Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Apple паметни телефони - генерална дискусија

fis1976

Practice makes perfect
15 март 2016
624
1.234
Скопје
За мене има една позитивна работа, зошто до сега мораше телeфонот со подобар хардвер да има поголем екран? На пример јас сакам помал телефон со (нај)добри перформанси. Оваа година единствена разлика меѓу моделите е само големината на екранот и големината на батериите, колку што видов се друго е идентично. Шо знам може да размислам да се вратам на iOS со iPhone Pro :)
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.445
9.403
Бар од тоа што прочитав од кратко гуглање... Apple Intelligence ќе добиеле од 15 Про нагоре телефоните затоа што требало минимум 8Gb RAM.
И сеа испаѓа мојот 14 Про, што беше најавен своевремено како најбољи iPhone до сега со страшно моќен процесор за професионалци, future proof, со не знам колку години support, најнов ОС специјално оптимизиран за хардверот и затоа не му ни треба повеќе RAM, после само 2 години е underpowered и не може да избрише објект од слика со AI или да преправи текст...
А може да избрише објект од слика со AI или да преправи текст ако платам third party апликација :cautious:

Нека ме исправи некој, се надевам нешто криво сум разбрал...

Не им е првпат ова на Apple да ограничуваат софтверски можности на постари модели. Првиот пат беше со Siri на 4s, каде што со џејлбрејк апсолутно без проблеми се користеше и на Iphone 3G.

Потоа памтам на iPhone 6s воведоа Live Photos и пак ист муабет дека не може да ги имаат постарите заради слаб хардвер. Мојот џејлбрејкнат 6 Plus без проблем ги тераше.

Сепак, сосема си во право дека во тој период немаше ПРО модели. Пример за 14 Про Макс Епл се фалеше дека филмови ќе се снимаат со него, а после 2 години не може ни софтверски да ги следи поновите...

Мојов 15 Про Макс ќе беше гејминг машина, а тој кутриот 5 таба не може во Chrome да држи, не пак да се гејма.
Мислењето е автоматски споено:

Разбирам што им е поентата ама ова е ново ниво на хипокризија од iPhone.
Сакаат да говорат за себе дека имаат долг support и минимален carbon footprint и дури советуваат дека не треба да се менува телефон секоја година...
А добиваш во пракса минимален хардвер којшто не е future proof (или ако можеби е, они го ограничуваат софтверски што е пострашно сценарио)
Лани 15 Про го имаше истиот камера сензор како 14 Про, ама 24mpix binning фото го доби само 15 Про.
Оваа година Apple Intelligence иста приказна...
Кој црн carbon footprint ако Apple Inteligence како главен новитет што зафати пола презентација вчера го нема ни за 1 година стар телефон.
Плус телефонот старта у предпродажба, а новитет ќе го нема сега, ќе дојде со update.
Плус новитетот нема да работи у Европа и Кина.
Како Интел ќе глајдаат сега со минимални подобрувања, бидејќи луѓето се влезени во екосистемот и плус навикнати се да менуваат телефон на 2 до 3 години. За жал процесорите, екраните и камерите станаа толку моќни, што тактиката на Епл да продава исто куќиште ама појак телефон веќе не е успешна.

Тоа палеше со скокови како 3 со 3Gs, 4 со 4s итн, и запре некаде со омилениот на @psyside iPhone 6s. Тогаш веќе станаа толку моќни од секој аспект, што апсолутно немаше оправдување да менуваш секоја година, а потоа и на 2 години. Мало размрдување со iPhone X и од тогаш се влезени во комфорт зона.

Реално веќе требаше ПРО модели да бидат foldable, а сегашниве про да станеа обичните модели. Вака имаш премиум модел во 16ка кој е мидрејнџ и хај-енд модел кој се продава како за ентузијасти. Абе филмови ќе снимаш, абе игри ќе играш...
 
psyside

Rising Star
4 септември 2008
30.287
31.498
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Единствен модел кој ми делува на солидна опција е иПхоне 16 обичната верзија ако на некого перформанси му се приоритет.
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.274
1.470
Единствен модел кој ми делува на солидна опција е иПхоне 16 обичната верзија ако на некого перформанси му се приоритет.
Не обичната, туку поголемата верзија, 6 инчи се премалку во 2024та година, 6.7 се доволни.
 
vladimir171

Gaining Experience
15 ноември 2007
563
367
Не е проблем само 60hz туку цената на телефонот не е никако оправдана и ни логото ни софтверот нема да ги извадат ако продолжат со вакви неиновативни заостанати уреди уште некоја година.
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.179
2.521
туууу колкави дискусии имаше за нов ајфон. ама па излегуваше нов ајфон. сега е истиот ајфон со малку нов софтвер што ќе биде понатака... ама не секаде.
 
acekorg

On your way to fame
5 октомври 2010
319
519
туууу колкави дискусии имаше за нов ајфон. ама па излегуваше нов ајфон. сега е истиот ајфон со малку нов софтвер што ќе биде понатака... ама не секаде.

Пазарот е заситен и сосема ок е да има ист дизајн телефонот, апсолутно сеедно ми е што изгледаат исто последните iPhone. Реално не мора ни да вадат секоја година нов.
Само ако купам премиум хардвер очекувам неколку години да не мора да менувам. Пример лаптоп никогаш не се менувал секоја година.
За препич некој ако сака и нека менува секоја година ама реално кому му е гајле што телефон имаш… тоа беше тренд пред 10 години, денес е малце селски да се курчиш со телефон.

Некако после вакви потези последниве години добивам желба да го задржам само Macbook, а со се друго да го напуштам Apple екосистемот :confused:
Не дека кај Самсунг цвеќиња цветаат ама бар за нијанса поефтин е.
 
имаше секоја година нешто ново и тоа многу ново и се чекаше што ќе биде новото.
тоа се вика напредок.
напредок има, ама не е кај јабуките.
 
vladimir171

Gaining Experience
15 ноември 2007
563
367
Некој да не знае алтернатива за google home да можам да си ги поврзам chromecast и nest со ајфонов?
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.423
7.648
mikrotikmacedonia.online
Џабе, не може да е толку брз колку што Андроид може да е неоптимизиран.
Аха, мисли си.. Поминаа тиа времиња. OneUI 7 според ликсерите што веќе имаат пробано некоја бета, тврдат дека конечно анимациите се пофлуидни отколку на ајфон. Уште видеото да го средат да биде Ајфон квалитет, и толку заврши претставата.
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.114
1.442
ова моментално да го браниш ајфон е бранење на неодбранливото. 3 години по ред еден ист телефон ви шиткаат со 8 гб рам во 2024та. Не знам што им е опсесија штедењето на рам, сигурно од зелената агенда дел што Тим Кук ја повтори 100 пати во презентациите.
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.423
7.648
mikrotikmacedonia.online
ова моментално да го браниш ајфон е бранење на неодбранливото. 3 години по ред еден ист телефон ви шиткаат со 8 гб рам во 2024та. Не знам што им е опсесија штедењето на рам, сигурно од зелената агенда дел што Тим Кук ја повтори 100 пати во презентациите.
Не дека другите компании се убија од иновации, туку Самсунг сериозно си го испегла софтверот. Ејпл си држи константа.
 
psyside

Rising Star
4 септември 2008
30.287
31.498
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Newsflash, Samsung се бетер од Apple за штедење на компоненти моментално, така да тоа дека ги направиле анимациите 30% smoother, ми значи буквално ништо, тоа може само на оној Ice universe да му е приоритет.
 
DrMTR

Guru
27 март 2014
7.423
7.648
mikrotikmacedonia.online
Newsflash, Samsung се бетер од Apple за штедење на компоненти моментално, така да тоа дека ги направиле анимациите 30% smoother, ми значи буквално ништо, тоа може само на оној Ice universe да му е приоритет.
SD8Gen4 е штедење компоненти? Најскап чипсет е досега што ке се вградува во смартфон. Самсинг најверојатно ке го користи глобално за целата S25 серија. Тоа на штедење компоненти ти личи?
 
Ali G

Gaining Experience
28 мај 2023
140
195
Самсунг последниве години ги вади само тоа што софтверот им е едно 3-4 класи над сите останати, хардверски напредок имаат минимален споредбено со некој Кинези. Уште ми е жал за Хуавеи што имаат рестрикции, беа најиновативна компанија, додуше и уште се. Едино тие направија фолд со понормален aspect ratio и којшто има смисла да се купи.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.751
Мислења
984.922
Членови
35.930
Најнов член
Pro Art 123
На врв Дно