• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

АТАТУРК

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
mislam deka prasanjeto malce pogresno si go razbrala.
Не сум женско. Можда ти се испуштила една а. Ако не е така, очигледно не знаеш што значи Ататурк, па следствено и Ата. Ама нема замерки, само онака.

А за трансформејшенот и при само инсталирање ти кажува дека се можни некои несакани последици. Од лично искуство, користев едно 6 месеци, освен што пц-то ми беше нешто поспоро друго не забелажв.
Кај мене немаше проблем со нортон, са касперски не знам.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не сум женско. Можда ти се испуштила една а. Ако не е така, очигледно не знаеш што значи Ататурк, па следствено и Ата. Ама нема замерки, само онака.
:eek:fftopic:
Мустафа Ќемал Ататурк (1881 - 1938)
Основоположник на современата Турска држава, човек кој ставил крај на Отоманското Царство.
Офицер по вокација. Роден во Selanik (денешен Солун), завршил воено школо во Битола (тогашен Manastir). Познат по битката на Галиполе.
Ататурк на турски значи "Татко на сите Турци". Дали тоа му е вистинското презиме, или е нешто како "Тито" на Јосип Броз не сум сигурен. Мислам второво, со оглед дека е познат и како Ќемал Паша.
Ата на турски значи татко.

Положив ли?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Добрар си.
Името му е Мустафа, презимето му е Кемал.
Ататурк му е надимак, кој му е даден зашто е спасел државата од англичаните. Успеал да ја изврши револуцијата, протеран бил последниот султан во франција заедно со семејството.
Во 1922 и го нанел последниот тежок пораз на Англија.
Англиската флота (елитни едници) предводени од Винстон Черчил, тргнале да го освојат истанбул, ама биле потопени.
Успеал да ги порази австралијците на Чанакале, има околу 15000 австралиски војници погинати таму.
Го укинал калифатот (нешто ко Ватикан што е римокатолиците, ова било за муслиманите), го забранил фереџето, вовел демократија и парламент.
Убил илјадници "имами" кои биле англиски прлатеници, кои биле плаќани да шират лажен ислам.

BTW работел на формирање на независна Македонија (Румелија во тоа време) со главен град солун, соработувал со многу македонци од VMRO (меќу кои се верува дека бил и Гоце), ама бугарите кренале востание во крушево, и толку од република. И ние тоа го споминаме во химната и го славиме. Уште бисти на Тодор Алксандорв правиме.

Ќемал паша. За време на последниот султан имало 5 офицери кои ја воделе армијата, меќу кои бил и Ататурк, па оттаму веројтно во тоа време бил познат како Кемал паша.
Има уште многу да се пишува, ама не е местото тука.

Сега ептен забегав во оф топик.
Слободно преместете.
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Не сум женско. Можда ти се испуштила една а. Ако не е така, очигледно не знаеш што значи Ататурк, па следствено и Ата. Ама нема замерки, само онака.

А за трансформејшенот и при само инсталирање ти кажува дека се можни некои несакани последици. Од лично искуство, користев едно 6 месеци, освен што пц-то ми беше нешто поспоро друго не забелажв.
Кај мене немаше проблем со нортон, са касперски не знам.

sorry ne znaev>eve sega se ispravam:bravo:
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
@Ata
Јас учев поинаку, дека нашите револуционери ги помагаа и поддржуваа младотурците, мислам дека 1907 или 1908 год, не сум сигурен, значи4-5 години по Илинденското востание, со надеж дека Македонија ќе добие автономија после младотурската револуција. Но, кога таа успеала и го симнале султанот и вовеле нов поредок на младотурците тоа не им се бендисало. Веќе кога дошле на власт не ги интерсирала автономија или независност на Македонија иако се започнало таму во третата армиска област и тоа во Ресен.

Инаку илинденското востание е дигнато во 1903 и тогаш се бореле против султанот Абдул Хамид II а не против младотурците и не го кренале Бугари туку Македонци меѓу кои имало и бугарски шпиони. Целата наша историја е впреплетна со такви контроверзни личности за кои уште треба да се расправа во историската наука, како Тодор Александров. Значи НЕ Бугари туку Македонци платени од Бугарите.

Јас лично сум убеден дека Илинденското востание нема врска со уништување на шансите за независност на Македонија туку желбата на младотурците да ги задржат териториите на Отоманската империја. Иронично но Англичаните одсекогаш биле непријател и на назависна Македонија.

Многу ме интересира каде ги прочита Ata овие работи околу назависна Македонија и Илинденското востание, претпоставувам Турска литература. Навистина би ме разочарало ако е ова извадено од Турски учебници по историја.
 

marjan ku

Баниран/a
10 септември 2007
25
0
@Ata
Јас учев поинаку, дека нашите револуционери ги помагаа и поддржуваа младотурците, мислам дека 1907 или 1908 год, не сум сигурен, значи4-5 години по Илинденското востание, со надеж дека Македонија ќе добие автономија после младотурската револуција. Но, кога таа успеала и го симнале султанот и вовеле нов поредок на младотурците тоа не им се бендисало. Веќе кога дошле на власт не ги интерсирала автономија или независност на Македонија иако се започнало таму во третата армиска област и тоа во Ресен.

Инаку илинденското востание е дигнато во 1903 и тогаш се бореле против султанот Абдул Хамид II а не против младотурците и не го кренале Бугари туку Македонци меѓу кои имало и бугарски шпиони. Целата наша историја е впреплетна со такви контроверзни личности за кои уште треба да се расправа во историската наука, како Тодор Александров. Значи НЕ Бугари туку Македонци платени од Бугарите.

Јас лично сум убеден дека Илинденското востание нема врска со уништување на шансите за независност на Македонија туку желбата на младотурците да ги задржат териториите на Отоманската империја. Иронично но Англичаните одсекогаш биле непријател и на назависна Македонија.

Многу ме интересира каде ги прочита Ata овие работи околу назависна Македонија и Илинденското востание, претпоставувам Турска литература. Навистина би ме разочарало ако е ова извадено од Турски учебници по историја.
bravo majstore im pokaza deka drugite se glupi po istorija
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
bravo majstore im pokaza deka drugite se glupi po istorija
Не го делам твоето мислење дека другите се глупи по историја, и тука кај нас има тони и тони фарбање на историјата, треба само да им се укаже на заблудата.

Иначе темата е Vista Tranformation Pack:LOL:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
@igorkrst
Не ја знам разликата помеќу македонци платени од бугари, бугарофили , и бугари.
Ај појасни ми малце.

Друга работа, историјата секој си ја толкува како му одговора.

Кој го убил Ѓорче петров.
Кој го предал Гоце, и зошто.
Зошто Даме Груев, избегал од илинденското востание во Бугарија.
И зошто на смилевскиот конгрес, истомислениците на Гоце биле против кревање на востание. И зошто самиот тој бил против кревање на востание.

Објасни ми од каде тоа "Солун е наш".

А која историја е поточна, Хм, Сите комшии не чинат, само ние сме арни.

Идејата на младотурците била да се направи друга голема исламска држава на балканот, со мнозинство на турско населени, знаејќи дека тие територии не можеле да ги задржат.
Главен град требало да биде Солун, денешна Бугарија не требало да постои, Албанија исто така, како и Грција.
На тоа работел и Гоце.


@marjan_ku
Ако си толку паметен и начитан по историја, бујрун да дискутираме.

BTW Мислам дека не е соодветна поддтемава за вакви муабети.
Vista Transformation pack, а ние историја расправаме. Не бива, ама ајде
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
@Ata
и не го кренале Бугари туку Македонци меѓу кои имало и бугарски шпиони. Целата наша историја е впреплетна со такви контроверзни личности. Значи НЕ Бугари туку Македонци платени од Бугарите.
Ако востанието го кренале македонци платени од бугарите, како што велиш ти, тигаш тоа било кренато за бугарска цел. Пошто тие никогаш не сакале ние држава да имаме.
Ако било кренато за бугарска цел, а не за македонска, констатација до која ти самиот дојде, а кој јас ја кажав на малце поинаков начин, тогаш што бараме ние тоа да го славиме во химната.

Ова сварно ме интересира, зошто сум државјанин на оваа држава, ја сакам и ја почитувам, кога се свири националната химна ја пејам, баш ме интересира кого славам. Ја славам бугарската пропаганда во македонија, славам бугари, македоници, бугарофили, или македонци кои се бореле за бугарија и биле платени од неа.

Еднаш да ги разјасниме овие работи и да знаеме на што сме.
Не да слушаме по весници од екс-премиер заговори за поделба на македонија, BTW човек кој цел живот беше голем македонски патриот(ако не грешам сега има и бугарски пашош) од патриотска партија ВМРО.
 

_EAX

Intern
17 август 2007
827
6
www.rutix.byethost17.com
ama vi trgna so muabetov, ajde neka vi ja premestat temata na nekoe mesto kaj sto pripaga pa da napraite edna asalna diskusija

temata moze da se vika " dali imalo Vista Transformation Pack vo vremeto na ilindensko vostanie ?" :)))
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
@Ata
Бугарофил ти е човек кој што цел живот го живее во заблуда и сака да биде нешто што не е, значи сака да биде Бугарин. И сето тоа е во ред, нели демократија ова-она, ако сака и марсовец нека биде, се додека не почне да се меша во мојата историја, потекло...е тогаш веќе почнувам да гризам.

Македонец платен од Бугарите - човек кој што не го интерсира кој е што е, од каде потекнува, нема чувство на патриотизам туку го интересираат САМО парите. Не мора да припаѓа во множеството Бугарофил.

Бугар - жител на една соседна држава кој има сосема различна етногенеза од Македонците, ама не сака тоа да си го признае (во поголем број на случаи).

Инаку имало и Бугари коишто биле на страна на независна Македонија, ама многу брзо бугарите ги ликвидирале.

И самиот знаеш дека не реков дека востанието го кренале МАкедонци платени од Бугарите туку Македонци (и не само Македонци, сети се на Манифестот) меѓу кои имало и Бугарски шпиони кои биле од македонско потекло. Тоа време било МНОГУ поматно од сега. На тогашните Македонски интелектуалци им било МНОГУ тешко да најдат пријатели за тоа што сакале да постигнат.

Инаку се слагам со тебе за тоа окоравено бугарофилче ЉуБчо, луѓето можат многу лесно да се заведат.
Јас сум човек кој што е отворен за други мислења, и НИКОГАШ не сум рекол другите околу се тапа, ама се треба да се има факти.

Сите соседни држави по среќна околност за нив, односно од интерс на големите сили кои си прават држави и народи како им одговара (гледај Косово), направиле држави пред нас и зајакнале пропаганда и харале по Македонија. Немој работите да ги гледаш црно-бело. Допрва треба да се расчистуваат работите и тоа од генерации кои не се „контаминирани“.

Не ми е јасно зашто админиве до сега не не тргнаа од овде. Стварно не е место.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Абе тоа за прпагандата потполно си во право.
Само не ми е јасно, ако некој е патриот , си ја сака државата, кој што сака нека нуди, нема да прифати.
Пр. не ми се верува дека србин или грк би ја продале државата за пари или сл, а тажно тоа се случувало кај нас, и можеби сеуште се случува.

Не ми е јасно, сошто толкав голем број на студенти одат во бугарија да завршат, за да не плаќаат или да се запишат без проблем, слободно се пишуваат бугари. Констатацијата дека морале, не држи, пошто имам братучет кој заврши во Софија и не се пиша бугарин.
Дали се надеваат на државјанство и сл?

Еднаш треба да почнеме да си ја цениме и сакаме државата, без разлика што не сме премногу развиени, без разлика што многу влади краделе и нанедувале штети, едноставно патриотизмот кај секој еден треба да преовладее, а не интересите.
Зошто толку многу наши параат бугарско државјанство, притоа не им е гајле ако се пишат бугари, плус да не можат да имаат двојно, многу од нив би се откажале од македонското.
Тоа не чини.

Не е оправдување дека државата не ни е развиена.
И грците не беа развиени кога влегоа во ЕУ, во тоа време југолсавија беше многу поразвиена од нив, па никој не бараше југословенско државјанство.

Не знам во што е проблемот, генот, домашното воспитување...
Ајде некогаш имало пропаганди, сега еве имаме суверена држава, и се некако гледаме за пусти корист, ако треба и ескими ќе бидеме.
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Абе тоа за прпагандата потполно си во право.
Само не ми е јасно, ако некој е патриот , си ја сака државата, кој што сака нека нуди, нема да прифати.
Пр. не ми се верува дека србин или грк би ја продале државата за пари или сл, а тажно тоа се случувало кај нас, и можеби сеуште се случува
Oхооо, такви примери по комшилук има колку сакаш, само што кај нас се сеуште актуелни. Па земи го Јанко, нели касно стигнал на Косово, не дека се успал туку се спогодил со Турците и ги предал своите, самиот кажа за имамите платени од Англичаните. Онаа народната, не ми текнува сега точно како беше, двајца Македонци- војвода и комита, тројца Македонци - војвода, комита и шпион, ја има во разни варијанти на сите балкански народи и пошироко.
Проблемот е што, за жал, кај нас се уште не е зацементирана свеста на луѓето како кај Србите, Грците, Албанците, се поради тие пропаганди. Јас лично мислам дека модерните Грци немаат директно потекло од античките Грци, меѓутоа тие се длабоко убедени во тоа. На тоа почнале да ја градат свеста на луѓето. Барем на Балканов таква е рецептата. треба да се иден тификуваш со нешто.
И тоа е тоа, недоволно изградена национална свест, опортунизам, некогаш борба за егзистанција, резултира со бугарски државјанства. Жално ама вистинито.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
За грците и јас се слагам дека немаат ништо со античките грци.
Бугарите не знаат сварно што се, долго време тврдеа дека се татари, на времето од турското тоа им одговоарало демек биле браќа.
Колку што знам има држава со русија Татаристан и таму живеат вистинските татари.
Последно читав дека , така тие тврдат, демек потеклото им било од Иран, сеа со иранциве браќа биле.

А имаше и случаи, пред 100 и нешто години, закопале некоја проча која тогаш ја направиле, напишале нешто на бугарски и што ти ја знам, и ја откопаа пред некое време, демек доказ дека бугари живееле на балканаов, ама после нивните научници утврдија дека била лажна.

А за свеста, многу далеку сме од освестување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,429
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно