
370
287
Да се јавиш у галерија да ги прашаш, и така ништо не губиш... само кажувам...
Не ми текнало. Баш ќе прашам.
 
Ако ти се иде на ризик пробај од ибеј има шанси да стигне. Мене ми стигна пред некое време батерија за Сони телефон

OEM NP-BN1 Lithium N Type Rechargeable Battery 600mAh For Sony Cyber Shot NIB 4905524601572 | eBay

Economy International Shipping ако пројде пројде.
Мислиш? Ако не стигне ок (и онака се навикнав да не ми пристигаат овие од Алиекспрес), ама да не испадне да ме одерат со некој ДХЛ или што знам.:sick:
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
8.730
11.100
Скопје
Не ми текнало. Баш ќе прашам.
 

Мислиш? Ако не стигне ок (и онака се навикнав да не ми пристигаат овие од Алиекспрес), ама да не испадне да ме одерат со некој ДХЛ или што знам.:sick:

Е јас тој селер кај што порачав, нема вакви батерии. Контактирај го преку ибеј за секој случај, мада не верувам дека ако платиш поштарина од 2$ би ти ја пратил по ДХЛ.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3.319
3.947
На ибеј барај, ете тој линкот од @ARMac.
Јас нарачав од таму пред година-две исто за Сони фотоапарат, само друг модел. Стигна најнормално со редовна пошта. И тоа оригинална Сони, не заменска или копија.
 

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
370
287
Фала ви многу дечки. Супер сте!:)

Поздрав и се најдобро!

Може клуч на темава
 

PC_GAMER

Gaining Experience
16 јуни 2017
370
287
Cool би било да споделиш од каде најде да не му затреба на друг па да знае каде да бара. ;)
Па најверојатно ќе одам со вашиве предлози. Инаку не најдов друга алтернатива за купување. Ама прва прилика штом ќе купам од погоре наведените линкови на ибеј или, пак, најдам друг алтернативен избор (што второво е помалку веројатно) сигурно дека ќе споделам со сите вас. :)
 

dreamson

Gaining Experience
8 ноември 2009
267
469
Здраво дечки,

Барав на сите места, но не најдов соодветна тема, па затоа решив тука да пишам. Се надевам нема да ми замерат администраторите. Ако темава не кореспондира тука слободно нека ја преместат на посоодветно место.:)

Сакав да прашам дали некој знае каде може да најдам батерија за гореименуваниот фотоапарат? Моменталнава што ја имам најверојатно е пробиена. После секое полнење не поминува долго време и истата се празни. Можам слободно да кажам дека скоро ич не држи енергија. Исто така, би бил и благодарен ако некој стави и линк.

Немам во план во скоро време да ја набавувам батеријава, но би сакал да знам кои ми се опциите за набавка и каде би можел да ја најдам. Барав на интернет и видов повисоки цени. Згора на тоа сега и не ми е сигурно со праткиве дали би пристигнала кога би ја нарачувал онлајн.

Се работи за постар модел: „Sony NP-BN 3,6V 2,3Wh(630mAh) min. 2,2Wh(600mAh)“.

Погледнете го атачментот 89438 Погледнете го атачментот 89439

Фала однапред!:)

Еве види дали ти одговара оваа батерија Baterija i polnač za SONY
Не го знам кој е овој што продава од огласов.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
42.949
Мислења
889.618
Членови
31.702
Огласи
200
Најнов член
ineslekovic
На врв Дно