1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија ASUS Zephyrus M GM501

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од AleksandarT, 17 Јуни 2018.

  1. AleksandarT

    AleksandarT
    Gaining Experience

    105
    114
    24 Февруари 2011
    Еден од најактуелните лаптопи на пазарот моментално, е новиот модел Asus Zephyrus GM501 кој е еден од најдобрите тенки гејмерски лаптопи.
    Интересно кај овој лаптоп е што има 'hinge mechanism design' - тоа значи дека лаптопот се подига кога се отвара екранот - и се ствара отвор кој помага при ладењето на лаптопот
    Го земав во петокот од Бугарија (Онлайн магазин за техника — Ardes.bg - веќе им е out of stock), па сакам да го споделам моето искуство за овие 3 дена.
    Лаптопот доаѓа во мала кутија која кога се отвара го има истиот механизам како лаптопот - се "подига"

    upload_2018-6-17_23-34-13.png

    upload_2018-6-17_23-24-38.png

    Еве ги спецификациите на лаптопот:
    CPU: i7 8750H
    GPU: GTX 1070 (Full)
    Monitor: 15.6 inch 1920x1080 pixel 144 Hz GSync 3ms IPS Panel
    RAM: 16 GB DDR4 2666Mhz (can support up to 32 GB at this time - 64 GB when 32 GB memory sticks come to the market)
    SSD: Samsung SM961 256GB NVMe
    HDD: 1 TB Seagate Firecuda SSHD
    Weight: 2.5 Kg
    Height: 2cm
    Power Supply: 230W
    Wireless Chip: Intel Wireless-AC 9560 802.11ac, that supports Bluetooth 5

    Во прилог слика од спецификациите од CPU-Z
    upload_2018-6-17_23-40-49.png

    Лаптопот располага со прилично солиден број на портови:
    Порт за полнање, HDMI 2.0, 4x USB-A 3.1, 3.5mm audio jack, Thunderbolt 3, Kensington lock
    Нема SD Card Reader, а нема ни LAN Port, што е малку недостаток, но може да се купи адаптер LAN To USB доколку има потреба од тоа.

    За перформансите што ги поседува лаптопот е прилично тенок и лесен.
    upload_2018-6-17_23-42-22.png

    upload_2018-6-17_23-42-56.png

    Лаптопот има солидни звучници коишто вадат 'OK' звук, но не поседува subwoofer.
    Според мерењата на телефонот кои ги направив максимум беше 84 DB
    upload_2018-6-17_23-45-40.png

    Во врска со бучавата на maximum load и вентилаторите сетирани на најјако - измерив 66 DB
    upload_2018-6-17_23-46-39.png

    Екранот на лаптопот е 1920x1080 IPS Panel so 144 Hz и 3 ms response time, што е идеално за гејминг.
    upload_2018-6-17_23-48-41.png

    Лаптопот поседува со Gaming Center software - каде што може да се прават различни подесувања (Промена на RGB-то на тастатурата, промена од G-Sync во Optimus, Забрзување на вртење на вентилатори).
    upload_2018-6-17_23-51-0.png

    Интересно е што овој лаптоп подржува и G-Sync и Optimus - ова се прави со кликање на GPU Mode во Gaming Center и со рестарт се променува модот.

    Постојат 3 мода во кои работат вентилаторите - Silent, Balanced и Overboost.
    Кога е на Silent лаптопот е бесшумен и воошто не се слуша. На Balanced зависи од оптеретувањето, а на Overboost вентилаторите вртат најбрзо и се добива најдобар перформанс.

    Дизајнот на 'hinge' механизмот е добар и помага во тоа да се добијат супер перформанси.
    upload_2018-6-17_23-57-19.png
     
    На Nikola Sone, prichina, gOJDO и уште 21 други им се допаѓа ова.
  2. AleksandarT

    AleksandarT
    Gaining Experience

    105
    114
    24 Февруари 2011
    Не дозволуваше прикачување на повеќе од 10 слики во првиот пост, па ќе продолжам на овој пост.
    Од игри, инсталирав Overwatch и Far Cry 5 и направив тест на нив.
    Тестовите се направени со Overboost мод на вентилаторите
    Far Cry 5, на ултра сетинзи, ми вадеше скоро исти резултати (направив 3 теста и отстапувањата беа минимални max-87, min 64 fps)
    upload_2018-6-18_0-2-24.png
    Во врска со Overwatch, на Epic сетинзи добивав 100+ FPS, што е одлично за игра од таков тип.

    Направив и benchmarks (Cinebench, Timespy, FireStrike и SkyDiver), и добив прилично солидни резултати за лаптоп
    Cinebench:
    upload_2018-6-18_0-6-12.png
    Time Spy:
    upload_2018-6-18_0-5-19.png
    Fire Strike:
    upload_2018-6-18_0-6-49.png
    Sky Diver
    upload_2018-6-18_0-7-26.png

    Во врска со батеријата, лаптопот поседува батерија од 55 Wh, што е прилично малку, но тоа е жртвата која мора да се направи за да се добие место за SATA SSD на ваков тенок лаптоп.
    За надградување пак, прилично е лесно и не треба да си професионалец да го отвориш долниот дел, каде што може да се променат дисковите (SSD-то и HDD-то) и да се стави уште една плочка рам.

    Како единствена замерка според мене е што за 2018-та година екранот има големи 'Bezels', но сепак пред да земам лаптоп размислував на сите фактори и одлучив дека овој не ми има толкава важност.

    Доколку имате некои дополнителни прашања слободно пишете.
    Поздрав
     
    Последна промена: 18 Јуни 2018
    На prichina, tigar, gOJDO и уште 13 други им се допаѓа ова.
  3. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    997
    807
    4 Февруари 2014
    Машко
    Хух...... А цена? :D
     
  4. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    975
    595
    8 Август 2017
    Машко
    Aсус одсекогаш биле најдобри за лаптопи, без конкуренција. Мене одсекогаш ми се свиѓале овакви лаптопи со доста добри перформанси, но не со претеран гејминг изглед и дебелина. Значи нешто измеѓу Zenbook и G703 например.
     
  5. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    762
    697
    27 Април 2010
    Машко
    Јас имам прашање и замерка.... од кога го меркам лаптопов зашто не кажа кога купуваш да ти дадам кеш да донесеш и за мене наваму еден :) тоа ми е најголема замерка и сега уште повеќе лиги ми направи :)
    Е сега ме интересира дали имаа со ГТХ 1080 од тој модел и од која продавница ти е земен, дали го купи директно од бг или го праќаат до мк они.


    Едит : Ако сакаш ликвид паста термал гризли да смалиш уште 7 8 степени на темперетура слободно дојди кај мене среди си го лаптопчето :p ем да му се излигавам малце :)
     
  6. AleksandarT

    AleksandarT
    Gaining Experience

    105
    114
    24 Февруари 2011
    Кога го зимав јас имаа и GTX1080 MAX Q верзија - ASUS GX501GI - што е поскапа верзија но и тастатурата е различно поставена - но сега гледам на вебсајтот немаат.
    @mkextremer -Го земав 4599 лева.
    Гледам го имаат и тука на страната, па евентуално може да се земе и од тука.
    Разлика помеѓу ardes.bg и овие pcstore.bg е тоа што преку ardes не може да се врати назад данокот, а преку pcstore.bg може.
    Кога прашував јас во pcstore.bg го немаа на лагер и затоа не го земав од таму - па не можев да си повратам ддв-то.
    Инаку ако се врати ддв-то - се враќа околу 580 лева - што го носи лаптопот до цена околу 4000 лева.
    Лаптоп Asus ROG Zephyrus M GM501GS-EI003T на изгодна цена от PCStore.bg
    Asus GX501GI i GM501GS go ima i tuka
    Лаптопи и компютри на цени достъпни за всеки - ПИК Компютър

    @DemoUser - сега во моментот не, ама во иднина сигурно ќе сакам да му ставам паста за да се намали температурата :)
     
  7. Malfurrion44

    Malfurrion44
    Intern

    18
    17
    18 Јуни 2018
    Машко
    Kako si zadovolen od zephyrusot do sega ? Jas se mislam izmegju nego i msi stealth.
     
  8. AleksandarT

    AleksandarT
    Gaining Experience

    105
    114
    24 Февруари 2011
    Презадоволен сум искрено сега за сега.
    Што и да пуштам на него (игра, виртуелна машина, која било апликација) - буквално лета и нема никакви проблеми.
    Искрено, да сум на твое место би земал ASUS GL504GS - 96000 денари во нептун. Цената е топ за таков продукт - има горе доле исти перформанси како Zephyrus M (без G-Sync и Thunderbolt 3)
    Gaming Лаптоп ASUS GL504GS-ES056 15.6", i7-8750, 16/256GB SSD 1TB HDD, GTX 1070-8GB
    Мојот излезе нешто над 145 000 денари.
    Инаку ставив уште 16 ГБ рам за да работи во дуал чанел и работи перфектно.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    762
    697
    27 Април 2010
    Машко
    @AleksandarT никако да се средат цениве во нашава проклета земја, али сепак фала ме изненади нешто ново донеле во нептун па да видам како се движат цените да си споредам дали мојов вреди уште или не.
    Во врска со зефирусот ако го продаваш титни ми на мене првин во приватна порака унапред :) пред да го огласиш
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,418
    10,984
    23 Јануари 2008
    Манга
    Што мило парче хардвер, ко да си го бирал за мене...создравје да си го газиш и за брзо уше поубав и подобар да ми даде Господ!
     
    На AleksandarT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Malfurrion44

    Malfurrion44
    Intern

    18
    17
    18 Јуни 2018
    Машко
    Кога ќе се вратам во мк за месец дена му правам рецензија и јас на мојот да видеме кој поминал подобро со овие два ѕверови :D


    20180813_154602.jpg
     
    На AleksandarT и Astro им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...