дени кај крале (ајбутик) работи, поарно од то за во мобилара немаПо мобилариве има "активирани", сеуште како нови но со активирана гаранција (со околу 9-10 месеци преостанати), и околу 600 евра идат.
@toshex
Овие што ги наброја сите се поголеми а некои и не занемарливо... ама се согласувам дека има меѓу нив подобар избор. Galaxy s10e ми е пример прва алтернатива. И јас не би го купил iPhone SE иако до пред некое време користев iPhone 7.
Само не знам зошто е чудно ако некој не сака да носи 160мм долг телефон и бара што помал...
Apple fanboy сигурно ќе купи 11ка а не овој...
Јас се шифтнав еднаш од iPhone 5s на Nexus 6 и телефонот беше супер за користење по дома ама по џепови беше мака да се носи. Имав шорц кај што не можев да го закопчам џебот од него. После него прејдов на iPhone 7 којшто беше далеку попрактичен за носење. Сега не би сакал да сум пак на 4.7” екран пошто сметам дека е мал ама реално па и не би ми сметало толку многу...
Друга група таргетираат ејпл, колку и да расправаме ќе се продава за таму кај што е наменет, и ок ќе помине. ја би дал 250 евра ништо повеќе .
После новиот Ајфон SE 3 ќе ви биде таман за џеповите со 5.8 инчи, итн инт..
Аппле ја знае идеалната димензија на човечки џеп, и прави СЕ телефони баш за тоа. Они за 400 долари ти даваат тоа шо најарно ќе ти пасира у џебот. Другите не разбираат))
Следно 5.8 инчи у иста големина на телефон и сите пак ќе викаат како идеално е и како е чудо како толкав екран у тие димензии. КАХМ:...
Мала дигресија: телефон е ствар за ало ало, и конзумирање на видео и текстуална содржина у денешно време. За ало ало, сите телефони тука некаде се не верувам дека некој ќе одбере еден или друг модел само заради квалитет на аудио повици ден денес.
За конзумирање на видео/текст содржина ти треба доследно брзо телефонче - и сите поасални телефони денес се дали андроид или ајоес - и колку поголем екран во големината на телефон шо ја сакаш толку поарно. И секако добра батерија за да ти свири јутубот шо подлго.
Дали има а13 или а10 чипсет, ако исто работат јутуб видеата и на двата - уопште не менува за просечен корисник. Значи нема ти 3д моделирање да работиш на телефонот... Дури и во мобилни игрици искуството уопште нема да е толку драстично различно. Еве резервниот телефон шо го имам некој си шаоми со мидренјџ спецификации си тера и јутуб и игрици без проблем. Не е најдобар, ама за ич пари е сосема доволен.
Затоа не сфаќам попалување по небитни спецификации во одредени телефонски сегменти. Ако веќе се работи за флегшип, океј - плаќаш 1000 евра океј е да сакаш се да е нај нај. Ама у ценовен ранг за 400 долари побитно е да стават поарен екран, и подобра батерија отколку најновиот а13 чип у телефонот - според мене.
Затоа Ајфон СЕ е промашај, пошо е небалансиран телефон. Имаш најјак процесор со најтиња батерија и екран шо беше солиден пред 5 години. Споредено со ОЛЕД екраните кои ги добиваш и во кинески телефони денес е далеку полош. И со тој најјак процесор пак не добиваш ни поарна камера или софтвер за камерата - нема најт моуд...
Значи небалансиран телефон.
A кој би купил ипх 11 ако извадат исти екран како 11 во вакво куќиште , нема логика и таа страна, секако гледано од нивна точка за профит.
Iphone XR е тој ист концепт де, мал телефон со голем екран, но не флегшип. Само сеа ме брзи да барам спецификации како стои у споредба со овој СЕ, и патем зашо не извадија нов XR со 11ката?
Е де наброј ми мали телефони колку има да под 6 inc
Ама тел да е испод 6inc не екран
Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Iphone 11 ProIphone 11 ti e iPhone Xr 2 vsusnost.
Ama marketinski si izigraa super i gi zbunija site![]()
1. Точно1. Драстично послаби CPU/GPU
2. Послаб модем/GPS
3. Послаба изработка
3. За изработка само 11 серијата се ко што треба. Се што не е од 11 серијата се крши после едно паѓање. Xiaomi/Huawei по мене се врвот за издржливост за меинстрим телефони. Самсунг и ајфоните од 2019 навака не се лоши.
Жена ми и се погоди еден ајфон 6 со добра маска паѓан е на дрвен под па не се кршел.Многу со сигурност кажуваш нешто што не е апсолутна вистина.
Мене iPhone 7 (без маска) ми има неколку пати саглам паднато и жив, здрав остана. Имам другари со преживеан паднат iPhone а има и што го скршиле. Телефонот е нормално/просечно издржлив...
WEB CAMERA ELGATO FACECAM 4K STUDIO USB TYPE C, Black, 10WAF9901
15.260,00 ден
COMBO KEYBOARD AND MOUSE WIRELESS GEMBIRD SLIM PRO, White, KBS-WPS-01-W
940,00 ден
CASE KOLINK ATX OBSERVATORY HF Mesh, 3x120mm fan, Black, PGW-CH-KOL-128
3.450,00 ден
USB Flash Drive 3.2 128GB SANDISK ULTRA ECO, Green, SDCZ96-128G-G46
1.110,00 ден
NET LAN WIRELESS USB TP-Link ARCHER T3U, AC1300, MU-MIMO, Dual Band, USB3.0
1.100,00 ден
CONVERTOR FAN SPLITER PWM KOLINK 35cm, 4-pin PWM female to 3x male, White, ZUAD-1632
300,00 ден