gremlin
Octogenarian/2
gremlin's setup
- Processor & Cooler
- Ryzen 5 9600X
- Motherboard
- Gigabyte B850 Gaming Wifi6
- Storage
- WD SN850X
- PSU
- 750W NZXT CX
- RAM
- 32GB Kingston Renegade CL30
- Video card
- Onboard
- Case
- CM H500 ARGB
- Mouse
- Logitech G703
- Keyboard
- SteelSeries TKL
- Audio
- Realtek
- Monitor
- 27" Mi 2K 165Hz
- OS
- Windows 11 Pro 64Bit
Пред некое време земав ASUS TUF 3080Ti користена секако, онака мал апгрејд од 3070 за евтино дур не дојде 5ххх серијата наредната година ...
Но користејќи ја графичката ми беа чудни температурите поточно 100 степени на хотспот и 89-90 на јадро и меморија (добро сеа претходната ми беше најдобриот модел на 3070ти па некако бев разгален 60 степени на јадро
).
Повеќето сопственици и копачи ќе речат па така се дизајнирани нормално е толку да постига и тн. што не е далеку од вистината бидејќи графичката ќе трпи и таква температура но бидејќи беше користена одлучив да истражам малце која е причината за овие температури.
Мерејќи фреквенции и температури со GPU-Z приметив дека графичката прави термал тротлинг или поточно фреквенцијата на јадрото одма паѓа на 1600 Mhz и во GPU-Z PerfCap Reason вика дека е ради температура! Со мануелно поставување на фановите на 100% ситуацијата е скоро иста што значи дека топлината не се проводува добро до хитсинкот.
Кулеров ми личи доволно добар да ја лади графичкава па логички си викам ајде време е да сменам термална паста и падови. Проблемот тука прво е дека падовите кои ги има фабрички се со различни дебелини значи треба да купам 4 различни сета па од нив да сечам колку ми треба и друго барајќи на нет решенија видов дека АСУС всушност има и фабричка мана или потчно на едно битно место на кулерот нема ставено термален пад воопшто тоа можете да го видете во сликата подолу (инаку ова важи за сите TUF модели на 3070/3080):
Термалната паста беше камен исто и термалните падови буквално се ронеа на допир, не очекував искрено АСУС да користи толку неквалитетна паста на највисокиот модел на нвидиа. Сликава погоре само што ја отворив пред да ја исчистам.
За паста се одлучив за Arctic MX-6 додека за падовите беше малце по комплицирано за избор, за жал кај нас гледав спецификации и сите термални падови што се продаваат се помеѓу 5 и 8 W/mK додека на нет гледам дека ставаат падови со 15 па дури и 20 W/mK. Не дека ова е многу битно но ете кога веќе одлучив да менувам ќе земам нешто поквалитетно па на крај изборот падна на овие бидејќи се со највисок рејтинг и готови сечени спремни за точниот модел:
asus-3080-tuf
Од САД се но праќаат и во МК преку USPS (на крај сте на милост на нашата пошта
). Ми стигнаа за одрилика месец дена, 15 дена дур стигнаа кај нас и 15 дена дремеа кај нашата пошта.
После 2 часа детално чистење ги нанесов новите падови и пастата, подолу се резултатите, за жал заборавив и не успеав да сликнам како изгледа исчистена со новите падови но кого го интересира може да ги види следново видео.
Цели 20 степени намалување на хотспот додека јадрото е 74 макс на фурмарк.
Еве и разлика во бенчмарк-от Superposition на Unigine:
Сега гајле нема и за оверклок , јадро на 1950 мхз и меморија на 21000 работи без проблем, темпратурите се исти, веројатно може и повеќе но не тестирав.
Сите кои имаат ASUS TUF модел на 3070/ти или 3080/ти препорачувам да си сменат падови и паста доколку имаат волку високи температури или минимум да ставите термален пад и на местото каде што Асус нема ставено фабрички а е круцијално за ладење бидејќи хитсинкот на овие TUF модели е на два дела и истите се допираат преку овие термални падови.

Последна промена: