1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио / Видео Систем за дома - дилеми за опрема

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од ivsss, 6 Мај 2014.

  1. brasica

    brasica
    On your way to fame

    622
    947
    18 Април 2010
    @ivsss,

    прво слушни си ја собата па после види дали вреди да инвестираш во квалитетна аудио опрема. Иначе ништо од муабетот не вреди. Џабе е све.

    Јас имав среќа да ми се „падне“ одлична hi-fi соба. Со NAD појачалце од 2х50W и PSB bookshelf звучници коишто чинат малку над 600 евра добив звук што чичко ми пример не може да го добие сеуште со опрема од над 5.000 евра кај него дома и до ден денес се нервира кога ќе дојде кај мене да послуша музика :)
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,910
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    А како да си ја тестирам собата?
     
  3. brasica

    brasica
    On your way to fame

    622
    947
    18 Април 2010

    Ако ти звучи културно, ако слушаш по некое басче на тивко, а не да звучи како „казан“ тогаш најверојатно е ок :)

    Не можам да објаснам вака.
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,167
    20 Април 2007
    Машко
    Дали се сеќаваш последниот пат кога дојде кај мене како звучеше Лејла од Ерик (во живо концертот) пуштен на сараунд од 250 евра?
    Ако не се сечаваш, во секое време можеш да дојдеш да ти го пуштам пак.
    Слободно земете ги адамот. Ке ги пуштиме да слушнеме како ке звучат они во просторијата.

    Во потполност се скагам со се што кажа освен со ова цитираново.
    Зошто? Затоа што помоќно појачало значи подобар звук. Прво нема лесно да клипува и ке ги "полни" кутиите без никаков проблем.
    Следна работа е тоа што во секоја повисока класа, првично има поквалитетни и кондензатори со поголем капацитет, кои значително влијаат при слушање на погласна музика, односно обезбедуваат постојано доволен капацитет и го пеглаат напојувањето.
    Да не зборам за деловите кои се употребуваат понатака во предпојачалото, операционите засилувачи па се до излезните транзистори, кој најчесто се користат кај Јамаха (сараунд АВ ресивери) додека пак кај другите производители се користат интегрални кола. Се е тоа на еден начин слично, но е многу различно. Генерално тие се разликите.

    Е сега...Ако тргнеме да бираме појачало, ондак стерео или сараунд???
    Гледам одиме наваријанта сараунд. Искрено од понудените опции кои ивсс ги предложи јас не би земал ни едно.
    Би одбрал Јамаха 675, кога веќе ги давам парите.
    Звучници не предложувам, затоа што не го познавам вкусот на ивсс, но за јамахата знам дека ке го покрие целиот спектар и најмеко ке ги свири понудените варијанти од звучниуци.

    Денонот ми беше премногу пластичен, а Харманот повеќе изгледаше добро одколку што свиреше.
    Ги слушав во АЦ на БиВ и на ЈБЛ.
    Истата Јамаха беше пуштена на иста комбинација од звучници и претходните две ги засени со бојата на звукот, брзите и неизразени басови, изразениот вокал и кристално прецизните високотонци.
    Денонот имаше преоштар бас. Харманот незнаев дали треба така да свири или не се совпаѓа во системот.
    Покрај цд-ата кои ни ги презентираа во АЦ, пуштивме музика и од ајфон, на што дури и момакот рече дека е изненаден од квалитетот на звукот. Единствената работа која на Јамахата во целата прикаска и недостигаше беше МОЌНОСТ. Во опсегот до половина, просто за мој вкус ги уби претходните конкуренти, Денонот и Харманот.

    Звучки веќе кажав.
    Има милион, се си сака проба и тип на музика.
    Опрема се купува со ЦД во џеб.
    Слушавме музика исклучиво на ЦД и тоа на Маранц, за да потоа го замениме со друг плеер, не ми текнува што ставивме а и закачивме и ајфон.

    Тоа се моите гледишта.
    Како што кажа @xenon муабети од оваков тип немаат крај и секогаш завршуваат онака како што кажа :)
    Затоа треба да се дефинираат правила при избор...
     
    На Necromancer и psyside им се допаѓа ова.
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,718
    13,086
    2 Август 2012
    Машко
    Многу интересен тест ќе биде ако е слеп. На систем со исто појачало, различни звучници, иста музика - без еквилајзер и тонски контроли.
    Јавете ми ако имате човек кој два пати со ред ќе погоди.

    ФМП
     
  6. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,167
    20 Април 2007
    Машко
    Нема разлика во тие два формати, затоа и ги спомнав, а и ретко кој слушнале за нив
     
  7. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,035
    12 Август 2009
    Машко
    Ај и јас.. ама за попрактичниот дел...
    Во природа (ДНК) му е на секое дете да види што има во звучникот и колку секоја од мембраните е отпорна на притисок..да не кажам вилушка.
    Ако не ви е надмината оваа фаза... полека со купувањето скапа опрема.
     
    На yasho и smole им се допаѓа ова.
  8. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Јасно ми е сето тоа, меѓутоа со фиксен буџет според мене подобро е повеќе пари да се одвојат за звучниците него појачалото.

    Се разбира јако и квалитетно појачало значително влијаат врз звукот, но сепак звучниците се многу побитни од појачалото. Мислам дека нема потреба bookshelf звучници од 500 евра да ги поврзува со ресивер од 500 евра.

    Него поентата ми беше да не купи случајно појачало кое чини 500 евра, а има иста моќност како некое кое чини 300 евра, со единствена разлика меѓу нив, поскапото да поседува релативно непотребни функции како AirPlay/DLNA, iPod/iPhone dock, интернет радио, Wi-Fi, Bluetooth и слично.
     
    На mdeni и SaleSk им се допаѓа ова.
  9. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    @xenon, премногу лесно се откажуваш, далеку е дискусијава од аудиофилска опрема пошто нит барам таква опрема нит па имам потреба за сега од неа.

    Одлична дискусија за сега, AirPlay/DLNA, iPod/iPhone dock, интернет радио, Wi-Fi, Bluetooth најверојатно нема да ми бидат потребни но скоро сите рисивери од почетна/среднка класа ги имаат како опции.

    Сале фала на инфо, одлични совети, YAMAHA RX-V 675 (43.000 ден.) го имам во понудата но некако ми излегува од буџет и затоа не го ни спомнав и некако не ми се свиѓа што има милион копчиња напред и сите влезови му се од предна страна. Би сакал да има што е можно помалку кабли од предната страна. Во секој случај пред да се одлучам ќе направам тестирање и комбинирање на различните компоненти во Аудио Центар.

    Брасица, немам истрениран слух за да оценам но претходниот сараунд систем Samsung со сабвуфер звучеше пристојно со интересен бас и тоа при слушање на радио. Просторијата не е многу голема, околу 30-40 метри квадратни но е со неправилна форма и има столб на едната страна.

    Поздрав,
    Ивс.
     
  10. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,079
    1,458
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    Незнам колку тебе би ти вршиле работа овие, ама јас бев загреан за да ги земам, баш за ваква намена како твојта, филмче, музиче. и чат шат пат гејмање на Xbox, а и не се многу скапи
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,718
    13,086
    2 Август 2012
    Машко
    DLNA е прекрасна функција со која, како што знаеш, можеш да си "земаш" музика од PC-ата и мобилните низ дома. Јас од ова не би се откажал. Дома стримам музика преку Wi-Fi, филмови преку LAN...
     
  12. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    @theMAD, сараунд не планирам, таков само што тргнав од дневната соба.

    DLNA е одлична опција и претпоставувам дека прво неа ја имплементираат пред сите останати, мада не планирам да стримам музика пошто ќе треба да ми бидат запалени милион уреди (компјутер итн) за да може да се стрима музиката или филмовите. Се што ќе се пушта ќе биде од Mede8er плеер во кој има ставено хард диск и сите материјали (филмови и музика) се складираат таму.

    Поздрав,
    Ивс.
     
  13. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    876
    333
    28 oктомври 2007
    Не би согласил со тебе дека сите студиски слушалки се исти и вадат рамен досаден звук.Како прво за да го извадиш максимумот од слушалките треба да пуштиш оригинално цеде или евентуално формат како APE,FLAC никако мп3,изворот да има што подобар DAC но пред да ги направиш овие работи треба да ги оставиш слушалките да отсвират едно 200 саати за да се разработат.Дали од тие што си ги слушал имало модел што има најмалку 250 оми и дали ги имаш слушнато Beyerdynamic DT 880 pro полуотворените?
     
  14. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,167
    20 Април 2007
    Машко
    Паг забегувате со професионална опрема која чини многу многу евра...
    Дајте малку реално гледајте на работите и спуштете ја топката.
    Сигурно не ги слушнал тие, еве јас ке одговорам у негово име, но ја приметил разликата во оние кои му биле презентирани.
    Не забегувајте секогаш кон хај енд опрема.
    Него опрема која ке биде функционална, наменска и ке дава солиден квалитет.
     
    dramallama, JasSum и на mdeni им се допаѓа ова.
  15. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Колку и да сакам да дискутирам за high-end музичка опрема не сум доволно искусен за тоа, а по таа претпоставка одам дека и не ми е потребна. Кога ќе осетам дека сакам "подобар" звук и квалитет тогаш ќе дискутирам и разгледувам што да купам. За сега почетна/средна класа опрема би ми била доволна. За да осетиш разлика во квалитет на звук и музика треба да имаш истенирано уво и секако да уживаш во тоа.

    Сале дава корисни совети, а и imperial (поздрав) мудро збори, со мали деца низ дома никогаш не знаеш што ќе се случи, иако до сега не пипаат по опрема и немаат оштетено ништо никогаш не знаеш кога и дали ќе се случи нешто.

    Поздрав,
    Ивс.
     
  16. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Сале, најконкретни совети за моделите што ги имам одбрано и разгледано добив од тебе, посебно што си тестирал на лице место во АЦ. Може подетално да објасниш што мислеше со коментарот дека YAMAHA RV-X 675 рисиверот немал доволно моќност, иако е надвор од буџет за 20-тина проценти со цена ако е толку подобар избор ќе размислам за купување на истиот. Опрема не менувам често, ова најверојатно ќе се користи 5-10 години така да подобро да купам нешто поквалитетно што ќе ми прави мерак одколку да купам нешто што ќе ме нервира при користење.

    Поздрав,
    Ивс.
     
  17. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,167
    20 Април 2007
    Машко
    Можеби погрешно си ме разбрал.
    Yamaha RV-X 475 не беше моќна во споредба со Денонот и Харманот кога правевме споредба и ги слушавме.
    Затоа јас би одел на варијанта 675, која ќе ги пуни совршено ЈБЛ-ите кои ги пробувавме, а и Бауерот без никаков проблем.

    Доколку си заинтересиран да слушнеш како звучи 6-ка серија Јамаха во комбинација со Мишн звучки, без вуфер, во дневна соба од некој си 35 квадрати, слободно кажи и ке се организираме тоа да го чуеш.
    Мишн незнам дали ке најдеш нови, можеби нешто на старо, но во АЦ може да се најде нешто налик на нив.
     
  18. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,239
    3,621
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Јас ќе се согласам со Сале дека треба практично да се гледа на работите, особено за неистренирани уши.

    Имено, пред 4 години и јас земав нешто за дома, сакав да биде 5.1 surround. Буџетот ми беше околу 1000 евра, на крај завршив со некои ~75.000 (со пуштен попуст од Баки 10%).

    Земав:

    Entry level Denon 1611 или 1610 не ми текнува,
    JBL ES80
    JBL ES25C
    JBL E20
    JBL E150P

    Кога ги земав бев под кирија во стан од 45 квадрата, урлаа по дома, и само таму ги имам оптеретено околу 0 и во позитива.

    Сега се сместени во дневна од 25 квадрати, каде сеуште експериментирам демек.

    Денон-от ми е супер погоден во однос на функции со оглед на цената, но мое мислење е дека не ги исполнува „кулите“. Така и ми беше кажано од АЦ, но немав буџет за повеќе, и онака изгорев. Муабетот беше дека ќе надокнадува вуферот, и така е. Денонот ако не се лажам имаше 5х75, големите JBL се 200 ватни.

    Јас сум многу задоволен, убав чист звук вади, немам можност да ги слушам како што сакам од разни причини. Би додал дека за задните звучници, кои се користат екстремно минимално, да се оди на што поевтина варијанта. Не дека моите беа скапи (~8.000 пар), ама имаат многу мала улога.

    Пред и после набавкава се изначитав форуми и списанија за подесување аудио опрема, кабли, отпори, простории, мебел, и се согласувам со @xenon дека не ретко се разгоруваат големи flame wars на ова поле, но и влијаат многу фактори за да истренирано уво го добие она што сака. Еве еден блајнд тест што го најдов во „букмаркс“.

    Спомнавте процесирања, џиџи-миџи, но Audyssey како го конфигурира рисиверот и дели гласност по звучници е одлична работа. Многу пофина распределба по звучник се добива со истиот вклучен, наспроти исклучен.

    Бидејќи реновирав, каблите се претходно сокриени по ѕидови.

    Еве една слика (толку душа има Nexus 4, особено PhotoSphere) од пред година дена (ве поздрави Роузи!), сега нешто е разместено. Тепих уште нема, деновиве треба да биде. Едно време мерев агли на поставеност, висина, и сето тоа, но со женско не можеш да се разбереше, па морав да ги раздалечам повеќе во однос на централната позиција.

    Rosie says hi...jpg
    ете го и фамозното лаптопче гоинг стронг.

    Маани:

    Мааните во мојов случај се што не го осеќам доволно басот при ниска гласност, но тоа можеби е така бидејќи аутпутот ми беше доста намален, баш пред некој ден го зголемив тој канал и е подобро. Идеално сакам да го сменам рисиверот за некој поснажен модел, но за тоа, понатаму.

    Слушалките AKG K-912, страшно ме нервираат што генерираат шум на кој не обрнав внимание при купување затоа што слушав музика, но за филмови ужасно иритира. Се ублажува до исчезнување, но никогаш да е 100% отсутен. Иначе бркаат одлично работа за работа низ дома, а да не си врзан на кабел. Поклон ми се, па не треба да има замерки, нели? :)

    Сепак ова беше мој прв ваков систем од кој се надевам дека ќе научам некои работи за понатаму да знам што да одберам. Имам слушнато доста „сетапи“, и знам што сакам да добијам, и што ми фали, но тука настапуваат приоритетите во игра :fooled:

    Од пред пола година, односно кога почнаа да доаѓа друштво со деца, звучниците се со поставени „капаци“. Неверојатно се неодоливи за детски прсти и клоци. Не знам моево како ќе го научам, ама ќе се обидам.
     
    На pesimist, omegaRED, psyside и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. pesimist

    pesimist
    Intern

    12
    4
    10 Мај 2014
    Машко
    Значи би препорачал ES80 so ES250p(наместо ES150p) со 5W на канал појак Denon од твојот, за соба 28м2?
     

Сподели

Вчитување...