1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Atomic Pi

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од светот' започната од ARMac, 30 Април 2019.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,786
    6,316
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Станува збор за бабачко "Raspberry Pi" алтернатива што користи Intel Atom Х5 x86 процесор со 4 јадра.

    Целата конфигурација е

    CPU: Intel Atom x5 - Z8350 @ 1.44Ghz со турбо до 1.92 Ghz
    GPU: Intel HD Cherry Trail која подржува H.264 декодирање (не сум сигурен за HEVC)
    RAM: 2GB DDR3L - 1600 Mhz
    SSD: 16 GB eMMC flash + SD card до 256 GB
    Gigabit Ethernet Realtek RTL8111G
    Dual band 802.11 b/g/n/ac
    Bluetooth 4.0
    Еден USB 3.0 порт
    Еден HDMI порт (без CEC)
    Плус некои акцелерометри/компаси и слични глупости.

    Бара адаптер од 5 волти и 4 ампери.

    Интересно е што беше на кикстартер, беше промовиран како „ефтин х86“ проект, пари добија и пуштија (наводно) 6000 примероци во продажба. Нив брзо ги снема. Кога ќе се врати мислам дека ќе го видиме за х2 од таа цена.

    Пошто е x86 стандард, може скоро сите оперативни да работат, вклучувајќи и специјализирани билдови на линукс како OpenELEC/LibreELEC што би го направил перфектен HTPC за гледање филмови (пак да напоменам незнам за HEVC подршка). Бидејќи може динамички да мења резолуција и херци (23.976, 30, 48, 60 итн), а и да протне аудио енкодинг директно преку HDMI.

    Еве како изгледа basic моделот.

    apwithbbo_1024x1024@2x.jpg

    За жал го нема никаде (бар не по таа цена од 35$), а на официјалниот сајт испорачуваат само во америките.

    И едно видео

     
    На -Ata-, wolverine, Lokvan и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,165
    8,767
    23 oктомври 2012
    Машко
    Искрено, се ова звучи супер на хартија, ама еднаш веќе се зезнав со еден ваков РПи килер (Пајн64) и сватиф дека ствариве се too good to be true. Да можеше да се направи ова за 35 долари и се тоа да функционира и фуче... ке го направеа и од РПи фондацијата, тие барем не работат за профит. А тоа па што нема ЦЕЦ... го прави олмост јуслес како хатепеце. Можеби грешам, ама тоа кикстартер е таква превара, 92% од проектите се превара, а останатите 8% се проекти кои се издржани и се од реномирани фирми, и едностанвно сакаат да си го финансираат проектот, да направат хајп и да си ибезбедат пласман... ама не нудат никакви посебни поволности.
     
    The-spiki, wolverine, Gaston и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    622
    556
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Да би работело со h264 и h265, но само main профили кај h264 и 8 битни h265 main профили. Поентата е што многу IPTV провајдери почнаа да користат high профил при енкодирање на 1080p и UHD, што значи дека е ќе има падови на фремови.
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,786
    6,316
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не сум запознаен со IPTV и како енкодираат, ама според тоа што викаш тогаш и питата отпаѓа. Само десктоп/лаптоп закачен на ТВ те спасува.

    Лично не гледам ТВ имам 8 терабајти серии филмови скоцкани, жената некад гледа Fine Living
     
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,125
    2,915
    12 Јануари 2016
    Машко
    x86 SoC со вградени 2GB DDR3 и 16 GB eMMC flash, за 35 долари?
    Одлична понуда. Плус има и Gigabit Ethernet... Машинчево отвара многу можности за малку пари. Не само мултимедија РС, туку и многу други функции. На пример може да се инсталира РутерОС. Може да се направи едноставен фајл сервер, ок процесорот е слаб за да сатурира гигабит етернет ама сепак... За парите е џабе. Плус има и бутирање преку етернет.

    Плус заборави да спомнеш дека има и вградено 10-W/15-W аудио појачало од D (Т) класа. Претпоставувам ништо специјално што не може да го направи евтино појачалце од 10-тина долари, ама вклучено е во цената и отвара многу можности.

    Мене ми се допаѓа. Само да не испадне дека ќе го нема доволно и цената да рипне неколку пати.
     
  6. Zabegann

    Zabegann
    Gaining Experience

    53
    52
    19 Јануари 2015
    Машко
    Машала пасивен кулер, нели би било попаметно ова да има активно кулерче за да смали малку димензии?
    На официјалната страна сеуште го продаваат за 35,71$ но на ebay идат по 90$ ете затоа ги снемало
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,786
    6,316
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не шипаат навака. Само во USA. Инаку ќе го порачав обожавам вакви играчки.
     

Сподели

Вчитување...