• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.505
5.203
Skopje
Некој да ми каже троа нешто (по можност од сопствено искуство) за HECO?
Најдов дека се нативно германски бренд, сега во сопственост на VOXX (како и многу други звучни имиња од аудио миљето, Acoustic Research, Jamo, Klipsch, Magnat и најсвежо банротираниот Onkyo).
Гледав нешто по YT ревјуа, има поделени мислења, а во последнио време се вртат доста по огласи, за сена на едни JBL или Jamo. Да знам за што бренд се работи во случај да налета нешто...
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
Ич не гледај YouTube „тестови“ ако немаат да покажат измерена амплитудно-фреквенциска карактеристика - тоа е чисто губење време, ништо корисно нема да дознаеш. Побарај тестови со мерења кај германските списанија и веб портали.
Општо гледано, Heco е ОК фирма.
Купување звучници на старо, по огласи, е според народната мудрост „купување мачка во вреќа“.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
При чистење ми се скрши задниот дел од звучникот. Си работи ама не можам пак да го закачам на држачот. Пошто не ми се верува некој да го поправи тоа делче(не знам но дали може) дали имате препорака за држачи (некои по можност попрактични и полични од овие што ги имам)?
 
Атачменти

  • 20220529_142619.jpg
    20220529_142619.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 72
  • 20220529_142417.jpg
    20220529_142417.jpg
    1,8 MB · Прегледи: 72
  • 20220529_142427.jpg
    20220529_142427.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 70

InSides

Practice makes perfect
21 февруари 2009
416
1.058
Отчепено е дрвото?

Ако е, треба да се санира кутијата - особено затоа што звучникот виси на тоа место. Изводливо е, но можеби ќе треба некој да го растури звучникот. Во секој случај размисли за тоа особено ако е нарушен структурниот интегритет на кутијата.

Тоа треба да е иверка, што значи дека може да се санира со комбинација на дрвен лепак и струготини или евентуално цианоакрилат, но во комбинација со спреј "забрзувач" (обично столарите ги користат).
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Нема бегање од мајстори:mad:
 
InSides

Practice makes perfect
21 февруари 2009
416
1.058
Не мора со мајстор. Можеш и сам. Не е некоја компликација.

Отштрафи ги драјверите од предна страна и полека извади ги без да го пореметиш изолациониот материјал внатре. Треба да ги извадиш само за да можеш да го притиснеш и од внатре оштетеното место.

Потоа направи смеса од струготини и лепак и само пополни го местото.

Попрскај со спрејот за активација и притисни за да не се деформира кутијата.

По 24 часа, врати ги драјверите.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Стави поголема шајбна или нешто да се проба со Poxipol.
ff1077a3b629494b40f38292f0863f41.jpg

Вака нешто мислиш? Да тоа би го решил проблемот ама дали е безбедно да го бушам звучникот?
 
krema

Epic
24 јуни 2009
13.361
12.887
youtu.be
Не мислев баш така, мислев каде што е постоечката шајбна да додадеш поголема.

20220529_142427.jpg
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Земав од Алфа Аудио нови држачи со стеги. Ем поубави ем посигурни.
Ај малку да споделам искуство со аудио продавниците. Прво бев во До Ре Ми каде постар човек кој го мрзеше да живее ми рече дека немаат такви држачи иако ги има на сајтот и не се замараше многу да ми објасни или каже нешто друго.
После бев во Аудио Центар Болин од каде и ми се земени звучниците и таму немаше држачи (такви акесосари имаат многу малку) ама имаше интересно предавање за држачите и звучниците и така натака (позитивно искуство). Па отидов во Артист во Капиштец и таму немаше вакви држачи (имаше други) ама продавачот беше љубезен ме упати да проверам во Алфа Аудио. Во Алфа Аудио исто љубезни најдоа два вида вакви држачи (изгледаа дека имаат доста роба), анализиравме се и донесов одлука. :)
 
Последна промена:

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
3.038
1.751
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
шо беше предавањето? :)
Добро јас така го сфатив како предавање ама беа технички информации за кои јас немам поим во однос на бушењето на звучник со мали штрафови, па ако може да се буши на самата кутија (надворешните делови) а не на шпер плочата, па да се отвори задниот дел да се провери дали има допир со кабли, па дека повеќето вакви мали звучници имаат вградени држачи кои идат со звучникот (мојот немаше), а мал дел имаат метални делови за закачување (мојот има само дупка како за закачување како слика на самата плоча и тоа ја зезна целата работа пошто сепак тежи 3.5 кила што не е малку кога виси на еден штраф).
Имаше и едно како закачалче ми го покажа со топче од Јамаха за да може да го ротираш во кој сакаш правец (овие држали јас пто ги земав имаат 90 степени хоризонтално вртење и за жал само 8 степени вертикално/нагиб). Во секој случај беа љубезни.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
Земав од Алфа Аудио нови држачи со стеги. Ем поубави ем посигурни.
Ем побави и посигурни, ем поскапи, ем со можност за само 8 степени косина. ;)
Јас ги продавам и првите (поевтините) и вторите (поскапите). Disclaimer: покрај другото, јас сум и овластен reseller на Алфа Аудио.
Муабетот ми е: клиентот треба да знае што сака, а ако не знае - да си праша некој што знае. Првите, поевтини држачи овозможуваат вртење на звучникот практично во сите насоки, со косина и до 90 степени. Изгледот (дизајнот) е таков каков што е, но функционалноста е одлична, а и цената е многу прифатлива. Проблемот што настанал со кршењето на дрвенаријата од кутијата не потекнува од држачот, туку од неправилната монтажа (шрафење) на кутијата. Предоцна си прашал за објаснувања како правилно треба да се монтира држач на кутија.
Проблемот со вторите, поскапи држачи е што имаат многу ограничена можност за вертикална косина од само 8 степени, но ако тоа ти врши работа - супер!
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.608
1.773
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Ем побави и посигурни, ем поскапи, ем со можност за само 8 степени косина. ;)
Јас ги продавам и првите (поевтините) и вторите (поскапите). Disclaimer: покрај другото, јас сум и овластен reseller на Алфа Аудио.
Муабетот ми е: клиентот треба да знае што сака, а ако не знае - да си праша некој што знае. Првите, поевтини држачи овозможуваат вртење на звучникот практично во сите насоки, со косина и до 90 степени. Изгледот (дизајнот) е таков каков што е, но функционалноста е одлична, а и цената е многу прифатлива. Проблемот што настанал со кршењето на дрвенаријата од кутијата не потекнува од држачот, туку од неправилната монтажа (шрафење) на кутијата. Предоцна си прашал за објаснувања како правилно треба да се монтира држач на кутија.
Проблемот со вторите, поскапи држачи е што имаат многу ограничена можност за вертикална косина од само 8 степени, но ако тоа ти врши работа - супер!
Да, косината е многу мала и знам дека звукот што треба да го добијам ќе биде ограничен (спец. ефекти од филмови). Старите држачи уште стојат така да ништо чудно да ги оставам и да ја избушам кутијата (или на рабовите или на самата дрвенарија) па да продлжам со старите. Проблемот е и што многу брзам и се премислувам :)
 
InSides

Practice makes perfect
21 февруари 2009
416
1.058
Новите држачи делуваат структурно солидни, се надевам ќе ти завршат работа.

Но би те поттикнал да ја санираш штетата на кутијата - чинам ќе се прошири и ќе направи структурен проблем.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
Старите држачи уште стојат така да ништо чудно да ги оставам и да ја избушам кутијата (или на рабовите или на самата дрвенарија) па да продлжам со старите.
Проблемот е и што многу брзам и се премислувам :)
Овојпат полека и внимателно - прво задолжително затвори ја дупката од оштетеното со смеса од дрвени струготини и лепак за дрво. Или, со „градежен лепак“ (во туба), што е поедноставно и побрзо.
Туку, нешто ме буни - на фотографијата гледам само една дупка за шрафот (т.е. само едно дупкиште од оштетеното)!? А каде е втората дупка (држачот има две/четири дупки)?! Ако звучникот бил зашрафен на држачот само со еден шраф, тогаш тоа е голема грешка! Уште повеќе, бидејќи дупката за шрафот е на средина, произлегува дека плочката од држачот го блокирала отворот од бас-рефлекс цевката!
Klipsch R-14M на задната плоча има една дупка-лежиште за глава од шраф, за закачување како слика (патем, тоа е голема глупост, бидејќи така се блокира бас-рефлекс отворот!). Тој начин на монтажа може да функционира без структурен проблем за задната плоча само ако звучната кутија е вертикално поставена. Ако кутијата е поставена под некој агол (како на фотографијата), тогаш на издлабениот, механички ослабен дел од плочата делува дополнителна сила таму каде не е предвидено - и несреќата е неизбежна! Правилен начин на монтажа (во твојов случај) е кога плочката од држачот е хоризонтално поставена (над бас-рефлекс отворот!), и зашрафена со четири шрафови.
 
ksimon

Gaining Experience
29 април 2011
405
217
Здраво дечки. Сакам да апсолвирам тема - домашен сетап. Во моментов во дневна имаме: Sony 55XD8505 TV, појачало AIWA AV-NW 30 (купено со прва новинарска плата во 2002 година :) Aiwa AV-NW30 Audio Video Receiver Manual | HiFi Engine, дакле 75вати по канал, 8 ома импеданца, другото не го разбирам :) Звучници има(в) JAMO, jamo a210pdd 5.1 home theatre specs - Google Suche од кои останат ми е само еден, пошто женава по свему судечи ги има фрлено другите, као сметало демек, а за коешто не сакам да се потсетувам за да не ми рипне притисок :) Е сеа, питање ми е: Дали да го задржам појачалото, (јер има добри карактеристики и не глеам потреба од појако за 50тина м2 ) и ако да, зошто би било тоа, а за звучници барам совет/мислење/препорака за конкретни. Од тоа што изгуглав, ми требаат барем дупла јачина од таа на ресиверот, т.е. ваљда некои 150 ватни. Значи, ЈАМО-то беше сараунд систем од центар, два предни и два задни звучници, сите со исти спецификации (како на линкот), плус сабвуфер кој сеуште го имам и дава одличен 50 херцен бас, иако понекогаш знае да затаи, но тоа се случува заради потенциометарот, на којшто најверојатно му треба онакво подмачкување, како ли веќе се вика, со оној спреј за такви работи:) За волја на вистината, не сум си на јасно за што повеќе би го употребувал, дали за филмови или за музика. Исто така, сакам да ве прашам , а воедно и да споделам искуство за еден аудио формат, се вика Audio DVD и пред 17 години режевме ДВД-ја на кои стававме мп3-ки, а звукот од сетапот беше нешто незаменливо и воодушевувачки. На многу оскудни информации наидувам во однос на тој аудио формат , и мислам дека е нешто што секој што барем малце сака и се разбира во музика, МОРА да го доживее тоа музичко искуство!
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
Ако не ти треба за филмови, туку само за слушање музика, задржи го рисиверот Aiwa и купи си еден пар звучници... ама тука почнуваат проблемите. Бараш совет за звучници, а не кажуваш колку пари мислиш/можеш да дадеш за нив?! Е па како тогаш да ти дадеме препорака за звучници?!
Не ти требаат звучници од 150 W (дупло појаки) - доволни ти се од 100 W, само терај ги со усул (на оние кои не се однесуваат културно со звучниците, им прегоруваат звучници и од 500 W).

Ако мислиш да уживаш и во филмови, купи си нов surround receiver. Новиве телевизори имаат само HDMI конектори, што твојот (пра)стар рисивер Aiwa ги нема.

DVD-Audio форматот има(ше) можност за резолуција од 24 бита со 192 kHz фреквенција на семплирање, што е многу подобро од стандардното CD-audio со 16 бита и семплирање од 44,1 kHz. Ама ако си режел MP3 на нив, тогаш не си доживеал вистинско музичко искуство...
 
Владимир, фала. Ѕирнав и малку погоре, гледам дека имаш напредни знаења во аудио сферата. Дали Aiwa е да речеме исто со некој друг бренд? ВО смисла, дали е исто по музички карактеристики со еквивалентно по снага, на пример Yamaha, Denon, итн, или има разлика? Друго. Телевизорот верувам има свое појачало. Звукот од него е многу солиден, дури зачудувачки. Секако, не е доволно јак ,ни прецизен, во среднотонците и басовите, за да може да задоволи вкус на, речиси, аудиофилско уво. Меѓутоа , на ТВ-то видов опции за безжично поврзување на сабвуфер, саундбарови и звучници, па се мислам да направам некаква таква комбинација, да го вклучам и него во аудио амбиентот во дневнава. Секако, обавезно морам да купам и ДВД плеер, за да слушам АудиоДВД формат. Уствари и тоа прашање те молам подобјасни ми го, јер не сум сигурен дали мора изворот да биде ДВД, или тој формат можам да го слушам и другачие. Колку што памтам, мораше да биде на ДВД медиум ставено. МП3-ките што ги бевме снимале на ДВД, беа со беспрекорен звук, не ги памтам точно фајловите во смисла на битрејт, итн..семплирање, но даваа незаменлив и неверојатен опкружувачки звук на секој од петте звучници во просторијата. Значи, не знам кој како мисли на оваа тема, знам дека аудиофили сакаат само стерео, и бла бла, не признаваат сараунд и слично, ама јас све што ќе слушам, ќе слушам само и исклучиво во АудиоДВД формат. Дури и сум на ниет истото да го направам и во кола.
Околу пари, па..еве да речеме планирам да потрошам не повеќе од 500 евра. Нешто ѕирнав на нет, има многу евтино, а квалитетно озвучување , за разлика од порано. Не сум се бавтал со темава 20 тина години. (Време лети! А и Штуке ;) Знам дека има и Wharfedale, Klipsch, Q Acoustic и цела редица поскапи звучници, но не сум сигурен за оправданоста на цената, не заради што не се вредни за парите, туку зашто конкуренцијата очигледно не спиела во последниве 2 децении, па има многу " no name" брендови, кои се исклучително квалитетни, некои дури и со исти па дури и поквалитетни материјали од кои се изработени звучниците, а далеку поевтини од бренд аудиото. На мене е да истражам и решам, на вас е да ми помогнете во изборот :) Убав ден.
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
1. Рисиверот Aiwa е (беше) поевтин од Yamaha, Denon, и разни други брендови. Колку пари - толку музика.
2. Телевизорот има свој засилувач (за да ги погонува звучниците вградени внатре), ама тој е далеку од аудиофилско ниво. Освен тоа, немаш ни пристап до тој засилувач - тој директно е врзан на интерните звучници во телевизорот.
3. Новите ТВ имаат можност за безжично поврзување, но она што единствено вреди е поврзување преку HDMI со кабел. Сите нови (и не толку нови) surround рисивери имаат HDMI конектори.
4. DVD-Audio и SACD форматите не се пробија на пазарот и се осудени тажно да живуркаат на маргините од аудио светот. Фабричко снимени содржини во овие формати се малку на број и тешко се наоѓаат.
Под „АудиоДВД формат“ веројатно мислиш на Dolby Digital или на Dolby ProLogic. Ама повеќеканална музичка содржина во овие формати исто така тешко ќе најдеш - тие формати се наменети пред сè за аудио содржината на филмовите.
5. Извор на музиката може да ти биде DVD плеерот, но може да биде и радио, но серизно размисли да се претплатиш на некој стриминг сервис (Qobuz, Tidal, Deezer, ...), со исклучок на Spotify.
6. За 500 евра можеш да купиш само еден пар добри звучници (за обично стерео слушање), на пример Elac DBR62. Сабвуферот што веќе го имаш можеби може да ти послужи за уживање во филмовите.
Јас не сум чул за некои no-name брандови што се „исклучително квалитетни“, а познавам навистина голем број на фирми за звучници. Совет: не фрлај залудно пари на no-name брендови (ако навистина се no-name, а не некои познати за кои ти не си чул), тие не вредат ништо, купи си звучници од проверени фирми - но само отако ќе ги најдеш тестирани и измерени (!) во некое списание или веб-портал, бидејќи и познатите брендови знаат да направат катастрофални грешки со некои нивни модели на звучници.
 
У меѓувреме ѕирнав на нет. No name се само за мене такви, пошто сум застанат у времето у касни деведесети. Сосема очекувано си постојат и други, за кои никад пре чуо, а за волја на вистината ни како помлад имав оскудно познавање на аудио брендови,још мање околу конфигурација на еден звучник. Имаше едни, нешто имаа врска со Ниш, имаше еден другар, и стварно добар звук, али толку од мое искуство. Од прва плата земав тој сетап, и тоа беше влегување во некој од салониве, Техномаркет мислам, на влез ставен сетапот со цена, гледам имам таман толку, викам пакујте и до ден денешен истиот тој. За ДВД Аудио, со сигурност тврдам дека снимавме обични ем-мпе-тројки на ДВД медиум и кога го ставав двд-то у плеер, не можев да се изначудам на тоа што го слушав! Сакам да го чујам истото од тогаш, одма ќе го препознаам моментот. За Блутут варијантите интуитивно знам дека не се врв квалитет, али ипак се практични. Нејќам моткање кабли, а у моментов реновирам и не ми текна да направам посебна инсталација за звучници. Како и да е, има огромен избор ко што гледам, што нови, што половни. Неам доволно познавање, а ни време да апсолвирам све што сакам на оваа тема. За да не одолговлекувам, ќе одберам нешто побрзо, се надевам дека новинарска интуиција ќе ми помогне да одгонетнам што е добро, а што фејк. Фала ти за исцрпните одговори, штом се ослободам ќе побарам моделот што ми го препорачуваш. Ако имаш слободно време, додај уште некој модел во препораките, да пробам да најдам. Наидов на некој белгиски бренд LTC Medison, ги имале пред некое време у Зец Електроникс, ќе видам рецензии и ќе прашам дали имаат уште. Секако опција се и користени. Јер ако се користени ко ја моиве, ги рачунам за нови! У 20 год вкупно 20 пути вклучени. ХДМИ знам, Аивата нема, али има све друго, оптика пред се'. Поздрав! И не е лошо да ѕирнам по темава што сте збореле претходно, гледам дека задњи период се зборело за монтажа на ѕид. И да, сеа ми текна, мислење за In-Ceiling? Така се викаше мислам. Ми се свиѓа идејата, не знам дали е комплицирано за реализација. МАда имам десетина струјни позиции у дневнава за мали амбиентални светла. Знам дека нема везе со обична струја, али колку да си кажам, да не нешто не знам, а вие да :) АЈде...
 
Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
206
449
Тие звучници „из Ниш“ најверојатно биле фамозните Ei (Elektronska industrija - Niš) „HSR 140“, кои се прилично лоши, иако тогаш ти се чинеле како нешто феноменално. Јас направив модификации на нивните свртници, после кои звукот веќе може да се рачуна како вистински hi-fi. Ако те интересира повеќе за тие звучници и како да се подобрат, види овде:
Операциона сала: Подобрување на звучникот Ei HSR 140 (1)
Операциона сала: Подобрување на звучникот Ei HSR 140 (2)
Операциона сала: Најстариот Ei HSR звучник
Операциона сала: Модификација на звучникот Ei Radio Akustika
Операциона сала: Модификација на звучниците HSR 140 со два баса

За „ДВД Аудио“ - секој DVD плеер може да репродуцира MP3 снимки, ама тоа не е „DVD-Audio“ формат, а не е ни со аудиофилско ниво.

Не ја разбирам оваа мода со Bluetooth - демек, немало кабли!? Арно ама - секој активен звучник мора да има кабел за струја! Пак кабли! И, каде е тука заштедата во кабли?

Не се наслонувај на новинарската интуиција, во техничкиот свет важат други закони и интуиции.

„Брендот“ LTC/Madison/Ibiza има врска со Белгија колку што магаре има врска со музика (според онаа народната). Не си троши време да читаш рецензии за нив, туку побарај други, вистински брендови.

Добри тавански (in-ceiling) звучници се речиси еднакво скапи како добри класични звучници. Како кабли за звучници може да ги користиш каблите за струја што веќе ти се вградени, но само ако се со пресек 1,5 mm2 или 2,5 mm2.
 
ksimon

Gaining Experience
29 април 2011
405
217
Точно, ХаЕсЕр се викаа :) Другар ги имаше ти викам, а ми се чинеа добри, точно :) Овие Мадисон можам да ги чујам во живо, секако ќе го земам појачалото со мене, само уште да најдам време. Ете на тоа мислев но нејм брендови, никад чуо, а може да изненадат. На крају крајева евтини се, ако ми фати уво, што да не. И пак за АудиоДВД форматот. Не слушавме mp3 data, туку има програм аудио двд со кој ги режевме на двд. Верувај ми на збор, ретко аудио доживување, колку и да си навлезен во браншата. Ако не си слушнал, молим те пробај. Ќе го најдам двд плеерот стар по дома, ќе изрежам едно двд и ќе пуштам. Знам точно за што зборам. И да, за таванските штотуку видов дека се скапички. Тоа со милиметрите ептен не го контам, али ќе ти се обратам у приватна порака за детаљи, за да не го оптеретуваме форумот. Фала ти на ентузијазмот! А и додај препорака, јер тој звучник го нема у Мк, бар ја не го најдов на нет..
Мислењето е автоматски споено:

Ааа, Емитер. Мој наклон! Сега ѕирнав линкот. Епа момци, тука имаме најкомпетентно лице во аудио сферата! Баш ми е мило. Свет компјутера купував со години, Емитер сеуште имам некои изданија негде у подрум, ако не фрлила жената. Ако не се заакав у ЈБТ, сигурно ќе студирав електроника или медицина. Првово е уште поубаво! Јас учев англиски, фонетика синтакса и морфологија, заедно со латински, старогрчки и старословенски, архивистика и библиотекарство, историја на уметност, социологија и логика, а другари корчагинци Фортран, Паскал, Бејзик. И така..сеа ја новинар со платичка, они у Силиконска Долина со ПЛАТА! :) Се шалам, не е само тоа поентата. Туку убава е науката! Креативна, за фини ствари. Новинарството е највише врзано со политика. К..винска посла! Али тоа е, што е. Ај да си купам ја звучки што ќе ме бендисаат, батали другото...
 
Последна промена:

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.505
5.203
Skopje
Т
Ааа, Емитер. Мој наклон! Сега ѕирнав линкот. Епа момци, тука имаме најкомпетентно лице во аудио сферата!
Се прашував до кога ќе го убедуваш Филевски за DVD Audio-то... Ме радува дека сфати кој ти дава совети.
Инаку, за да не биде дека само така ти улетувам, имаш попуст во Pixplus на ELAC Debut 2.0 DB62, 16,000 денари. Ако се bookshelf, звукот им е фантастичен. Ги слушнав пред некој месец, мене ми се допаднаа повеќе отколку Klipsch R-51M во истиот ценовен ранк. Доколку сепак си скептичен на ваков формат звучници и сакаш нешто помасивно, има на форумов член кој продава сериозна користена аудио опрема, dreamson. Оглас 1, оглас 2.
Да се вратиме на твоето искуство со DVD-A, мислам дека повеќе се работи за момент на носталгичност, отколку вистински аудиофилски момент. Бидејќи, без разлика што си користел наменски софтвер за креирање на DVD-A, се додека изворот ти е mp3 или некој друг медиум со низок семплинг, џабе е се.
Алтернативно, размисли и за стриминг сервис како извор на музика. Денес се прави добар минималистички сетап со стреамер и активни звучници за пристојна сума пари.

Фала ти Бањифико. Ми стана јасно со кого разговарам, да. Све сум у трчање наваму ,натаму, ама осетив за каков калибар станува збор. Според твоево горенаведено, не си ни ти далеку, можда не со такво искуство ко Филевски, али секако навлезен во темата. Фала ти за конкретните линкови, тоа уствари е шлагворт на муабетов. Сега ќе разгледам саглам и се надевам во наредниве денови ќе решам што, и ќе го купам . Уствари ете, можеш ли молим те малку поконкретно да ми кажеш у неколку реченици што би бил минималистички сетап со стреамер, а и активни звучници не баш контам што се. Сабвуферов ЈАМО е пасивен, тоа знам, има струен приклучок и кабел за во рисиверот. По таа аналогија, активен би било нешто спротивно, ама не баш разбирам што. Уосталом можам и да изгуглам, најпросто е, мада од некоја причина поразбирливо ми е да ми се каже на форум тука. На крај крајева, макар и да се има комуникација. Увек е боље да се има учесници , иако полека сите се роботизираме користејќи гугл. Ве поздравувам двајцата!
Мислењето е автоматски споено:

Сега ми текна да пишам и ова. Разгледувам и панели за апсорпција на звук. Неодминлив дел во целата аудио приказна е и акустиката. Кога влегувам во радио/тв студио за читање текст, ко да влегувам во друга димензија. Одамна сакам и тоа да го направам по дома, и сега конечно ќе го. Гледам дека и кај нас има фирми што се бават со таа проблематика, но на алиекспрес има добри, евтини, декоративни и практични решенија за домашна употреба, па вечерва ќе нарачам. Ќе ставам сега линк од конкретните што ги намерачив. Исто така, белгиските звучки што ги спомнав погоре ги имаат во Зец Електроникс, со тоа што во моментот на објавата во 2020 биле 12, а сега 15 илјади. Доколку се решат да ги дадат по тогашната цена, дали ви личат за добар избор? И да. Дечкото од Кичево ми е познат од форумов, можда и од ФБ, солидни парчиња продава. Ќе го имам предвид. Исто така, другар пред месец дена купи Klipsch R-620F за 600 евра и е презадоволен, апдејт од ЈБЛ му се. Уште да принаучам за сугестијата на Бањифико за стреамер и мислам дека сум блиску до одлука.
Мислењето е автоматски споено:

Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
42.949
Мислења
889.618
Членови
31.702
Огласи
200
Најнов член
ineslekovic
На врв Дно