1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Барам работа - After effects, 3d max, mocha

Дискусија во форумот 'Вработување' започната од n_major, 17 oктомври 2011.

  1. n_major

    n_major
    Intern

    3
    2
    17 oктомври 2011
    Имам солидни познавања од After effects, photoshop, mocha, adobe premiere, boujou и средни познавања од 3d max, particle Illusion, Real Flow, fruity loops. Изработувам motion graphics реклами, 3d реклами, визуелни ефекти, звучни ефекти и се разбирам во видео монтажа.
     
  2. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,836
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Ти посакувам среќа околу барањето на работа, само едно инфо.

    Секогаш кога бараш работа на оваа тематика, се постира свежо портфолио од твои извршени проекти,

    Збор ко збор “знам ова, знам она..“ на повеќето не им значи ништо.

    Кога и да бараш работа од оваа област ( без разлика да аплицираш за фирма, отвараш тема на форум, работиш како freenalcer, и слично) имај на ум дека треба да прикажиш свежи проекти од некоја предходна работа.
     
  3. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    И едно лично сајтче што ќе те претстави во вистинско светло. Ако не работиш web, ќе најдеш некој да ти среди ;) Со среќа...
     
  4. n_major

    n_major
    Intern

    3
    2
    17 oктомври 2011
    Знам, не сум нов во ова и знам дека треба сајтче или претставување на моите веќе направени проекти. Ако има воопшто заинтересираност, а не знам дали би се нашол тука заинтересиран, тогаш би испратил мои завршени проекти. BTW ако има некој заинтерсиран нека побара нешто, некој краток проект и би му го изработил за free да види како работам.
     
    На prijatel-MKD и hebocig им се допаѓа ова.
  5. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    никогаш немој да работиш за фри.
    пробај некој механичар да ти поправи дел од кола за фри (или којгоде мајстор), колку да видиш како работи ..
     
    1 person likes this.
  6. n_major

    n_major
    Intern

    3
    2
    17 oктомври 2011
  7. prijatel-MKD

    prijatel-MKD
    Intern

    126
    33
    7 Мај 2009
    Машко
    Freelancer локации за сајбер просење!
    Јас мислев дека автомеханичарите отсекогаш работат со првично доставен пример АКА ти го поправаат автомобилот однапред и ти демонстрираат дека е поправен и се работи во најдобар ред пред да им платиш за услугата и да си заминеш со поправен автомобил.
    Си сретнал некој да му плати на автомеханичар однапред без успешно да го поправи автомобилот? Си се соочил со продавница во која не ти го прифаќаат расипаното мувлосано млеко назад и да ти дадат ново исправно (кога е во граница на рокот за употреба)?

    Така, како автомеханичарот и млекарот, и во овој случај се бара добро портфолио и искуство во работа на слични проекти или пак достава на делумно функционален пример од производот кој што го нудиш однапред.
    n_major овде е во право со својата понуда да изработи краток или мал пример особено ако нема добро изградено портфолио со кое ќе ја поткрепи сигурната достава и понудениот квалитет на работа.
     
  8. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    напротив
    кога одиш во некој сервис, кој ти гарантира дека ќе имаш добра услуга?

    на тема дизајн:
    нема лажење, или дизајнот ти е добар или не е. нема расипување на дизајнот и скриени недопоправени работи (ко на механичар)
    има еден момент.
    ако не платиш за поправката кај механичарот, нема да ја земеш колата.
    а со дизајнот ако го правиш и не ти плати (а направен е како што е побарано) што ќе му задржиш?

    ко што кажав: никогаш за фри
    а за билдање портфолио:
    измисли фирма и направи нешто за таа измислена фирма
    склопи дизајн ко за продавање, па презентирај

    а пријател, пробај кај некој столар да ти изработи еве ... кујна. да видиш како прво авансно треба да оставиш нешто па тек после да почне типчето со работа.

    на крајот, секој според знаењето. си го ценам трудот и знаењето. а ако јас не го ценам, нема никој да го цени.
     
  9. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    грешки секогаш се јавуваат во текот на употребата на некој сајт. кога викам сајт не мислам на сајт со слики и текст без ниту едно „копче“ кое има некоја функција во позадина, туку некоја веб апликација изработена во .net+sql или php+mysql. тие сајтови си бараат одржување и тоа е најскапиот сегмент. се смета дека дури 70% се трожат дополнителни средства од поставувањето на првичниот проект. доколку станува збор за некоја графичка анимација таа треба да се прикаже каде е прикажана. на невидено тешко некој да остави да му се изработи нешто.

    така да муабетите со „махеничарот“ и „млекарот“ тука не важат. зошто? затоа што многу е полесно на програмерот да му кажете да смени нешто во апликацијата или пак во изгледот на страната, отколку да му кажете на мајсторот да го премести мостот на реката од едно место на друго. некои работи кај другите професии не се менуваат откако ќе се предадат на корисникот, додека кај софтверското инжењерство тие траат се додека не се однесе производот во „пензија“ (целосно неупотреблив).

    на крајот, без портфолио и без CV упатено до компанијата нема да најдете работа. може да најдете нешто поситно или помал проект колку за вежбање инаку нешто посериозно тешко. јас мислам дека кога некој бара работа не бара само еден проект да изработи туку бара место за работа каде ќе доаѓаат понуди и ќе има рокови за изработка.
     
  10. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    јас работам дизајн.
    од прва се гледа дали моето е добро или не. нема ништо повеќе од тоа.
    и гледаш сум инвестирал време и пари за да стигнам на нивото на кое сум. само тоа некако не е на цена.
    да шлакам боја и да се наречам молер, ќе тепам повеќе пари.
    исто и со кој било занаетчија во споредба.

    затоа правилото е, НИШТО за фрее
    ако не веруваш ... провери го сајтов:
    http://shouldiworkforfree.com/
    :)

    п.с. зошто цв и зошто компанија. настапувам самостојно.
    п.п.с а ти во сервис им бараш портфолио? :)
     

Сподели

Вчитување...