• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Барам / нудам пракса за Front-end

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Petarys

Intern
28 јули 2009
28
37
Czech Republic
Здраво. Темава нека биде заедничка за сите што бараат или нудат пракса во IT фирми за фронт-енд девелопери.

Конкретно за мене:
Барам пракса. Завршив академија за програмирање но некако немам среќа да налетам на соодветна фирма која ќе ми пружи соодветен тренинг и учење. Во првата фирма кај што бев молев да ми дадат таск или да ми посветат внимание или да добијам нешто за правење, нешто слично беше и во втората фирма, малку вработени и немаа баш време да ми посветат. Значи не ми е поентата само да седам 8 саати и да гуглам работи што би ги гуглал и дома, туку да бидам дел од целиот процес на добивање таскови, учење нови работи и менторство. Ако познавате таква фирма ве молам пишете ми. Не го пишувам ова во групине по ФБ затоа што фирмите кај што бев редовно постираат таму и не сакам да се вовлечам во непотребна тензична дискусија.

Благодарам
 
Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,290
1,367
127.0.0.1
petrov.mk
Во глобала кај сите фирми е слично, не планирај да ти доделат ментор и со тебе да седи 8часа.
Кај нас во фирма со практикантите работиме на принцип, мали таскови, самиот да проба да ги направи а ако заглави на нешто, да добие помош од некој постручен.
Бтњ овозможи ги пораките. :annoyed:
 
Атачменти

artweb

On your way to fame
5 март 2012
1,393
671
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
И јас барам пракса во фирма како PHP девелопер.
Во Семос завршив PHP со MySQL две дивоа.
Долги години работам фронт-енд и пеку глава ми е, сакам да се пресвичам на бекенд ама ми треба тренинг.
Почнав дома да правам некои ситни проечтичиња ама споро ми иде, мислам дека во фирма во работна среднина побрзо би напредувал.

Инаку имам познавања, не сум ептен дудук :)
 
Здраво на сите,

Нов сум на форумов, но тоа не значи дека сум нов во програмирање. Немам диплома од технички факултет (дипломирав на правен во 2007-ма), и сакам да направам кариерна промена. Во 2016-та почнав да се учам сам како да правам веб сајтови со HTML, CSS и JavaScript. Имам направено неколку веб апликации хостирани на Netlify и на Heroku (воглавном од завршени онлајн курсеви) и истите се ставени на онлајн портфолио, а од технологии/фрејмворкс имам познавања од React, Node.js, Express, MongoDB...

Прашањето ми е дали некоја фирма би била заинтересирана да ми даде пракса или пробна неплатена работа имајќи во предвид дека секојдневно ги надоградувам моите знаења и моја проценка е дека за месец дена од сега ќе можам комплетно самостојно да работам на некој реален проект. Или без диплома ако не факултетска барем од некоја академија за програмирање да не се надевам дека има шанси да ме викне некој на интервју? :)

Ви благодарам однапред на сите што ќе одвоите време да ги споделите вашето мислење и/или совет.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
111
206
Скопје
davorminchorov.com

Додека бараш пракса / работа, освен тоа што си изградил проекти од курсеви, можеш да си направиш и некој твој проект со технологиите што ги знаеш. Јас лично би ти препорачал да си направиш еден личен сајт и блог за почеток, каде што ќе можеш да ги експериментираш знаењата и да учиш додатно. Со тоа што имаш сајт, ќе покажеш на луѓе дека навистина знаеш нешто и си научил колку толку и ќе те одвои од конкуренцијата.

Можеби ти звучи глупа идеата, "ај бе што ќе ми е сајт, лесно е тоа" ама не си свесен колку работи можеш да научиш ако имаш некаде каде што можеш да експериментираш и плус да научиш нешто што се бара а не секој го знае тоа, после тоа можеш да го искористиш при технички муабет од типот "Изградив REST API и го врзав со LinkedIn, па од Linkedin ги влечам промените од профилот и си ги покажувам на сајтот, за тоа користам queue бидејќи процесот знае да биде спор. Исто имам работено и со Twitter APIто каде што сите девелопери што ги следам ми стигаат на мојот сајт во admin panel-от и немам потреба да отварам twitter воопшто" и тој што те испрашува ако се разбира ги го гледа квалитетот во тебе, ќе рече "еј интересно, дечково си експериментирал по дома со различни проблеми што најчесто се користат во реалноста", и ќе ти се зголемат шансите за да продолжиш понатаму и скроз да ја скокнеш праксата и да почнеш да работиш и да напреднеш многу побрзо од нормален девелопер.

Исто така можеш да почнеш и некој друг подолг проект што ќе си го работиш во слободно време, некаква покомплексна апликација која што мислиш дека може да ти помогне во секојдневие, чисто за учење на процесите што ќе ги работиш во секојдневие, да видиш како е и со што се ќе се справуваш, ќе прашуваш, ќе се снаоѓаш.

Направи си LinkedIn профил и пополни што е можно повеќе на него, ако немаш сеуште. Таму се сите регрутери. Ако знаеш како да се продадеш, и изградиш CV, наскоро луѓе ќе те бараат тебе, а ти ќе бираш со кој ќе работиш.
 
ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
129
96
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Здраво на сите,

Нов сум на форумов, но тоа не значи дека сум нов во програмирање. Немам диплома од технички факултет (дипломирав на правен во 2007-ма), и сакам да направам кариерна промена. Во 2016-та почнав да се учам сам како да правам веб сајтови со HTML, CSS и JavaScript. Имам направено неколку веб апликации хостирани на Netlify и на Heroku (воглавном од завршени онлајн курсеви) и истите се ставени на онлајн портфолио, а од технологии/фрејмворкс имам познавања од React, Node.js, Express, MongoDB...

Прашањето ми е дали некоја фирма би била заинтересирана да ми даде пракса или пробна неплатена работа имајќи во предвид дека секојдневно ги надоградувам моите знаења и моја проценка е дека за месец дена од сега ќе можам комплетно самостојно да работам на некој реален проект. Или без диплома ако не факултетска барем од некоја академија за програмирање да не се надевам дека има шанси да ме викне некој на интервју? :)

Ви благодарам однапред на сите што ќе одвоите време да ги споделите вашето мислење и/или совет.
Одлично што си се посветил да учиш за да смениш кариера што ќе ти донесе подобар живот, навистина е тешко да напраиш 180степена ротација. Моментално иако поради ситуацијата - корона малку е успорена индустријата кај нас, сепак македонската ит клима е буквално во златна доба. Моментално фирмиве кај нас поради кризата бараат програмери со искуство малце се плашат да вложат време во неискусни програмери за кои ке треба од 1месец до пола година за да видат од нив нешто аир.
Според мое искуство праќај мејл на сите фирми што ќе ги сретнеш а работата технологии што ги знаеш. Кај нас малце тешко со Node, но затоа React се работи многу и дури повеќе од 60% огласите што ги гледам се за frontend - React/Angular и таму мислам највеќе ќе имаш шанси да влезеш.
Напрај си табела во Exel име на фирма, маил, дата на праќање на маил и почни да праќаш маилови.
CV-то среди го максимално, напрај го да личи добро , препорака повеќе од 1 страна да не ти е. Наведи ги технологиите кои ги знаеш, слободно напиши ги и курсевите на веб што си ги пишал како неформално образование (во врска со академииве кај нас.. гарантирам повеќе време и материјал си поминал сам!), Најгоре напиши неколку реченици за себе кој е твојот мотив, и позицијата за која аплицираш. Предходни работи од типот келнер, америка, продавач не ти требаат да ги пишеш не се релевентни. Тебе задача ти е да ги поминеш HR да дојдеш на интервју а таму со самодоверба и решителност да демонстираш квалиети за они да ти дадат шанса и да решат да вложат време во тебе, бидејќи колку и да имаш искуство првите месец време ќе ти треба адаптација.
Во маилот што ќе го пишуваш во неколку реченици престави се и многу битно... НЕ СПОМНУВАЈ ПРАКСА. Нема пракса ќе бараш junior позиција за тоа и тоа, практикант ќе си секако на почеток. Зборот пракса е многу лош им стигаат миљарда маилови од студенти кои доаѓаат по 1 месец за потипис, има лоша контација, ти бараш работа не пракса.
Поради тоа што немаш формално образование поврзано со ИТ, со тие што ќе зборуваш на интервју да не се изненадиш да се однесуваат елитистички спрема тебе, тоа да не те обесхрабува. Ќе бараат од тебе си алгоритмички поткован , не дека некогаш ќе користиш некој од нив ама ако не ги знаеш ќе биде причина да те исфрлат од игра. Побарај на веб од типо 10 најчести алгоритми што ги прашуваат на интервју, земи помини ги ти во Javasrcript.
Извори кај што ќе најдеш огласи за работа:
ФБ група - Работа и вработување во IT сектор
https://kariera.mk/
https://www.finki.ukim.mk/mk/fcse-jobs-internships
Со среќа!
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,611
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно