1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Астрофотографија, совети и искуства

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од theMAD, 7 Мај 2016.

  1. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,073
    1,380
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    Доста време се одлучував да пробам астрофотографија, и конечно вчера, без статив и без никакви додатни работи, за првпат го имав првото искуство со ова, на некој начин. Читав на интернет форуми и сајтови дека за астро најбитно е wide angle lens, tripod & remote control/shutter release. Бидејки сега засега немам ништо од тоа вчера околу 22:30 бев малку настрана од градот со кола. Имам Никон Д5200 18-140мм kit објектив. го поставив на покривот од колата и оставив да снима 30 секунди со следните поставки: f/3.5, ISO 400, focal length 18mm, exposure bias +5, no flash. Ова е резултатот кој го добив: DSC_0384.jpg
    Ова верувам дека не е ни блиску до астрофотографија, но сепак се мои први почетоци во поглед на тоа поле, без ниаква опрема, чисто со импровизирање добив основна идеја како би сетоа тоа изгледало, сакав да видам дали и самата камера ке успее да ги слика самите ѕвезди. Зажал успеав да направам само 2 слики, од кои едната беше доста замаглена, и ѕвездите изгледаа како да паѓаат (star trails). Пробав со други сетинзи да направам уште некоја но поради некоја причина, која не ми е јасна, шатерот нејкеше да почне да слика/снима, Subject is too dark, имав консттанто порака после тоа. Па така после 2 минути поминати таму се вратив дома.

    Ваши искуства со астрофотграфија, и секако фотографии докулку ги имате, совети и кои сетинзи и опрема најчесто ги користите за истите,
     
    Последна промена: 7 Мај 2016
    На filipkir, Sukhoi, Kajsibebraat и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Мораш да пробаш (ваљда в лето) надвор од град односно подалеку од светлосно загадување.

    30 секунди не се малку? Да пробаш со мало ISO и (многу) подолга експозиција?
     
  3. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    500
    341
    11 Февруари 2016
    Машко
    За нешто поинтересно, прогуглај Star trails. Еве слика што сликав пред неколку години. Доста интересни фотки се прават. (за ова дефинитивно е препорачливо да се има remote shutter/интервал setting). Се сликаат повеќе слики (јас сликав преку 70) и потоа се спојуваат сите за да се добијат линиите. Би ти препорачаал ISO на минимум, широко отворена бленда, и потоа во зависност од колку светло имаш во околината (15-45 секунди). Најпрво сликај на 15, ако не е доволно, додај уште некоја секунда додека добиеш нешто што ти се допаѓа. Потоа сетираш интервал, и го остааваш апаратот 1 саат или повеќе да чкрапа.

    Edit: Еве ја најдов апликацијата што ја користев за спојување на сликите.
     
    На theMAD и Avid им се допаѓа ова.
  4. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,579
    1,330
    27 Јануари 2011
    Машко
    Како викаат “без алат нема занает“. За оваа покрај опрема ке ти теба и стрпление, седење по цела ноќ надвор (или ке го поставиш триподот на тераса со окинувач заглавен сам да си штрака :D )
    Може да користиш одложено окинување 2 или 10 секунди, така може го намалиш нишањето на апаратот при клик на окинувачот.
    И внимавај на сензорот, користење на долги експозиции (15-30сек 100-тина фотографии) ке му го намалат векот.
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Пошто ние си лупаме ваљда @xenon знае што треба да се прави.
     
    На theMAD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    603
    1,986
    27 Јануари 2014
    Машко
    Кога сликаш ѕвезди или млечен пат ти треба експозиција од 20 до 30 секунди, зависи. Се подолго од тоа нема да добиеш ѕвезда туку линии. Јас фокусот го ставам на 1.4 т.е. секогаш на најниско. Исото исто меѓу 3200 и 6400 зависи до апаратот треба да тестираш и да видиш какви резултати добиваш на 6400. Јас обично на толку сликам па во фотошоп со плагини намалувам noise. Нормално за да фотографираш ова ти треба добар трипод и remote control. Апаратот и китот ти се добри за почеток и можат да ти завршат работа. Најбитна ти е локацијата и колку е темно. Пробај тркни до Кокино ако си во можност ќе се изненадиш од резултатите.
    За star trails важат истите сетинзи освен експозицијата. Пробај играј си со неа и види ги резултатите, 45 секунди до минута би било таман. И нормално на remote ќе наместиш и ќе си го оставиш 2 саата, после коа ќе ги споиш сите слики ќе видиш што си добил, али никако мрдање на апаратот или ќе го добиеш следново:

    3333.jpg

    Мојот прв обид. Во астрофотографијата многу е битно да имаш трпение и да си упорен, често знае и времето да те зезне и да ги немаш посакуваните резултати. Али напорна работа и вежбање и ќе го постигнеш тоа што го сакаш.
     
    Oktar, makaramkd и на theMAD им се допаѓа ова.
  7. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,073
    1,380
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    вчера бев во скопје, сакав да земам статив од PixPlus, ама бев и по друга работа, па кога се ослободив веке беше после 6 попладе и не отидов да проверам дали е отворен, ама најверојатно во вторник пак ке одам па ке земам статив, препорака некоја за статив ?
     
  8. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Јас го имам овој и сум задоволен, изработката е одлична, алуминиумски е - лесен за носење, го имам веќе 4 години, не дека го користам премногу, но сеуште се нема нигде расклацкано. Моја препорака - Vanguard како солидна буџет варијанта на статив.

    http://www.pixplus.com.mk/default/photography/support-equipment/tripods/vanguard-espod-203ap.html
     
    На Oktar и theMAD им се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ништо нема да добие со голема експозиција. За тоа е потребно усеверено постоље за телеско. Јас имам и такво и телескоп и mount за монтирање на камера на телескоп.
    @theMAD сега се влижи сезона за теренска работа, кога ќе одам ќе ти јавам, па ќе научиш како се прави тоа. Лудо интересно е.

    Sent from my Samsung Galaxy S7 Edge using Tapatalk
     
    На theMAD и Luidgi им се допаѓа ова.
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    За астро фотографија, корисниците на Никон (модели D5100, D7000, D800 и уште некои) на NikonHacker.com (форум, потребна рег.) имаат фирмвер хак кој овозможува "Dark current" опција, односно оневозможува фабричкиот фирмвер да ги јаде ѕвездите мислејќи дека се сензорски шум.

    Инаку бара, брз објектив (<2.8), апарати со голем сензор (FX) иако не е мандаторно сепак е пожелно и ISO под 3200.
    Екстремно е битен и стабилизаторот, односно ако се користи трипод да биде што потежок, помасивен и по можност челичен. Челикот како и чистото железо се подобри при абсорбирање на микро вибрации (возете постар точак со тежок челичен тубуларен рам на пример наспрема нов лесен алуминиумски велосипед). Со оглед дека веќе овие се ретки денешно време, се прибегнува кон методи на укотвување т.е. одредени триподи имаат можност на централната осовина да се закачи тег, ранец или слично).

    Нормално, работи како следниве мислам се подразбираат:
    - Mirror lock up пред експозиција (да се крене огледалото, па да се почека 5 секунди пред да се отворат завесите за експозиција).
    - Remote shuter release (далечински активатор на окинувачот, без разлика дали е жичан или безжичен, битно е да не се пренесат вибрации од раката врз телото на апарато пред самиот почеток, односно допирот на копчето на окинувачот е една од точките на нарушување на балансот).
    - Мануелно подесување на параметри експозиција, отвор на бленда, осетливост на сензор (исо).
    - Мануелно фокусирање
     
    На drifter, Војвода, gokica и уште 7 други им се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да, и Canon имаат специјални фирмвери на пример Canon 20D-A
    Remote shutter у принцип не е неопходен, бидејќи самиот фирмвер знае што и на кој начин треба да слика, не си му потребен ти да му кажеш кога да застане па да пренесе вибрации. Canon апаратите од друга страна имаат па друга опција да игнорираат потреси, на пример за време на ноќно снимање се учукаш во екваторијалното постоље ако не го видиш, тој ќе знае и ќе ги одстрани фрејмовите со вибрации.
     
  12. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    После постот на @xenon мислам дека темава заслужува да добие статус стики/важна.
     
  13. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Причина?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    xenon e изумител и газда на XenForo Ltd. и има голем апарат за сликање.
     
    Последна промена: 8 Мај 2016
  15. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    :rolleyes: Доволно корисни информации сподели за почетниците како мене да можат да направат нешто без да се замараат да пребаруваат по странски форуми...
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да, но темата е: Астрофотографија
     
  17. K3nPa4i

    K3nPa4i
    Intern

    24
    27
    2 Декември 2015
    Машко
    За Астрофотографија со техника на "Star Trails" не сум запознаен подетално, немам ни искуство... но за обично "Single Exposure" слика е многу битно да не ти се појави нималку трага, со што би се добило кон што поголема острина.

    -Најбитно во врска со тоа е да си го одредиш максималното време на shutter speed (а не само на bulb mode и со remote да зголемиш shutter повеќе од 30s). За ова кружи непишано правило – “500 rule”, т.е.: 500 / focal length (mm) ~= shutter speed (s). Овие вредности важат за full frame. Бидејќи користишNikon D5XXX кој има crop фактор, тогаш ќе користиш 300 наместо 500 (500/1.5 ~= 300).
    Значи, ако сликаш со 20mm focal не би требал да имаш shutter speed повеќе од 15s (300/20 = 15s)ако не сакаш да се појави матење на звездите.

    -Кој focal length да се користи? Што помал – толку поарно. Ако сакаш пак да имаш подетален зум, можеш и со поголем focal length но ќе треба да ги комбинираш во панорама (Photoshop, Lightroom, итн…).

    -f-stop – што помало секако! Што помала вредност, толку побрз објектив, повеќе пропуштена светлина, повеќе звезди на небото (со надеж и за маглини или млечен пат). Некој спомна погоре за light pollution... за астрофотографија тоа е errection killer (секако има некогаш техники каде малку од ова е и препорачливо) и веројатно минимум 10км од најблискиот град треба да се избере добро место.
    *Ако имаш избор од два објектива има понапредни пресметки за каков компромис да се прави, како на пример: 50mm со f1,8 и 7s shutter speed е за нијанса поарно одколку на 18mm со f3,5 и 20s shutter speed (ако притоа нели предпоставиме дека со tripod направиш 5-6 слики па споени во панорама) но тоа е понапредна математика :) да не го тупиме дополнително освенсо основните работи.

    -Останато:
    Ако немаш IR remote, во тој случај добра финта е да се користи одложено времено сликање за 2s пример, со што ќе избегнеш секакви вибрации причинети од стискањето на shutter-от (колку и да имаш добар tripod). И да – tripod ОБАВЕЗНО! Макар најефтиниот од 10eur, ќе ти се најде секако инза друг вид на long exposures :).
    Exposure bias?! Не би ти го препорачувал тоа никаде. Не сфаќам зошто постои ова опција кога тоа е вештачки осветлена/затемнета експозиција на фотографијата која може да се направи на компјутер кај секој софтвер во основна постпродукција. Секако процесирачката моќ на апаратот е неспоредлива со онаа на компјутерот.

    Секако ова го пишувам тотално аматерски и секако дека ова се само основните динамики на кои треба да се внимава.

    Поздрав!
     
    На Boce!, Oktar, Costigan_Jr и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Еве малку повеќе информации: http://www.astropix.com/HTML/I_ASTROP/beginner_equipment.html#Mount
    Обрнете внимание каде што пишува mount и tripod.

    Трипод не е ни потребен. На темата е џабе фрлање пари. Тоа што е потребно е mount.
     
  19. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,579
    1,330
    27 Јануари 2011
    Машко
    Mоunt e да се закачи на телескоп. Поголемите објективи имаат свој mоunt за трипод.
    Во оваа тема се прави муабет за фотографирање со апарат и објектив. А кеса со грав е нешто што може да се искористи во момент како помошно сретство.
    Трипод мора да се има. Сепак фотографија е многу скап спорт.
     
  20. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не, mount не е да се закачи на телескоп. Не ставив за џабе да се прочита:
    http://www.astropix.com/HTML/I_ASTROP/beginner_equipment.html#Mount
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  21. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,073
    1,380
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    Добро, за фотографирање на небули, млечен пат и слично треба екваторијален моиунт, за да ја надокнади ротацијата на земјата, на подолго фотографирање де губи острината на сликата. Но темава може да биде и како водич, идеја и галерија за нешто околу тоа, немора само астрофотографија, туку и ноќно небо и нешто помеѓу или околу овие сфери. Така да ако некој има слики од астро или ноќно небо слободно нека прикачи, да си направиме нала изложба на форумов
     
    На gokica и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За надокнадување на острина поради жртвување со долга експозиција ти треба нешто за што немаш пари братче :)
    Еве нешто наше од пред недела дена: http://astronomija.mk/tranzit-na-merkur-pred-sontseto/
     
  23. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Од сега па во наредните два часа на Машински факултет ќе бидат поставени телескопи и опрема за астрофотографија.
    Кого го интересира нека помине слободно, ќе му се објасни што го интересира.
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,989
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Еве нешто свежо и наше, без многу филозофии

    [​IMG]
     
    На Војвода, PandaBomber, vlavot и уште 6 други им се допаѓа ова.
  25. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    603
    1,986
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ова од Скопско Астрономско ? Локација? Преспа ?
     

Сподели

Вчитување...