1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио / Видео Систем за дома - дилеми за опрема

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од ivsss, 6 Мај 2014.

  1. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Следната надградба ми е планирана за опремување дневната соба со средна класа Audio/Video Receiver и 2 звучника. До сега од опрема имам гледано само во Аудио Центар и има неколку варијанти кои ми одговараат со цена/перформанси, секој совет и дискусија од поискусни членови е добредојден. Сетапот ќе се поврзе со Mede8er мултимедијален плеер и од таму ќе се пуштаат и аудио и видео, а понатаму ќе се прикажува на 1 телевизор, во догледно време може да се случи да се приклучи и уште еден извор како Xbox или Playstation. Намената на опремата е за гледање филмови, и повремено слушање музика (рок, џез, амбиентално, не многу гласно), не ми треба нешто што би имало сила и гласност туку предпочитам чист и избалансиран звук.

    Во комбинација за рисивер/појачало ми се:
    Harman Kardon AVR 171 - 31.000 ден.
    DENON AVR-X 2000 - 34.000 ден.
    YAMAHA RX-V 475 - 24.700 ден.

    Ситуацијата со звучниците е малку комплицирана пошто немам многу простор околу комодата за телевизор па така сум ограничен со звучници кои треба да бидат поставени на земја и да бидат широки максимум 23 см. За сега планирам 2 звучника а во догледно време ако има потреба ќе се купи и субвуфер.
    Понудата на звучници ми е (цени за 2 звучника):
    JBL STUDIO 190 - 30.000 ден.
    YAMAHA NS 555 - 29.000 ден.
    KLIPSCH RF 52 - 36.000 ден.

    и како опција која е многу малку веројатна пошто излегува многу од буџет се
    Bowers & Wilkins 684 S2 - 60.000 ден.

    Комбинациите се, Yamaha со Yamaha, Harman Kardon со JBL звучници, Denon со Klipsch или евентуално B&W звучници.

    Ако има некој искуство со некои од производите или препораки би било одлично да сподели. Фала од напред.

    Поздрав,
    Ивс.
     
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ништо од тоа што си пишал :).
    Ќе си земеш некој мал DAC - околу 200е се мислам кај нас, има и варијации од страна... и 2х активни студиски монитори. Зависно од тоа што ти фаќа уво, ги има од 300е па нагоре за пар. Можеш да поминеш за 400-500е се комплет, или веќе ако сакаш сериозен квалитет околу 1200е (па нагоре). Повеќе од ова не ти треба. За конкретни модели ако оваа опција ти фаќа око кажи ќе пишеме, дали јас, дали псај или многу други.

    Бас доколку ти фали во оваа стерео средина, исто се докупува во активна варијанта.

    На овој начин елиминираш квалитет на кабли од равенката, нешто што знае да биде страшна бубачка во глава. Добиваш систем кој е доста компактен, вади феноменален звук, не грее...и едноставно е многу многу блиску до оригиналниот извор односно со она што го храниш.

    Ако веќе сакаш класични пасивни звучници, тогаш добар сетап ти е Rotel комбинација од preamp/amp. Или NAD варијанти. Со друго не сум имал искуство.

    Тие модели што си ги пишал се џабе пари фрлање според мене. Многу електроника, многу зезалици, на крај звукот страда.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    4x JBL LSR308/LSR 305...thank me later :D
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Постави многу комплексно прашање...
    Ова прашање повлекува и многу различни видувања и одговори.
    Првично:
    Доколку имаш потреба конкретно за она што ти е наведено во барањата, во тој случај би ти препорачал да одиш на хоум синема варијанта, каде што имаш комплетен сараунд на кој можеш да ги приклучиш сите овие работи.
    Зошто? Првично затоа што цената ке биде многу пониска, а нивото на гласност ке биде сосема доволно.

    За да одиш на поскапа варијанта, односно како што викаш средна класа, сите овие наведени погоре елементи, спаѓаат во ниска класа.
    Средна класа некаде одприлике можеш да ја сметаш Јамахата која почнува на 6-ка.
    Друг момент е тоа што ако одиш со ресивер за сараунд, тоа си повлекува и сараунд звучници кои треба пред се да бидат одбрани и укомпонирани.
    Систем од 10 000 евра кај тебе може да свири полошо од систем кој чини 500 евра. Значи нема правило и нема точно дефинирана компонента во одредена просторија.
    Ако сакаш да одиш на првичните понудени опции, односно Јамахата од серија 4, во тој случај би ти препорачал да поминеш и во ЗЕЦ да ги разгледаш можностите кои ке ти ги понудат и таму. За скоро иста сума можеш да земеш Пионер ресивер и комплетен сараунд од Јамо.
    Значи ако ја отфрлиш првичната варијанта од хоум сараунд, од типот на ЛГ, Самсунг и слични.

    :)
    Па?
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    4* за во дневна? Нема потреба...

     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    A7x/JBL LSR305/308, ќе вртат кругови околу горенаведените звучници. Буџет варијанта ти се JBL-от, ако сакаш квадрофонија, пробај 4x A3x + Adam sub7.

    Ако ти е доста стерео сетап, тогаш A7x или JBL LSR308.
     
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Зошто си го залажувате повторно паметот со студиска опрема?
    Човекот побара добро решение за во дневна соба.
    Се тоа што го пишавте е излишно за соба поголема од 4 квадрата и џабе фрлени пари доколку не работиш со продукција и снимање на музика.
    Едноставно нема сврха.
     
    На moongose, olikomerc, dramallama и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,610
    3,356
    24 Септември 2012
    Harman Kardonot и Denonot се одличен избор, а со твојов пост гледам дека си тргнал во вистинската насока. Што и да земеш тешко е да утнеш за класата во која целиш. Од звучниците, мислам дека РФ 52 е изборот кој се бара. Добра цена меѓудругото. Пробај ги, но мислам дека овие ќе испанат на крајот како избор.

    Многу убаво срочено.
    [​IMG]
     
    На Gogzy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    А7X се монитори со 100W RMS појачало (бас) како и 50W RMS твитери. Истите достигуваат 114dB, и се далеку од неспособни за дневна соба од 4 квадрата, ќе напунат просторија далеку поголема од 4 квадрата, имаат неверојатен оутпут. Можете да ги слушнете во Артист, ако не сте имале можност до сега...
     
  11. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Се согласувам со SaleSk во целост.

    Кога пазарев слушалки, во Артист ги изгњавив дечките да ми пуштат десетина парови. Сите студиски слушалки даваа рамен (flat) звук кој што беше екстремно досаден. Сите Hi-Fi слушалки кои ги пробав дадоа многу забавен и интересен звук. Откако го увидов тоа, ги замолив да истестираме неколку студиски и Hi-Fi звучки. Резултатот беше ист.

    Јас незнам што толку се клањате во студиски монитори од 500-1000 евра, кога звукот што го даваат иако е прецизен до јаја, е ептен досаден. Никогаш не би ги купил тие Adam A7X и слични за домашна употреба и генерален мултимедија ентертејнмент. Одвратни се.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    Секој со свој вкус, или невкус во случајов :D
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Sephiroth, глупа логика искрено, ако е така, сите слушалки да користиме а? Одиш на концерт брате, делиш на влез блутут слушалици на сите и можеш 10000 луѓе да ги стаиш да ѕенѕаат и да се тресат а над нив да има пензионерски дом и куп заспани старци :). Дај жити се, флет звук имале. Имаат реална репродукција, каков ти е изворот тоа слушаш. Сакаш варијации, уштекај еквилајзер и бои го звукот. Сакаш добар звук - симни sacd / flac или слично па пуштај.

    П.с. Во Артист, сите монитори се врзани на безвезно усб контролерче од 2000 денари, некој Behringer мислам беше.

    [​IMG]

    http://www.amazon.com/Etymotic-Rese...=UTF8&qid=1399387699&sr=8-6&keywords=etymotic

    Price: $299.00.

    Звукот е бранова функција. За да постигнеш квалитет што го нудат на пример едни добри студиски слушалки (AKG на пример, К серија) ти треба 10Х повеќе да платиш ако не и повеќе истото да го добиеш во монитор варијанта. Многу параметри се во игра, ако ја ставиме опремата на страна, тука е собата, типот на ѕидови/материјал/распоред на косини/висина на тавани, паркетот, мебелот итн итн.

    Јас не сум воопшто задоволен од surround ресивери, едноставно немаат поента денешно време кога имаме куп влезови на телевизорот. А за сараунд озвучување, ако немаш претходно решено инсталација за кабли, откажи се уште веднаш, освен ако не сакаш да гледаш жици како ти се влечат кон задните / страничните канали и жената не те пцуе / или ти неа кога некој ќе се утепа или нечиј скап звучник ќе заврши на земја :)
     
    На Audiofil и psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    Во Артист се тестира во соба со најлоша акустика во историјата.
     
  15. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    SACD by Sony, или DVD Audio by Panasonic.

    На времето го викнав @psyside да слушне како звучи овој формат кај мене дома (незнам ни дали имаше претходно счушнато за такво нешто до тогаш), на комерцијална опрема, и звучници хоум мејд...Поточно на Kenwood AV ресивер, Panasonic DVD кое подржува DVD Audio формат (http://en.wikipedia.org/wiki/DVD-Audio) нешто многу поразлично од ДВД, туку само така се вика.
    Ретко кој има слушано музика снимена на оваков формат, SACD, а FLAC е нешто поново, помодерно, а сега вие споредувате студиски монитори.
    Еве, може да се направи и тест. Ке ги ставиме Адамот во дневна од 20 до 25 квадрата и најефтин двд сараунд од 7000 денари.
    Да погаѓаме што ке свири подобро?
    Или да тестираме?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    Сале ти си ми комшија и на некој начин и учител, од тебе сум научил еден милион работи, и те ценам како вистински познавач на хардверот од секој можен аспект. Но последната реченица за тестот не ти ја разбирам? сериозен си?

    Еве ако сака Xenon, бидејќи јас веќе ги немам A7x се нафаќам одма.

    Упс, можно е погрешно да ти го имам разбрано постот, те интересира да чуеш како би звучеле во компарација, или сакаш да посочиш дека сараундот ќе звучи подобро?
     
  17. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Погодив нерв изгледа. Студиски монитори не се за уживање во музика, филмови и игри по дома. Досадни се. Студиски монитори се за тестирање на музика во студио.
     
    На Enforcer_ и mdeni им се допаѓа ова.
  18. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Одлична дискусија, фала на сите за мислењата.

    Од дневната тргнав 5.1 систем на Samsung со ДВД плеер и појачало во него, милион кабли и чуда не ми требаат, а и немам опција да поставам адекватно сараунд и кабли низ цел простор. Иако активни монитори звучат примамливо (може да земам еден пар JBL LSR 305 за да ги ставам на компјутер на работа) сепак сакам да направам систем со пасивни звучници, A/V Receiver-от е во комбинација пошто ќе се пуштаат филмови bluray и да бидат соодветно поддржани сите формати. Сила многу не ми треба па така мислам дека и некои 5 х 75 или 5 х 85 вати ќе ми бидат сосема доволни. Во Аудио Центар ми понудија да поставиме неколку варијанти и комбинации, тоа да се истестира/испроба на лице место пред да се одлучам што би купувал, одличен пристап и квалитетна услуга од нивна страна до сега. Незнам како би се вклопиле во целата приказна Monitor Audio (ги има во Алфа Аудио) пошто имаат звучници кои ми одговараат и по цена и по карактеристики.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    На dramallama и mdeni им се допаѓа ова.
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,752
    27,434
    4 Септември 2008
    Не, тоа е мит. Студиски монитор - реална снимка - оргинална верзија на музиката која ја слушаш. Хај фај - разубавена верзија со обоени тонови.

    Секој со свој критериум, и преференца, но има еден мал момент, хардкор хај фај луѓе кои ми се комшии, ги слушнаа A7x и беа запрепастени, мониторите се перфекција и високо оценети глобално од луѓе кои се мераклии на хај фај, како и оние кои обожаваат реална репродукција. Муабетот дека се само за во студио не е точен, сакаш да ми кажеш дека кога некој бенд прави музика, ја прави за у студио да ја слушаат?
     
  20. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    :) Ја се повлекувам од темава, теми околу аудио се колеж, амд-вс-интел, ати-вс-нвидиа може вода да им носат на аудиофилски дискусии :).
     
    На G4M3R и psyside им се допаѓа ова.
  21. smole

    smole
    Unstoppable

    3,191
    3,705
    18 Април 2007
    Рзгледај и Монитор Аудио во Алфа Аудио во стариот Капиштец.

    За 30.000 ќе земеш Silver serija bookshelf звучки.
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,833
    26,040
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Кога ќе ми дојде денот за абгрејд ова
    [​IMG]

    ни ВАТ послабо.
     
  23. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Многу убаво го сумираше ова. Неможам да зборам за другите, ама јас кога слушам музика сакам да ми биде по ќејф, онака разубавена со обоени тонови, да си ја слушам песната и да се забавувам, а не да чујам реална снимка и да кажам "Ууу браат, која нота ја извади, оваа стопосто е д-мол на 16та скала, со стратокастер за фендер од 300 џиџавати!" или "Е! Баш у втора минута и 31 секунда од песната слушнав краток шум, некој у студио отворил ќесичка чипс изглеа!" :D
     
    Стап, G4M3R, Enforcer_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Само што сакав да прашам каде се Monitor Audio во дускусијава, ама еве ти ги спомна. Бидејќи и јас сум во слична ситуација како тебе (можеби нема во најскоро време да правам надградба, но разгледувам понуди), сакав баш да ти ги спомнам. Најубаво да ги слушнеш (јас би почнал од BX2 серијата, прилично се крева џева по интернетов за нив, и се прилично ценети). Препорачуваат во комбинација најчесто Yamaha ресивер. Ако случајно ги слушнеш, би те замолил да споделиш мислења. Со среќа.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Ако примарната намена ти е за гледање филмови тогаш separates ти е многу подобра опција од активни студиски монитори, бидејќи вистинскиот начин да се гледаат филмови и играат видео игрици е со surround звучници.

    Можеш и со активни студио монитори да извадиш 5.1 surround, меѓутоа секој звучник во себе си содржи појачало, а со тоа и посебни кабли за струја за секој звучник посебно.

    Местото на студио мониторите им е на биро, не во дневна соба наменета за мултимедија.

    Многу поелегантно решение е посебен AV ресивер со пасивни звучници.

    Моја препорака е да не купуваш многу скап ресивер, бидејќи немаш потреба од премногу моќно појачало за помала соба, за детални bookshelf звучници можеш и со поефтин ресивер да поминеш и строго избегнувај ресивер со голем број релативно непотребни функции, бидејќи значително ја креваат цената на ресиверот.

    Се што ти треба од функции моментално е најмалку HDMI 1.4 поддршка за 3D и DTS-HD Master Audio / Dolby TrueHD за некомпресирано surround аудио.

    За звучници исто и јас ги препорачувам Monitor Audio Silver серијата, зависи од тоа колку ќе заштедиш од ресиверот можеш и веднаш да купиш subwoofer или Xbox 360 / PS3 конзола.
     
    Necromancer, makaramkd, dramallama и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...