1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем Asus GL504GS десниот звучник сам ја намалува јачината

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од pathfinder, 20 Септември 2018.

  1. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Здраво дечки,

    нов лаптоп Asus GL504GS земен (преку фирма) од нептун пред 7 дена. Нова инсталација на Windows 10. Инсталирани сите драјвери.

    Проблемот е што десниот звучник сам ја намалува постепено јачината, додека левиот звучник е ок. За 10-тина секунди, десниот звучник се враќа пак во нормала и потоа повторно истото. Одредени периоди дури и неколку саати нема проблем со звучникот. Се извинувам за квалитетот на видеото :)



    Работи кои ги пробав, а не помогнаа:
    • Пробав со други звучници и слушалки, неможам да го реплицирам проблемот на нив.
    • Во поставките во Sound во Communications направив "Do nothing".
    • Табот "Enhancements" во Sound не се појавува за да ги исклучам тие поставки.
    • Направив update на аудио драјверот, roll-back, uninstall, reinstall.
    • Во Speaker properties наместено е 100 balance на двата звучници.
    • Го исклучив микрофонот.
    Искрено незнам дали и првиот ден вака правеше бидејќи многу малце го користев, а за звучниците видов дека само работат. Дали имате некои предлози? Дали е можно да е до софтверот/драјверите?
    Дали знаете во нептун дали прават замена штом одма се појави проблем или ќе морам на сервис :( ?
     
  2. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    793
    911
    11 Март 2011
    Бутирај некоја Linux Live дистрибуција, пример Ubuntu, најмногу драјвери имаат и види дали таму се појавува. Доколку не, дефинитивно е до Windows или драјверите. Пробај чиста инсталација на Виндовс од друго ISO.
     
  3. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Пробав со нови инсталации на Windows 10 и Ubuntu 18.04 и различни iso пак истиот проблем. Неколку саати си работи ок, после тоа не. Некогаш па после неколку секунди одма не работи.
     
  4. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    251
    171
    11 ноември 2015
    Машко
    Пробај со BIOS update.
    Пробај со некој плеер што можеш да подесиш на кој од звуцниците да свири и намести го цело време десниот и види како ке се понаша.
     
  5. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    BIOS-от ја има најновата верзија. Пробав така со звучниците, десниот рандом ја менува јачината. Сега забележав дека и на моменти и малку ја зголемува јачината. Не сум сеуште сигурен, но кака да му треба прекин за да се врати на нормалата од почеток (Едит: Не, рандом си е некако).
     
  6. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    251
    171
    11 ноември 2015
    Машко
    Истот го прави и на полнач и на батерија?
    Пробај само на батерија без полнач и обратно, со полнач без батерија.
     
  7. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Да, истото го прави :/ . Го пробав тоа и на Windows и на Ubuntu.
     
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,412
    2,143
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    Се изнамачи до немајкаде. Што ако е мембраната на звучникот заглавена ? И некои пати кога се пушта има звук а кога заглавува звукот е ептен тивок ?
     
  9. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Хаха, сакам да ги пробам сите опции што можам, бидејќи грев ми е нов лаптоп на сервис одма да го отвараат.
     
  10. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,412
    2,143
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    За жал али јас сумљам на мембраната на звучникот и мора сервис, бидеќи е механички дел и најјмала ситница случајно упадната за време на склопувањето на него може да дојде до блокирање .
     
  11. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    757
    571
    27 Април 2010
    Машко
    Се што можам да ти кажам од мене е многу едноставно гаранцијата нема да ти ја искинат ако го отвориш


    View: https://www.youtube.com/watch?v=Q1ky08EJ03k


    Повели видео двата звучника се толку мали се држат на 2 штрафчиња оштрафи ги мрдни лево десно да не видиш да е до тоа, но јас незнам од кај ти е купен и да не ти приречат после ете ти си го оштрафил капакот и толку е УМРЕ ЦЕЛ ЛАПТОП :p
     
  12. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    251
    171
    11 ноември 2015
    Машко
    Доколку звукот ти грчи можно е да е мембраната. Пробај дувни со нешто внатре кај што е звучникот што не мислам дека ке го средиш.
     
  13. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,923
    5,104
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ако прави секаде така не е софтвер. Врати им го. Или лупни го јако кога ќе се намали да се размрдаат жиците, ако се појача тоа е проблемот, ако не може да е самиот звучник или некој опамп (уште ли се користат) со лабава нога :)
     
  14. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Фала на сите за одговорите. Како што пишав погоре од Нептун е земен од сити мол. Купен на име на фирма. Ќе пробам да го вратам прво, не е ни 10 дена користен. Ако не можи, сервисот не му бега :/ Ќе го пишам исходот.
     
  15. krema

    krema
    Professor

    6,880
    6,531
    24 Јуни 2009
    Машко
    И да го пишиш, баш ме интересира.
     
  16. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    757
    571
    27 Април 2010
    Машко
    Исходот кој беше или уште чекаш да ти го вратат од сервис @pathfinder
     
  17. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,633
    6,367
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Или ќе му дадат нов или ќе заменат матична.
     
  18. pathfinder

    pathfinder
    Gaining Experience

    36
    76
    1 Февруари 2017
    Сеуште е на сервис. Во налогот пиши дека се чека резервен дел, а шо дел не пиши.

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...