Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Arc - Chromium базиран прелистувач од „иднината“

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.060
1.959
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
За Арк (Arc) дознав од неодамна, и додека бев на Windows немав шанса да го тестирам, но откако се префрлив на MacOS дојде моментот да го тестирам овој прелистувач. И за еден ден стана мој главен прелистувач. Да напоменам дека до денес, се уште нема официјална верзија за Windows. Додека пак за iOS имаат некоја апликација која ја немам тестирано. За да не ја должам премногу и да објаснувам една по една новина што ја има овој прелистувач, најдобро е да го погледнете видеото подолу.


Базиран е на Chromium, со многу големи измени. Може да се креираат профили (наречени Spaces) кои многу лесно може да се префрлате од еден во друг профил и со тоа да ви останат активни табовите. Тоа може да го погледнете на видеото на нивната страна или на линков: https://arc.net/space-swiping.webm двете точки во левиот долен агол се „профилите“.

Додека работите може да го тргнете левиот sidebar со табовите за поубава прегледност доколку пишувате нешто или работите на некој документ, Ова за мене ми е омилениот дел затоа што имам на еден начин full screen веб страна со можност за инстант копирање на линк без да треба да „излегувам“ од full screen модот како што го има кај останатите chromium прелистувачи.

Имате свои омилени веб страни кои може да ги додадете во Favorites и вчитувањето од она што приметувам е инсантно. Под нив стои делот со Bookmarks кои ги повлеков од Brave, и одма под тој фолдер стојат отворените табови како што е на сликава.

Screenshot 2024-02-25 at 13.04.58.png

Она со кој овој прелистувач се фали е нивниот AI именуван како Max каде што добивате плус некои нови опции кои јас се уште ги немам сите тестирано.

Забележав дека овој изглед се повеќе се турка да стане некој “нов стандард“ па затоа скоро видов сличен прелистувач кој скоро и да е идентичен во некои работи.

Дали некој користи прелистувач со сличен дизајн? И дали сте го пробале Arc до сега?
 

Delicon

On your way to fame
10 јуни 2007
1.207
714
delicon.mk
Супер си е Arc, го користам веќе некое време.

Единствено што ми смета се Bookmarks.
Не функционираат баш како Bookmarks туку како pinned tabs. Ако отвориш некој сајт од Bookmarks и клинеш на неколку линка, таму и ќе остане кога ќе го изгасиш сајтот. Треба да кликнеш на иконката (favicon) за да го ресетира линкот како што бил првично.

Инаку и Opera работат на сличен browser. Opera Neon – The future of web browsers? | Opera
 

DeJaVu

Practice makes perfect
21 ноември 2010
992
1.275
Скопје
После едно 15 години Firefox, ради еден глуп проблем(на редит одредени видеа не ги пушта кога си логиран на акаунт, а ги пушта кога не си) што не е нивна вина него на редит судејќи по понашањето, пред некој месец преминав на Vivaldi. И можам да речам дека сум прилично задоволен. Претходно пробував и Brave и Opera, али се нешто ми мањкаше.
Го имаш истото со групирање на табови, кај нив се вика Workspaces.
Има вградени маус гестикулации со функционалност што не сум ја видел(можда ми промакнала) по екстензииве/адониве од истите што може да се додадат пример во Firefox. Наиме има гестикулација со десен клик врз линк и влечење во одреден правец да ти го отвори линкот во нов фокусиран таб, а ако треба да не е фокусиран онда го отвараш линкот со среден клик. Ми лекна :), Пошто често морав да го менувам ова во сетинзи на Firefox според моменталната потреба. Исто гестикулациите работат на сите табови, што не е случај со екстензии/адони за гестикулации, кои што не работат на табови со подесувања или слично.
И најбитното, има можност да се направат табовите да работат во multirow чим се пополни таб барот(се отвара нов ред), спротивно од дифолт понашањето кај што ги крие и става стрелки лево/десно. Прилично едноставно да се изведе, пошто имаат додадено опција за цсс модови во самиот бровсер, и имаш фолдер кај што можеш да пикаш што ти прави мерак.

Ќе се проба и арков ваљда, можда ќе изненади. Едит: Ташак ќе се проба, сега гледам дека нема верзија за Windows.

А на овој на видеово не му верувам ич, ниедна бубуљица нема. Да ми препорачаше кај да се депилирам, ОК...
 
Последна промена:

Joco Ilievski

Gaining Experience
24 август 2011
481
452
Тетово, Јегуновце
Joco Ilievski's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700x / Wraith Prism
Motherboard
Aorus B450 Pro
Storage
Samsung EVO 850 250GB / WD500GB HDD
PSU
Sharkoon SilentStorm Icewind Black 80 Bronze Plus 750W
RAM
Kingston 2x16GB @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 7700 XT Pure 12GB
Case
SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
Benq Zowie EC1-A
Keyboard
Sharkoon Skiller Pro+
Monitor
Dell U2414H
OS
Windows 10 Pro
Долго време имам користено и хром, и лисицата. Лисицата премногу рам ми јадеше, и многу имав проблем со бафер на видеа на јутјуб... пробај ова, пробај она, и го баталив. Свичнав на хром, што по некое време и тој почна исто да ми прае, и имаше уште нешто друго, не се сеќавам што беше пошто беше оддамна. Инсталирав тогаш вивалди... мислим скоро скоро беше излезен, ама не ми легна некако и продужив на хром. Исто и со опера, не ми се свиѓаше некако и го баталив.
Откако излезе ЕЏ, некако толку добро ми легна што еве толку години го немам сменето ни па имам потреба да го мењавам. Обично имам отворено милион табови, никад не ми јадел толку рам колку лисицата и хром. Искључено ми е све за едноставен изглед, ништо да не ми фаќа место на пример како sidebar, не користим и букмарскс и слично, групирањето на табови исто ми се свиѓа... друго и не користим толку, и не сум осетил потреба по толку године користење на ЕЏ.
Арк ваке на изглед ми е убав браузер, и има достас фичрс. Да излезе само за виндоус па ќе го пробам обавезно. :)
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.035
18.004
Vivaldi е устав и преамбула за ергономија.
Другите прелистувачи не му се ни до колена во тој поглед.

Кога бившата Опера премина на хромиум особено кога ја купија кинези мене лично ми се створи огромен вакум па едно време користев Firefox, па Chrome.
И цело време во потрага по плагини кои барем малку ќе го доловеа look and feel на Opera односно Vivaldi.

Прочиеното paste and go во Опера беше имплементирано 100 години пред другите. Исто и сајд барот и многу други работи.
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.876
4.690
За Arc се крена голема прашина уште кога излезе.
Виндоус верзијата требаше да излезе есента, па околу нова година извадија некоја затворена бета колку да се рече дека има, затоа што е во фаза на алфа бидејќи еден куп можности не се воопшто имплементирани. IOS верзијата не е ни браузер, туку некакво мобилно надополнување на десктоп верзијата и не може да работи без неа.

Spaces е новина со која се издвојува од останатите прелистувачи. Една поинаква имплементација на работа со табови, групи, работни простори, контејнери и кој како си ги вика. Некому му легнуваат, некому не. Нема класични букмарци, сѐ е привремено. Фејворитс се всушност пинувани табови.
Многу корисници го сакаат и peek, тоа е попапче што се појавува над линк со привју на страницата.

Од останатите можности се воодушевуваат оние што никогаш не го провале Вивалди. Сѐ што е „ново“ во Арк е одамна достапно во Вивалди. Сајдбар, делови од UI во фулскрин итн. Со тоа што кај Вивалди е подобро и покомплетно имплементирано. Плус нивото на конфигурација кај Вивалди сѐ уште е незамисливо за кој било друг прелистувач.
А веќе го има и за сите платформи и десктоп и мобилни и убаво се синхронизираат.

Како и да е, добро е што е се размрда малку понудата на прелистувачи.
 

StOrMK

Gaining Experience
25 јули 2015
965
479
Скопје
StOrMK's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 - 4440
Motherboard
Gigabyte H81M-S
Storage
TOSHIBA DT01ACA100 1TB
RAM
Kingston HyperX Fury 8GB
Case
Ментална :D
Mouse
Motospeed V70
Keyboard
Motospeed CK 104
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
Benq DL2215-B 1920x1080 Full HD
OS
Windows 10 PRO 64bit
Одлична комбинација на Chromium и Swift UI (ко Safari да користиш). Го баталив Chrome на Mac и како примарен го користам Safari а овој ми е секундарен во случај само кога енџинот на Safari не рендерира нешто саглам.
Сеуште не успеав да добијам Windows beta иако се регистрирав со триста мејла.
Ама си треба да го доусовршуваат...
 

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.060
1.959
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Имам да испратам 3 или 4 мејлови со покани, не сум сигурен точно, но доколку некој сака може да ми прати во приватна порака мејл и ќе се обидам да му испратам покана за бета верзијата на овој прелистувач.

Морам да напоменам од она што прочитав е дека ова работи само на Windows 11 за сега, ве молам доколку го немате овој оперативен систем да оставиме простор на други да го тестираат.
 

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.060
1.959
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Истото го добив и јас, стига на мејлот порака и со тој мејл се регистрираат. Ептен мразам вакви глупости каде што наместо да го пуштат на сите и да им речат “Ова е БЕТА и може нема да работи добро“, тие ограничуваат пристап.

Или можеби 2-3ца им работат на поправки па да не биде наеднаш да им дојде фидбек од 80к+ корисници кои чекаат.
 

Isak Keyten

Practice makes perfect
25 ноември 2014
1.275
1.454
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Имам да испратам 3 или 4 мејлови со покани, не сум сигурен точно, но доколку некој сака може да ми прати во приватна порака мејл и ќе се обидам да му испратам покана за бета верзијата на овој прелистувач.

Морам да напоменам од она што прочитав е дека ова работи само на Windows 11 за сега, ве молам доколку го немате овој оперативен систем да оставиме простор на други да го тестираат.
Бог да чува бе само win 11...овие ко да се ептен алергични на јузери.
 

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.060
1.959
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Најглупо нешто е кога пушташ производ и наместо да лапнеш повеќе корисници, ти го ограничуваш и лупаш „Бета Инвајт“.
 

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.060
1.959
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Arc е достапен и за Windows од неодамна. Доколку некој го тестира нека сподели импресии :)
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.035
18.004
Arc е достапен и за Windows од неодамна. Доколку некој го тестира нека сподели импресии :)
Waiting листа има чудово од browser
Во која година се овие? Што е причава со вејтинг листи? Хајп?

Уште сега го прогласувам за умрено..
 

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.876
4.690
Само што го пуштија јавно за виндоус, таков недоквакан.

1714516161590.png
 

GetSchwifty

On your way to fame
22 февруари 2020
299
615
Скопје
Браузеров е ужас. Бара акаунт да креираш инаку не можеш да го користиш.

Им пратив мејл да ми избришат акаунт.
 

cekss

Intern
20 декември 2023
1
0
Бета тестер сум од јануари, сеуште многу функционалности ги нема за разлика од mac верзијата, а многу функционалности кои ги има багираат. За мене браузерот е освежување за разлика од другите, овој дизајн ќе стане стандард кај браузерите за 1-2 години според мене
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.127
Мислења
975.157
Членови
35.434
Најнов член
Ljupce Boshkov
На врв Дно