Ata
Intern
- 21 април 2007
- 403
- 1
Очекувам од форумов и членовите да ми презентираат новости, свежи и добри информации, а не кукања и други бесмислени коментари.
Ова мислам дека е премногу дрско од твоја страна.
ПА кој си ти тебе некој да ти е должен да ти "презентира новости, свежи и добри информации".
а не кукања и други бесмислени коментари.
Затоа ова е и форум, да разменуваме наши (свои лични мислења), а ако тебе коментарите на одредени членови на форумов ти се гледаат "бесмислени коментари" слободно можеш да дискутираш, и да докажуваш некои свои теории. Зашто вака мене ми личи дека ти си тој што кука.
Никој не се родил учен, и никој не знае се, но во најмала рака, ако не друго, можеш да го почитуваш трудот и времето што некој седнал и напишал објаснување/упатсво за некоја тема, го споделил своето знаење, за и други да научат нешто.
Зашто ако сите така постапуваме, наместо да сме неми посматрачи на сите дискусии, и да чекаме некој друг да ни "презентира новости, свежи и добри информации" форумот ќе пропадне.
Ако нешто не ни се допаќа и сакаме да го промениме , треба да почнеме да се променуваме себени, нашиот став и нашите гледишта.
Како за промена наместо да кукаш, би можел да одвоиш неколку часа од твоето драгоцено време и да напишеш некој туториал, па истиот да го постираш со што би се зголемила содржината на "новости, свежи и добри информации"