1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Arduino Uno Multimeter

Дискусија во форумот 'Останати' започната од BorisSapphire, 14 Јули 2019.

  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    581
    363
    11 ноември 2015
    Машко
    Како што кажува самиот наслов, сакам да направам од Ардуино Уно Мултиметар.

    Сакам да правам тунинг на скутерот, ќе се менуваат многу работи на него и ќе имам потреба од Мултиметар.

    1.Сакам да направам water level checker, кој ке мери во казанчето до кој левел е нивото на вода.

    2.Исто така и за казанчето за масло.

    Планирам да користам сензор: https://www.aliexpress.com/item/322...53-461f-90b6-e74da97d7448&transAbTest=ae803_3

    3.Сакам да направам checker и на акомулаторот да мери колку V e.

    4.Сакам да ставам сензор за температура кој ќе мери колку е менталната температура на самиот цилиндар.(кој што многу ми значи)

    Сензор за температура: US $1.01 27% OFF|1PCS DS1820 Stainless steel package Waterproof DS18b20 temperature probe temperature sensor 18B20 For Arduino-in Sensors from Electronic Components & Supplies on Aliexpress.com | Alibaba Group


    Сето ова сакам да го направам со Ардуино Уно и дисплеј LCD1602.

    Сакам да ставам копче кое што ќе ги врти сите четири работи и ќе ги прикажува на самиот дисплеј. И дали е возможно во самиот код да се стави одреден тајмер кој автомацки ќе ги врти сите четири работи(Пр. на секој 4-5 секунди)?

    Исто така сакам да ставам бипер(звучник) кој што ќе свири, на пример кога нивото на вода и на масло ке биде Low, или кога температурата на самиот целиндар ќе биде 60-70степени да свири. Исто така и дисплејот да го задржи тоа што ке биде Low, пример ако водата е Low или температурата на целиндарот над 60 степеним, дисплејот да го покажива цело време тоа и биперот да свири.

    Искрено не сум многу по програмирањето.

    Дали сето ова што го сакам е изводливо?
    Доколу е изводливо и некој би се нафатил да ми го направи, ке му платам колку што треба. :)
     
    На G4M3R и gokica им се допаѓа ова.
  2. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    581
    363
    11 ноември 2015
    Машко
  3. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Изводливо е и не е тешко за програмирање.

    Она што ме плаши е колку ке биде доверлив ваквиот систем.

    Пример, едно е да мериш ниво на вода во мирување, друго е да мериш ниво на вода во резервар во движење. Во вториов случај имаш нешто како бранови и тоа го ремети целиот систем затоа што течноста е буквално насекаде...

    За мерење напон имај во предвид дека ардуино можеш да мериш од 0v - 5v. Ако сакаш да мериш поголеми напони како 12v и 24v тогаш ке ти треба voltage devider коло. Со voltage devider очекувај да изгубиш прецизност.

    Во принцип лесно е да направиш прототип, тешко е да го дотераш да биде доверливо.

    Ако се решиш да го работиш, ти стојам на располагање околу програмирањето.

    Испратено од I4193 преку IT.mk форум апликација
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    A зошто да комплицираш?
    Зошто не земеш некое вакво и да си го монтираш само? Секако ќе треба да се побара или водоотпорно или нешто да се лепи за да стане водоотпорно, ама истото ќе го правиш и со другава опција.

    Нека не е ова, може и некое друго, ова прво ми излезе.
    US $2.28 20% OFF|W1209WK Digital LED Thermostat Temperature Controller Smart Temp Sensor Board Module 12V DC + Waterproof NTC Sensor-in Temperature Instruments from Tools on Aliexpress.com | Alibaba Group



    US $2.62 32% OFF|Mini DC 4V 28V 0.28 inch LED Dual Display Digital Thermometer w/ NTC Waterproof Metal Probe Temperature Sensor Tester For Indoor-in Temperature Instruments from Tools on Aliexpress.com | Alibaba Group

    П.С. Состојба на течност и онака не ти треба зошто ќе е и онака страшно неточна и за џабе.
     
    G4M3R, BorisSapphire и на Mkdsime им се допаѓа ова.
  5. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    581
    363
    11 ноември 2015
    Машко
    За вакво нешто мислиш?
    US $1.23 9% OFF|Max471 Voltage Current Sensor Module For Arduino AVR Tester Board 5V DC 3 25V 0 3A Diy Electronic Resistive Voltage Divider-in Integrated Circuits from Electronic Components & Supplies on Aliexpress.com | Alibaba Group
     
  6. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Незнаеме што ке прави со инфомрациите за температурата. Ако сака само да ги гледа океј е, ама ако сака врз база на температурата да изврши одредена активност "автоматски" тогаш ке треба да ги хакира ваквите уреди и да им ја исчита вредноста па да ја префрли на ардуиното и од таму да ја направи таа активност...

    Ништо не добиваш. И ова е voltage divider. Ардуиното мери од 0v - 5v и тоа е тоа лимитиарн си од платформата уствари...

    Него да не забегуваме, акумулатрот сигурно ти е 12v или 18v и не се варира кузнае колку многу и не е ни битно да го измериме со голема прецизност. Веријатно тебе те интересира да детектираш кога ке падне на 10v да имаш нотифиакција. Voltage divider и си завршил работа, таман си.
     
  7. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    438
    331
    26 Јуни 2012
    Машко
    Можеш ова се да направиш како што си замислил ама доста ќе се искомплицира и како што пишаа погоре, да се дотера. Ова е буквално „модување и хакирање“, и јас би предложил најбитните вредности што сакаш да ги знаеш е да ги отчитуваш со готови all-in-one модули без да се замараш со кодирање, калибрација, интерференции, водоотпорност, влага...

    За 1 и 2 можеш со сонди само проблемот е тоа „шлапкањето“ на водата или маслото+температура. Се решава со хистерезис за отчитувањето т.е рапидно да не ти прикажува вредност. Поедноставно би му дошло како семплирање на одреден период, пример на 5сек да имаш некоја средна вредност во тој стил за да ти поедноставам.
    Ова сега незнам како ти е точна замисла дали со одреден мерач 0-100%, само една ЛЕД дали е под одредено ниво или нешто трето.

    3. Се изведува и е полесно од ова погоре, имаш милион примери на нет како да го изведеш и хардверски и софтверски. За напонот не е страшно воопшто и нема преголем удел за прецизност тука(не ти треба до петта децимала да знаеш). Со два отпорника се прави напонски делител кој ќе го приспособи напонот што го мериш до максималниот влезен напон на ардуиното(кој е 5V).
    [​IMG]
    4. Исто како и за напонот, готова сонда само убаво да ја монтираш кај моторот и тоа е тоа.
    НО, далеку поисплатливо ти е готовиот сензор од погоре, за 3$ нема логика... со сонда комплет само да го монтираш... него ли да се замараш се ова да уклопуваш во едно и безброј пати да штелуваш и калибрираш.
     

Сподели

Вчитување...