1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Baram pomos okolu vrabotuvanje kako web dev

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од khazha, 31 Јануари 2019.

Тагови:
  1. khazha

    khazha
    Intern

    15
    7
    13 Декември 2016
    Машко
    Zdravo,

    Se naogam vo skopje, ucev web dev okolu 8-10 meseci preku internet, nemam fakultet, nemam rabotno iskustvo, imam "okay" resume so proekti, znam: html, css, JS, vue, php(laravel), sql(mysql), nodejs, express.

    Nekolku meseci veke baram rabota kako full-stack/backend no nemozam da najdam rabota.

    Vcera na zlatna kniga pominav preku 250 tech companii i od niv najdov samo 3 na koi sto mozam jas da apliciram(so moeto znaenje).

    Preku google keywords barav oglasi vo skopje, i najdov okolu 10 oglasi za toa sto znam.

    Preku najdirabota,kariera,vraboti.se,vrabotuvanje, i oglasizarabota, vo poslednive 20 dena kako sto se sekavam ne najdov ni edna nova rabota za toa sto go znam (osven nekoj oglasi sto baraat mnogu iskustvo)

    Sto da pravam? Kako sto ispaga ova, jas ke treba da cekam so meseci nekoja kompanija da stavi oglas, a za celo vreme toa da prodolzam da pravam proekti i kontribucii na open source proekti.

    Dali ima nesto posebno vo makedonskive kompanii? Dali baraat nesto specificno?

    Pozdrav

    (Ah da, i aplicirav kako INTERN na 3-4 kompanii, no nikoj ne mi vrati... ne mi e vazna platata, bi rabotel i za 200 evra, sakam samo da rabotam)
     
    Zippo, Astro и на HardCorec им се допаѓа ова.
  2. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    491
    392
    20 ноември 2013
    Машко
    Здраво,

    додека бараш локално работа зошто не фриленс ?
     
    На artweb и MartinJack3d им се допаѓа ова.
  3. Gucci

    Gucci
    On your way to fame

    850
    622
    5 Јули 2011
  4. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,231
    1,244
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Има предности во стална работа, осигурање, пензиско итн.
    Ти пишав пп, аплицирај.
     
  5. Astro

    Astro
    Guru

    5,904
    7,993
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За жал другарче, во оваа посрана држава македонските компании никаде ги нема, затоа што дебилната влада дава субвенции и простува даноци на странски гигантски фирми кои прават профити во милиони евра. Домашните компании кој ги **е, тие неколку ќе живеат од тендери. За жал за тебе работа само во странство или фриленс. Подобро аплицирај некаде во странство ќе најдеш побрзо работа и подобро ќе те третираат.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    30
    56
    26 Декември 2014
    Машко
    Како џуниор девелопер не би требало да имаш проблем некаде да се вработиш. Е сеа ќе чукаш за почетна плата од 15к, ама ако имаш знаење и желба за учење би можел брзо да напредуваш.
     
  7. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,346
    2,135
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Какви 200е какви 15к? Што зборите бе луѓе? Џуниор b/f-end не смее да помисли да прифати работа/пракса под 500евра и тоа збориме за во петто разредна смешка од држава како Шупакленд. Па не збориме за хигиеничар/шалтеруша. Немој да си кажал негде дека би работел за 200е, нема да те гледаат/сфатат сериозно.

    И пробај да пишуваш на кирилица ако контактираш со МК фирми, на македонски. Alt + shift не е толку комплицирано.

    Отвори си профил на LinkedIn, подеси го прописно дека бараш работа, имаш се во Help а и цело време сугестии ти праќа самата платформа. Почни да бараш таму работа, а во меѓувреме ќе почнат сами да те бараат фирми и HR агенции.

    Каква златна книга какви гугл вордс.
     
    Последна промена: 31 Јануари 2019
    На Melisandre, Глупав, artweb и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    700
    270
    5 Јуни 2007
    Машко
    И тука имаш листингс нон стоп.
     
    На Balanar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    За без факултет и без работно искуство 500 евра во Македонија се сајнс фикшн. Но 350 евра за почеток мислам дека се ОК.
     
    На Speedster и elrusius им се допаѓа ова.
  10. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    30
    56
    26 Декември 2014
    Машко
    Овде како џуниор нема шанси некој да ти даде 500 почетна. Мислам дека овде џуниорите највеќе зимаат во Нетцетера, околу 18-20.
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,083
    616
    2 Мај 2011
    Не си доволно информиран. Пред неколку години беше 450е почетна, сега е над 500е. Има и доста други фирми по СК што даваат 500е + за јуниори. Е сега има разлика од јуниор до јуниор.

    Нормално ако отидеш у фирма и кажеш деке бараш 300е, ке прифатат они без гајле. :)
     
    На artweb и Molec им се допаѓа ова.
  12. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Дечко без работно искуство , самоук од интернет 500еура почетна плата. Дајте заозбилете се.
     
    Tozo8, DonFrozex, DrMTR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,346
    2,135
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    И јас мислев така ама реално никој не гледа факултет/сертификати/дипломи. Се прави теоретски и практичен тест на познавање на потребните вештини и во последно време во мода е ''тест за интелегенција'' т.е. основно нумеричко резонирање и перцептивни способности, а во зависност од фирмата се бара и познавање на некој странски јазик, најчесто англиски.

    Уште ми е енигма како млади македонци не знаат англиски во 2019, а уште повеќе македонци што работат/сакаат да работат со IT. Запрепастувачки е процентот на млади луѓе кои не знаат да зуцнат англиски.

    Нетцетера е 1 фирма од десетици странски и локални подружници на странски фирмулиња..плус се отвараат нови стартапи/цедалки секој месец. Почетна ако се мисли на 1 месец да видат дал има благе везе чоекот и може да се уклопи ок, ама кај нас почетната знае да остане трајна, затоа се повеќе луѓе бегаат/работат фриленс и затоа не треба со тој мајндсет да се пристапува.

    Човек што сака да научи и од тоалетна хартија да чита ќе знае подобро од некој што фрлил 10к евра за ,,академија“ а не се појавил на предавање.

    Мои два динари:
    350е почетна плата за web dev е навреда и самозаеб според мене. Самите фирми (ако се квалитетни) ќе се сомневаат во сериозноста на кандидатот, особено поради фактот дека нема многу девелопери на лагер што би работеле тука. Разбирам дека редовно се злоупотребува лошата финансиска состојба ама со прифаќањето на нереални плати за високо стручни позиции сами си одмагате и треба да почнете да споредувате плати со странство, затоа што истата работа што ја правите овде за локална фирма може да ја правите овде за странска фирма и да ве платат дупло ако не и повеќе. Бонус: сами ќе си уплаќате приватно пензиско и здравствено кои и онака се посигурни и подобри од државните во МК.
     
    На turbiny и Zombie им се допаѓа ова.
  14. pecko95

    pecko95
    Intern

    55
    29
    5 Април 2018
    Машко
    Аплицирај на секој оглас што ке го најдеш што е поврзан со web dev - не се замарај многу со специфични барања за конкретното место, поготово што ти имаш познавања од fullstack, јас моментално се фокусирам на front-end само. Или кога им праќаш маил, прашај ги и за пракса успат ако имаат, нема ништо да изгубиш.

    Само да знаеш дека, така ми делува барем, компанииве кај нас малце делуваат несериозно... Ми се јавија од 2 компании, супер делуваат и се e убаво во врска со нив, помали се и би било премија барем и пракса да истерам... ама, ми викаат дојди следна недела на разговор, ке ти се јавиме за термин - никаде ги нема. Или па ме заборавиле :D

    Не губи надеж што се вика, праќај на секој оглас, види на фб во две групи - Сојузен комитет на програмери на Македонија & Работа и вработување во IT сектор - има доста огласи што пуштаат.

    Со среќа, се надевам ке најдеш/најдеме нешто :D
     
  15. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    700
    270
    5 Јуни 2007
    Машко
    На другар мој, од BranSys му се јавија дека е примен на работа, му рекоа наредната недела ке ти јавиме кога да почнеш, тоа беше у декември, еве уште ги нема да се јават :D
     
  16. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    30
    56
    26 Декември 2014
    Машко
    Абе сеа ако имаш искуство па мењаш насока, може и ќе зимаш повеќе како џуниор, али директно од факс или од некоја од академиине, без никаква позадина тешко 500 евра.

    Странски фирми не за џабе отвараат овде претставништва, бидејќи им чукаме за бадијала. И како што реков, ако си спремен и учиш - брзо напредуваш, плус ако сакаш повисока плата и мислиш дека си заслужуваш според скилот, треба да си бараш, а не да чекаш дали ќе им текне да качат нешто.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,294
    1,414
    25 Март 2013
    Машко
    Абе какви 15000, какви 300 евра плата бе луѓе? Не е он касиер во Веро. Се понижувааме пред странците, а после Цацко ни е крив. Знам за 2-3 случаи каде исти фирми за исти позиции со преставништво тука и во Косово/Бугарија исплаќаат за 100+ евра поголеми плати од кај нас.
     
    На Molec и artweb им се допаѓа ова.
  18. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Он е дечко кој гледал јотубе видеа. Не е квалификуван ни за касиер во веро.
    Неќам никого да навредам ама секогаш и во секоја фирма има филтер на квалификација. Прво вработување во ит од гледање видеа со очекување 500 евра плата ...
     
    На elrusius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    807
    393
    12 Април 2017
    Машко
    Стварно мислиш дека од „гледање видеа“ неможе да се научи програмирање? Не би очекувал прво вработување за 500 евра, ама ако стварно учел, сигурен сум дека знае многу повеќе од 50% од студентите кои завршуваат финки или слично.

    БИТЕН ЕДИТ: Не чекај компанија да стави оглас, направи меил листа и прати им ЦВ на сите, и ако можеш би ти препорачал да земеш некој сертификат кој е важеки насекаде, како што се сертификатите на Microsoft. Исто така можеш и да звониш да прашуваш дали им треба работник.

    Мислам дека знаеш дека не треба да бараш 500 евра плата од старт, пошто нема да најдеш никогаш работа. Почни со 300, ако се покажеш за 2-3 месеци може да достигнеш до 500.

    Исто така почни како фриленсер на upwork.com и слични сајтови, ова мене најмноги ми се допаѓа.
     
    Последна промена: 31 Јануари 2019
  20. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    700
    270
    5 Јуни 2007
    Машко
    А добро според тебе треба да помине 6 години на финки, да помине низ шито и решето, залудно да си го троши времето за работи кои што никогаш у живот нема да му требаат нити да ги примени, за да трпи репрессии од некој си комуњарски образовен систем кој што му го силува мозокот со глупости?

    Технологијата и пристапот до информации ги надмина сите традиционални образовни системи, сега повеќе се учи онлајн секаде во светот и се стекнуваат конкретни вештини, кои со солидно портфолио можат да доведад то џуниор работа без проблем. И "модерни" фирми се свесни за тој факт, и се помалку бараат ФАКУЛТЕТ а се повеќе стекнати вештини како квалификација. Човек што си има кликер за програмирање не му треба факултет, може да научи и од курсеви да биде профи, а некој што не му иде програмирањето и 10 факултета да заврши, секогаш ќе биде послаб кадар.

    И да , треба да си бара 500 евра плата, дека треба да пљукаш крф и да ти искочат плускавци од работа за да успееш и заслужиш нешто - овој тренд заврши уште кога заврши и турското ропство.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,178
    6,279
    27 Март 2014
    Копачот и на нива !
     
  22. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    525
    414
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Испрати порака овде со податоци и подетално разработено што имаш направено до сега:
    Home

    Не можам да те агнажирам лично, ама имам 1 место каде што можам да те препорачам.
     
  23. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    667
    609
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Вообичаено муле се приметува по 15тина минути разговор. Секоја сериозна компанија има талент агент кој на прва го проценува кандидатот дали е подобен или неподобен за позицијата. И сум видел многу мулиња со м-р кои делуваат незаинтересирано и се однесуваат ноншалантно. Секој треба да добие шанса, јас шансата ја гледам подалеку од овде.

    Мој роднина пред 3 недели беше доби понуда за DevOps со 550 евра плата без бонуси. Истата фирма во БГ нуди 1400 евра за истата позиција, со еден куп привилегии.

    Мој совет, пробај пракса, земи некој сертификат, аплицирај за БГ пасош и бегај додека ти е време.
     
  24. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,294
    1,414
    25 Март 2013
    Машко
    This! Замарај се ти Македонче дали 1000 денари повеќе да побараш
     
  25. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,099
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Отвори на Апворк профил и почни да работиш.
     
    На elrusius му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...