1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Apple Macitosh двојно понебезбедни од обичните PC-а во 2019 година

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од gOJDO, 15 Февруари 2020.

  1. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    575
    2,538
    21 Април 2016
    Машко
    Токму така друже. Тоа му беше најголемиот успех и заслужува да се регистрира. Сепак е најзастапен антивирус на планетава.

    Инаку има и вакви резултати, како овој од MRG Effitas:
    Capture.JPG

    Или овој за ефективност и брзина /успорување на PC (av-comparatives):
    2019-10 Performance Test.JPG

    Или за False Positives (av-comparatives):
    2019-11 False Positives.JPG
    Но важно дефендерот учествува во тестови и следствено на тоа е релевантен учесник.

    За жал тоа не може да се кажа за Malwarebytes, затоа што неговите творци не сакаат нивниот производ да биде (секогаш и секаде) тестиран, затоа што се свесни какво ѓубре продаваат.

    Многу е полесно со платени статии да се сее паника кај неуките Мек корисници, со цел да им се ували шит продукт...

    ~~~~~~~
    Јас со моите постови се надоврзав на тоа што веќе беше кажано.
    На Mac OS можеш да закачиш вирус или мелвер исто како и на Линукс - со неколку администраторски дозволи и внесување на пасворди.

    Јаболкото на Мекинтош не е ништо друго освен едно уникатно застрането Линукс дистро, со додадени вредности како шпиунажа на лични податоци на исто ниво како кај Win10 или Андроид.

    Но тоа не ги спречува шалабајзерите да извлечат некој долар повеќе од конзументите на јаболки, особено што овие се лесни на кеширање и без проблем плаќаат 50 - 100% екстра за ист или сличен производ, само за да бидат во елитното друштво на јаболкари.

    Доволно е само преварантите да имаат ингениозен маркетинг (како тоа што го постираше Гојдо во првиот пост) и молзењето ќе си тече или ти овците ќе се стрижат...
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,402
    8,876
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас колку што бев брифиран уште во 2005-та година +/- во Виена на Microsoft конференција, Windows Defender не е антивирус, и никогаш нема да биде антивирус, затоа што антимонополската комисија во Америка не им дозволува да имаат целосен антивирус вграден во Windows. Изјавата нив им беше тогаш дека Defender ќе биде употребен како антивирус само во корпоративни окружувања каде ќе биде само дистрибутер на антивирус engines од други производители, нешто како Security Policy Tool. Microsoft не смее да биде конкуренција на останатите производители на Антивирусни решенија.

    Така да графиконон не држи вода, ама баш ич. Ова за Malwarebytes што велиш, неколку пати ми има завршено работа таму каде останатите биле неефективни, ама јебига тоа се само мал број случаи. Ме интересира од каде ти е сознанието дека се шалабајзери и дека не ги бива?
     
  3. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    575
    2,538
    21 Април 2016
    Машко
    Очигледно си бил премногу наивен штом си им верувал.
    Тогаш чинам немаше дефендер, туку секјурити есеншалс (што му доаѓа исто). Подоцна го прекрстија во дефендер, ама на кого му е гајле тоа.

    Дефендерот е класичен антивирус, со бази на вируси и спајвери што ги апдејтува на секој час. Последен пат кога сум го проверил неговата база со вируси беше околу 730 МБ.
    Пробај да активираш вирус или некој бекдор, спајвер и види што ќе се случи. Ако Дефендерот не е антивирус, што е? :)

    Микрософт е последната компанија на која треба да и веруваш (не дека другите се поарни). Европска Унија им забрани и интернет експлорерот да го пакуваат заедно со виндоусот. И што се случи? Си продолжија по старо и кога судот им наложи, глатко си ја платија казната. Очигледно си процениле дека така прават поголем ќар (размислуваат на долги патеки).

    Единствениот компромис што го прават е ако инсталираш туѓ антивирус, дефендерот се повлекува и толку (во позадина остануваат одредени активни процеси). Штом го деинсталираш трд парти антивирусот, дефендерот си продолжува како главен антивирус, или ти како ништо да не се случило...
    Значи држи вода и те како. :hay:
    Кои се тие останати што не ти завршиле работа и единствен спас ти бил МБ?

    Ако секјурити софтвер успее да "фати" 30 од 100 вируси, спајвери, бекдорци и тројанци ... каков е тој? Успешен или тешко ѓубре?

    Ако некоја од тие штеточини го исклучи/блокира и на раат си продолжи со инфекција (значи нема ни базичен селф дефенс), како ќе го рангираш на твојата бест оф листа?

    Знаејќи ги горниве работи, кога таква фирма ќе ти го рекламира нивниот продукт како најдоброто нешто после слајсед бред, ќе ги гледаш како врвни професионалци или шалабајзери?

    Зошто избегнуваат независни тестови од реномирани фирми?
    И т.н.

    ~~~~~~~
    Во декември кога av-comparatives им предложија тест на невидено (Enhanced Real-World Test, демек најсурова варијанта), две третини од AV фирмите не го прифатија тоа. Најхрабрите излегоа на терен.
    2019-12 Enhanced Real-World Test 2019 - Consumer.JPG
    Каков Malwarebytes, какви бакрачи. :rolleyes:

    Ако ова не ти го промени мислењето ... ај рест мај кејс. :innocent:

    View: https://youtu.be/9clWAlxZloI

    Туку да не ја узурпираме темава, ова нема крај...

    ~~~~~~~
    Уште ова:
    Есеноска последен пат кога го тестирав МБ, ми го избриша 'chrome.exe', му се видело како вирус. :crazy:
    Пробав да го вратам од карантин, но не беше кадарен за таква софистицирана операција. Ништо, си инсталирав Chrome на ново и изгубив непотребно време во излишни подесувања...
    Кога ќе размислам, поголемо ѓубре од Malwarebytes е единствено Земана. :mad:
     
    Последна промена: 18 Февруари 2020
    Astraion, TylerMkD, moongose и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...