• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ASUS Eee Pc

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Ме интересира што мислите за ова минијатурно лаптопче, мене ми изгледа како доста корисна работа особено во денешно време каде скоро секое кафуле има бежичен интернет и ќе може на масата покрај компјутерот да има место и за кафето :) а во зимски услови ако имате јакна со поголеми џепови без проблем ќе го собере внатре. Има мал хард диск и не може да се мери во перформанси со неговите поголеми браќа но кога ќе се земат цената и практичноста во предвид според мене е на врвот. за повеќе информации тука
 

Fatihh

Gaining Experience
14 април 2007
372
50
Скопје
Fatihh's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7 - 6700
Motherboard
ASUS TUF
Storage
2TB Western Blue + 480GB SSD A-DATA
PSU
SPIRE SILENTEAGLE 550W REAL
RAM
4x 8GB DDR4
Video card
STRIX GTX 1050Ti 4GB
Case
Case Cooler Master K380
Mouse
Mouse Genesis kypton 500
Keyboard
A4 TEC B318
Monitor
Samsung 27" 4K
OS
win10
Да да топп е има ТАЧ пад..."Easy to learn, Easy to work, Easy to play"... Solide state disk... има :bravo: т.е нов модел на Subnoteboo:bravo:
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,368
657
damjan.softver.org.mk
EeePC-то е одличен производ кој создаде нови пазари и ново сфаќање на PC-то. Но треба да се знае што Е а што НЕ Е.

eeePC не е наменет како примарен компјутер. повеќе идејата му е да биде интернет „уред“. главни карактеристики кои го обележуваат (според мене) му се:
1. цената, помалку од 300 евра .. значи дека скоро секој може да си го дозволи, уште поважно цената дозволува да бидеме релаксирани во врска со него... на пр. не би го мкнел ThinkPad-от од 1000+ евра насекаде кај што би можело да го скршам, да го украдат, да му влезе прашина или сл. За eeePC не му ја мислам многу.
2. габаритот и тежината, eeepc е доволно лесен и мал да може без проблем да се носи секаде.
3. SSD, повторно, не му ја мислиш дали HDD-то ќе ти цркне од труцкање во кола, автобус или воз.. или кога одиш, џогираш и сл.. едноставно го палиш и немаш гајле.

мислам дека овие се главните карактеристики на eeePC-то кои поединечно можеби не се спектакуларни.. но всушност создадоа (ќе создадат) еден нов квалитет, нов пристап кон тоа што е PC.
 

leopard

Intern
13 март 2008
60
5
Јас пред да го земам овој лаптоп кој сега го користам мислев да го земам тој, но се предомислив. Бидејќи Asys не може да се мери со Dell. Така да го одбрав Dell, и премногу сум задоволен, и не сум се пишманил што не го зедов тој минијатурен пренослив компјутер. Сепак, за мене тој (ако може да се нарече лаптоп) уред е повеке играчка отколку уред за работа.:spienje:
 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
За ASUS Eee Pc ќе проговорам во слики:



Уште не ви е јасно кој е таргетиран со Asus EEE Pc?

 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
EeePC-то е одличен производ кој создаде нови пазари и ново сфаќање на PC-то. Но треба да се знае што Е а што НЕ Е.
Нови пазари? Еве на пример Sony (а и други) имаат ваков сличен модел веќе со години, само не се мачат толку да го рекламираат затоа што се бескорисни. Нови пазари создадоа мобилните уреди и PDAs кои овозможуваат се подобри перформанси и замена на присуство на компјутер во некои случаи. Во овој интерконектиран свет тие се уредите кои ќе се носат по џебови, а не ваквите минијатурни лаптопи.

eeePC не е наменет како примарен компјутер. повеќе идејата му е да биде интернет „уред“.
еееPC е наменет за деца.

мислам дека овие се главните карактеристики на eeePC-то кои поединечно можеби не се спектакуларни.. но всушност создадоа (ќе создадат) еден нов квалитет, нов пристап кон тоа што е PC.
Again... нема врска. Нов квалитет? Нов пристап? Како што реков, ваквите минијатурни модели на лаптопи ги имаа другите одамна (точно е дека имаат цени над 1,000+ долари и сл.) едино што Асус направи е понуди по ниска цена затоа што оваа глупост не содржи баш и некој квалитет.

Пак ќе кажам, не потпаѓајте на маркетинг триковите на Asus. Ако мислите дека нешто џаболебарам тука, тркнете до некоја продавничка каде што ја имаат играчкава, и погледнете ја кутијата. Има неколку сликички од страна, на едната компјутерот го користи девојка, на другата 2 деца, на третата едно дете и сл.

Оваа играчка е бескорисна за ИТ професионалците и оние ентузијасти кои имаат вистинска потреба од нет и лаптоп и сл.

П.С. За оние кои ќе ме нападнат со не знам какви неаргументирани ставови дека сум сексист и дека се обидувам да го навредам женскиот пол, не го правам тоа. Единствено говорам дека Асус со овој модел на современа играчка таргетира девојки од понежниот пол кои не се толку навлезени во ИТ светот, и како примарна таргет група си ги има децата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,198
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно