Апликација на денот: Hooky е македонска игра на 15-годишен Android програмер

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 27 Јули 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    Hooky е нова македонска игра која од неодамна е достапна на Google Play. Станува збор за прва игра на Бојан Вучевски од Велес кој има само 15 години.

    Играта е 2Д „endless runner“ и тоа што е можеби најинтересно е што секое ниво се креира по случаен избор што прави секоја од партија да биде единствено искуство. Гејмплејот е едноставен и забавен, екранот постојано се движи, а играчот треба со помош на „харпун“ да се закачуваат на плавите платформи, постојано следејќи го движењето на екранот. Иако графиката е симплистичка, можеби треба да поработи на неа, сепак во текот на играњето нема да го забележите недостатокот на детали. Hooky е направена во Unity и Бојан се обидува колку е можно да имплементира реалистична физика.

    [​IMG]

    Оригинален текст http://it.com.mk/aplikacija-na-denot-hooky-e-makedonska-igra-na-15-godishen-android-programer/
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Unbeatable

    4,690
    5,862
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не можам да стигнам подалеку од второ ниво. А и одвратни се рекламите после секое гинење.
    У принцип не би ја инсталиал никогаш играва, ама знаејќи дека е труд на наше дете некако ми се гледа многу интересна. Ќе се заинатам и ќе ја свртам ако треба :D
    Иначе фали гравитација и инерција. Секако детево е младо и надежно и сигурен сум дека ќе ја досреди..... дур не фатил женска :D
     
    На Duke, BEST, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,743
    4,958
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
  4. BojanV

    BojanV
    Intern

    1
    10
    24 Јуни 2017
    Машко
    Здраво Астро, Јас сум Бојан, креаторот на Hooky, благодарност на вашиот коментар (совет), ги согледав проблемите во мојата игра и се потрудив да ги елиминирам во мојата нова игра SWING која ја развивав скоро 1 година. Како што потенциравте: рекламите се одвратни па во SWING нема реклами (беспалатна е секако), не можевте да поминете повеќе од неколку левели (бидејќи тогаш беа рандом генерирани) - во новата игра има многу левели дизајнирани од мене според соодветна тежина, а и има туториал за да ја научите играта. Исто така има и гравитација која напоменавте дека е потребна. Иако на изглед слични, двете игри се многу различни и мислам доколку и дадете шанса на SWING, мислам дека ќе ви се допадне.

    Линк: SWING – Android-Apps auf Google Play

    Доколку ја пробате, би ве замолим да го споделите вашето мислење, со цел да ги направам измените веднаш доколку се возможни. Благодарам.
     
    На bLaCk AnArChY, The-spiki, Duke и уште 7 други им се допаѓа ова.
  5. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    241
    154
    10 Јуни 2011
    Машко
    Ја пробав, јас би направил екранот да може и да се враќа (нели да можеме повеке да се фокусираме на звездите) останатото е функционално

    Додај и време :) да биде повеке компетитиве :)

    Потоа да сум јас би додал и некои премиум услуги (да ти платат некој долар) на пример зум аут да добијат ако платат 1$ за играта да речеме или нешто слично

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  6. Astro

    Astro
    Unbeatable

    4,690
    5,862
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Аии бравос момче.
    Со задоволство ќе ја пробам Swing и ќе пишам тоа што јас би пишал.
    Во врска со рекламите, добро е што ги нема, ама тоа па е неповолно за подмирување на трошоците и слично. Но мислам дека може да се размисли да се побара и добие некое спонзорство од многуве ИТ фирми што се пуваат низ етеров, наместо рекламите.

    Само храбро напред па наскоро се читаме повторно.
     
    На Psycore и Duke им се допаѓа ова.
  7. Duke

    Duke
    Gaining Experience

    92
    76
    15 ноември 2016
    Машко
    3D артист
    Бојан браво и само напред!!!!
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели