- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Asus ја претстави ROG(Republic of Gamers) Matrix серијата на графички картици кои немаат конкуренција на пазарот. Имено, Asus потполно го преработи основниот дизајн на картиците и додаде свој сопствен чип Super Hybrid Engine...
Најчесто модификацијата во дизајнот кај графичките картици кај различни производители се состои во промена на налепницата, а се користи референтниот дизајн на ATI и nVIDIA картиците.
Гореспоманатиот Super Hybrid Engine, е посебен чип кој се грижи за сите параметри на работата на графичката картица: бројот на вртежи на вентилаторот, температура, напонот, меморијата, потрошувачката на струја и сл.

Според горенаведеното може да се заклучи дека оверклокирањето на овие картици е доста поедноставно и надзорот на температурата ќе биде многу попрецизен. Резултатот на сево ова е картици кои во 2D мод на работа ќе заштедуваат дури 30% енергија, додека во 3D мод на работа ќе бидат побрзи за 15%.


Е сега за цената, можеме само да се надеваме дека нема да бидат многу поскапи од "обичните картици".
Извор: ASUS