1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Artificial intelligence - AI (вештачка интелегенција)

Дискусија во форумот 'Останати' започната од Xenor, 8 Јуни 2009.

  1. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Дали има некој работено со AI и дали има нешто да ми препорача некој туторија. Иначе знам ова не е баш лесно и кажете отприлика вовед во тоа што знаете и сакам ако има некој што се занимавал со ова да разменеме некое знаење да знам од каде да почнам. Знам дека е поврзано повеќето со дискретна математика (дискретни структури) и има многу комплексни и тешки алгоритми, дрва и графи од кој е составена вештачката интелегенција.Некои термини и алгоритми што ги имам сретнато:

    • Obstacle Tracing
    • Dijkstra's Search
    • Radial basis function
    • Best First Search
    • Breadth First Search
    • Fuzzy logic....
     
  2. StarBuck

    StarBuck
    HC

    1,295
    48
    16 Февруари 2008
    QA
    Туториал не може никој да ти препорача, за тоа ти треба да имаш специфичен проект. Општо ако сакаш да научиш AI побарај книга некоја на интернет. Најубаво е да се почне од програмирање ако немаш никакво искуство. Ако имаш, тогаш префрли се на некој од логичните јазици како Prolog, Logo итн.
     
  3. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Фала па би ги разгледал што како се овие јазици.
     
  4. loverboy

    loverboy
    Intern

    147
    11
    6 Февруари 2008
    Ова што го спомна и многу други интересни теми како data mining, neural networks... влегуваат во оваа голема тема Вештачка Интелигенција. Инаку многу се истражува во ова поле и морам да признаам дека бидејќи е релативно нова наука уште се систематизираат работите. И јас сум многу заинтересиран за вештачката интелигенција, имам неколку добри книги на оваа тема, специфично за невронските мрежи за кои сум импресиониран од нивната голема моќ а големата едноставност. А инаку да, потребни се знаења од математика ако сакаш подлабоко да навлезеш во неа, посебно теоријата на веројатност, fuzzy logic има цела математичка теорија, логика... Имам читано книги со оваа тематика и правено неколку добри туторијали, планирам после обврските на факултет да најдам уште нешто интересно од оваа тематика и да направам некое проектче. А што се однесува до јазиците, да корисни се, некои даваат предност при кодирање на вакви алгоритми, но пред се мислам дека треба да се разбере суштината прво, не треба да се замараш да учиш нови јазици во оваа фаза. Немам време сега да ти оставам материјали и да дискутирам многу затоа што утре го полагам последниот колоквиум за овој четврт семестар :) . Наредниве денови ќе оставам и некои интересни линкчиња. Поздрав
     
  5. toteto

    toteto
    Баниран/a

    916
    40
    19 ноември 2008
    Еден другар мој одеше во некојси клуб Роботека, таму праеле некојси роботчиња ама тие биле веќе програмирани тие требало само да ги склопат. Ама мислам дека има и понапредно ниво.

    Незнам дали за ваква вештачка интелигенција мислиш.
     
  6. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Добро сеа тоа со роботите е за мене ептен напредно јас сеа за сеа разгледувам вештачка интелегенција од типот "x и точка"играта за во неа некој ко компјутерски бот.
     
  7. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    еве линк за материјалите од пмф по предметот основи на интелигенти системи, порано вештачка интелигенција се викал предметов. Значи материјаливе не се однесуваат на делот роботика, тука на пребарувачки дрва. Лабораториските вежби се во Lisp и Јава.

    http://rapidshare.com/files/242354663/OIS.rar.html
     
  8. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Фала ќе се најде ова ко за почеток.
     
  9. toteto

    toteto
    Баниран/a

    916
    40
    19 ноември 2008
    Па изгледа има и за то некое ниво... програмирање на вештачка интелигенција за почетници:)) (незнам како се вика) Па првим ќе почниш роботот (мали роботчиња на тркалца, ко колишиња на далинско) да го програмираш да оди право без да се чука во ѕидови, после да избегнува препреки на патот, нешто како што е Robo-Car на Discovery.

    И ако нејќиш да даваш пари на количиња би требало да има некој симулатори (сигурно има, ама како се викат...).
     
  10. loverboy

    loverboy
    Intern

    147
    11
    6 Февруари 2008
    Доколку си заинтересиран за тоа како работи икс точка можеш да побараш за Minimax алгоритмот, тоа не би ставил баш во групата на Вештачка Интелигенција, бидејќи се применува minimax е еден многу едноставен алгоритам и она што прави алгоритмот е всушност пребарување низ граф. Овој алгоритам се применува за игри каде што секој играч има по еден потег и наизменично играат. Инаку сега за семинарска правев игра икс точка ама со поголема матрица 15х15 и треба да направиш 5 во низа а не 3 како кај обичната икс точка. Ако сакаш пиши ми маил и ќе ти ја пратам играта да ја разгледаш. Во неа имплементирав Minimax алгоритам со оптимизации. Наскоро на блогот ќе објавам статии за интересни алгоритми, а меѓу нив и minimax ама тоа откако ќе се поослободам со обврските.
     
  11. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    во линкот горе што го ставив има и minimax објаснето на македонски, има и негова оптимизација, алфа и бета отсекувања.
     
  12. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Се ќе видам што како има само да поминам испитов.
     
  13. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
  14. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
  15. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Иначе тој је македонска работа.
     
  16. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Незнам за тоа а кој го работал.
     
  17. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Spion.

    irc.freenode.org #it.com.mk

    Там се налази ботот... т.е. македонската верзија .. али го нема во последниве неколку дена изгледа му се налутил мастерот.
     
  18. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    не го знам лично spion, али еве го неговиот сајт, алал да му е

    http://www.spion.ws/
     
Слични теми
  1. Fiasco
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    3,108
Вчитување...

Сподели

Вчитување...