• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

DeJaVu

On your way to fame
21 ноември 2010
690
802
Скопје
Не знаев дека во Логинг нудат и да го залемат кабелот. Колку се доплаќа за таа услуга?
loging.png

Ваљда одат на отстапки, па и само со конектор од кај нив и твој кабел можеби ќе ти завршат работа. Можда некој друг имал баш ваква ситуација па ќе сподели.
 

Tegla

Gaining Experience
19 јуни 2014
206
373
Skopje
Tegla's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X + Noctua NH-D15 chrommax.black
Motherboard
Asus ROG Strix B550-F Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 120GB + Samsung 860 Evo 500GB + 1TB WD10EZEX
PSU
EVGA Supernova G2 750W
RAM
2x8GB G.Skill Flare X DDR4-3200MHz CL14-14-14-34 1.35V
Video card
AORUS GeForce GTX 1060 6G 9Gbps
Case
CM Storm Trooper (Window); 2x Noctua NF-F12 pwm (front); 1x Noctua NF-A14 pwm (rear)
Mouse
Benq Zowie EC2-B
Keyboard
Steelseries Apex M500
Audio
Rotel RA-11; B&W 685 S2; B&W STAV24 S2 Stands; B&W ASW608; Audio Technica ATH-M50
Monitor
Dell Ultrasharp 24" U2412M
OS
Windows 10 Pro x64
Ми се зафркна USB кабелот на слушалките вчера, за моја среќа кај 3.5мм конекторот што иде во слушалките. И реков наместо да нарачам заменски кабел од Алиекспрес одма, да пробам да го поправам конекторот (нема што повеќе да го сјебам either-way, а за слушалкиве веќе има диајграм за жичките на нет). Така да ми треба 3.5мм џек. Освен во Логинг, дали може и во друго место да најдам вакво?

Погледнете го атачментот 102657
Побарај позлатен конектор од брендот Tasker во Логинг, потполно исто вака изгледа како на твојата слика со една плава лента на металниот дел. Имам таков ставено на продолжеток од кабел за слушалки, купен и кабелот од кај нив и не ми наплатија за залемувањето. До ден денешен функционира беспрекорно а купен е одприлика пред 6-7 години.
 

bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
369
237
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Прашав неколку страни поназад и никој не ми одговори. Ај да пробам пак :p...што може кај нас да се најде солидно до кај 2000-2500 ден безжични слушаки, преферирам over ear, пошто носам наочари и сакам да ми бидат покомотни. Да може без проблем да се поврзат на тв, со претпоставка дека имаат онакво bluetooth usb стикче за поврзување. Или пак, попаметно би било ear buds, така ќе можам и надвор да ги користам со телефонот. Сигурно за истата цена и поквалитетни ear buds може да се најдат отколку стандардни over ear слушалки.
 

Steam.

On your way to fame
31 мај 2011
891
769
Чаир
Steam.'s setup  
Processor & Cooler
i7 2600 w/CM Hyper 212+
Motherboard
ASRock H61M-VG3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + 2TB WD20EZRX
PSU
Seasonic M12II 520W
RAM
12GB DDR3 @ 1333MHz
Video card
MSI RX570 GAMINGX 4GB
Case
CoolerMaster Elite 335U
Mouse
Glorious Model O (Matte White)
Keyboard
Anne Pro 2
Audio
Creative Play 3 w/ Sennheiser HD 215
Monitor
ASUS VG248QE/Dell 1909W
OS
Windows 10
Прашав неколку страни поназад и никој не ми одговори. Ај да пробам пак :p...што може кај нас да се најде солидно до кај 2000-2500 ден безжични слушаки, преферирам over ear, пошто носам наочари и сакам да ми бидат покомотни. Да може без проблем да се поврзат на тв, со претпоставка дека имаат онакво bluetooth usb стикче за поврзување. Или пак, попаметно би било ear buds, така ќе можам и надвор да ги користам со телефонот. Сигурно за истата цена и поквалитетни ear buds може да се најдат отколку стандардни over ear слушалки.

доста солидни за парите, перфектен seal во уво, а за over ear, не очекувај да најдеш нешто убаво, можеби да побараш по огласи користена опрема, ќе ти се исплати повеќе, вака инаку под 4-5к не ни гледај за солидни over ear бт.
 

Dinako

Intern
26 октомври 2016
57
18
Ако може мислење за ресиверот и цената 230 евра користено во фабричка состојба ( по сликите)

 

ivan88

Gaining Experience
22 февруари 2012
372
394
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Може предлог за појачало за кола? Земав радио со андроид, дисплејот на фабричкото ми откажа а и повеќе нема поддршка за мапи за навигација. Е сега не сум задоволен од звукот на кинезов па сакам да додадам некое појачало за да ги движи фабричките 8” драјвови за кои не можам баш да најдам спецификација. Се работи за vw Touareg 2009 годиште.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Пред неколку месеци си купив AKG K712 Pro слушалки. Ги нарачав од Thomann.de, заедно со Topping L30 појачало од AliExpress. Долго време истражував пред да земам слушалки и одлучив дека AKG K712 Pro се добар избор за мене. Не сум стручњак за аудиофилски работи, така да ова не е професионална критика, туку мои импресии од слушалките после неколку месеца користење, во случај некој да планира да си земе:

ДОБРОТО
  • Преудобни се. Перничињата што легнуваат на ушите се некој тип на memory foam и плус толку се лесни што не осеќаш дека ги носиш.
  • Кул дизајн. Портокаловите акценти ептен даваат шмек и се осеќа на допир дека квалитетот на изведбата е многу добар. Едноставно мерачки се за користење.
  • Вадат многу кристално чист звук, без никакви дисторзии. При слушање музика полесно се препознаваат и разликуваат инструменти, а во игри се приметуваат и најсуптилните звуци. Многу се добри за слушање музика со нежен flow, меки звуци, долги нотни вредности и слично.
  • Познати се по добар soundstage и imaging, и во тоа се покажаа, посебно во игри. Кога играш, од што е добро распространет звукот, на моменти не знаеш дали од слушалките слушаш или на звучници си се префрлил.
ЛОШОТО
За жал тука повеќе имам да кажам.
  • Преслаби се. И покрај Topping L30 појачалото (за кое од членови овде, а и на други форуми добив потврда дека е доволно за овие слушалки) никако не може да се постигне задоволувачка моќност, колку и да појачувам на појачалото. Звукот е квалитетен и чист, ама нема никаков жар, посебно на драматични делови во игри или кулминативни делчиња во рок музика. Едноставно многу рамно звучат.
  • Басот разочарува. Ова можеби е поврзано и/или исто со првата точка. Нормално не очекував дека се некои bass-head слушалки, ама ниските фреквенции скоро никаква моќ немаат. Се слушаат перфектно чисто, ама немаат никаков удар, вибрација... едноставно само се слушаат, а не се чувствуваат. Амбиентите во хорор/атмосферски игри со длабоки звуци, бруење, брчење, удари, експлозии, пукање, темна драматична оркестарска музика во кулминативни сцени... не го постигнуваат полниот ефект со овие слушалки. Не ја пренесуваат тежината и срж-та зад ваквите звуци и го нема интензитетот и возбудата. (пробав ова да го решам со equalizing, односно покачување ниски фреквенции преку Realtek софтверот, ама не направи многу разлика. Патем, треба премногу да се појачаат на појачалото за да се добие некој солиден бас, но тогаш стануваат општо прегласни).
Не викам дека се лоши, напротив се солидни слушалки. Но, за таа цена, очекував дека барем повеќе ќе ги сакам од претходните слушалки JVC HA-RX700, кои се слушалки од 50 евра, а во многу ситуации (посебно сега надградени со Topping L30) подобро ми звучат од AKG K712-ките, посебно за намените каде што AKG според мене потфрлуваат. Иако не произведуваат совршено чист звук, многу повозбудливи се. Мислам дека дури и на слушалките од мобилниот појак бас чувствувам.

Можеби премногу сум се навикнал на басот на HA-RX700, не знам. Сепак, само овие два пара сериозно сум ги користел до сега и немам со што друго да направам поопширна споредба. Ќе повторам, ова се само мои лични импресии, не професионална критика.

Како краен заклучок, се мислам да ги продадам и да земам Beyerdynamic DT 770 Pro, кои се од затворен тип, но наводно и покрај тоа имаат добра сцена и можеби повеќе би биле по мој вкус.
 

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
367
839
Прво, честитки, се работи за одлични слушалки, за цел живот.

Едноставно многу рамно звучат.
Значи си ја вршат работата за која се дизајнирани - сепак се работи за слушалки за студиски мониторинг.

Topping L30 не е ни оддалеку "доволен" засилувач за слушалки со таа звучничка единица. Бараат повеќе струен капацитет, и многумина се разочаруваат во можностите на слушалките во ситуација во која немаат доволно струја.

Се слушаат перфектно чисто, ама немаат никаков удар, вибрација... едноставно само се слушаат, а не се чувствуваат.
Така треба - не е тоа bass shaker.

Дизајнот на K712Pro не дозволува директен тактилен фидбек како што тоа го имаат, да речеме, слушалките од Sennheiser HD5xx/HD6xx серијата - не ни очекувај body slam од слушалка.
 

FreakyDroid

On your way to fame
21 август 2008
667
669
Гевгелија
FreakyDroid's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700X - MasterLiquid ML240L
Motherboard
ASRock - Fatal1ty K4 X470
Storage
2 x 4TB WD Black, Samsung 250 Evo 256GB, WD Black 500GB M.2
PSU
Gigabyte Odin Pro 1200W
RAM
4x16 GB G.Skill @ 3200MHz CL16
Video card
MSI GeForce GTX 1080 Ti Duke
Case
Cooler Master HAF-X
Mouse
Razer Viper Ultimate
Keyboard
GK-979
Audio
Шајзе Genius
Monitor
LG 27GL850
OS
Win 10 x64
Пред некое време земав половни Sennheiser 555, налетав на ова видео

View: https://youtu.be/PvQ8PzBrHXE


Пробал некој вакво нешто и дали има позитивен ефект ако се извади гумицата?
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Topping L30 не е ни оддалеку "доволен" засилувач за слушалки со таа звучничка единица. Бараат повеќе струен капацитет, и многумина се разочаруваат во можностите на слушалките во ситуација во која немаат доволно струја.
Ептен се распрашував за ова пред да земам и секаде наоѓав одговор дека е доволно. Камо некој да ми кажеше обратно. Можеби имаат многу помоќен звук што не го добивам со ова појачало. Не би знаел.

Така треба - не е тоа bass shaker.

Дизајнот на K712Pro не дозволува директен тактилен фидбек како што тоа го имаат, да речеме, слушалките од Sennheiser HD5xx/HD6xx серијата - не ни очекувај body slam од слушалка.
Според мене ниските фреквенции, посебно субфреквенциите не се комплетни без сензацијата што ја предизвикуваат. Такви се и по природа нели, кога ќе удри гром, не само што го слушаме, туку и го чувствуваме. Дури и некој со длабок басов глас кога зборува се чувствува резонирањето во гради. Нормално, не може слушалки да го репродуцираат ова како звучник или сабвуфер, но стигнуваат блиску.

Е сега можеби кај студиски слушалки има причина зошто не треба да биде така, не би знаел. Нејсе, би сакал да ги пробам на некое јако појачало, можеби би паднал на гз од вистинскиот потенцијал што го кријат.

Фала за одговорот. П.С. не сум чул за тактилен фидбек. Тоа е посебна карактеристика што треба да ја има слушалката за таков ефект или?
 

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
367
839
Можеби имаат многу помоќен звук што не го добивам со ова појачало.
Дефиницијата за помоќен не е универзална, па не би можел да ти потврдам, но она што можам да ти потврдам е дека сигурно ќе биде поцелосен, со искористен потенцијал на таков тип на конструкција на слушалки.

Ти веќе си го искусил стандардниот карактер на слушалките, и тој нема драстично да се смени со друг засилувач. Тоа се студиски слушалки, и малку е нефер кон нивната конструкција да се очекува да се покажат во извонредно светло како гејминг слушалки - затоа постојат гејминг слушалки оптимизирани за таква околина (преку фрекфентен опсег, конструкција, и потенцијал за засилување).

Кај слушалките, уште повеќе од звучници, клучно е да се послушаат пред купување - иако сум свесен колку е тоа проблематично локално.

посебно субфреквенциите не се комплетни без сензацијата што ја предизвикуваат.
Но тоа не можеш да го очекуваш со слушалки, освен во специфични услови, и дури и тогаш е многу ограничено и во основа, преку "финта". Сензацијата е секогаш пропорционална на големината на звучниот извор и неговата јачина. Ако го намалиш звучниот извор, можеш да ја зголемуваш јачината, но само до одреден степен - не сакаш да ти експлодираат звучнички единици кои стојат на 10мм од ушните школки.

Тоа е посебна карактеристика што треба да ја има слушалката за таков ефект или?
Слушните сензации се комбинација од конвекција (воздушно спроведување) и кондукција (коскено спроведување). Кондукцијата е одговорна за " резонирањето во гради". Со слушалки, кондукција е мисловна именка, освен ако се лажира делумно преку конструкцискиот дизајн. Затоа ги споменав HD5xx/HD6xx, кои користат комбинација од две работи (1) поголемо налегање на главата и (2) директен притисок на мастоидниот израсток позади ушната школка да симулираат кондукција.
 

bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
369
237
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Дали некој има користено USB Bluetooth Dongle за да поврзе безжични слушалки на PC или TV? Дали ги биваовие што се продаваат во Анхоч и Техномаркет?
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,440
2,286
  • Преслаби се. И покрај Topping L30 појачалото (за кое од членови овде, а и на други форуми добив потврда дека е доволно за овие слушалки) никако не може да се постигне задоволувачка моќност, колку и да појачувам на појачалото. Звукот е квалитетен и чист, ама нема никаков жар, посебно на драматични делови во игри или кулминативни делчиња во рок музика. Едноставно многу рамно звучат.
А што користеше како извор (DAC)? Многу од денешните дакови имаат preamp секција, случајно гласноста на дакот да не ти беше намалена? Чисто ме интересира ова, затоа што јас користам JDS Atom засилувач и никогаш не оскеќам дека AKG K702 (иако hungry for power) дека се тивки или дека им фали power.

Додека на пример на Topping DX7, на небелансираниот излез осеќам дека малку сила фали за HD6xx, па затоа го користам балансираниот излез.


Барем DT770 Pro можеш да појдеш со твојот засилувач, DAC и лаптоп и да си ги пробаш во Vision за игри и музика.

Иако, не заборавај дека DT770 Pro се студиска алатка и не се баш најпријатни за носење подолго време. Еве ги мене ми дремат во фиока веќе неколку месеци од кога купив отворени слушалки, ептен ретко ги користам кога гледам филмови на таблетот/лаптопот.
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Ти веќе си го искусил стандардниот карактер на слушалките, и тој нема драстично да се смени со друг засилувач. Тоа се студиски слушалки, и малку е нефер кон нивната конструкција да се очекува да се покажат во извонредно светло како гејминг слушалки - затоа постојат гејминг слушалки оптимизирани за таква околина (преку фрекфентен опсег, конструкција, и потенцијал за засилување).
Технички, гејминг слушалки се само слушалки со додаден микрофон и не значи дека гејминг слушалки даваат подобра репродукција на звук во игри од студиски/аудиофилски. Да, некои повеќе одговараат за гејминг, но не мора да се „гејминг“ слушалки.

Но тоа не можеш да го очекуваш со слушалки, освен во специфични услови, и дури и тогаш е многу ограничено и во основа, преку "финта". Сензацијата е секогаш пропорционална на големината на звучниот извор и неговата јачина. Ако го намалиш звучниот извор, можеш да ја зголемуваш јачината, но само до одреден степен - не сакаш да ти експлодираат звучнички единици кои стојат на 10мм од ушните школки.


Слушните сензации се комбинација од конвекција (воздушно спроведување) и кондукција (коскено спроведување). Кондукцијата е одговорна за " резонирањето во гради". Со слушалки, кондукција е мисловна именка, освен ако се лажира делумно преку конструкцискиот дизајн. Затоа ги споменав HD5xx/HD6xx, кои користат комбинација од две работи (1) поголемо налегање на главата и (2) директен притисок на мастоидниот израсток позади ушната школка да симулираат кондукција.
Многу интересна работа ова. Ми појасни некои работи кои ги немав размислено. Фала за објаснувањето.

А што користеше како извор (DAC)? Многу од денешните дакови имаат preamp секција, случајно гласноста на дакот да не ти беше намалена? Чисто ме интересира ова, затоа што јас користам JDS Atom засилувач и никогаш не оскеќам дека AKG K702 (иако hungry for power) дека се тивки или дека им фали power.
Немам посебен DAC, го користам излезот од матичната и звукот на Windows го ставам на 100/100, да нема ограничувања.



Барем DT770 Pro можеш да појдеш со твојот засилувач, DAC и лаптоп и да си ги пробаш во Vision за игри и музика.
Да, тоа ми е планот.

Иако, не заборавај дека DT770 Pro се студиска алатка и не се баш најпријатни за носење подолго време. Еве ги мене ми дремат во фиока веќе неколку месеци од кога купив отворени слушалки, ептен ретко ги користам кога гледам филмови на таблетот/лаптопот.
Колку омски ти се DT770? Читав некаде дека витканиот кабел кај 250 Ω верзијата ги прави дополнително потешки и заради тоа биле понеудобни. Иначе баш наоѓам пофални зборови за комфортот. На кој како ќе му клапне изгледа.
 

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
177
429
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Технички, гејминг слушалки се само слушалки со додаден микрофон и не значи дека гејминг слушалки даваат подобра репродукција на звук во игри од студиски/аудиофилски. Да, некои повеќе одговараат за гејминг, но не мора да се „гејминг“ слушалки.



Многу интересна работа ова. Ми појасни некои работи кои ги немав размислено. Фала за објаснувањето.



Немам посебен DAC, го користам излезот од матичната и звукот на Windows го ставам на 100/100, да нема ограничувања.





Да, тоа ми е планот.



Колку омски ти се DT770? Читав некаде дека витканиот кабел кај 250 Ω верзијата ги прави дополнително потешки и заради тоа биле понеудобни. Иначе баш наоѓам пофални зборови за комфортот. На кој како ќе му клапне изгледа.
И јас исто ги имам и Bayerdinamic DT770 Pro само 250 Ohm-те, не е толку проблем кабелот, посилен притисок ствараат на главата и побрзо се поти увото по подолги сесии на користење. Дека се од затворен тип имаат малку „подлабок“ бас али за мене таа разликата не е толку битна особено не за игри, каде за некои FPS игри практикувам преку EQ APO и HeSuVi плагин-от да ги намалам бас фреквенциите и да ги појачам високите фреквенции за покристално одредување на насока. Рачунај и на DT770 250 Ohm им треба солидна снага за да ги придвижи, ако се одлучуваш за нив за гејминг подобро решение ќе ти биде 80 Ohm варијанта која секако нема coiled кабел, за жал кај нас а ни на Thomman.de мислам дека ги нема на понуда Beyerdynamic Tygr 300 R кои се солидни Allrounder слушалки. Tygr 300 R се дефакто DT880 Pro само со поефикасни драјвери 32 Ohm наместо 250 Ohm или 600 Ohm кај DT880Pro/EDITION (600 OHMS).

Би ти препорачал да ја пробаш таа комбинација на EQ APO и HeSuVi, AKG K712 Pro се едни од слушалите што најмногу ќе добијат на промена на звукот.
Повеќе за поддесувањата на таа комбинација ќе најдеш во следнава тема кај што имам подетално навлезено како ги имам јас сетирано.
EQ APO и HeSuVi поддесувања

Јас редовно ги користам AKG K702 и наизменично со Sennheiser HD660S. Инаку кај мене на појачалото за слушалки за да извадам слична јачина на звук кај AKG K702 на SE излезот (6,35 мм излез) ги терам на исто поддесување (+9dB) како кај балансираниот излез за HD660S но со плус 25%~30% повеќе јачина на потенциометарот на појачалото (Pro-Ject Head Box DS2 B).

Hint: За да излечеш поголемо уживање на AKG K712 Pro пробај во HeSuVi со опцијата за EQ од Sennheiser HE 60 IF (IF е според Innerfidelity мерењата за Harman таргетот). Јас лично го користам тоа поддесување кога сакам на AKG K702 да чујам подлабок звук. Не се откажувај од AKG K712 си вредат слушалките за сите пари, и преку вакви софтверски алатки особено за користење на компјутер имаат огромен потенцијал за промена на звукот во насока во која сака слушателот. На пример кај мене на HD660S нема толку големи измени како кај AKG K702.
На сликата е графата за HE 60 IF, HeSuVi плагин-от те ја олеснува селекцијата на различни таргeти лесно да менуваш како ти одговара за било која слушалка што ја имаш, инаку во EQ APO можеш истото да го направиш само треба еднаш рачно да ги внесеш вредностите за секоја фреквенција и да си го снимиш фајлот, а вака не треба да го мислиш плус изборот е огромен.

HeSuVi - HE60 IF.png

Истотака за Topping L30 провери си го серискиот број, ако ти е од првите серии тие имаа големи проблеми на многу луѓе им изгореа слушалки со него.
Topping recall
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,440
2,286
Немам посебен DAC, го користам излезот од матичната и звукот на Windows го ставам на 100/100, да нема ограничувања.
Може излезот на матичната да е многу слаб. Што често се случува и затоа да ти звучи се потивко.


Колку омски ти се DT770?
32 Омски.
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Hint: За да излечеш поголемо уживање на AKG K712 Pro пробај во HeSuVi со опцијата за EQ од Sennheiser HE 60 IF (IF е според Innerfidelity мерењата за Harman таргетот). Јас лично го користам тоа поддесување кога сакам на AKG K702 да чујам подлабок звук. Не се откажувај од AKG K712 си вредат слушалките за сите пари, и преку вакви софтверски алатки особено за користење на компјутер имаат огромен потенцијал за промена на звукот во насока во која сака слушателот. На пример кај мене на HD660S нема толку големи измени како кај AKG K702.
На сликата е графата за HE 60 IF, HeSuVi плагин-от те ја олеснува селекцијата на различни таргeти лесно да менуваш како ти одговара за било која слушалка што ја имаш, инаку во EQ APO можеш истото да го направиш само треба еднаш рачно да ги внесеш вредностите за секоја фреквенција и да си го снимиш фајлот, а вака не треба да го мислиш плус изборот е огромен.

Погледнете го атачментот 102991
Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :v


Истотака за Topping L30 провери си го серискиот број, ако ти е од првите серии тие имаа големи проблеми на многу луѓе им изгореа слушалки со него.
Topping recall
wtf??? Јас сум со 2010 серија...

Може излезот на матичната да е многу слаб. Што често се случува и затоа да ти звучи се потивко.
Па да, ама затоа е појачалото тука нели. Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,440
2,286
Па да, ама затоа е појачалото тука нели. Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
Dac-от има пред-засилувач. Ако тој предзаслувач не е како што треба, може и тоа да се случува. А некогаш е и до софтверот. Расчепкај по сетинзите и драјверите дали имаш да го подесиш како line out или нешто слично.
 

omegaRED

Unstoppable
13 септември 2011
2,403
2,980
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2xSilicon Power P34A80 1TB, 6TB WD Red + 2TB Toshiba +1TB WD Blue
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX 3080 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
MSI Vigor GK50 low profile
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :v
Пробај инсталирај ги APO драјверите како SFX/EFX (Experimental).


Sent from my SM-G988B using Tapatalk
 

InSides

On your way to fame
21 февруари 2009
367
839
Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
Нормално дека ќе направи. Се работи за активен уред кој мора да има определен степен на засилување како би можеле да се компензираат губитоците од филтрите и конверзијата.

Еве пар четива од ракав за разбирање на "gain structure".


 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,335
1,284
Скопје
wtf??? Јас сум со 2010 серија...
побарај си замена ако сеуште важи акцијата, не ти мења ова на звукот ништо инаку, само има некоја лоша конекција што може да ти ги спржи слушалките при статичко празнење . Во функција на уредот нема да имаш разлики и сл. Ќе ти пратат нов без адаптер заменски. Зависи од каде си го нарачал.
 

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
177
429
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Пробував со Equalizer APO да направам подесување ама поради некоја причина нејќе да работи ко што треба на мојов Windows. Што и да подесувам од параметри, нема никаква промена во звукот. Подетално имам пишано за проблемот овде. Уште не сум нашол решение. Ама ме инспирираше сега да му најдам решение, можеби ќе ги видам слушалкиве во друго светло. :v




wtf??? Јас сум со 2010 серија...



Па да, ама затоа е појачалото тука нели. Ко што знам DAC-от нема да направи разлика во јачина пошо нема во себе појачало, не?
Појачалото ти е поврзано на Line out од матичната?
Од мое искуство кај мене имаше солиден скок во квалитетот на звукот кога прејдов и од USB Аудио Интерфејс на посебен DAC како извори на звук што го хранеа појачалото. Немам пробано од излезите на матичната директно во појачало да видам како би бил така звукот, но за моите потреби замислен беше целиот систем да оди преку екстерен DAC во појачало ради елеминирање на шум и приклучување и на дополнителни извори на музика.
Да прашаш во Pix+ ако сакаат да ти излезат во пресрет, да го однесеш појачалото и слушалките кај нив да го преслушаш на некој од демо уредите за да видиш дали ќе ти направи разлика доколку го приклучиш на посебен DAC, сега они носат Toping, SMSL и Gustard и има колку толку некаков избор на уреди.

Овие им се од поевтините екстерни DAC-ови, а што се горе долу со најнови делови што моментално се користат во изработка, бар делови што се достапни откако изгоре фабриката на AKM па уреди со нивните АК чипови сега и нема толку многу достапни.
Topping E30 USB DAC - ова мислам и дека е замислено како DAC за L30 да оди во комбинација заедно.
SMSL Sanskrit 10

А за EQ-APO пробај преку Configuration editor да си ги внесеш вреднсотите, и на тој начин ќе провериш дали ти е инсталиран за тој уред што го користиш дека ќе ти јави pop-up на почеток да те праша дали на некој уред треба да се инсталира ако не бил претходно инсталиран.

Кај мене се отприлика вака поддесени Parametric филтрите за HD 660S, за дополнително „неутрализирање“ на слушалките според Harman таргетот, само што во моментов се исклучени, за овој уред (Onyx Artist 1-2 е USB Audio интерфејсот). Во твојот случај кај Device би требало да стои Realtek Digital/HD Audio/Output зависно од кој излез ќе го користиш. Една од причините зошто го препорачувам HeSuVi е дека полесно е за избирање на разни параметрички филтри како овој подоле што се веќе преконфигурирани од разните бази на податоци (Inerfidelity, Crinacle и сл.) и селекцијата на разните уреди е по user friendly како на помалата слика.
EQ-APO Configuration editor.png HeSuVi поддесувања.png

А и се ти е на дофат ако треба да чепкаш со влезни/излезни уреди од APO.
HeSuVi Open APO Configurator.png
 
Последна промена:

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Пробај инсталирај ги APO драјверите како SFX/EFX (Experimental).


Sent from my SM-G988B using Tapatalk
Ги имав пробано сите 3 опции, само со втората работеше ама на секоја промена на параметар се јавуваше одвратна гласна дисторзија и беше бескорисно.

побарај си замена ако сеуште важи акцијата, не ти мења ова на звукот ништо инаку, само има некоја лоша конекција што може да ти ги спржи слушалките при статичко празнење . Во функција на уредот нема да имаш разлики и сл. Ќе ти пратат нов без адаптер заменски. Зависи од каде си го нарачал.
Од Aliexpress го нарачав. Не верувам преку нив да можам замена да побарам ама ќе пробам.

Dac-от има пред-засилувач. Ако тој предзаслувач не е како што треба, може и тоа да се случува. А некогаш е и до софтверот. Расчепкај по сетинзите и драјверите дали имаш да го подесиш како line out или нешто слично.
Појачалото ти е поврзано на Line out од матичната?
Од мое искуство кај мене имаше солиден скок во квалитетот на звукот кога прејдов и од USB Аудио Интерфејс на посебен DAC како извори на звук што го хранеа појачалото. Немам пробано од излезите на матичната директно во појачало да видам како би бил така звукот, но за моите потреби замислен беше целиот систем да оди преку екстерен DAC во појачало ради елеминирање на шум и приклучување и на дополнителни извори на музика.
Ако со Line out праиме муабет за обичните аудио портови шо се на матичната, да. Во мојот случај појачалото е уклучено во предниот порт што е за слушалки (задните три се зафатени со звучниците бидејќи се 5.1). Имав пробано и USB уредчево да го користам како DAC и да заобиколам матична ама правеше некое шуштење а во јачината на звукот немаше разлика. Во план ми е да земам и асален DAC во иднина, ама има време да дојде на ред тоа.


Да прашаш во Pix+ ако сакаат да ти излезат во пресрет, да го однесеш појачалото и слушалките кај нив да го преслушаш на некој од демо уредите за да видиш дали ќе ти направи разлика доколку го приклучиш на посебен DAC, сега они носат Toping, SMSL и Gustard и има колку толку некаков избор на уреди.
Кул идеја. Може да пробам. Фала.

А за EQ-APO пробај преку Configuration editor да си ги внесеш вреднсотите, и на тој начин ќе провериш дали ти е инсталиран за тој уред што го користиш дека ќе ти јави pop-up на почеток да те праша дали на некој уред треба да се инсталира ако не бил претходно инсталиран.
Не ми се верува, преку ова Configuration Editor има ефект подесувањето. И тоа има ефект и на звучниците и на слушалките, без разлика кој уред ми е избран во Device. Ич не ми е јасно шо се дешава, ама работи. До сега подесував преку Peace шо е GUI за APO ама ништо не функционираше од таму. Едино што овде ми изгледа многу понапредно (покомплицирано) за подесување, ама ќе се снаоѓам.

Кај мене се отприлика вака поддесени Parametric филтрите за HD 660S, за дополнително „неутрализирање“ на слушалките според Harman таргетот, само што во моментов се исклучени, за овој уред (Onyx Artist 1-2 е USB Audio интерфејсот). Во твојот случај кај Device би требало да стои Realtek Digital/HD Audio/Output зависно од кој излез ќе го користиш. Една од причините зошто го препорачувам HeSuVi е дека полесно е за избирање на разни параметрички филтри како овој подоле што се веќе преконфигурирани од разните бази на податоци (Inerfidelity, Crinacle и сл.) и селекцијата на разните уреди е по user friendly како на помалата слика.
Погледнете го атачментот 103018 Погледнете го атачментот 103019

А и се ти е на дофат ако треба да чепкаш со влезни/излезни уреди од APO.
Погледнете го атачментот 103020
Ова HeSuVi изглеа ептен корисно, ама не е за Surround Virtualization ко што пишува? Или може да се користи само за EQ без тоа? Уствари ова е нешто слично како Peace, така да се надевам дека нема да го има истиот проблем како Peace. Ќе пробам па ќе видам. Фала за одговорите.
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,335
1,284
Скопје
Од Aliexpress го нарачав. Не верувам преку нив да можам замена да побарам ама ќе пробам.
Нема везе (едино селерот да ти прави проблем), мене од Али ми го заменија без проблем, само линк до пост-от што ти го пратија предходно со нивната декларација дека вршат замени, и слика од серискиот број на твојот уред ќе му пратиш. Во мојот случај одма си прифати и испрати замена без никакви прашања што зашто.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,521
Мислења
858,522
Членови
29,932
Најнов член
Sladzana.Angjelkovska
На врв Дно